ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА СОВРЕМЕНИ СИСТЕМИ ЗА НАВОДНУВАЊЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО

drip_163611407-500x336

Денес (Среда 20.07.2016) со почеток во 21 часот во спортската сала во ОУ Манчу Матак – Кривогаштани ќе се одржи презентација на современи системи за наводнување на земјоделските површини, каде што стручни лица ќе ги презентираат начините, условите и видовите на системи за навднување како и можностите за субвенционирање на набавката на ситеми за наводнување.

На презентацијата најавено присуство имаат претставници од Министерство за земјоделие, АФПЗРР, АПЗРР како и други стручни лица.

Се покануваат сите сопственици на земјоделски аптеки и земјоделци со цел да се информираат за можностите и погодностите кои се во можност да ги искроситат со набавката на системите за наводнување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.