дома блог страница 5200

Концерт на “Прилепски солисти” во рамките на “Прилепско културно лето”

koncert prilepski solisti

Во рамки на Прилепско културно лето 2016 година во четврток 18 август од 20 часот изложбениот салон на ЦК,,Марко Цепенков,, ќе се одржи концерт на Прилепски солисти. Посетителите ќе имаат несекојдневна можност да слушнат и да уживаат во композиции од класичната музика, изведени од професионални музичари, уметници од Прилеп.

Ќе настапат Гоце Секулоски (труба), Ана Митоска – Стојаноска (вокал), Катерина Попоска (вокал), Андријана Дукоска (виолончело), Ангелка Поповска (флејта) и Денис Најдоски (пијано).

На програмата ќе се најдат дела од: Giovanni Legrenzi, Antonio Vivaldi, Jean Hubeau, Paul Hindemith, Isaac Albeniz, Camille Saint-Saens

Несигурна иднина за државјаните на ЕУ во Британија по Брегзит

bregzit

Британската лабуристичка пратеничка Гизела Стјуарт, една од ретките од оваа партија кои агитираа за Брегзит, изјави дека државјаните од ЕУ кои сега живеат на територијата на Британија, се оставени во целосна несигурност, во период кога се подготвуваат преговорите за раздружувањето со Унијата.

Стјуарт ќе раководи со една меѓупартиска комисија за тоа како да се заштитат нивните права и каков статус да им биде доделене, откако Британија ќе ја напушти ЕУ.

Премиерот Тереза Меј, во текот на нејзните посети по европските престолнини, направени по референдумот од 23 јуни, изјави дека владата во Лондон ќе ги заштити Европејците, врз основа на реципроцитетот што ќе се направи, за правата на Британците кои сега престојуваат или живеат во земјите од ЕУ.

Пратеници од сите пратенички групи остро ја критикуваа ваквата изјава на Меј, со образложение дека тие луѓе не се „предмети за пазарење„.

Во разговор за радио Би-Би-Си, пратеничкат Стјуарт побара од владата да се изјасни дека ќе им дозволи на сите, сега околу три милиони Европејци, да останат во земјата. Таа во разговорот, сепак,  зборува и за тоа дека по 23 јуни „на сите тие луге треба да им е јасно што ќе се случува„ и заговара  „ист третман„ за Британците и Европејците.

Либералдемократската партија остро ја критикува позицијата на Стјуарт,  додека нејзнинт лидер Тим Фарон ја обвини за  неискреност, кога зборува за загриженоста за судбината на државјаните од ЕУ.

Фарон тврди дека самата Стјуарт  ја потпалува антиевропската омраза што се уште се афирмира кај евроскпетините веснци и  ги потикнува антиимигрантските чувства.

Во Британија, Полјаците се најбројната заедница од земјите членки на Унијата од Источна Европа, со околу 800 илјади луѓе, додека од Западна Европа најбројни се Французите,  со 450 илјади.

Во последниве години расте бројот на државјаните од Бугарија и Романија, па владата во Лондон е против определување временска граница, според која би се одлучувало кои мигранти ќе може да останат, а кои од  Европејците ке треба да заминат.

Се стравува дека ако се определи рок, ќе дојде до „забрзан наплив„ на мигранти, пред се од Истокот и Југоистокот на ЕУ, во следните две години,  додека траат британско-европските преговориза радружување,  за да се „фати  последниот воз„ пред да се затвори британската граница.

ФОТО: Катарина Ивановска го облече дресот на Пандев

Катарина Ивановска беше дел од хуманитарната акција која ја прифатија многу познати спортисти, кои донираа свои дресови, а парите од продажбата ќе бидат наменети за настраданите во поплавата која пред 10-тина дена го зафати Скопје.

 

1

Манекенката реши да продефилира во дресот на Џенова со името на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев.

2

Исполнето ветувањето за асфалтирање на патните правци Струга-Радожда и Бучин-Вашарејци

На 24 минатиот месец претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во посета на Радожда посочи дека ќе бидат комплетирани последните 700 метри од патниот правец Радожда, Ливадишта Елен Камен.

 

gruevski-misajlovski-640x327

-Од влезот на Струга кај кружниот тек, па се до Калишта и тој е лош пат и тој се договориме да го правиме. До крајот на годината да го завршиме, ќе биде и порано, истакна министерот за транспорт Владо Мисајловски.

Бронзен медал за македонски информатичари на олимпијада во Русија

informaticari-rusija

Младите македонски информатичари освоија бронзен медал на 28. Интернационална олимпијада по Информатика (ИОИ 2016), што од 12 до 19 август се одржува во Казањ, Русија.

Македонија на овој натпревар од областа на програмирањето за средношколци ја претставува тимот составен од натпреварувачите Владимир Максимовски, Димитар Бајрактаров, Никола Стојкоски и Душан Терзиќ, предводени од Емил Станков и Весна Киранџиска од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Во конкуренција на 308 ученици од 86 земји, бронзениот медал го освои 17-годишниот Владимир Максимовски, кој беше на чекор до освојување и на сребрен медал. Останатите тројца македонски натпреварувачи, како што информира Здружението на информатичари на Македонија, исто така постигнале забележителни резултати, при што Димитар Бајрактаров го делеле само неколку поени од освојување на бронзен медал.

– Остварениот резултат претставува нова потврда дека Македонија треба да биде горда на своите млади ученици, кои со своето знаење од областа на компјутерските науки што одново и одново го демонстрираат на интернационалните информатички олимпијади, уште еднаш докажаа дека без сомнение припаѓаат меѓу најдобрите во целиот свет, се наведува во соопштението од Здружението на информатичари на Македонија.

Според претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија, Миле Јованов, кој е и член на Интернационалниот комитет на Олимпијадата, овој резултат се должи на континуираната работа на Здружението со учениците и на беспрекорната организација на натпреварите по информатика секоја година.

Од своето прво учество како независна држава на ИОИ во 1996 година, Македонија досега има освоено еден сребрен и 14 бронзени медали, од кои најголемиот број во изминатите неколку години.

Следната Интернационална олимпијада по информатика ќе се одржи во Техеран, Иран.

ИОИ е годишен интернационален натпревар во програмирање за средношколци кој традиционално се одржува во една од земјите – членки на ИОИ заедницата. Во националните натпревари во програмирање на речиси 90 држави од светот секоја година учествуваат околу 250.000 ученици, со желба да се изборат да ја претставуваат својата држава на ИОИ.

Здружението на информатичари на Македонија најави дека во септември Македонија ќе биде домаќин на Јуниорската балканска олимпијада по информатика.

ФОТО: Емотивна приказна – родителската љубов не познава граници

Родители на мудар начин го искористија интернетот и со сопствени раце создадоа мини инвалидска количка за 13-месечната ќерка која е парализирана поради рак. Тие тврдат дека сега таа е незапирлива.

 

11

Евелин Мур имала само 4 месеци кога и бил дијагностициран тумор невробластома во четврт стадиум на `рбетот. Таа храбро ги поднесла осумте третмани со хемотерапија, но откако нејзините родители Ким и Бред ја добиле среќната вест дека ракот е во ремисија, следувал уште еден шок.

 

12

Ракот и го оштетил `рбетниот столб на Евелин и ја парализирал од рацете надолу. Срцето повторно им се скршило.

Сакајќи да му даде можност на своето малечко да се движи исто како другите деца, Ким започнала да пребарува на интернет и била пресреќна кога на Pinterest пронашла статија за создавање мини инвалидска количка.

Евелин започнала да ја користи својата мини инвалидска количка на седум месеци, а сега ништо не може да и застане на патот.

13

Димитриев во Црешево: Сите семејства од поплавените подрачја ќе бидат 100% обесштетени

Премиерот Емил Димитриев и денеска е на терен во подрачјата кои беа зафатени од катастрофалното невреме во скопско.

 

dimitriev-v-cresevo-640x360

Тој изврши увид во активностите за санација од поплавите во населеното место Црешево и оствари средби со локалното население.

Димитриев им истакна на граѓаните дека по завршување на проценките, тие ќе бидат 100 проценто обесштетени. Мештаните на Црешево ја искажаа својата благодарност за брзата реакција на Владата и за помошта која им беше пружена по катастрофалното невреме.

Премиерот потенцира дека ова е прв случај во Македонија да се донесе одлука за целосно обесштетување. Тој ги потсети и на останатите владини мерки донесени во оваа насока како зголемувањето на социјалната парична помош за 50 проценти во следниве три месеци и за ослободувањето од работа на лицата од семејствата чии домови беа поплавени.

 

111

По тажните слики кои невремето ги остави зад себе, по денови макотрпна работа, поплавените подрачја речиси го враќаат својот изглед.

Механизацијата е на терен 11-ти ден и се уште се работи.

На терен се и тимовите за проценка на штетите. 40 од нив се тимови за проценка на штети во куќите, а 15 за земјоделски површини.

Се заљубил додека чистеле во Стајковци: Антонио од Прилеп јавно и искажа љубов на Дијана

Скопје сè уште ги лекува раните од природната катастрофа што му се случи пред неколку дена. Поплавите однесоа голем број човечки животи, а многу луѓе останаа без своите домови. Волонтерите пристигаа од целата земја, а меѓу нив бил и младиот прилепчанец Антонио Пандовски (21) која дури помагал  ја сретнал, како што вели, љубовта на својот живот – скопјанката Дијана, пишува Телеграф.мк.

 

antonio.jpg-700-640x379

Антонио побарал помош од Телеграф.мк да му помогне во неговата цел, а тоа е да ѝ каже на Дијана колку многу ја сака. Со таа намера, Пандовски испратил писмо во кое ја опишува љубовта кон Дијана.

– Здраво на сите што го читате ова низ Македонија, а можеби и подалеку. Собрав голема храброст и не се двоумев за оваа работа. Го правам ова затоа што многу ја сакам љубовта и сè правам за неа. Се работи за една девојка во која се заљубив на прв поглед. Тоа беше пред шест дена, кога беа поплавите, па отидов доброволно да помогнам, не знаејќи дека ќе налетам на девојка во која се заљубив штом ја видов. Од тој момент со мене се случи нешто неверојатно, бев како изгубен, срцето почна да ми лупа побрзо и побрзо, не можев, а да не ја гледам. Едноставно нејзината убавина блескаше. Колку повеќе ја гледам, толку повеќе се заљубувам, просто и едноставно тоа е така. Таа за мене е сонце што ми го разубавува денот, и кога ја гледам се прашувам што ми е. Нејзината насмевка и нејзиниот поглед со тие преубави костенливи очи, кога ќе ги видам, мислам дека сум три метри над небото. Ми го промени животот за миг, таа е најпосебната личност што сум ја запознал во последно време и сакам во оваа пригода да ѝ кажам колку ми значи во овој момент и да ѝ кажам јавно дека сум лудо заљубен во неа и дека што и да треба, ќе направам. И му се заблагодарувам на Бога што ме прати во таа куќа и ја сретнав мојата среќа –  детелина со четири листа. Секој човек ја бара среќата насекаде и еве јас ја најдов каде што не очекував. Таа се вика Дијана и е најубавото нешто што ми се случило – пишува во писмото Антонио.

Радмила Шеќеринска учествувала во тешка сообраќајка пред Гевгелија

123 (1)

Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска учествувала во сообраќајна несреќа утрово околу 8 часот на автопатот кон Гевгелија, дознава Press24 од полициски извори. Според информациите, џипот Митсубиши Пајеро кој го управувал таткото на Шеќеринска 68 годишниот А.Ш., а во кој покрај заменичката на Заев се превезувала и нејзината мајка се судрил со автомобил Шевролет Авео со гевгелиски регистарски таблички управуван од 29 годишната Б.Т. која по несреќата се пожалила на повреди и била префрлена во болница.

Информацијата ја потврди и портпаролот на СДСМ Петре Шилегов кој рече дека Шеќеринска и нејзиното семејство патувале кон Гевгелија и за среќа поминале без повреди. Тој додаде дека на автопатот кој во моментов се реконструира, девојка која работела во казината претекнувала непрописно, удрила во заштитаната ограда и се одбила по што странично удрила во џипот во кој биле Шеќеринска и нејзиното семејство.

Потврда на информацијата пристигна и од МВР но нема детали за тоа како дошло до сообраќајната несреќа.

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Војската го прославува Денот на АРМ со максимална ангажираност на терен

Армијата на Република Македонија, благодарејќи на несебичниот и професионален ангажман на своите припадници кои со љубов кон татковината, лојалност, одговорност и посветеност ги извршуваат поставените задачи, ја докажува својата цврстина во моментите кога тоа е најпотребно и кога тоа се бара од неа.

11

Стотици нејзини припадници, 24-тиот роденден на АРМ ќе го одбележат обезбедувајќи ја јужната државна граница, но и неуморно ангажирајќи се во справување со последиците предизвикани од поплавата во скопскиот регион.

12 13 14 15 16 17 18 19 110 111 112

На довербата се возвраќа со пожртвуваност.