дома блог страница 5209

ВИДЕО: Протече домашно видео на Цеца – погледнете што се случувало во нејзиниот дом

large

Познато е дека балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ сака добра забава, па сега се појави видео од нејзиниот дом од 2010 година, каде таа лудо се забавува со пријателките од естрадата.

Жељко Јоксимовиќ, Ана Николиќ, Ксенија Пајчин, Џеј, и многу други се само дел од забележаните на снимката.

 

Известување на општина Кривогаштани за пријавување на доброволци помош во поплавените подрачја

невреме-670x336

Се известуваат жителите на општина Кривогаштани кои сакаат доброволно да помогнат во расчистување на штетите настанати од невремето, кое ја зафати околината на градот Скопје, од денес па се до петок 12.08.2016 се врши пријавување на доброволци на телефонските броеви 048 471 280 и 048 471 471, или во приемната канцеларија на општината од 08 до 16 часот, секој ден. Тргнувањето на пријавените доброволци ќе биде пред општинската зграда во сабота во 7 часот. Доброволците потребно е со себе да понесат чизми и лопати. Исто така доколку некој сака да донира, пунктот пред просториите на противпожарната станица е отворен секој ден од 08 часот па се до 20 часот. Општината до сега помага со разположливи средстав и ресурси, веќе на терен за расчистување има и доброволци од целата општина па и вие бидете хумани и помогнете.

 

Народната Банка започна да ја кова монетата “Majка Тереза”

500nbrm1

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека е издадена и пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Мајка Тереза“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 141/16).

 Кованата пара „Мајка Тереза“ ги има следниве карактеристики:

 –          на аверсот, во централниот дел на монетата е претставен грбот на Република Македонија и натписот „2016“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

 –          на реверсот, во централниот дел на монетата е прикажан портрет на Мајка Тереза. На левата страна, во заднината, се прикажани украси во форма на крстови и срца. Во долниот дел од левата страна е претставен цвет од повитот „Мајка Тереза“ („Matka Teresa“), одгледуван од страна на г. Стефан Франчак, полски језуитски монах. На десната страна се прикажани датумите „1910 ‒ 1997“ (годините на раѓање и на умирање на Мајка Тереза) и „2016“ (годината на нејзината канонизација). Исто така, прикажано е латинското име „Sancta Teresia de Calcutta“ (света Тереза од Калкута), како и името на Мајка Тереза, на македонски и на албански јазик.

 Оваа кована пара е изработена од сребро Ag925, со тежина на среброто од 28,28 г, чистота на среброто од 26,16 г и во кружна форма со димензија 38,61 мм.

 Цената на кованата пара „Мајка Тереза“ изнесува 3.500,00 денари.

 Народната банка ја издава оваа кована пара по повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица предвидено за септември оваа година.

 Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

 Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Македонија на следнава врска: www.nbrm.mk/Кованипари за колекционерски цели.

Владата одлучи: Авансно ќе се исплатат штетите од поплавите

vladanovi20152

 

Владата на вчерашната седница донесе одлука за авансно обесштетување на граѓаните погодени од поплавите во Скопско, информира премиерот Емил Димитриев при денешната посета на поплавените куќи во општина Илинден.

За таа цел ќе бидат издвоени 1,5 милиони евра. Тимовите за проценка се на терен и работат на утврдување на настанатата штета, рече Димитриев.

Граѓаните од Илинден побараа да се донесат пумпи за испумпување на водата. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски кој заедно со градоначалникот на Илинден Жика Стојановски го придржужуваше премиерот Димитриев, рече дека за два часа ќе пристигнат 20 пумпи.

Македонци татко и син планирале убиство на снаата!

Штипската полиција ги уапси К.М. (66) и И.М.(41), двајцата од пробиштипското село Ратавица, кои се осомничени за поттикнување на убиство.

64CA5C6D54E0BC4C812D4F8E1F1E0A5F

Полицијата открила дека при крајот на јули, таткото и синот, по претходен меѓусебен договор со намера да ја убијат живот Д.М. (35) снаа и сопруга, која поради нарушени брачни односи го напуштила домот во кој живеела со пријавените и заминала да живее во Штип, стапиле во контакт со М.Ц. (37) од Штип.

На него му ветиле награда од 10.000 евра за да ја грабне жената и да им ја предаде, па тие после на раат да ја убијат. На име капар за првите трошоци тиему дале 17.000 денари, а останатите ветиле дека ќе му ги дадат откако ќе им ја предаде. Но, за планот била алармирана полицијата која ги уапсила, а денеска судија на претходна постапка на пријавените изречена им е мерка притвор во траење од 30 дена.

Банкнота од 50 евра може да ве направи богати, ако го има овој сериски број (ФОТО)

Банкнотата од 50 евра верувале или не, некогаш не вреди само толку. Имено, некои банкноти може да достигнат и 10 пати поголема цена на Интернет, а причината за тоа е серискиот број на нивниот горен десен агол.

 

evro-novcanica-greska-foto-ebay-printscreen-1470750938-966009-480x324

Колекционерите ширум светот лицитираат и се подготвени за една ретка банкнота да платат многу повеќе. Серискиот број на банкнотата одредува дали колекционерите ќе бидат подготвени за неа да понудат и до 10 пати поголема вредност.3

Еве како да проверите колку тие вредат: На Ибеј, на пример побарајте банкнота со број 777. Всушност, бараат различни бројки, како на пример, 000 или 666. Може да ви се случи изненадување кое ќе ви го разубави денот.

4

Следниот пат кога при рка ќе ви дојде една од нив, внимателно погледајте. Можеби ќе станете богати.

Официјално започна турнирот во мал фудбал во Кривогаштани – ФОТО

slika-2-702x336

Вчера 10.08.2016 год. и официјално започна традиционалниот турнир во мал фудбал во Кривогаштани на новото повеќенаменско игралиште. Турнирот го отворија екипите на Аптеки Стефан и Воѓани, кој заврши во корист на Аптеки Стефан со резултат од 5-0.  Другите натпревари ги одиграа екипите на Бучин и Братство од Житоше, со резултат 3-0 и екипите на Роз Руб Транс и Победа од Кривогаштани 6-1. Екипата Победа од Кривогаштани е екипа со најмали играчи, почит за храброста и доблеста да се пријават на турнирот, бидејќи нивната возраст е под 18 години. Натпреварите се одиграа во фер и коректна атмосфера. Турнирот беше посетен од сите околни општини, додека екипите кои ќе настапуваат се од општините Велес, Новаци, Крушево, Прилеп,  Долнени  и Кривогаштани.

2

1

Работникот кој почина од мермерна плоча е од друг рудник: Не бил вработен во Мермерен Комбинат

received_10208752028149535

Работникот кој во вторникот почина после здобиените повреди нанесени од мермерна плоча, не бил вработен во Мермерен Комбинат АД Прилеп, туку во друг рудник за мермер во близина на комбинатот.

Полицијата соопшти дека во вторникот околу 10:30 часот во близина на рудникот „Сивец“, во атарот на селото Присад-Рудник, врз К.П. (48) од Прилеп, вработен во рудникот, паднала една мермерна плоча и го потиснала. Несреќата се случила при сечење на мермерни плочи.

Колеги на К.П. ја тргнале мермерната плоча од повредениот по што тој бил префрлен во Градската болница во Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди во пределот на телото. Поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде починал.

 

Прилепчани и трет ден на помош во Стајковци

6330-prilepcani-tret-den-na-pomosh-vo-stajkovci-960x600-1

Доброволци, вработени во основните и средните училишта, младинци, пензионери, екипи од ЈКП „Комуналец„ и „Водовод и Канализација“, Македонски шуми – Црн Бор, ВП Прилепско поле, Еурокомпозит 11-ти Октомври,  противпожарната единица, екипа од брзата медицинска помош, рано утрово заминаа во нова акција за расчистување на поплавените куќи во Стајковци.

6330-prilepcani-tret-den-na-pomosh-vo-stajkovci-960x600-4

6330-prilepcani-tret-den-na-pomosh-vo-stajkovci-960x600-2

6330-prilepcani-tret-den-na-pomosh-vo-stajkovci-960x600-3

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески задоволен од одѕивот на прилепските доброволци кои веќе трет ден помагаат при расчистување на поплавените куќи во скопските населби, повика на уште поголема масовност за пријавување на доброволци, но и за донирање на храна, облека и средства за хигиена. Пунктови за донирање има во сите урбани заедници, како и на пунктот на плоштадот “М.А.Ченто“ од ОО на Црвениот крст.

6330-prilepcani-tret-den-na-pomosh-vo-stajkovci-960x600-8

6330-prilepcani-tret-den-na-pomosh-vo-stajkovci-960x600-6

6330-prilepcani-tret-den-na-pomosh-vo-stajkovci-960x600-7

За доброволно пријавување локалната самоуправа го отвора телефонскиот број 048/401-701, за сите граѓани кои сакаат да се пријават за помош при расчистување на поплавените куќи во скопско, при што сите доброволци треба да остават име, презиме и телефонски број за контакт !
Граѓаните можат да донираат и парични средства преку телефонскиот број за донации 143 400.

6330-prilepcani-tret-den-na-pomosh-vo-stajkovci-960x600-13

6330-prilepcani-tret-den-na-pomosh-vo-stajkovci-960x600-9

Скандал ја тресе Америка: Ќерката на Обама фатена како пуши марихуана (ВИДЕО)

Малија Обама, ќерка на американскиот претседател Барак Обама, е обвинета дека пуши марихуана откако се појави видео снимка од неа со сомнителна цигара.

 

1111

Постарата ќерка на Обама е фатена со марихуана на музички фестивал  во Чикаго. Снимката ја објави таблоидот „Радар“, а сведоците инсистираат на тоа дека Малија пуши марихуана.

Иако марихуаната е легализира во Илиноис, во државата во која Малија пушела, казните сѐ уште важат.