дома блог страница 5240

Груевски со набиена агенда во Прилеп и Македонски Брод

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на општините Прилеп и Македонски Брод.

Gruevski-Zirovnica

-во 11:15 часот ќе изврши увид во активности при изградба на експресен пат “Градско-Прилеп”(после Росоман, пред тунелот за на кај преминот Плетвар);

-во 11:45 часот ќе присуствува на отворање на фабрика за автомобилски делови на компанијата “Гентерм” во Прилеп;

-во 13:05 часот ќе оствари посета на изграден локален пат во с.Волково, О.Прилеп;

-во 13:25 часот ќе оствари посета на реконструираното интерно одделение во Општа болница Прилеп;

-во 14:00 ќе изврши увид во активности при реконструкција на Градски стадион “Гоце Делчев” Прилеп;

-во 14:25 ќе изврши увид во активности при изградба на спортска сала во ОУ “Добре Јованоски” во Прилеп;

-во 15:55 ќе изврши увид во активности при изградба на канализациони системи во Прилеп;

-во 16:10 ќе оствари посета на новоизградени улици, ќе изврши увид во активности при изградба на плоштад како и ќе оствари средба со жителите на с. Големо Коњари, О. Прилеп;

-во 17:45 ќе оствари посета на реконструиран локален пат с.Лаг – с.Могилец, О. Македонски Брод;

-во 18:30 ќе изврши посета на реконструирани улици, ќе изврши увид во активности при изградба на повеќенаменско игралиште и ќе оствари средба со жителите на с. Самоков, О. Македонски Брод.

ФОТО: Дунавка и Супермен од Австрија прегрнати низ ГТЦ

Навредена од неможноста на македонската јавност да ја разбере симболиката на црвените гаќички, Дунавка револтот го истури врз уредничката на забавната рубрика на Вест, Лејла Сабит, па ѝ посвети цел статус во стилот на колумните на Сабит.

2dunavka

Од револтот аир видовме сите, зашто сакајќи или не сакајќи Дунавка ни го откри идентитетот на мистериозниот господин кој ја придружуваше на отворањето на Охридско лето.

„Супер-мен, кој ќе се симне од Австрија и во 5:30 сабајле ќе Ве разбуди на домофон и ќе Ви каже – одиме кај сакаш за да правиме што сакаш“, ѝ напиша Мис Дунавка на Сабит како одмазда што црвените гаќички ѝ ги залепи на насловна.

dunavka

И нејсе, освен тоа откри и дека гаќичките ѝ се подарок. Не сакаме да шпекулираме, но се наведува дека подарокот стигнал директно од Австрија.

Вечерва, стокмена, во црвено фустанче, Дунавка повторно се дружеше со Супермен. Овојпат се сакаа во ГТЦ, а бојата на гаќичките остана мистерија за сечија фантазија.

Сепак, очигледно е дека Супермен сака црвено.

1dunavka-1

„Гентерм“ отвора фабрика во Прилеп, нови 2.000 вработувања

Во Технолошко индустриската развојна зона во Прилеп 1 денеска ќе биде  пуштена во употреба фабриката на американската компанија од автомобилската индустрија „Гентерм“, инвестиција од 20 милиони евра, со планирани 2.000 директни вработувања.

gentherm

„Гентерм“ во капацитетот во Прилеп ќе произведува термални системи за автомобили и други уреди, наменети за извоз на европскиот пазар, според најавите, пред се, за големите автомобилски гиганти како „Ферари”, „Порше”, „Бентли”, „Рено”, „БМВ”.

Менаџментот на компанијата најави дека во прилепската фабрика ќе донесе врвна технологија за производство на делови за регулирање на температура во автомобилите.

Дел од ангажараните вработени веќе поминаа обука во капацитетите на „Гентерм“ во Украина

„Покемон Гоу“ ја зеде првата жртва

18-годишниот Херсон Лопез де Леон од Гватемала бил убиен бидејќи со својот братучед Даниел Моисес Писено провалил во една куќа за да фати Покемон.

 

222

Леон бил убиен од огнено оружје, додека Писено бил тешко ранет. Ова е прва несреќа со смртни последици која ја предизвикала светски популарната игра, но Покемоните секојдневно предизвикуваат бројни проблеми ширум светот.

Така спасувачките групи од Марин Лејк во Њу Брајтон биле повикани да спасат група до 20 тинејџери кои во лов на Покемони отпловиле до средината на езерото.

На двајца играчи од Флорида било пукано, кога сопственикот на една куќа помислил дека се провалници. Во Стоурбриџ еден возач бил уапсен бидејќи играл зад воланот.

Многу институции на своите работници им забраниле да играат Покемон. Индонезија им забранила на полицајците да играат „Покемон Го” додека се на служба, а истото планираат да го направат и со војниците, објавиле денес властите, со оглед на тоа дека апликацијата претставува закана за безбедноста, најавил индонезискиот министер за одбрана.

Во таа земја во југоисточна Азија, како и на другите места во светот, ловот на виртуелните суштества сокриени во реалниот свет привлекува бројни корисници кои илегално ја симнале апликацијата со оглед на тоа дека сè уште не е на располагање во Индонезија.

Популарноста на таа игра предизвикала загриженост помеѓу највисоките претставници на естаблишментот, а некои сугерираат дека играта би можела да послужи за шпионски активности.

ВИДЕО: Акцијата на МВР во која се уапсени и 5 полицајци

111 (1)

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи ја започна оперативната акција „Којот“, при што беше разбиена криминална група на подрачјето на Велес, Неготино, Гевгелија и Скопје. Во текот на минатата ноќ па се до утринските часови извршени се претреси на дом и други простории на 24 локации во Велес, Неготино, Гевгелија и Скопје кај повеќе лица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Разбојништва, Лажно претставување, Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, Криумчарење на мигранти и Злоупотреба на службената положба.

Организатори на криминалната група се три лица од Велес, од кои еден вработен во Секторот за внатешни работи Велес. Групата почнала да дејствува од почетокот на 2015 година на национално и меѓународно ниво. Вршеле кривични дела од областа на насилниот криминал, недозволена трговија со дрога, криумчарење мигранти и коруптивни кривични дела. Во вршење на криминалните активности на криминалната група учествувале и полициски службеници од СВР Велес. Полициските службеници контактите и дејствијата при вршење на кривичните дела ги извршувале и за време на работа и во врска со својата службена положба притоа истата ја злоупотребувале со цел на криминалната група да им овозможат информации и друга помош и логистика за успешно извршување на кривичните дела, меѓу што и обезбедување на полициска униформа за вршење на кривичните дела, а во неколку случаеви и активно учествувале во извршувањето. Досега при претресите пронајдени се автоматски пушки, рачна бомба, пиштол, дробилка за марихуана, муниција за огнено оружје, службена документација – доставници за судски акти за извршување, документација од исплата на парични средства.

По преземените мерки е утврдено дека припадници на криминалната група учествувале и во веќе документирани и процесуирани кривично-правни настани. Двајца од вкупно тројцата организатори на криминалната група биле организатори и на разбојништвото што се случи во Велес на 08.02.2016 година, кога од вработени во агенција за обезбедување  беа одземени четири касети сопственост на Стопанска банка во кои имало 4 милиони денари.

Исто така, утврдено е дека првопријавениот 35-годишен велешанец на територијата на Велес и Штип подолго од една година организирал поголема мрежа на препродавачи – дилери на дрога. Првопријавениот ја набавувал дрогата-претежно марихуана (од Албанија или Скопје) и ја доставувал до други припадници на групата, кои пак преку посредници ја дистрибуирале до уличните дилери.

Во делот на Кривичните дела против човечноста и меѓународното право од страна на организираната криминална група се испланирани, организирани и извршени неколку кривични дела „Криумчарење на мигранти“. Со криминалистичкото истражување утврдено е дека од страна на криминалната група е организиран транспорт на најмалку 559 мигранти. Криминалната група делувала и преку Казнено поправна установа затвор Гевгелија, каде осуденик учествувал во пронаоѓање на мигранти и првични договори за кривично дело криумчарење на мигранти, а основите за сомневања беа потврдени кога при претресот во затворската ќелија биле пронајдени мобилни телефонски апарати.

Во рамки на истото криминалистичко истражување во претходните денови веќе лишени се од слобода пет(5) лица, во текот на денешниот ден пронајдени и лишени од слобода се уште четиринаесет(14) лица, по три(3) лица се уште се трага, едно(1) лице се наоѓа надвор од територијата на Р.Македонија и едно(1) лице се наоѓа на издржување казна затвор.

 

Во текот на денешниот ден по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за погоре посочените кривични дела.

ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ: 25 Албанци учевствувале во пучот против Ердоган

(160715) -- ISTANBUL, July 15, 2016 (Xinhua) -- Turkey's gendarmerie guard a bridge in Istanbul, Turkey, on July 15, 2016. Turkey's gendarmerie on Friday night closed the two bridges that connect Istanbul's Asian and European parts over the Bosphorus Strait, Turkish media reported. Turkish Prime minister Binali Yildirim told local media on Friday night that there has been a mutiny attempt in Turkey. (Xinhua/Saltanat)

Поголемиот број на воени старешини кои учевствувале во обидот за државен удар во Турција се од албанско потекло, пренесуваат албански портали.

(160715) -- ISTANBUL, July 15, 2016 (Xinhua) -- Turkey's gendarmerie guard a bridge in Istanbul, Turkey, on July 15, 2016. Turkey's gendarmerie on Friday night closed the two bridges that connect Istanbul's Asian and European parts over the Bosphorus Strait, Turkish media reported. Turkish Prime minister Binali Yildirim told local media on Friday night that there has been a mutiny attempt in Turkey. (Xinhua/Saltanat)

Од вкупно 29 уапсени генерали и полковници дури 25 се од албанско потекло, меѓу кои и бивши командантот на воздухопловните сили на Турција, генералот Акин Озтурк и командантот на Втората армија, генералот Адем Худути, кои имаат потекло од Косово.

Meѓу главноосомничените за државниот удар е и пилотот Јусуф Курт, кој го сруши рускиот воен авион, а кој е по потекло од селото Букороц кај Призрен.

Една од организаторите на воениот удар е и генералот-потполковник Метин Идил, која е исто така од албанско потекло.

Албанските портали наведуваат дека Худути пред преземањето на командата над турската Втора армија, ги командувал единиците на границата со Русија и Грција, како и тоа дека бил на чело на турските сили во Авганистан.

Худути е роден во Речани, во близина на Призрен, а неговото семејство се преселило во Турција кога имал пет години, додека пак Остурк е со потекло од Косовска Митровица.

А.Г.

Партиите конечно се договорија – одреден датумот за избори

123 (1)

Партиите конечно се договорија околу сите спорни прашања, брифираат извори од преговорите. Се очекува во секој момент информацијата да ја потврди и амбасадорот Џес Бејли.

Нема детали околу договорот но се очекува изборите да се одржат на 11 декември.

НОВА СУПЕР ТРАКА НА ДИЏЕЈ ДАРИО САЈО ОД ПРИЛЕП

13310360_10209568231308343_9112117999737616836_n

Долгогодишниот прилепски диџеј, Дарио Сајо, изваде нешто ново и свежо. Новата трака е насловена како “Sax Vibe” и е снимена за грчката издавачка куќа “Кiss Dance Records”.

Moментално песната се врти на повеќето грчки радио станици и е во траење од нешто повеќе од 4 мин, што одлично ќе ве размрдаат со супер ритам.

Уживајте:

А.Г.

Фан Продукција: Тимот кој стои зад беспрекорно реализиран “Пиво Фест”

13754283_1248172648550831_1380201965138090340_n

Велат тимот кој победува не се менува. Така е и со нашиот трофеен тим Фан Продукција, кој секоја година стои за успешно и беспрекорно реализиран и сработен фестивал на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест”.

И оваа година тимот на Фан Продукција се погрижи за сите прекрасни кадри и случувања  за време на четирите фестивалски денови во Прилеп да ви ги пренесе и да ги зачува за сеќавање на уште еден извонредно организиран “Пиво Фест”.

Дрим тимот на Фан Продукција го сочинуваат: Бубо Ристески, Александар Кочоски, Димитар Ристески, Сашко Попоски, Оливер Ангелески, Зоран Пиловски, Горан Попоски, Виктор Керов, Роберт Темелкоски и Филип Петрески.

Дечки секоја чест !

Со велосипед извози 300км тура: За прилепчанецот Владимир Јованоски не постои пречка

13735295_1331873013508209_568024213_n

Прилепчаните Владимир Јованоски и Пеце Илиоски  инаку вљубеници во природата, планинарењето и планинскиот велосипедизам, направија голем подвиг и со велосипед поминаа тура долга од 300 км возење и 8 км планинарење.

Или како што не извести Јованоски, успешно го реализирал предизвикот Прилеп – Чеплес – Солунска Глава – Скопје – Велес – Градско – Плетвар – Прилеп.

Претходно велосипедот на Јованоски беше првиот кој се искачил на врвот Козјак на 1747 надморска височина.

А.Г.