дома блог страница 5210

Денеска и утре не очекува невреме

dozd-cador

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) утре и задутре не очекува невреме, а потоа следат многу жешки денови.

Ова е временска прогноза за цела недела.

uhmr-vremenska-640x608

ФОТО+ВИДЕО – Еве што му се случи на Скопје: Погледнете што значи тоа дождовна бомба!

2

Дождовната бомба како природен феномен е нешто што многу ретко се случува, но се случува и имало такви примери во светот.

Можеби не сте слушнале што значи тоа, но дождовната бомба се создава кога жежок и сув воздух ќе се крене во височините и ќе се измеша со исполнети со дожд облаци.

Повеќето капки вода тогаш во облаците испаруваат, предизвикувајќи брзо ладење на воздухот околу нив … потоа тоа почнува да тоне.

Паѓањето на воздухот ги повлекува останатите капки дожд со него, создавајќи вистински хорор од дожд.

1

Истиот феномен се случи во саботата вечерта во скопска Црна Гора и го предизвика најкатастрофалното невреме што во поново време се памети во главниот град и во Македонија.

Фотографиите и видеото кои ви ги приложуваме се од иста таква дождовна бомба што се случила во Аризона во САД.

4 3

А.Г.

Цистерна полна со ФЕКАЛИИ експлодира среде сообраќаен метеж – ВИДЕО

Screenshot_3-31-640x432

Поголемиот број Руси своите автомобили ги имаат опремено со камери , што е причината што од таму потекнуваат најбизарните видеа со случки во сообраќајот.

Всушност, патниците во автомобилот чија камера го снимила ова видео, сигурно ќе го запаметат понеделник 8-ми август. Тогаш пред нивниот автомобил на еден семафор експлодирала цистерна.

Да била тоа цистерна полна со вода, не ќе било толку страшно, но за жал тоа било цистерна полна со фекалии.

Погледнете го видеото:

А.Г.

Погледнете како жените реагираат на златно Масерати: Го остави и момчето само малку да се повози – ВИДЕО

Screenshot_8-19-640x340

Тажна е судбина на ова момче кое остана без својата сакана, само затоа што нема златно Масерати:

Жално, но вистинито, девојката го напушти момчето за автомобилот во кој се вљуби на прв поглед.

Погледнете го видеото:

А.Г.

Вонреден повик на глобалното движење „100 Илјади поети за промена“ на тема #поплава

poplavaPosterГлобалното движење „100 Илјади поети за промена“ Македонија ги повикува сите поети да споделат своја поезија на тема „#ПОПЛАВА“.

Социјално ангажираната поезија како современа алатка е од исклучителна важност за подигањето на свеста кај граѓаните за сите (не)природни несреќи кои ни се случуваат. Да споделуваме стихови со кои ќе си помогнеме меѓусебно, со кои ќе се потсетиме на тоа колку е животот важен и непредвидлив. Невремето кое го зафати главниот град и кое одзеде огромен број на животи е причината поради која го отвораме овој вонреден повик до сите вас. И словото и online активизмот можат да спасат нечиј живот, да покажеме дека тоа е навистина така!

Оваа иницијатива е поттикната од здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, во соработка со Scuola di poesia – Школа за поезија – Делегација Македонија.

Целата поезија која ќе пристигне ќе биде објавена во е-стихозбирка насловена #ПОПЛАВА која ќе послужи како сеќавање и/ или лузна на едно време.

Повикот е отворен до 20 август, со оглед на тоа што наскоро започнува официјалниот конкурс за учество на шестиот по ред фестивал „100 Илјади поети за промена“ кој ќе се реализира на 24 септември 2016 година во Струмица.

Стиховите може да ги испраќате на нашата facebook страница или на [email protected]

 Проверете ја официјалната страна на 100 Илјади поети за промена13937002a.

 

 

Тепачка во Прилеп во расправија околу давање помош за настраданите од поплавите

lll

Денеска во 10 часот М.Г. од Прилеп пријавил дека вчера околу 12 часот на улицата „Томас Минцер” бил физички нападнат од страна на лицето Х.С. при тоа истиот најпрвин го влечел  за маицата, а потоа го удрил со тупаница во пределот на лицето од левата страна, но од физичкиот напад не се здобил со видливи повреди.

Како што соопштија од МВР до физичкиот напад дошло поради недоразбирање и вербална расправија околу давањето помош на локалното население зафатено од поплавите.

На лицето Х.С издаден му е записник за констатиран прекршок.

Koнцерт на Пламенка Трајковска – гудачки квартет на затворањето на манифестацијата ,,Десет Дена Крушевска република “ 2016

Plamenka Trajkovska

По повод затворањето на манифестацијата НКС  ,,Десет Дена Крушевска република “ 2016 Пламенка Трајковска – гудачки квартет ќе настапат во Крушево на 10 август (среда) со почеток во 20.30. часот пред споменикот ,,Македониум”.

На програмата се композиции од класичниот репертоар во кросовер стил и македонски традиционални теми во музичка креација за гудачки квартет. 

Композициите на познатите композитори Ј.С. Бах, П.И Чајковски, Ж. Бизе како и традиционалните македонски песни “Ој Девојче”, “Митра је коња јавала”, ќе бидат изведени на концертот кој  претставува исклучително музичко шоу, во кој гудачкиот квартет ја донесува класичната и македонската традиција пред публиката, на интерактивен и мултимедијален начин. На концертот гудачкиот квартет користи специјално озвучување, сценско движење, кореографија и видео проекција. 

Во гудачкиот квартет покрај Пламенка Трајковска ке настапат и Наташа Диденко на виолина, Сања Смилеска на виола и Магдалена Поповска на виолина.

Голема хуманитарна помош собрана денес на пунктот на навивачката група “Мајмуни”

13938534_10210213456116823_3400740157493560548_n

“Денешното кафе заменете го со пакет вода за пиење, а облеката која не ја користите наместо во отпад, подарете ја некому”, е мотото на акцијата на навивачката група на ФК Победа ,,Мајмуни”, за помош на настраданите од поплавите во скопскиот регион, a кон истата се приклучија и ја подржаа и фудбалерите на Победа.

На пунктот сместен пред центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп, денес, почнувајќи од 10 часот се собира хуманитарна помош за настраданите во катастрофалното невреме што го зафати главниот град. Интересот е огромен, а граѓаните се солидаризираат и пружаат колку што можат.

Истовремено на плоштадот “Методија Андонов Ченто” на одделен пункт на Црвениот Крст – Прилеп, исто така се собира помош за сите погодени семејства.

Локалната самоуправа на општина Прилеп, најави отворање на такви пунктови и во одделни населби, со цел да се олесни собирањето на хуманитарната помош.

13939610_10210213456076822_5872616353239302116_n

13882216_10210213455996820_1579764135295837440_n

13882328_10210213455956819_5791923625304846720_n

13895456_10210213455876817_8919710584985182395_n

13902657_10210213455836816_2834168630200587022_n

13933448_1803455709891323_865996093_n

Работник од „Сивец“ починал откако врз него паднала мермерна плоча

Работник од рудникот „Сивец“ вчера починал од повредите здобиени кога врз него паднала мермерна плоча и го потиснала.

received_10208752028149535

Полицијата соопшти дека вчера околу 10:30 часот во близина на рудникот „Сивец“, во атарот на селото Присад-Рудник, врз К.П. (48) од Прилеп, вработен во рудникот, паднала една мермерна плоча и го потиснала. Несреќата се случила при сечење на мермерни плочи.

Колеги на К.П. ја тргнале мермерната плоча од повредениот по што тој бил префрлен во Градската болница во Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди во пределот на телото. Поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде починал.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа ПС-Прилеп во присуство на трудов инспектор.

ФОТО: Стотици прилепчани, доброволно на терен во скопско

Стотици прилепчани, доброволци, по повикот на локалната самоуправа и кризниот штаб и денеска заминаа да помогнат во регионите зафатени од поплавите.

prilep2

Волонтери, пристигнаа од ВП Прилепско поле, работна сила од АД Турунски комбинат – Прилеп, екипи од противпожарната единица, Македонски шуми – „Црн Бор“, ЈКП „Комуналец„ и „Водовод и Канализација„ брзата медицинска помош и граѓани – доброволци, кои опремени со лопати, чизми и механизација,  повторно рано утринава се упатија кон скопско, Стајковци.

prilep6

Некој од волонтерите денеска одат по вторпат и велат дека ако е потребно и во следните денови повторно ќе се најдат на терен, да им помогнат на загрозените семејства од поплавите.

prilep5

Во текот на вчерашниот ден прилепските екипи, беа лоцирани во скопско Стајковци, според организационата поставеност од ДЗС.

prilep4

Локалната самоуправа и денеска го отвора телефонскиот број, 048/401 701, за сите волонтери кои сакаат да се пријават за помош при расчитување на поплавените куќи во скопско, при што сите доброволци треба да остават име, презиме и телфонски број за контакт.

prilep3

Воедно, граѓаните можат да продолжат да донираат и парични средства преку телефонскиот број за донации 143 400