дома блог страница 5202

Голема полициска акција: Наредби за апсење на судски службеници

123 (2)

Истанбулската полиција денеска презеде акција во зградата на Судската палата во квартот Картал, во Истанбул, во рамки на истрагата против терористичката организација на Фетула Ѓулен (ФЕТО), која турските власти ја обвинуваат за организирање на обидот за преврат од 15 јули, информира весникот „Милиет“.

Главното обвинителство на Истанбул издало наредба за апсење на 83 службеници од судската палата. Екипи на полицијата ги претресуваат службените канцеларии на осомничените. Заради операцијата блокирани се излезите од зградата.

Полициски екипи вчера приведоа 136 службеници за време на операции во три истанбулски судови, во рамки на истрагата за обидот за преврат од пред еден месец.

Агенцијата Анадолија пренесе дека Главното обвинителство во Истанбул издало наредба за апсење на 173 службеници во трите суда, што се наоѓаат во квартовите  Чаглајан, Бакеркој и Газиосманпаша. Од нив, во вчерашните акции беа приведени 136 лица.

СТРАШНО: Намерно прегазил војник кој помага во Стајковци

policijalenta7

Во 08 часот и 30 минути во полиција пријавена е сообраќајна незгода на клучката кај Стајковци, во која возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј. од Стајковци, удрило во војникот Х.А.  Имено, Х.A. како член на патрола на АРМ, која била поставена на горенаведеното место, на возачот на возилото му укажал дека не смее да продолжи со движење во правецот кој бил затворен поради работа на патот со механизација. Истиот не ја почитувал дадената наредба, го стартувал возилото и продолжил брзо да се движи, при што со левиот ретровизор го удрил полицаецот и го напуштил местото на настанот.

За кратко време бил најден насилникот, а полицаецот е хоспитализиран.

На 18 години започнал да зема стероиди: Сега има 45 и се претворил во чудовиште – ВИДЕО

bodi

Тренирањето и одржувањето на физичката кондиција е здраво, но кога ќе станете опседнати со мускулатурата, може да доведе до опасност и сериозно загрозување на животот. Таков е примерот со Рич Пиан. Човекот кој од својата 18 година станал вљубеник во мускулите, па само што станал полнолетен започнал да зема стероиди и  хормони за растење, за да има што поголеми бицепси, трицепси….

Неговото тело енормно пораснало, при што тој се претворил во чудовиште. Тој сега има 140 килограми, но и понатаму расте, како резултат на земањето на хормони. Прв пат во теретана влегол на 11 – годишна возраст и станал зависник од неа. Бидејќи е син на бодибилдерка, набрзо и тој запловил во тие води.

Погледнете ја целата сторија за него:

А.Г.

Еве што се случува кога во лош руски кварт ќе оставите нов автомобил – ФОТО

Screenshot_1-53

Русија е навистина фасцинантна земја, без оглед дали живеете таму или сте во туристичка посета. Во двата случаеви, треба да водите сметка за изборот на местата на кои паркирате, со цел во утринските часови да не зачекате вакво изненадување.

Еден возач оваа лекција ја научил на тежок начин, па неговиот миленик за време на ноќта претрпел неверојатна промена, бидејќи крадците не одзеле само дел, туку Тојотата Land Cruiser ја растуриле на делови.

Погледнете ги фотографиите:

4

1

2

3

А.Г.

Сведоштва на спасувачите во поплавите: Сопругата му рекла „Остави ме мене, спаси се ти!“

1234 (1)

За луѓето кои починале, но и оние кои биле спасени, за тешката ноќ по големото невреме што го поплави Скопје, во документарниот филм „Сведоштва“ на ТВ Нова зборуваше еден херој кој спасил многу животи, но и видел неколку згаснати.

Неговиот ангажман започнал во Сингелиќ, а продолжил кон едно од најкритичните места – клучката пред Стајковци.

-По претходната задача што ја работевме во Сингелиќ, се упативме кон Арачиново. Почнавме да ги тргаме дрвјата со сајла за да се пробиеме на непроодниот терен. Имаше голем број луѓе кои бараа помош.  Дојде еден човек и пријави дека додека бил во возилото го подигнала водата и се враќал назад 15 метри. Сопругата била со него и не била подвижна, само му рекла, остави ме мене, спаси се ти! Возилото беше пронајдено после еден час откако се намали нивото на водата кога ни јавија дека кај едно од возилата може да се види само кровот. Светевме со батерии да видиме дека има човек во возилото, тоа беше сопругата на човекот. Пристигна медицинската екипа и констатираше смрт“, вели спасувачот.

Во медиумите се зборуваше многу за тажната судбина на четиричлено семејство од Крива Паланка кое во кобната вечер се враќало од одмор. Нашиот соговорник зборуваше и за нивната сторија.

-Мажот од Крива Паланка нè молеше да ги пронајдеме неговата сопруга и децата. Дадовме се од себе, го претресовме секое возило што беше истуркано од водата. На помош дојде и еден човек кој ни кажа дека нивата е негова и во неа имало бунари, па порача да не одиме сами и дојде со нас. Го пронајдовме детето кое трчаше кон татка си и викаше „Тато,  тато“. Кога се пресретнаа започнаа да се прегрнувааат и детето праша „Каде е брат ми“?  Неговиот татко ја тргна главата и започна да плаче. Мајката и братот на спасеното момче ги баравме долго, никаде ги немаше.  Никогаш досега сме немале вакво искуство“, изјави сведокот.

Тој зборуваше и за ангажманот во Сингелиќ каде извадиле голем број луѓе од возилата.

– Оттука ги носевме луѓето во раце 150 метра. Бевме со дефендери – три дефендери по двајца припадници. Мислам дека Сингелиќ беше најкритично. Како што ни јавуваа и бараа помош, така се упатувавме до точките. Влегуваше вода во дефендерот што почнуваше да се полни. Се качивме на кров па го влечевме со сајла. Извлековме живи лица од возило кои бараа помош.  Имаше луѓе на тераси кои молеа за помош. Немаше услови за прва помош, ние бевме сред поплавата и брзавме онаму каде требаше да влечеме лица на безбедно место. Ни пријавија човек под возило, лично јас го подигнав возилото, се работеше за лице до 65 години, го извадивме, брзата помош беше зад нас, лицето беше во бесознание и екипата на Брзата помош, констатираше смрт“, го раскажува херојот своето последно трагично сведоштво од тешката ноќ во која загинаа 22 лица, а илјадници беа спасени.

Шок за пушачите во Македонија: Ново големо поскапување на цигарите

123 (1)

Нова серија поскапувања на цигарите во Македонија. Веќе неколку дена по ред, поскапуваат најпопуларните брендови на цигари во земјава.
Од пред неколку дена, Марлборо во тврдо пакување се продава по цена од 130 денари за кутија додека по 5 денари за кутија, на 100 денари поскапеа и Марлборо едициите на малку потенки цигари.
Поскапеа и цигарите Вест во тврда и мека варијанта на 70 односно 80 денари по кутија.
Од пред неколку дена поскапи се и Честерфилд кои наместо 70 сега се продаваат за 75 денари.
Кутија Родео, еден од најпопуларните брендови меѓу македонските пушачи од пред месец дена наместо за 63 се продава за 68 денари.
Поскапи се и Давидоф кои сега се продаваат по 135 денари.
Согласно правилникот за акцизите на цигарите, државата предвиде до оваа година цигарите годишно да имаат по 3 денари од кутија повисока акциза а следниот 1 јули, 2017та година, акцизата да порасне за 4 денари по кутија.
Сепак, производителите решија да направат поскапување и за до 5 денари по кутија, а некои брендови, како на пример Марлборо за неколку месеци поскапеа и по 10 денари за една кутија.
Поголемиот дел од палетата цигари што ја нуди скопскиот тутунски комбинат “Империјал тобако”, од први јули годинава веќе се продава поскапо.

Варијациите на “бос” се продаваат поскапо за 5 денари, а поскапени се и сите варијации на “вест”. По ново, “вест меко” чини 70 денари, а “вест суперслим” 90 денари. За по пет денари се поскапени и сите варијации на “родео”, освен “родео” (меко), чија цена остана непроменета.
Во февруари годинава, од три до пет денари поскапеа цигарите од Тутунскиот комбинат Прилеп. Со поскапувањето варијациите на “марлборо” се продаваа за 95 денари а денеска чинат 100 денари за кутија што значи за 6 месеци цената им скокнала за 10 денари. Цената на “филтер 57” се зголеми за три денари и чини 58, а од 55 на 58 денари се поскапени тврдите пакувања на “класик блу” и “класик ред”.

ФОТО: Демолирано училиштето „25 Мај“ во Сингелиќ

25-maj-singelik

Непознати сторители упаднале во училиштето „25 Мај“ и демолирале неколку училници.

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски на својот профил на Фејсбук објави фотографии од демолираното училиште и повика несовесните граѓани да се воздржат од вакво недолично однесување.

-Во време кога се прават напори за стабилизирање на состојбата на терен по поплавите кои направија голема штета на голем број домаќинства, во старото училиште “25 Мај” имаше упад од страна на несовесни лица кои оштетија голем дел од училишниот инвентар. Се упатува апел да не се прават дополнителни штети во ситуација кога треба да се помогне на најзагрозените жители од Гази Баба, апелира градоначалникот на Гази Баба.

toniiiiii

23

ФОТО+ВИДЕО: Човекот кој се обиде да го убие претседателот на САД е на слобода

Возејќи сиво-сребрена “Тојота”, Џон ја носел својата 90-годишна мајка Џо Ен до ресторан покрај подземната железничка станица, за да купи сендвичи и сок.

 

1

-Можеше да биде било кој. Ништо на него не издава дека станува збор за лице кое се наоѓа во учебниците по историја, рекол еден од минувачите кој го забележал.

2

Хинкли е човекот кој се обидел да го убие претседателот Реган за да ја воодушеви актерката Џоди Фостер, кон која развил опсесија гледајќи ја во филмот “Таксист”, во кој глумела малолетна проститутка. Тој бил толку маѓепсан од неа, што се преселил во Њу Хејвен каде актерката одела на колеџ, а константно и праќал и писма. Кога не му возвратила, одлучил или да се убие, или да му наштети на претседателот. Ја избрал втората опција.

Следејќи го кога ја напуштал конференцијата во хотелот “Хилтон”, Хинкли шест пати пукал во Реган, но за среќа успеал само да го рани, како и уште три лица.

3

Куршумот, кој за малку ќе бил кобен, минал еден сантиметар покрај срцето на тогашниот американски претседател, па благодарение на брзата интервенција на лекарите, тој брзо заздравил.

Прес секретарот на Белата куќа, Џејмс Брејди по ранувањето останал парализиран. Кога починал во 2014 година, неговата смрт била прогласена за убиство.

На 5 август Хинкли бил пуштен на слобода, а единствен услов бил да не стапува во било каков контакт со членовите на семејствата Реган и Фостер.

ВИДЕО: Со варен компир можете да ја осветлувате собата цел месец

djghjshdfg

Истражувачите откриле дека компирот варен 8 минути може да создаде батерија која произведува 10 пати повеќе енергија од суровиот.

Професорот по наука и земјоделство, Хаим Рабинович и неговиот тим откриле дека со четвртина парче од компир кое се наоѓа помеѓу бакарна катода и цинкова анода споени со жица, може да осветлите соба со LED светло дури до 40 дена.

Компирот може да обезбеди електрична енергија за десетина од целата на типична AA батерија.

Замислете ги сите можности и прилики кои со ова откритие би ги имале луѓето во неразвиените и оддалечените делови на светот.

– Компирите се избрани поради нивниот потенцијал за раст, речиси насекаде, вклучувајќи ја тропската и суптропската клима – изјави Рабинович, „тој е најзастапената земјоделска култура во светот, но треба да се знае дека компирот сам по себе не е извор на енергија, туку само помага да се спроведе електрицитет делувајќи како мост помеѓу сите метали, овозможувајќи им на електроните слободно да се движат низ жиците создавајќи електрицитет“, додава тој.

Освен што расте во изобилие, компирот е избран и поради цврстото скробно ткиво, кое му овозможува да биде чуван со месеци без да привлече инсекти.

ФОТО: Светот во шок, полицијата уби познат фудбалер

Утринава англискиот град Телфорд го разбуди тажна вест за убиството на нивен сограѓанин, а кратко потоа утврдено е дека станува збор за поранешниот фудбалер на Астон Вила.

 

pistol-vo-raka

Полицијата со електричен пиштол го убила Далиан Еткинсон, кој дресот на клубот од Бирмингем го носеше пет сезони, од 1991 до 1995 година.

Станува збор за фудбалер кој играше на највисоко ниво, играше и во Премиер лигата, и е добро познато име за фановите на островскиот фудбал.

ubien-fudbaler

Освен за Астон Вила, настапуваше уште и за Манчестер Сити, Реал Сосиедад, Фенербахче, Мец, Ипсвич, Шефилд Венздеј, како и за неколку кинески и арапски клубови, а во својата кариера постигнал над 100 погодоци на 250 натпревари.

 

Она по што ќе остане познат е фактот дека е стрелец на најубавиот погодок во сезоната 1991/92 кога во мечот против Вимблдон го постигна голот кој беше прогласен за гол на годината.

 

ubien-2fudbal

Според наведеното во извештајот, тој бил убиен поради сигурносни причини во својата семејна куќа во Телфорд.