дома блог страница 5198

Утре е Преображението Господово, ова не смеете да го правите…

Preobrazenje-5-620x350

Празникот Преображение Господово спаѓа во големите празници што ги празнува Светата Христова црква, но тој и со поголемиот број обичаи и верувања има значајно место во животот на нашиот народ, така што во целокупното празнување на овој празник следиме повеќе слоеви на народната култура.

На Преображение за пат пат се јаде грозје или друго овошје откако свештеникот ќе го отпее и благослови. Тоа претставува и благодарност кон Бога за дадените плодови на земјата.

Третата година откако започнал да го проповеда своето учење Исус им зборувал на своите ученици дека наскоро ќе се случат важни работи. Им раскажувал, дека тој ќе биде мачен и распнат, дека ќе умре и ќе воскресне. Учениците не можеле да поверуваат синот Божји така да страда и да умре. За да не се исплашат и разочараат кога тоа ќе се случи Исус решил да им покаже како тоа ќе изгледа. Повел тројца апостоли: Петар, Јаков и Јован на планината Тавор. Се поставува прашањето зошто Исус повел само тројца од своите апостоли да го видат Преображението, а не сите. Се смета дека тоа е направено зашто Јуда како иден предавник не бил достоен да го види тој чин. А да го изоставел само него, тој подоцна ќе имал оправдување за предавството. Кога пристигнале на ридот Тавор апостолите изморени од патот веднаш заспале, а Исус започнал да се моли. Одеднаш лицето почнало да му свети како сонце, а и облеката му станала бела, како снег. Тогаш се појавиле и двајцата старозаветни пророци Мојсие и Илија. Кога се случило преображението апостолите се разбудиле и виделе како Исус разговара со пророците за тоа што наскоро ќе се случи во Ерусалим, за мачењето и распнувањето за смртта, и воскреснувањето. Восхитен од таа глетка св. апостол Петар извикал, „Господи, добро е да бидеме овде и ако сакаш да направиме тука три сеници: една за тебе, една за Мојсеј и една за Илија“. (Мат. 17, 4). Тогаш, уште додека Петар зборувал, старозаветните пророци исчезнале, а нив ги прекрил светол облак, и од облакот се слушнал глас: „Ова е мојот возљубен Син, во кого е мојата волја; него послушајте го!“ (Мат. 17, 5). Тројцата апостоли паднале на земјата, а Исус ги допрел и им рекол: „Станете и не бојте се!“ Кога станале не виделе ништо освен Исус онаков каков што бил пред преобразувањето. Тогаш Исус пак им рекол: „Никому не кажувајте што видовте додека Синот Човечки не воскресне од мртвите“. (Мат. 17, 9) Се поставуваат уште неколку прашања во врска со овој настан од животот на Исус на земјата. Зошто преображението е изведено ноќе, зошто тоа е направено на рид, а не во некоја долина и зошто тука се појавиле старозаветните пророци Мојсеј и Илија? Прво Преображението е изведено ноќе затоа што ноќта е попогодна за молитва од денот, потоа ридот е избран затоа што симболизира труд, човекот треба да вложи труд за да се искачи на висина, а висината ја симболизира и висината на нашите мисли т.е. богомислието. И уште нешто: „Во старата епоха било обичај сите големи настани да се случуваат на повисоко место, на високи планини, како што правеле и идолопоклониците, коишто на планини ги принесувале своите жртви. Христос го покажжува величието на Својата слава на гората Тавор, бидејќи објавувањето на обожувањето на човечката порирода е најголем настан во историјата на човештвото“. И уште тука се појавиле Мојсеј и Илија затоа што постоеле некои зборувања дека Исус е некој од пророците Илија или Еремија. Вака тој се претставил како цар на пророците, а Илија и Мојсеј како негови слуги. На ридот Тавор, Исус ја покажал својата Божествена природа, а тоа требало да им послужи на учениците за потсилување на вербата во деновите на неговите страдања.

Во спомен на овој настан, Светата црква го востановила празникот Преображение Господово што се празнува секоја година на 19/6 август, за време на Богородичините пости, пред празникот Успение на Пресв. Богородица (Голема Богородица.)

На иконите, овој настан е претставен така што Исус стои на врвот на планината во бела облека, од десната страна е пророкот Мојсеј со таблицата со законите, а од левата страна пророкот Илија. Долу се апостолите паднати ничкум, а со рацете ги заштитуваат очите од силната светлина што зрачи од Исуса.

Треба да се истакне и тоа дека Преображението Христово на планината Тавор се случи непосредно пред неговите страдања. Според некои овој настан се случил точно четириесет дена пред да пострада, односно пред да биде распнат. Впрочем, целта на Преображението беше да се утврдат учениците во верата дека Он е Синот Божји и да не се поколебаат од тоа што ќе го видат во тие денови. Според ова тврдење и Преображението треба да се празнува заедно со Велигден или непосредно пред него. Но бидејќи тоа време се совпаѓа со Велигденските пости кога не се празнува торжествено, празникот е пренесен на 6 август (с.с.) Овој датум не е случаен, бидејќи е четириесет дена пред празникот на Воздигањето на чесниот крст (14 септември) којшто е како Велики Петок.

Зборот значи менување на формата. И Христос во тој момент ја промени формата со одредена цел. „Христос во тој час се преобрази, но при тоа не прими ништо што го немаше, ниту се претвори во нешто што не беше, туку на своите ученици им го објави тоа што Он е. Всушност, кога зборуваме за преображение, мислиме на тоа дека ја покажа славата на Своето Божество, што го држеше невидливо во видливото тело, бидејќи луѓето не можеа да се соочат со тоа.“

Според народното верување тогаш за прв пат во годината се бере грозје и се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Во краишта каде што нема грозје се осветуваат други плодови како јаболка, сливи и сл. Овој чин претставува и благодарност кон Господа за сите природни дарови на земјава. На Преображение во црквата се дава нафора и грозје. Тоа не е нафора во вистинската смисла на зборот, туку само благодарност кон Господа за плодовите.

Во народот постојат повеќе верувања поврзани со овој празник. Поради заладувањето на времето се верува дека на тој ден се преобразува природата. Лисјето на дрвјата почнуваат да венеат, а и водата станува студена поради што на Преображение луѓето за последен пат се бањаат во реките.

 

Нова закана за човештвото: Се враќа болеста која однесе илјадници животи

Големите сипаници, смртоносна болест искоренета во 1977. година, би можела да се врати, со оглед на тоа дека замрзнатите сибирски тундри одмрзнуваат и го ослободуваат вирусот од телата на луѓето кои починале во големата епидемија пред 120 години, предупредуваат експертите.

 

sibir-mraz-640x426

Некогаш таа болест била една од најголемите закани за човештвото. Умирале повеќе од 30 проценти од заразените откако кај нив се појавувале симптоми како висока температура и карактеристичен гноен осип, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Се верува дека спорите од потенцијално фаталниот антракс од мртвите луѓе и елени кои биле закопани во вечниот мраз, веќе заразиле 254 пациенти кои моментално се наоѓаат во болница во Салакард во близина на рускиот северен брег. Но, експертите стравуваат дека постојат знаци дека најстрашното допрва доаѓа.

-Во текот на 1890-тите години избила епидемијата на големи сипаници од кои во еден град умреле околу 40 проценти од популацијата. Секако, телата биле закопани во горниот слој на замрзнатата земја, на брегот на реката Колима. Сега, стотина години подоцна, реката го еродира брегот”, вели Борис Кершенголт од сибирскиот огранок на Академијата за науки.

Одмрзнувањето на вечниот мраз го забрзува процесот на ерозија.

sipanici

Откако спорите од антракс биле пронајдени на Јамалскиот полуостров, експертите од Центарот за вирусологија и биотехнологија од Новосибирск ја проверуваат ситуацијата со останатите болести. Тие пронашле човечки остатоци кои имаат рани кои наликуваат како последици од големите сипаници. Иако експертите во заштитни одела не го пронашле и самиот вирус, откриле делови од неговата ДНК.

Вечниот мраз во регионот на Јакутија обично се топи 30 до 60 сантиметри, но оваа година се стопил повеќе од еден метар, тврди Михаил Григориев, заменик директор на Институтот за ледени површини.

-Карпите и земјата на Јамалскиот полуостров содржат многу мраз. Одмрзнувањето може да доведе до брзо губење на земјата, така што постои голема веројатност дека старите гробови ќе избијат на површина. Некои гробови се на длабочина од три метри, покриени со многу мал слој на земја. Спорите од болеста се сега на слобода, рекол Григориев за Сиберијан тајмс.

Исто така постои и страв дека сибирскиот вечен мраз би можел да ослободи големи количини на метан, кој кога ќе се испушти во атмосферата може да има многу големо влијание на ефектот на стаклената градина, во магичен круг кој би можел драматично да го зголеми степенот на глобалното затоплување.

 

 

Војници фотографирани пред, за време и после војна – Резултатите се вознемирувачки !

Војната ги променува луѓето а тоа најдобро го покажуваат фотографиите  на фотографката Лаланџ Сноу.

war1

Сноу одлучила  да направи серија  на фотографии од британски војници  пред, за време и после  нивниот 7 месечен  престој и воени активности во  Авганистан.

Целта на фотографката била да покаже како лицата на  овие луѓе почнуваат да се менуваат и како нивните изрази на лицето се трансформираат.

Она што се забележува преку физичките промени на лицата  на овие војници е дирекно поврзано и со нивната психичка состојба. Да се биде  војник во  британската  војска  и  да се учествува  во воени  активности во Авганистан потребно  е  не  само да се биде  храбар, туку и суров.

Целта на  Сноу  е исто  така да  покаже низ какви физички  и психички промени  поминуваат војниците во  британската армија.

war2

war3

war5

war11

 

ФОТО ПРЕД И ПОТОА: Поплавата во скопско видена од сателит

Катастрофалната поплава која го зафати скопскиот регион по метеоролошкиот феномен кој се случува еднаш на 1.000 години е регистрирана и од вселената. Сателитските фотографии направени пред и по поплавите ја покажуваат вистинската слика за големината на зафатеното подрачје и силината на водената маса.

poplavite-skopje

Коперникус е сервис на Европската комисија кој е задолжен за менаџирање со природни катастрофи и хуманитарни кризи. Коперникус обезбедува точни геoпросторни информации добиени од сателитско далечинско набљудување на подрачјата каде што имало природна катастарофа.

Веднаш по поплавите на 06.08.2016 година Коперникус до Дирекцијата за заштита и спасување на 08.08.2016 испрати сателитски снимки со податоци од елементарната непогода која ја погоди Република Македонија односно скопскиот регион. Коперникус истите податоци ги објави и на страната на Европската унија односно на Европската комисија.

Агенцијата за катастар на недвижности ги превзеде сателитските снимки кои беа направени од Коперникус со што ги прилепи со катастарските податоци и истите ги дистрибуираше до кризниот штаб формиран од Владата на Република Македонија, АРМ, МВР како и дo Бирото за судски вештачења за полесно да ги изврши процентките за штетите од поплавите на терен. Исто така граѓаните можат овие снимки да ги видат на веб страната на Kатастарот.

Скопје-и-зафатениот-регион-200x200

 

Поплавата-во-Стајковци-Сингелиќ-Арачиново-и-Илинден-снимена-од-сателит

 

Ченто-Инџиково-и-Илинден-пред-поплавата

 

Ченто-Инџиково-и-Илинден-пo-поплавата

 

Стајковци-пред-поплавата

 

Стајковци-по-поплавата

 

 

Црвен аларм во Трст: Во Јадранот плива опасна ајкула

На дел од плажите во Трст е пуштен црвен аларм поради опасна ајкула. Ајкулата прв ја забележал рибарот Алесандро Крали додека пливал, а нешто подоцна на неа налетала и брачната двојка Еспосито.

 

ajkula-1-640x321

-Беше речиси 13 часот кога забележавме дека површината на водата некако чдно се бранува. Сопругата и јас во тој момент се сончавме и фала богу не бевме во море. Најпрво здогледавме црна силуета многу блиску до површината, а потоа и опашката која изнурка и на крајот долниот дел од телото на ајкулата. Исплива на оддалеченост помала од дваесет метри од плажата, а според нашите проценки беше долга околу метар и пол до два метри – раскажа брачната двојка Езио и Нела Еспосито за весникот „Ил пиколо“.

 

Известени се припадниците на крајбрежната стража и Капетанијата кои веднаш пристигнале на местото на настанот. Бродот на крајбрежната стража извесно време патролирал во близина на местото каде што е видена ајкулата.

ВИДЕО: Погледнете како оваа девојка рачно составува мотор во фабриката на Тојота !

toyota

Девојка која работи во фабриката на Тојота рачно составува мотор. Ова е видео кое ги разбива предрасудите.

Погледнете во внатрешноста на  фабриката на Тојота каде се составува нивниот модел на мотор “Мираи”.

ПРЕСПА ОД ДРОН: Новите плажи го раздвижија туризмот

Се поголем и поголем е бројот на туристи кои секоја година го посетуваат Преспанското Езеро.

 

prespaa-640x354

Природната убавина, урбанизираните убави плажи и пристапните цени ги привлекуваат Македонците, но значително е зголемен и бројот на странските туристи.

Тимот на ТВ Нова замина во Преспа со цел да ја истражи темата, но и со својот дрон да ги сними новите плажи што дополнително го разубавуваат просторот и ги привлекуваат капачите.

СРАМНО: Краделе среде хаосот во поплавените подрачја

policija

Срамно – тешка кражба се случила среде поплавите во Скопје.

Тешката кражба е извршена на обиколница Стајковци каде непознат сторител со употреба на подесен предмет насилно ги отворил резерварите на три товарни возила сопственост на „Илинден-АД“ Струга при што одзел 240 литри дизел гориво.

Исто така кривично дело „кражба“ е извршено во село Црешево каде од дворно место се одземени девет железни шипки со должина од 12 метра по парче, 210 железни узенгии, и втората кражба е извршена во Економија (Сингелиќ) каде од дворно место е одземен мобилен телефон.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на кривичните дела.

Ако имате вака заглавена монета во бравата на автомобилот, НЕ ВИ СЕ ПИШУВА ДОБРО !

krazba

Сурова стварност е дека кога станува збор за иновациите, криминалците се далеку пред нив. Најсмешно од сето тоа е дека некои техники на криминалците не бараат скапоцена и напредна технологија. Веројатно никој од вас не би помислил дека нешто толку едноставно и обично како монета може да се искористи како алатка за кражба на автомобил.

Верувале или не, крадците на автомобили имаат метод со кој заглавуваат монета во бравата на вашиот автомобил, потоа ве следат до местото каде што паркирате. Кога ќе ја заклучите вратата на автомобилот, монетата спречува да се заклучи и вратата од кај совозачката страна.

krazba 2

 

 

 

Елена Ристеска се збогува од починатиот колега: „Убаво беше да се соработува со тебе…“ (ФОТО)

Нашата позната пејачка Елена Ристеска во 2007-та година ја сними песната „Љубав није за нас“ со популарната група „Регина“.

1 (1)

По ненадејната смрт на басистот на групата, Денис Чабриќ, пејачката објави емотивен статус на својот фејсбук-ѕид:

2

„Убаво беше да се соработува со тебе, Денис, сочувство до твоето семејство и сите членови на Регина“, напиша Елена.