Сигурно некогаш сте се запрашале, што се мораат да поминат новите модели на автомобили, пред да започне сериското производство? Ауди своите модели “ги малтретира” во најсурови временски услови, а ние ви ги откриваме најинтересните…
Погледнете:
А.Г.
Навивачката група на ФК Победа, “Мајмуни” од Прилеп, денеска со почеток од 10 до 18:00 часот, организира хуманитарна акција за собирање на помош за настраданите и погодените семејства во катастрофалното невреме, што во саботата вечерта го зафати главниот град.
Под мотото “Помош за Скопје”, ќе се собираат најпотребни средства за граѓаните на кои моментално истите им се најпотребни. Се повикуваат жителите на Прилеп да донираат: вода за пиење, хигиенски средства и конзервирана храна.
На социјалната мрежа Фејсбук, преку видео снимено пред почетокот на катастрофалното невреме во Скопје што однесе 21 живот, скопјанец објавил видео, на кое гледајќи го хоророт кој му се приближува на главниот град, на некој начин ги предвиде и последиците.
Човекот анализирајќи ги облаците на небото, преку очигледни метеоролошки познавања кои ги поседува, кажува се за она што следи, и што навистина следеше кога страшното невреме започна.
Погледнете го видеото:
А.Г.
Во зедничката офанзива на руските и сириските авиони во јужените и западните делови на Алепо, уништени се голем број на точки на собирање и командни центри на џихадистите кои учевствуваат во офанзивата на Алепо.
Нападите на снимките се извршени во градовите Кан ал Аслан и Кан Туман кои се обележани како собиралишта на џихадистите кои се борат со сириската војска во Рамусех дистриктот.
Активистите на побунениците на социјалните мрежи известуваат за десетина мртви и повредени при овие напади.
А.Г.
Препуштена сама на себе, пливајќи премрзната низ двометарската студена вода и благодарение на нејзината присебност во хаотичната состојба успела да стигне до првите куќи во Стајковци и да се спаси. На неколу места од обиколница до куќите, таа успевала да се фати за возилата по пат кои веќе биле поплавени, но во еден момент како на филм се нашла во вртлог. Следниот момент ни таа не знае како, веќе била исфрлена од водата на мирно место во близина на првите куќи.
-Видов ѕид и се подигнав на него, и ги слушав луѓето комуницираат меѓу себе и велат ја изгубивме жената веќе не можеме да и помогнеме. Излегува човек од друга страна и свети со батерија да ме најде, смогнав сили и велам тука сум, само ве молам брзо помогнете ми не можам веќе, вели Емилија Цветковска, преживеана во поплавата.
Семејството Крстиќ од Стајковци вложило натчовечки напори да ја спаси 40- годишната кумановка, мајка на три деца. Врзале десетина чаршафи, ги пуштиле преку прозорецот на горниот пат, но таа не успеала да се фати. Чаршафите се скинале, пренесува Канал 5.
-Тие беа на втор кат високо, се обидоа да ми дават раце, како на филм беше, 15 минути сакаа да ме спасат но не можеа. Им текна дека на првиот кат има мало прозорче и да ме вовлечат. Вода имаше многу, но тие ризикуваа да влезе водата внатре само за да можат да ме спасат мене, додаде Цветковска, преживеана во поплавата.
Ја повлекле жената и со расекотини и набиеници на нозете и рацете, Емилија се нашла на суво место. Веднаш побарала да го информираат нејзиниот сопруг дека се спасила.
Жената- херој прво била стоплена со ќебиња, а потоа и биле санирани повредите. Преноќила кај Крстиќ. Утре заедно со иницијативниот одбор на граѓани од Куманово ќе го посети семејството.
Околу 09.00 часот во Прилеп на улицата „Скопска“, во неговиот дом, 55-годишниот К.П. физички бил нападнат од страна на неговиот сосед, 57-годишниот И.Ј. при што му нанел тешки телесни повреди.
Имено, бесниот сосед со вила ја отворил отклучената влезна врата од куќата, удирал по вратата, упатувал пцовки и повеќепати го удрил К.П. во пределот на главата и телото. Тој без свест бил однесен во Општата болница Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полицијата.
Општина Прилеп апелира до сите хумани граѓани дека се потребни доброволци кои ќе помогнат во санирањето на последиците од поплавите во скопско. Јавете се на тел. 048/401 701 и биде дел од хуманите луѓе. Оставете име,презиме и тел.број за контакт.
Инаку општина рано утринава испрати повеќе луѓе, механизација, пумпи и хуманитарна помош за настраданите семејства од катастрофалното невреме што го зафати главниот град.
Во акцијата се вклучија над 150 луѓе од јавните комунални претпријатија од Прилеп, ЈП ПУП, ЈП Македонски шуми -Црн Бор Прилеп, екипи од противпожарната единица, од Македонија пат – подружница Прилеп, од брзата медицинска помош и работна сила од АД Турунски комбинат – Прилеп. Воедно, со овој конвој во два камиони од Македонија пат – Прилеп, беше испратена и хуманитарната помош во вода, храна, средства за хигиена и детски памперси, која вчера прилепчани ја собираа на пунктот кој го постави локалната самоуправа во организација со ОО на Црвениот крст – Прилеп.
Градоначалникот на Прилеп истакна дека во координација со Центарот за кризи – Скопје доколку е потребно и во наредните денови Прилеп ќе помага со човечки ресурси и механизација и ги повика сите оние кои сакаат да помогнат да се пријават во локалната самоуправа.
Граѓаните можат да донираат и парични средства преку телефонскиот број за донации 143 400.
Португалскиот фудбалски репрезентативец Нани по завршувањето на Европското првенство каде неговата селекција триумфираше реши да се одмори и тоа не било каде, туку на Ибица.
Новото засилување на Валенсија Луис Карлос Алмеида да Кунха, најпознат како Нани ужива на Ибица со своите другари, но и со Македонецот Велко Ристовски кој долги години живее и работи на Ибица.
Велко е оној кој одморот на Ибица го прави совршен. Изнајмува, вили, апартмани, јахти и има одлична соработка со најпознатите тамошни дискотеки.
Во сите овие удобности моментално ужива и славниот Нани.