Koнцерт на Пламенка Трајковска – гудачки квартет на затворањето на манифестацијата ,,Десет Дена Крушевска република “ 2016

Plamenka Trajkovska

По повод затворањето на манифестацијата НКС  ,,Десет Дена Крушевска република “ 2016 Пламенка Трајковска – гудачки квартет ќе настапат во Крушево на 10 август (среда) со почеток во 20.30. часот пред споменикот ,,Македониум”.

На програмата се композиции од класичниот репертоар во кросовер стил и македонски традиционални теми во музичка креација за гудачки квартет. 

Композициите на познатите композитори Ј.С. Бах, П.И Чајковски, Ж. Бизе како и традиционалните македонски песни “Ој Девојче”, “Митра је коња јавала”, ќе бидат изведени на концертот кој  претставува исклучително музичко шоу, во кој гудачкиот квартет ја донесува класичната и македонската традиција пред публиката, на интерактивен и мултимедијален начин. На концертот гудачкиот квартет користи специјално озвучување, сценско движење, кореографија и видео проекција. 

Во гудачкиот квартет покрај Пламенка Трајковска ке настапат и Наташа Диденко на виолина, Сања Смилеска на виола и Магдалена Поповска на виолина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.