дома блог страница 5203

“Максам-Фајт” – Прилеп продолжува со промовирање на боречките вештини

13989474_1078485228853956_1306739619_n

Следниот викенд во Прилеп, во Центарот за боречки вештини “Максам-Фајт”, ќе се одржи семинар и тренинг-обука во боречките спортови бразилска Џиу Џица и Џудо. Инструктор ќе биде Младен Јокманович од Црна Гора, носител на црн појас во БЏЏ, Џудо и Џиу Џицу, главен тренер во клубовите БЏЏ “Мата Лео А-Форс” и џудо и џиу џицу клуб “Стара Варош-Волкано” од Подгорица.

Станува збор за еден од најтрофејните тренери кој има големи успеси и одлични резултати, како натпреварувач, носител на многу златни медали од големи светски и европски натпревари. Исто така неговите членови постигнуваат одлични резултати, на многу меѓународни натпревари, во БЏЏ ,Џудо и Џиу Џицу. Тренерот Јокманович доаѓа со својот асистент Срѓан Бошкович-носител на виолетов појас во БЏЏ, освојувач на 3 место на светско првенство во граплинг и прво место на европско првенство во Рим.

14009913_1078485425520603_2087973277_n

Целта на овој семинар е промоција и развој на Бразилската Џиу Џица, едукација на нашите членови, надградба на веќе стекнатите знаења, стекнување на нови знаења и нови пријателства. Ќе се работи во два дела и тоа: БЏЏ и Џудо со кимоно и без кимоно,со посебен акцент на техниките кои се применуваат најчесто во ММА борбите. Семинарот е од затворен тип и е наменет само за членовите од ЦБВ “Максам-Фајт”, и тоа само за членовите кои имаат искуство во натпревари и се спремаат за следни натпревари во БЏЏ и ММА .

14017983_1078484378854041_1990617152_n

14017740_1078484375520708_1466977600_n

Реакција на ФК Победа по мечот во Кратово: На клубот му е украден бод!

13925536_10210259145899039_6211256375961195954_o

Во фудбалски Прилеп и меѓу симпатизерите на фудбалот и во таборот на Победа и натаму главна тема на разговор се случувањата на неделниот натпревар Силекс-Победа. Кратовчани стигнаа до 3-те бода со победата од 2-1, остварена во самиот финиш на натпреварот, со гол од пенал, кој според играчите на Победа и љубителите на фудбалот е измислен и поклонет на домаќините.

“Силекс стигна до победа во многу значаен натпревар за двете екипи. Домашните беа подобри во првото полувреме, кога и поведоа со 1-0, а Победа беше поквалитетен противник во вториот дел кога израмни на 1-1. Но, во моментите кога се решаваше прашањето на победникот благодарение на неколку грешки на судијата, со кои нашиот тим беше оштетен, не успеавме да оствариме поволен резултат кој со нашата игра го заслуживме”, се вели во официјалната кратка реакција од таборот на Победа.

Во прилепската јавност пак коментарите се далеку поостри. Љубителите на фудбалот кои го следеа натпреварот преку платформата на ФФМ, а група навивачи и во живо мечот во Кратово, се огорчени и сметаат дека главниот судија Фатон Мустафи му подарил пенал за победа на Силекс. Измислил удар од белата точка кој само тој и никој друг на стадионот во Кратово не го видел. Ја оштетил Победа и при санкционирањето на непостоечки прекршок на Гешоски во гол шанса за Победа…Тој и неговите помошници немале изедначен критериум при својата арбитража, евиденто фаворизирајќи го домашниот состав. Во Битола со Пелистер загубивме и чесно го признавме поразот, а грешките ги побаравме во своите редови, но овојпат имаше туѓи грешки кои не чинеа најмалку еден бод, коментираат прилепчани. Прилепчани не сакаат привилегии и помош од никого, eдинствено бараат фер и коректна арбитража. Не ги интересираат стари сметки на релација клубови-судии, кој на кого му враќа, во која шема е…. Првенството само што започна, ова е само 2-ро коло и апел од фудбалски Прилеп да се остават играчите она што го знаат и умеат да го покажат на терен. Ништо повеќе-ништо помалку! Aко заслужуваат да изгубат, нека изгубат. Но, ако заслужиле бод, или 3, никој да не им ги ускратува.

Со него смртната казна е загарантирана: Бранел 36 луѓе и сите се осудени на смртна казна

advokat

Џери Гверинот е адвокат од Тексас кој вели дека повеќе нема да застапува лица обвинети за тешки убиства за што следува смртна казна.

Причина за тоа е што ниеден од неговите 36 клиенти не бил прогласен за невин. Некои го сметаат за најлош адвокат во САД, додека тој се брани дека презема озогласени тешки случаи, бидејќи „ и нив некој мора да ги брани“.

-Некој мора да ги брани, но „Брани“ е погрешен збор. Јас ги застапувам тие луѓе- вели тој за медиумите.

Тој додава дека застапува членови на банди, сериски убијци и социопати кои се обвинети за гнасни злодела. Работи во округот Харис, каде најмногу луѓе се осудени на смртна казна.

Уморен е , вели, од тоа да биде излошен на потсмев заради случаите со кои се справува.

Хорор во Македонија: Ја киднапирал и искршил од ќотек па и рекол “Ајде да се смириме”

123 (2)

Ја грабнал, ја киднапирал, ја претепал, па и рекол ајде да се смириме. Овој хорор се случил викендов во Тетово, кога 33-годишната тетовчанка Ј.А. вчеравечер околу 22 часот, враќајќи се пешки кон својот дом била киднапирана од нејзиниот поранешен сопруг, 31-годишниот С.А. со кого судски се разведени.

-Тој насилно ја внел во возило„ Голф“ и физички ја малтретирал, повеќе пати удирајќи ја по главата и телото, по што се упатил кон две околни тетовски села, каде продолжил со малтретирањето. Откако се вратиле назад во Тетово поранешниот сопруг и предложил да се смират и повторно заеднички да живеат, но таа одбила таква можност и тогаш ја пуштил да замине дома, информираат од СВР Тетово.

Набрзо потоа, Ј.А. го пријавила случајот во полициска станица.

ТАГА: Почина познат прилепски музичар, поет и сликар

untitledregv63e4t68439tg8344t5643t34t3

По кратко и тешко боледување во Словенија почина големиот промотор на македонската култура во дијаспората и ширум светот, музичарот Љубен Димкаровски, кој беше прва труба во Љубљанската филхармонија, и основач и водач на групата „Пела“ со која ја промовираше македонската музика низ целиот свет.

Во последните години светот го запозна Димкаровски како прв и едниствен изведувач на праисториска фрула, најстара фрула во светот, со која на музичката јавност и покажа дека големите класици може да се отсвират на праисториска фрула. Последните години од својот живот Димкаровски ги помина во патувања и предавања  по светот. Во неговото срце беше Македонија, македонската песна и македонската црква.

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи изразува длабока и искрена жалост што Република Македонија загуби голем македонски деец и промотор на македонската култура, се наведува во соопштението од Комисијата.

Охрид: Полицаец го казнил својот командир со 800 евра

123

Полицаец од Полициската станица во Охрид, распореден на работа како сообраќаец казнил свој Командир за сообраќаен прекршок ”претекнување на полна линија” и управување со нерегистрирано возило – јавува Охрид1 повикувајќи се на свои извори во полицијата.

Според информациите кои ги објави порталот, сообраќајниот полицаец го казнил својот командир со глоба од 800 евра.

Охрид 1 пишува дека случајот е евидентиран, сослушани се сведоци, предаден е записник во Полиција и сега се чека институционалната разврска.

Според тоа што било констатирано, Командирот своето возило не го имал регистрирано цели три години, пишува Охрид 1.

Казната за Командирот е 800 евра и од 3 до 12 месеци забрана за управување со возилото.

ВИДЕО: Како сами да направите маска за мобилен телефон

Маска за мобилен е нужна потреба за која многумина многу тешко можат да одвојат финансиски средства.

maska-mobilen

Многу повеќе чини ако се нема, па многумина, со тешко срце, сепак одлучуваат да издвојат одредена сума пари за оваа „заштитна облека“ за мобилните телефони.

Но, маската за својот мобилен апарат можете да ја направите и сами, дома, и тоа целосно бесплатно. Се што треба да се направи е апарта за лепње и обична пластична ќеса.

Може и да ја персонализирате ако сакате, а вашиот мобилен со неа ќе биде целосно безбеден, исто како и заштитата маска купена од продавница.

Погледнете го видеото и почнете со изработка.

Тошо Maлерот сака да легне риба: Најново видео од “Батка Продакшн”

1111

Од дијаспората, од далечната Австралија, ни пристигнува новото видео на “Батка Продакшн”. Тошо Малерот во обид да легне добра риба се обидува да ја опијани. Арно ама, дамава се покажа како издржлива и не се даде така лесно.

Погледнете го најновиот скеч на Тошо Малерот:

Битолчанец киднапиран, тепан и шишан маж поради паричен долг

Битолчанец бил претепан од човек на кого му должел 30 илјади денари па исплашен за својот живот го пријавил насилникот во полиција.

 

tepacka1

Според изјавата на С.Ш. (39) од селото Ивањевци, во саботата околу 19 часот во кафеана во селото дошол Д.Н. од селото Чарлија од кого имал земено 30 илјади на заем.

Со него биле и неговит брат и уште едно лице. Тие го замолиле да излезе надвор за да разговараат, а потоа тој самиот влегол во автомобилот на З.Н. со кој заминале за селото Долно Оризари. Штом стигнале пред куќата каде З.Н. престојувал под кирија, приказната добила поинаков тек.

Должникот бил нападнат и тепан со тупаници по телото, парите во паричникот, околу 1.600 денари, му биле земени, а на крајот му била исечена и косата како предупредување.

Тој добил рок од 24 часа да врати не 30 туку 90 илјади денари, а во спротивно ќе бил ликвидиран. На С.Н. не му останало ништо освен да го пријави случајот во полиција бидејќи немал пари за да се раздолжи. Од битолската полиција нема информација дали осомничените се приведени и дали и какви пријави се поднесени против нив.

Видео кое расплака 11 милиони луѓе во светот! Само една е мајкa!

Screenshot_9-22-640x387

Oва видео ги расплака сите оние кои го погледнаа. Ова мало момче останало без мајка си, а она што го направи покажува колку е силна љубовта помеѓу мајката и детето, и колку мајката може да му недостасува.

А.Г.