дома блог страница 5199

Стари пријатели, одлични вокали: Aндруш го замени камиот со глисер, Наум микрофонот со шише

andrus-naum (1)

Дека камионџијата Андруш е голем љубител на македонската песна, тоа веќе добро го знаете, но кога е во друштво на неговиот голем пријател, пејачот Наум Петрески, забавата за нив станува уште поинтересна.

 

Двајцата се мераклии на песната ама и убавото вино, а летово решија да се опуштат во една поинаков амбиент освен на маса во кафеана.

Па така, Андруш го замени камионот со возење во глисер, а пак Наум микрофонот го замени за шише.

1

Невремето во Скопје зема уште една жртва

stop-policija-lenta-1

Невремето кое на 6 август беснееше во Скопје за жал зеде уште еден живот. 88-годишниот Саид Амети од Сингелиќ по тешка инфекција на белите дробови од поплавите, за жал замина во смрт.

Неговиот син за Алсат раскажува дека тагата во куќата е огромна, додека примаат сочуство за поплавата која им го уништила домот, се соочиле со уште поголема трагедија по смртта на старецот.

Ова е листата со сите загинати лица во страшното невреме и поплавите кои го зафатија Скопје.

-Бајрам Мустафа (роден 1949 г.) и Енес Мустафа (роден 2014 г.), Ченто, дедо и внук

-Катерина Митрова (родена 1933 г.) Ченто

-Славка Илиќ (родена 1956 г.) и Томислав Илиќ (роден 1950 г.) Ченто-Економија, маж и сопруга

-Ѓилмез Мухареми (родена 1940 г.) Ченто

-Мурат Саити (роден 1957 г.) Ченто

-Марина Велиновска (родена 1977 г.) и Јован Велиновски, Крива Паланка

-Земрије Синани (родена 1985 г.) Ченто

-Наде Илиевска (родена 1955 г.) Стајковци

-Блага Јовевска (родена 1941 г.) Смилковци

-Фуркан Фејзулаху (роден 1987 г.) Ченто

-Мирко Митковски (роден 1949 г.) и Сашо Митковски (роден 1971 г.) Црешево

-Ќазим Исени (роден 1933 г.) Ченто

-Љубица Димчевска (родена 1935 г.) Црешево

-Убавка Јовевска (родена 1965 г.) Стајковци

-Жаклина Божиновска (родена 1973 г.) Куманово

-Достана Димитриевска (родена 1974 г.) Тетово

Брендот на прилепскиот рокенрол “ТHE HOUNDS” прославија 7 години постоење – ГАЛЕРИЈА

14045184_10208816271475578_1011531997_o

Пред 7 години започнаа како мал гаражен бенд.  Низ годините  пораснаа  во нешто  што се вика бренд на Прилеп и што е закон за добра журка и прекрасен помин. Синоќа момците  од групата “Тhe Hounds” го прославија својoт 7-ми роденден. Публика од сите градови, насмеани лица, брутално гласен рокенрол  и љубов на сите  страни. Така беше синоќа за време на нивната прослава, на која присуствуваа и пријателите на “Тhe Hounds”, Хари, Јове, Сајо, Марио, Ацика, Давид, Трипс, Мето и Леа.

Порталот МАРКУКУЛЕ им  посакува СРЕЌЕН РОДЕНДЕН и многу заеденички јубилеи  во иднина!

[Best_Wordpress_Gallery id=”339″ gal_title=”TheHoundsRodenden”]

Црвен крст одговара: Како ќе бидат распределени парите кои граѓаните ги донираа за поплавените подрачја?

crven-krst-donacii

Генералниот секретар на Црвениот крст на РМ, Саит Саити, дава одговор на прашањата кои како сомнеж се појавија во јавноста за работата по големите поплави.

„Каде завршуваат парите на граѓаните ги донираат за поплавените? Кој располага со нив и за што се трошат“? Сомнежите во овие прашања се појавија после отворањето неколку сметки наменети за донации за поплавените региони.

Досега собраните 40 милиони денари (650 000 евра) преку жиро сметката на „Фондот на солидарност“ и преку телефонскиот број за донации 143 400, одат во Црвениот крст. Како што информираа од организацијата, тие се собираат на едно место и се наменети да се поделат на настраданото население по завршување на кампањата која ќе трае до 21 август.

Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити објаснува дека овие средства немаат никаква врска со обештетувањето кое го најави Владата или со други организации или групи кои собираат хуманитарна помош.

– Овие пари стојат на страна и никој не смее да ги чепне без одлука на извршен одбор и без критериуми за поделба. Тоа е посебна наменска сметка каде не влегуваат никакви други пари. За да почнеме да трошиме пари мораме да имаме инструмент со кој ќе ја утврдиме потребата на луѓето. Деновиве се спроведува проценка и увид , потоа Бирото за судски вештачења ќе направи проценка на штета, која ќе ја споредиме со нашите проценки од терен. Тогаш ние ќе знаеме на кого да ги поделиме средствата. Парите ќе се делат на трансакциска сметка на секој корисник – вели Саити.

Тој е дециден дека организацијата постојано работи на истиот начин, но овој пат вели дека се непотребно ставени под сомнеж.

– Овој пат не ставија во машина без потреба. Секогаш сме работеле максимално транспарентно, коректно и со увид на јавноста. Само што ова сега се случува во вакви услови во државата – максимално исполитизирано општество и различни интереси. Ние не сме ни владин, ни провладин, ни опозициски, туку сме Црвен крст на Република Македонија – вели тој.

За дилемите околу средствата кои стигаат од странски држави, Саити информира дека досега имаат добиено 5 илјади евра од бугарскиот, 7 илјади евра од словенечкиот и денеска треба да добијат 10 илјади евра од босанскиот Црвен крст. Во Србија и Хрватска се спроведува слична кампања како овде, па висината на помошта од таму ќе се знае откако кампањите ќе завршат.
Најавата за 500 илјади евра помош од Австрија, вели Саити, би требало да биде во вид на заеднички проект кој австрискиот Црвен крст ќе го аплицира пред нивната Влада. Тие ќе одлучат како ќе се трошат нивните пари, а македонската организација ќе биде само нивна логистика во земјава.

– Исто така Црвениот крст на Македонија, во вакви ситуации, прави апел односно операции од `итните фондови за одговор`. Тоа може да биде максимум 300 илјади франци. Тоа е направено вчера, очекуваме денеска да ни го одобрат. Со тие пари ќе набавиме дополнителна количина храна, хигиенски средства и останати потреби кои се проценети на терен. Средствата кои се пријавуваат дека се праќаат како помош од странство одат во тој фонд во Женева и нивните средства ќе ги добиеме како дел од тој фонд. Тоа се европски механизми кои се јасни и транспарентни и не можете никого да лажете – објаснува Саити.

На прашањето каде беа првите денови по поплавата тој објаснува дека големиот број на погодените жители, како и непристапниот терен биле причини зошто првите неколку денови Црвениот крст не можел да реагира секаде каде што било потребно.
„Ние работиме на принцип на категоризација на ранливоста. Никој не знае дека првите денови ние вршевме евакуации. Бевме сконцентрирани да спасуваме човечки животи, а не да делиме грав. Ако не немаше некаде првите два-три дена, значи имаме приоритети“, вели тој.

Ги отфрла обвинувањата дека постоела селективност во делењето помош. Вели дека нивните волонтери не биле единствени кои носеле помош. Освен роднини и пријатели, помош носеле и партиски активисти и тоа не треба да се припишува на Црвениот крст, кажува тој. Според него погрешен бил пристапот. Наместо да се врши хуманитарна помош, населението се компензирало со храна. Невозможно е одеднаш да се нахранат 25 илјади луѓе, вели тој и додава дека хуманитарната помош не е благосостојба – туку поддршка на најранливите категории за запазување на минимумот за живот.

Саити најавува дека во наредниот период ќе го снабдуваат населението со храна и хигиенски средства како поддршка на нивните буџети, ќе се одвојат одредени групи кои имаат потреба од посебна помош, а ќе одржуваат и обуки за подршка на трауматизирани лица, се наведува во реакцијата од Црвениот крст на Македонија.

ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“ со нови градежни зафати и комплетна реконструкција

received_10208816040109794

Во ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“ во тек се градежните зафати за реконструкција на подните површини каде ќе бидат поставени три нови плочи, ќе бидат сменети скалите, вратите, молерисување на ѕидовите и комплетна промена на електричната инсталација. Оваа инвестиција чини 3.000.000 милиони денари средства обезбедени од Буџетот на локалната самоуправа.

received_10208816040029792

При посетата градоначалникот Ристески ја потврди финансиска поддршката на локалната самоуправа за успешно реализираните три капитални проекти во ова училиште: „Реконсртукција и обнова на фасада“, „Промена на надворешна столарија“, „Изведба на систем за централно греење со котел на пелети“, набавка на нови инструменти, се со цел подобрување на условите во училиштето и подобра реализација на наставниот процес.

received_10208816039989791

Директорот на музичкото училиште Игор Николоски посочи дека наставата ќе започне на 1- ви Септември:
„Наставата ќе започне редовно на 1- ви Септември, изнајмени се простории во ОУ „Кочо Рацин“, ОУ „Рампо Левката“ и во ЦК „Марко Цепенков“ каде учениците редовно ќе ја следат наставата“.
Ова училиште е изградено во 1923 пред точно 93 години.received_10208816040149795

ФОТО: Можеше да ја остави и така да победи а наместо тоа… – погледнете што се случи на Олимписките Игри

untitlediul78o78ukik78o78o87

Една од жените кои се тркаат на 5.000 метри застана за да помогне на друга натпреварувачка на Олимписките игри во Рио. Ники Хамблин од Нов Зеланд падна за време на трката и ја сопна Аби Д-Огостино од САД. Аби наместо да го сврти грбот и да продолжи, со што ќе добие предност, застана и како голем човек и помогна на својата ривалка да стане.

2

 

Полициската станица Прилеп утре добива нов командир!?

prilep_nov_komandir

Од  извори дознаваме дека Полициската станица  Прилеп утре ќе  добие нов командир. На дневен ред на Советот на општина Прилеп ќе се најдат тројца кандидати, помеѓу кои ќе се изврши   избор на соодветен профил.

Советниците ќе имаат задача да одберат помеѓу:

  1. Александар Стојаноски кој има 20 години работно искуство  во полиција;
  2. Димче Стојкоски, со 23 работно искуство и
  3. Горан Колонџоски, со 10 годишно работно искуство во  полиција.

ФОТО: Цел свет го бара херојот кој скокна на шини за да спаси непознат човек

47 годишен маж синоќа паднал на шините во подземната железница во централен Лондон, а друг патник ризикувајќи го сопствениот живот скокна да го спаси.

 

heroj-640x426

Брзината на херојот од шините била пресудна за да се избегне трагедијата.

Веднаш стигнала Итната помош која го однела во болница поради повредите на градите.

 

2heroj

Се очекува тој целосно да закрепне, а британската транспортна полиција сега повикува спасувачи да се јави.

ФОТО: Белград под вода

belgrad1

Силно невреме денеска го погоди главниот град на Србија, а во некои делови од градот дојде до вистински потоп.

Во населбата Автокоманда, на исклучувањето кон Ниш, потопен е автомобил.

belgrad-1

Автомобили се потопени и на други места низ Белград.

Oва е обвинителката од најголема доверба на Владимир Путин

Народот на Украина веќе не ги признава како раководство. Народот не можеш да го излажеш. Тој е стрплив, но и трпението наскоро ќе заврши- порача обвинителката.

11

Наталија Поклонскаја е обвинителка во Крим и важи за жена во која претседателот Владимир Путин има најголема доверба. Наталија ги обвини властите во Киев дека подготвуваат диверзија на Крим.

-Тие дојдоа на власт со државен удар и сега го покажуваат своето вистинско лице и кукавичкиот став. Дури немаат ни храброст да признаат- им порача Поклонскаја.

22

Наталија им порача на властите дека ја немаат поддршката на народот.

– Народот на Украина веќе не ги признава како раководство. Народот не можеш да го излажеш. Тој е стрплив, но и трпението наскоро ќе заврши- порача обвинителката.

Руската федерална служба за безбедност соопшти дека на 8 август спречила терористики напад на Крим кој бил подготвуван од страна на украинското министерство за одбрана.