Известување на општина Кривогаштани за пријавување на доброволци помош во поплавените подрачја

невреме-670x336

Се известуваат жителите на општина Кривогаштани кои сакаат доброволно да помогнат во расчистување на штетите настанати од невремето, кое ја зафати околината на градот Скопје, од денес па се до петок 12.08.2016 се врши пријавување на доброволци на телефонските броеви 048 471 280 и 048 471 471, или во приемната канцеларија на општината од 08 до 16 часот, секој ден. Тргнувањето на пријавените доброволци ќе биде пред општинската зграда во сабота во 7 часот. Доброволците потребно е со себе да понесат чизми и лопати. Исто така доколку некој сака да донира, пунктот пред просториите на противпожарната станица е отворен секој ден од 08 часот па се до 20 часот. Општината до сега помага со разположливи средстав и ресурси, веќе на терен за расчистување има и доброволци од целата општина па и вие бидете хумани и помогнете.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.