дома блог страница 5201

Грците исплашени од македонскиот пејач, му забраниле влез во Грција (ФОТО)

Пејачот Јордан Митев денеска бил вратен од грчката граница и не му било дозволено да влезе и да се прошета, како што вели, во македонскиот дел од Грција, затоа што му била ставена забрана по настапот во Овчарани.

jordan-mitev-1

За ова тој денеска ги информираше своите фанови преку својата фан страна.

– Почитувани фанови, еве после подолг временски период секојдневна напорна работа, мојот прв слободен понеделник сакав да го искористам за да прошетам до македонскиот дел во Грција. Стигнав до пола пат,на грчката граница ме вратија,со ставена забрана без да знам, после настапот во Овчарани. Нема вика македонски песни, има фиромски песни, нема Македонија,овде е Македонија,нема Овчарани, има други имиња, напиша тој.

Притоа приложи и два листа од документот со кој му се одбива влегувањето преку граница.

mitev

– Регистриран е како непожелен во националниот регистар-стои крај обележаното квадратче, кое ја означува причината поради која има забранет влез.

Најдолу е наведено дека заинтересираното лице може да достави апел против ваквата одлука за одбивање на влез, согласно на националното право.

Митев на крајот од својот пост нагласи дека ништо нема да го поколеба и да го угаси. Бидејќи како што додаде, премногу труд, напорна работа вложи, премногу ја сака песната и Македонија.

Овчарани е село во Леринско, Егејска Македонија

Овчарани има годишен фестивал во чест на пророкот Илија. Се одржува секоја година. Познат е како Илинден и од страна на Македонците кои живеат во селото се смета дека прославата е во чест на Илинденското востание. Фестивалот сепак не поминува без критики од грчките власти и локалните грчки медиуми.

Митев е пејач, кантавтор и мулти инструменталист, магистер по музички науки.

ФОТО+ВИДЕО: Најлудиот финиш во атлетиката – Се фрли на глава и освои злато

atletika

Шони Милер од Бахамите се закити со златен медал на Олимписките игри во Рио откако беше најбрза на трката на 400 метри.

Со резултат од 49,44 секунди беше побрза од својата голема ривалка Алисон Феникс, но моментот на одлуката беше пред самиот финиш, кога атлетичарката од Бахамите буквално се фрли кон целната линија и успеа за 0,07 секунди да ја надмудри својата противничка.

1atletika

 

(ВИДЕО)-ДРАМАТИЧЕН МОМЕНТ: Тигар одбрани чувар од напад од леопард!

tig-leo-71530

Тигар во зоолошка градина во Мексико му го чувал грбот на чуварот, одбранувајќи го од напад од леопард.

Имено, додека чуварот си играл со лавовите, леопардот Дхарма одеднаш истрчал и сакал да го нападне.

Во тој момент тигарот Азтлан скокнал пред леопардот и го спречил да го повреди чуварот кој не бил свесен за опасноста која му се подготвувала.

Грците ги нападнаа Продиџи поради нашето уставно име

По завчерашниот спектакл кој британска група The Prodigy го приредија во Охрид и на кој присуствуваа фанови од цела Македонија, но и од државите ширум светот, тие на својата фан страна обајвија фотографија од концертот.

objava-prodidzi

Тие напишаа: „Оган. Продиџи во живо во Македонија“.

Набргу потоа фановите од Грција се јавија со рекација и коментари како : „Мислиш Скопје, Македонија е Грција“, “Прочитајте добро факти“.

komentari-prodidzi

ВИДЕО: Снимени неверојатно дрски кражби за време на Олимпијадата во Рио

Не е важно дали жртвата се движи во група на луѓе, оди по улица или седи во автобус, криминалците од Рио се обучени на секој начин да го украдат тоа што го сакаат.

krazbi

Интересно е тоа што никој на улиците не реагира кога крадецот ќе нападне, а исто така полиција нема никаде низ улиците.

 

50 ДОБРОВОЛЦИ РАМО ДО РАМО СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОД КРИВОГАШТАНИ ПОМАГАА ВО РАСЧИСТУВАЊЕ НА ПОПЛАВИТЕ ВО СКОПЈЕ

1

Педесет доброволци од општина Кривогаштани, на чело со градоначалникот Тони Заткоски, во саботата зедоа активно учество во расчистување на теренот од поплавите во Скопје. Екипите од Кривогаштани, овој пат беа распределени во Сингелиќ. Претходно 35 доброволци од Кривогаштани зедоа учество во расчистувањето на теренот во населеното место Стајковци.

2

„Во саботата екипа составена од 50 доброволци од општина Кривогаштани зеде активно учество во расчистувањето на теренот од поплавите во Сингелиќ. Ситуацијата на теренот полека се нормализира, но сепак потребно е на тие жители да им се помогне што е побрзо да го вратат својот живот во нормала. Жителите на Кривогаштани, како повеќе пати досега, ја покажаа својата хуманост и нема да престанеме тука, наши екипи треба повторно да заминат за Скопје за неколку денови. Еве тука ја користам приликата сите оние кои можат и сакаат да земат учество во оваа акција своето присуство да го пријават во општината. Сакам да потенцирам и тоа дека уште од самиот почеток на акциите за расчистување во Скопје, ЈП Пелагонија и ТППЕ од Кривогаштани се присутни на теренотсо со своја механизација и луѓе. Уште наредниот ден, веднаш по поплавите, ние испративме наша екипа од неколку луѓе, пумпи за вадење на вода и цистерна“, истакна Тони Заткоски, градоначалник на општина Кривогаштани.

3

Инаку општина Кривогаштани веќе една недела има отворено и пункт за собирање на донации кој е лоциран во објектот на ТППЕ Кривогаштани. Од локалната самоуправа соопштиија дека досега биле собрани околу 4 тони на вода и повеќе килограми на конзервирана храна, бебешка опрема и средства за хигиена.

 

ВИДЕО – САМО ТОЈ Е ПОБРЗ ОД УСЕИН БОЛ: ВИСТИНСКИ ШАМПИОН!

on Day 9 of the Rio 2016 Olympic Games at the Olympic Stadium on August 14, 2016 in Rio de Janeiro, Brazil.

on Day 9 of the Rio 2016 Olympic Games at the Olympic Stadium on August 14, 2016 in Rio de Janeiro, Brazil.

Усеин Болт, ноќта помеѓу  неделата и понеделникот стигна до третото по ред злато на Олимписките игри во најатрактивната атлетска дисциплина. Повторно беше најбрз на трката на 100 метри, која ја истрча за 9 секунди и 80 стотинки.

Еден од неговите навивачи, се обиде да се трка со него…

Се наместил на старт позиција, го чекал истрелот за почеток, започнал како него и успеал да го победи!

Секако, не е во прашање трчање, туку овој човек успеа да ја “реши” прочуената рубикова коцка и за пократко време, отколку што Усеин Болт успеа да ја заврши трката.

Погледнете го ова интересно видео:

А.Г.

 

Вибер има опција за која многумина не знаат – ВИДЕО

viber

Вибер е една од најпопуларните апликации, со оглед на тоа дека секојдневно ја користат стотина милиони луѓе ширум светот, но и понатаму постојат можности кои самата апликација ги нуди, а не се познати за пошироката заедница.

Со надоградување и подобрување, инженерите во една од последните верзии внеле можност за скривање на пораките.

Па, доколку некој повремено ви го “позајмува” телефонот  без ваша дозвола, едноставно заштитете се. Брзо и едноставно!

А.Г.

Соња стоеше рамо до рамо со криминалците – еве што прави денеска

11 (1)

Соња Лазетиќ денес ужива во семејниот живот, има дечиња и е сопруга на фудбалер, а некогаш беше рамо до рамо со криминалците од документарецот “Видимо се у читуљу”. Таа беше дел од екипата која владееше со подземјето во 90-те, Аркан, Голубовиќ и многу други.

Тогаш 15-годишната Сања имаше провокативен изглед и зборуваше дека сака живот на висока нога.

12

– Сакам да сум фотомодел, сите се појавуваат пет минути на површина и ги снемува, јас сакам да сум горе, велеше таа.

Таа беше во брак со контроверзниот бизнисмен Горан Мариќ, убиен пред неколку години.

Денес е семејна жена и ужива максимално.

РК ПРИЛЕП АМБИЦИОЗНО ПРЕД НОВИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ

image-0-02-01-c4e2724618203d219891e4b2a91e2b7dc1f7a60107431474a183060c74efe8d2-V

Ракометниот Клуб Прилеп одржа пресс конференција за медиумите на која ги промовираше своите нови ракометари, амбициите на клубот за следната натпреварувачка сезона, настапот во ЕХФ купот, како и за организацијата на вториот по ред меморијален турнир “Миле Нешкоски”. Прецедателот на клубот ги претстави грузиецот Теимураз Орјоникидзе, кој ќе настапува на бековската позиција, потоа пивото Александар Тренчески, кој доаѓа од Вардар Јуниор и Огнен Трајковски од Работнички, кој ќе ја пополни голманската позиција заедно со Милош Рајичиќ. Мариновски меѓу другото упати голема благодарност до поддржувачите на клубот Мермерен Комбинат, АД Витаминка, Конфекција Кули, Матадор, Агенцијата за обезбедување МК, Кафе Булевар и до локалната самоуправа на општина Прилеп, кои учествуваа со најголем дел во буџетот на клубот.

image-0-02-01-39fa7e834b665508ae77b4eca331d60676beda52aefb0d2e0e06f91be11b51dd-V

Секретарот на клубот Рубин Седлоски зборуваше за организацијата на натпреварите за турнирот, учесниците, распоредот на натпреварите и истакна дека влезот во универзална сала ќе биде бесплатен за сите љубители на ракометот во градот. Двомечот во ЕХФ купот против швајцарскиот вицешампион ВИНТЕРТУР, во договор со двата клуба и европската куќа на ракометот, ќе се игра во Прилеп на 3-ти и 4-ти септември. А, за подетални информации, клубот ќе излези со соопштение за јавноста непосредно пред натпреварите.

Исто така на оваа конференција, Мариновски го промовираше Ице Соколески во нов координатор на младинските категории во клубот. Соколески останува асистент на Томе Петрески во првиот тим, а ќе ја координира работата на Страшо Илиески и Кочо Трајкоски. Соколески упати благодарност до управата на клубот за направените напори при скромниот буџет да се издвојуваат средства за школите и истакна дека тоа е основана цел на клубот, бидејќи Прилеп бил и ќе биде клуб кој секогаш се потпирал на сопствен кадар. Покрај првиот тим во официјална лига во организација на РФМ, РК Прилеп ќе се натпреварува во младинска и пионерска конкуренција.

image-0-02-01-06720c14e9859fbf22c8c4d3611587652d1c0e759ff7b8a8aa2f6f97a8f68451-V

 

image-0-02-01-a3bde739544929ad9bfcd8c40edfc0ab861fbdf786552d96b0d9eb4a1116904b-V