дома блог страница 5208

Малечката Исидора е успешно оперирана и веќе се наоѓа дома: Вистински борец!

13321983_10209861785850820_4387393745525894907_n

Малечката Исидора Димеска од Прилеп, на која и беше дијагностицирана АСД, ВСД и пулмонална хипертензија, успешно била оперирана на 07.07.2016 година во соседна Бугарија и веќе се наоѓа дома.

Бебето мораше да биде оперирано во рок од три недели до месец дена, операција за која беа потребни 15.000 евра.

Од семејството на Исидора несебично се заблагодаруваат на сите хумани луѓе кои помогнаа нивната ќерка да има среќно детство.

Овој мал борец е нашиот позитив на денот!

1

А.Г.

ВЛАДАТА УДРИ ПО ПРОФИТЕРИТЕ: Нема ,,богатење “ на туѓа мака

Владата на Република Македонија на последната седница донесе одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на мало на ниво кое се применувало до 5 август 2016 година.

profiteri-INFOMAKS

Од Министерството за економија информираат дека одлуката, донесена врз основа на член 30 став 1 алинеа 2  од Законот за трговија, се однесува на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитни маски и средства за дезинфекција, а поради случаи на злоупотреба на дел од трговците констатирани при проверка на Државниот пазарен инспекторат, по  поплавите во скопскиот и тетовскиот регион и зголемената употреба на производите.

Министерството за економија појаснува дека користејќи ја зголемената побарувачка на овие производи, некои трговци ги зголемија цените на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитни маски и средства за дезинфекција, па целта на оваа Одлука е да се вратат цените на овие производи на нивото кое важело до 5 август 2016 година (пред поплавата), кога побарувачката за овие производи била нормална, т.е. немало побарување на значителни количини за овие производи.

– Имајќи превид дека цените на производите трговците ги утврдуваат самостојно и како резултат на ова цените на овие производи се различни кај секој одделен трговец, со враќањето на цените на нивото од 5 август 2016 година не се нарушува правото на трговците за самостојно формирање на цени, бидејќи истите тогаш биле формирани самостојно, стои во соопштението.

Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува до 31 август 2016 година.

Ова не се гледа често: Голф 2 побрз од Ауди R8 – ВИДЕО

111

И покрај тоа што е во поодминати години, Голфот “двојка” и понатаму се гледа по нашите патишта. Сепак, ваков пример сугурно нема да пронајдете во  огласите за половни автомобили.

Добро зачуван, црвен Голф 2, со нископрофилни гуми, го привлече вниманието на сите фанови на овие легендарни автомобили ширум светот. Но, она што е особено необично е тоа што овој автомобил поседува погон VR6 турбо со дури 600 “коњи” моќност.

Благодарејќи на моќниот агрегат, оваа “двојка” е во состојба на должина од четврт километар да “изеде” автомобили како Ауди R8 V10, Meрцедес ML63 AMG и Форд Фокус ST.

A.Г.

Притвор за прилепчанецот кој беше фатен со детска порнографија

по

Основното јавно обвинителство – Прилеп започна постапка против 30-годишен прилепчанец кој се сомничи за сторено кривично дело Производство и дистрибуција на детска порнографија.

Според кривичната пријава доставена од МВР – Полициска станица Прилеп, за лицето постои основано сомнение дека од втората половина на 2012 година до 10.08.2016 година преку компјутерски систем набавувал за себе и поседувал детска порнографија.

Тој на социјалната мрежа Фејсбук регистрирал лажен профил со лажно име, на кој на насловната страна поставил фотографија од девојче од Република Хрватска како наводен корисник и преку тој профил остварувал електронски контакти со деца. Притоа ги намамувал да се фотографираат по долна облека и голи, да ги фотографираат интимните делови од телото и направените фотографии да му ги доставуваат преку електронска комуникација.

Фотографиите подоцна ги симнувал и ги складирал во неговите компјутери, каде што складирал и видео клипови со детска порнографија. Осомничениот во одредени ситуации со децата со кои остварувал контакти преку електронската комуникација барал да остварат и непосредни контакти со намера со истите за одредена парична награда да оствари полови дејствија.

Прилепскиот градоначалник, на терен со прилепските доброволци за расчистување од поплавите

1

Четврт ден доброволци од Прилеп се на терен во расчистување на куќите во населеното место Стајковци, скопско.

Вчера на прилепските тимови им се приклучи и градоначалникот, Марјан Ристески, кој неуморно, заедно со тимовите доброволци од граѓани, работници од јавните комунални претприатија, од АД Тут-Ком, АД Еурокомпозит – Прилеп, протипожарнате единица, ЈП Македонски Шуми – Црн Бор, екипи од Македонија пат – подружница Прилеп, пожртвувано работеа на изнесување на шут, кал, тиња и насобрана вода од поплавените куќи, зафатени од невремето.

4

2

3

Денеска нова тура прилепски доброволци повторно рано утрово заминаа на терен, да помогнат во рачистувањето од поплавите.

10

5

6

7

8

9

ВИДЕО: Удри гром среде фудбалски натпревар, играчите бегаа во соблекувална

Силен удар од гром во Горни Милановац, Србија го прекина натрпеварот од суперлигата меѓу Металац и Младост од Лучани на десетина минути.

 

munja-na-utakmici-620x350

Главниот судија не морал да го покаже патот кон соблекувалната, затоа што исплашените фудбалери веднаш истрчаа кон излезот, а локалното дерби е продолжено кога облаците над Милановац се смириле.

Камерата која го забележи моментот на ударот во близина на стадионот сериозно се затресе, а на 5:00 минута во видеото ќе го видите моментот кога се стресе се во моментот на силен звук кој го преплаши стадионот.

Инаку натпреварот заврши со победа од 2:0 на домаќините.

 

Викенд временска прогноза

123

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со локален дожд претпладне. Ќе дува засилен северен ветер, кој вдолж Повардарието и во источните делови повремено ќе достигнува брзина и над 90 км/час. Дневните температури ќе бидат значително пониски во однос на денешниот ден. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Температурата ќе се движи од 17 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со локален дожд претпладне. Ќе дува засилен северен ветер.

Температурата ќе достигне до 24 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно, но во сабота се уште со повремено засилен северен ветер. Стабилно ќе биде и од понеделник, а дневната температура ќе продолжи постепено да расте.

Не се навикнати да бидат меѓу граѓаните: Шеќеринска се избрука за навек – ВИДЕО

111

БРУКА!

Денес, на официјалната страница на безидејната македонска опозиција, беше објавено соопштение и видео, во кое се вели:
„Заменик претседателката Шекеринска, заедно со тимовите од волонтери и активисти на СДСМ, помага на жителите од населените места погодени од поплавите.“

Ај што не помагаат, туку се шетаат како „визитарки“ од куќа на куќа, ај што одат кај однапред договорени луѓе, ај што една од настраданите убаво им кажа дека „се си имаат и не им треба ништо од нив…

…Рада, овој пат без Прада, наиде на уплакана жена, која жалеќи се за тоа што и се случило, почна да го оплакува и изговара името на својот  починат сопруг: „…Чичко ти Столе да стане, да види..“!

На што, Шеќеринска утешително и рече: „Немојте да станувате! …Нека седи“

Не, не…Не им е добро! Еве и видео-доказ, по не знаеме веќе кој пат.

ИЗВОР: ЖУРНАЛ

РУСКИТЕ БОМБАРДЕРИ срамнија со земја фабрика за хемиско оружје – ВИДЕО

Avioni-bombarderi-Rusija-PS-600x405

Во денешните  руски воздушни напади на Рака, бастионот на Исламска држава на северот на Сирија, загинаа најмалку 30 луѓе, вклучувајќи цивили и џихадисти, соопштила сириската Опсерваторија за  човекови права.

Опозиционата организација со седиште во Лондон, тврди дека се изведени 10 напади на градот и околината во кои се убиени најмалку 30 луѓе, додека 70 се ранети.

Руското министерство за одбрана потврди дека шест авиони од типот Tupoljev -22М3 бомбардирале цели на ИД во областа на градот Рака и дека уништиле фабрика за хемиско оружје на северозападот на градот.

А.Г.

Од Тојота направил Ламбурџини Ревентон – ФОТО

Screenshot_1-40-640x386

Автолимарот Едо прави автомобили по желба. Погледнете едно од неговите дела, кое е сеуште во фаза на изработка. Тој вели дека 95% ќе биде исто како Ламбурџини Ревентон.

2

3 4

5

6

7

8

9

10

A.Г.