дома блог страница 5204

ВИДЕО: Сите го видоа апсењето на педофилот Драган кој го измами мајка на негова жртва

Во несекојдневна акција на полицијата уапсен е педофилот Драган Ж. (66) кој преку Фејсбук закажал средба со 11-годишно девојче, не знаејќи дека е измамен и дека цело време се допишувал со нејзината мајка.

 

123

Всушност благодарение на храбрата мајка, која седум дена се допишувала со манијакот, педофилот е измамен и уапсен.

Инаку, една од првите пораки кои ги испратил е со вознемирувачка содржина:

-Убав поздрав до тебе…Многу си убава и посебна. Би сакал подобро да се запознаеме, ако си љубопитна – имам некои многу добри приказни за тебе…Интригантни… Посебни – напиша монструмот во првата порака преку Фејсбук, не знаејќи дека се допишува со мајката на девојчето.

-Фармерките ти стојата совршено…Многу си љубопитна за твоите години. И навистина изгледаш екстра, посебно одзади. Веројатно уште не си почувствувал машка рака на себе, напиша педофилот.

123

Педофилот продолжил да испраќа пораки, пишувајќи за сексуалните фантазии и и предлагал средба ветувајќи незаборавни мигови и дури и испраќал фотографии од својот полов орган.

Драган Ж. се претставил дека е 11 години помлад, говорејќи дека е разведен и дека има две постари ќерки.

Погледнете како изгледаше апсењето на овој педофил, забележано од камерите на ТВ Пинк.

 

ВИДЕО: Погледнете кој е најимпресивниот олимпиец на сите времиња

Copy of sherbo

Виталиј Шербо е роден во Белорусија и е еден од најуспешните гимнастичари на сите времиња. На олимпијадата во Барселона 1992 година Шербо освои 6 златни медали во гимнастика. Тој освои 4 златни медали во еден ден и постави рекорд кој сеуште не е соборен.

Погледнете компилација од неговите настапи на олимпијадата во Барселона:

Почнуваат уписите на државните универзитети

Пријавувањето за упис во прва година додипломски студии за 2016/2017 година на три државни универзитети (Битола, Штип и Охрид) почнува денеска, во Тетово утре и во Скопје во четврток.

 

ekonomski-fakultet-640x294

Вкупно се слободни 24.356 места, од кои 13.536 за редовни студенти во државна квота, 7.327 места за студентите со кофинансирање и 3.493 слободни места за вонредни студенти.

Најмногу слободни места (10.535) има на најстариот и најголемиот универзитет  „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од нив, 6.606 се за редовни студенти во државна квота, 2.819 за квота редовни студенти со кофинансирање и 1.110 за вонредни студенти.

Како и во изминатите години, надоместот за редовните студенти е 200 евра односно 100 евра за дисперзирани студиски програми, а износот за студиите со кофинансирање се движи од 100 до 400 евра.

Пријавувањето на кандидатите во првиот уписен рок на УКИМ е на 18-ти и 19 август. Вториот уписен рок е на 5 септември, а на факултетите на кои ќе останат слободни места ќе има и трет рок на 15 септември, кога и почнува новата академска година.

На универзитетите во Битола и Штип пријавувањето во првиот рок е на 15-ти, 16-ти и 17 август, а во Охрид на 15-ти и 16 август.

На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола има 3.543 слободни места, од кои 2.040 за редовни студенти во државна квота, 790 за квота редовни студенти со кофинансирање и 713 за вонредни студенти. Вториот рок за пријавување на УКЛО е на 1-ви и 2 септември, а третиот на 14 септември.

На Државниот универзитет во Тетово има 4.600 слободни места, од кои 1.335 за редовни студенти во државна квота, 2.600 за квота редовни студенти со кофинансирање и 665 за вонредни студенти. Првиот уписен рок е од 16-ти до 19 август, а вториот е од 30 август до 2 септември.

На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип има  5.238 слободни места, од кои 3.335 за редовни студенти во државна квота, 1.008 за квота редовни студенти со кофинасирање и 895 за вонредни студенти.

По трите дена за запишување во првиот рок (15-17 август), вториот рок на Штипскиот универзитет е на 25-ти и 26 август, а третиот на 5-ти и 6 септември.

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид слободни се 440 места, од кои 220 за редовните студенти во државна квота, 110 за квота редовни студенти со кофинасирање и 110 за вонредни студенти. Вториот уписен рок е на 1-ви, а третиот на 14 септември.

Министерството за образование и наука информираше дека при креирањето на конкурсите за јавните високообразовни институции  предвид се земени податоците од анализите за понудата и побарувачката на пазарот на трудот, како и проекциите за идните побарувани занимања.

– И годинава потребно е да се обрне внимание на техничките струки, особено на инженерството, градежништвото, производството, како и на природните науки и математиката, рече заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски во јуни на објавувањето на конкурсот за запишување во прва година студии во академската 2016/2017 година.

ВИДЕО: Не сака шега на негова сметка: Младоженецот со шлаканица кон невестата

На овој младоженец му „пукна филмот“ додека заедно со невестата ја сечеа свадбената торта.

samar

Тој со својата вилушка и даде едно парче од тортата на неговата сакана, но таа реши малку да се пошегува со него. Имено, девојката неколку пати ја насочуваше и ја тргаше вилушката подалеку од неговата уста. Човекот изгуби контрола и следуваше жестока казна.

 

Колку често ги гушкате вашите деца?

Добри вести за сите мајки, кои сакаат да ги гушкаат своите деца: новото истражување покажа дека нежното допирање на детето може да помогне тоа да стане подруштвена личност.

majka-i-dete

Ова истражување, кое е објавено во августовското издание на невролошкиот журнал „Церебрал Кортекс“ покажа дека фреквенцијата, со која родителот го допира своето дете е поврзано со развојот на „социјалниот мозок“ на детето.

Што тоа всушност значи? За да ја спроведат оваа студија, истражувачите набљудувале пет годишни деца додека си играле со мајките и броеле колку пати мајките ги допирале.

Потоа се сретнале со нив два дена подоцна и откриле дека децата, кои се допрени повеќе пати имаат повеќе активности во „социјалниот мозок“ (делот на мозокот, кој ни дозволува успешно да комуницираме со останатите човечки суштества).

Tрадиционално свечено доделување на дипломи во гимнaзијата “Мирче Ацев” – ГАЛЕРИЈА

1632

Во петокот, на 12.08, во просториите на Гимназијата, се одржа свеченост на која им беа доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2012 – 2016.

На свеченоста кратко обраќање имаше градоначалникот Марјан Ристески кој потенцираше дека гимназијата е расадник на интелектуалци кои постигнуваат врвни резултати, секој во својата област, им честиташе на матурантите и им посака успех во понатамошното образование и живот.
Потоа присутните ги поздрави директорот на гимназијата, Кире Николоски, кој им честиташе на матурантите посочувајќи дека оваа генерација била посебна по тоа што учениците постигнале врвни резултати и освоиле многу награди на државни и меѓународни натпреварувања во различни области.
На крајот пред присутните гости, професори и свои соученици, се обратија и првенците на генерацијата, Стефан Неделкоски и Марко Маркоски по што се пристапи кон доделувањето на дипломите, радосниот чин за секој матурант.

1640

1619

1620

1626

1628

1629

1631

1633

1634

1635

1636

1637

1638

Завршното видео, на матурантите од генерацијата 2012 – 2016

 

Ноќен живот во Прилеп – Аrt Caffe & Club Calypso – 13.08.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”338″ gal_title=”AvgusNoken3″]

ФОТО: Родено бебе со 18 килограми

Звучи неверојатно, но е вистинито. Жена од Австрија која тежи неверојатни 270 килограми, роди бебе тешко цели 18 килограми! Докторите признаваат дека не биле спремни за вакво породување. За среќа, немало компликации.

bebe

Тешко повредена 18-годишна прилепчанка во сообраќајка кај Могила

1

Вчера околу 02,00 часот на патниот правец Прилеп-Битола кај клучка Могила случена е сообраќајна незгода во која О.С. (38) од Прилеп управувајќи моторцикл со прилепски регистерски ознаки поради неприлагодена брзина изгубил контрола и паднал на десната страна од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.М. (18) од Прилеп.
Истата поради сериозноста на повредите била пренесена во КЦ-`Скопје. Увид на местото на настанот извршил ЈО и увидна екипа од ПС-Прилеп.
Се работи на целосно расчистување на случајот.

Мистерија за Словенецот кој се удави во Дрина: Еве што Андреј навистина го повлекло на дното

Изворите се честа појава во реките и морињата, но многу се поголеми од речните води.

ioyoiuyhpiu

Телото на Словенецот Андреј Беуч (34) е пронајдено 5 дена подоцна во Дрина, на околу 15 километри од Зворник. По многуте теории за тоа како може еден искусен скокач во вода да потоне, како најверојатна можност се спомнува дека на дното го повлекол извор.

Многумина сметаат дека Андреј на дното го повлекол извор, кој го однел далеку од местото на несреќата под мостот.

Изворите се честа појава во реките и морињата, но многу се поголеми од речните води.