Костадин Керпичоски: ПИВО ФЕСТ Е ПРИЛЕПСКИ БРЕНД!

941425_575944535790946_2091595457_n

Секоја година, од 14-ти до 17-ти јули сите патишта водат кон Прилеп. Реки од народ, колона од возила, од младо до старо, од 7 до 77 години.

Срцата чукаат во ритамот на фестивалот на пивото и скарата. Мега балкански и светски познати артисти, музички уметници, програма за возрасните, но и најмладите. На едно место има забава до раните утрински часови, ладно точено пиво и добра прилепска скара.

Верувале или не од некогаш обичен локален, денес Пиво Фест е светски познат фестивал. Иако трае цели четири дена, времето е прекратко за да вкусите се и да уживате во забавата.

Разговарам денес со моите пријатели и всушност дојдовме до заклучок, дека ова е тоа што ни треба, особено на нас помладите, и дека кога овој фесивал би траел со недели би биле сите среќни и задоволни.

Точно е, хејтерите хејтаат, критикуваат, вечните опозиционери плукаат, но вистината е на другата страна.

Секој ден поединечно по 100.000 посетители или вкупно од 350.000 до 400.000 посетители, изедена скара и испиено пиво на тони. Секој кој еднаш бил повторно се враќа во Прилеп. Овие четири дена кога се одржува фестивалот на пивото и скарата се клучни за прилепчани, за бизнисмените, за занаетчиите и дујќанџиите, за градската чаршија, за еснафот….

Ова е моментот кога Прилеп е туристичка атракција и кога е полн со туристи од целиот Балкан!

Да јас прочитав многу написи за фесивалот, но јас, а и сите мои сограѓани прилепчани знаат која е вистината!

Мојата порака до сите хејтери е: наместо да се занимаваат со медиумски спинови, да земат и да направат нешто корисно за нашиот град! ВРЕМЕ Е! Градоначалник, секоја чест! Чеситки!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.