дома блог страница 5197

И влегол дома додела спиела и ја силувал

Сторителот, откако насилно ги искршил катанците од споредната врата од куќата, влегол во собата каде спиела, ја удрил во пределот на главата, а потоа извршил обљуба над истата и го напуштил местото на настанот.

policija2

Хорор ја потресе Македонија. Вчера попладне во 16 часот во Полицијата во Крива Паланка, 63-годишната С.К. од селото Луке, кривопаланечко, пријавила дека претходниот ден околу 1 часот, во нејзината куќа, 44-годишниот Ѓ.Д. од истоот село ја силувал.

Сторителот, откако насилно ги искршил катанците од споредната врата од куќата, влегол во собата каде спиела, ја удрил во пределот на главата, а потоа извршил обљуба над истата и го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на монструмоти за целосно расчистување на случајот.

Градоначалникот Ристески го честита празникот „Преображение Господово“

 

1

Голем број на граѓани, денеска ја посетија црквата „Св. Преображение“ по повод празникот Преображение Господово. Градоначалникот Ристески кој воедно е и домаќин оваа година, го честита празникот:
„На сите православни верници им упатувам искрени честитки по повод празникот „Преображение Господово“, посакувам мигови на разбирање, љубов, надеж и бериќет во секој дом и Господ да ги поведе во радоста на празникот и во љубовта кон верата, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.
Празникот „Преображение“ на Господ Исус Христос се слави секоја година на 19 август. На овој ден се прославува преображението (metamorphosis) на Христос на Тавор, кога Господ се појавил во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован.

[Best_Wordpress_Gallery id=”342″ gal_title=”Преображдање”]

ВИДЕО: Руски авантурист ужива во московските поплави

Лошото време и поројните дождови предизвикаа голем број штети во Москва, и додека луѓето се справуваат со ужасот во своите домови и околината, љубител на екстремниот веjкбординг (вид скијање по вода со помош на влечење со јаже) ужива во поплавените улици.

 

vejkbording

Инаку, дождот кој започна да паѓа во неделата, не запре до понеделник навечер. Десетици затечени требаше да бидат извлечени од своите автомобили, кои беа зафатени од надојдените води.

Ваква непогода во Москва немало уште од далечната 1970 година.

До 16 часот во понеделникот се регистрирани приближно 400 јавувања за поплавени станбени објекти и заглавени граѓани.

ФОТО: Вакво бебе се раѓа еднаш во 48 милиони случаи

Луси е родена пред три дена, а веќе светот ја запозна како уникатна.

 

bebe-milioni11

Нејзините родители. Кејтлин и Том Перкинс од Диранбанди се родени на ист ден, на 16-ти август 1986-та година.

Меѓу себе се разлика само 50 минути. Нивната новородена ќерка, Луси Мери Перкинс исто така се родила на 16 август, 30 години подоцна, со што овој случај е еден во 48 милиони.

bebe-milioni

Иако нејзиното раѓање всушност се очекувало една недела подоцна, нејзиното спонтано доаѓање на овој свет ги шармирало срцата на сите. Целото семејство ќе го слави својот роденден на ист ден.

Вакво нешто не сте слушнале: Јапонци пеат македонска народна песна (ВИДЕО)

Браво за храброста и огромно браво за успешно совладаниот македонски јазик! Секоја чест за овие луѓе кои наежија многу битолчани и останати гости кои беа дел од фестивалот „Илинденски денови“ во Битола.

 

japonci-belo-lice-640x314

Имаме богат македонски фолклор, музика за душа, а кога ќе чуете некоја стара македонска песна во изведба на странец сигурно ви доаѓа убаво на душата.

Овој пат група од Јапонци ја пеат песната „Бело лице љубам јас“ во рамките на трета фестивалска вечер на „Илинденските денови“ во Битола. Нивната изведба е толку оригинална, така што успеаа набрзо да допрат до многумина.

Уживајте во прекрасната изведба:

Денеска е Преображение: Каснете грозје и немојте да плачете

preobrazenie

Преображение Господово е еден од оние осум големи христијански празници кој секоја година се слави на 19 август, кога, според народното предание, во зора почнуваат да се преобразуваат и гора и вода, најавувајќи ја идната есен.

На Преображение се преобразува и листот и гората и каменот во водата, листовите почнуваат да жолтеат и да опаѓаат, а водата станува постудена, па не е за капење.
Кај луѓето на Преображение се случуваат промени-кој преку лето поцрнел, почнува да белее.
На Преображение и небото, во глува доба три пати се преобразува. Кој тоа го види и на друг му каже, се верувало дека ќе го изгуби паметот.

Според распространетото верување, на Преображение не е убаво преку ден да се спие, бидејќи кој тој ден поспие, ќе се преобрази, па цела година ќе биде дремлив и поспан.
Не е добро овој ден да се плаче, ниту луѓето цел ден да го поминат во кафеана – да не им помине во навика и да не станат безделничари и расипикуќи.

Преображение спаѓа во Христовиот пост на кој задолжително се пости.
Понекогаш се постело и поради дивите зверови. Било обичај тој ден да се јадат риби и ракови.
Во некои краеви на Преображение се берат лешници и преку целата година се чуваат за лек, кога некој ќе го заболи увото. Се верувало дека, кога на болен ќе му се дадат вакви лешници да ги изеде, тој оздравува.
Во некои места било обичај на Преображение жени и девојки да станат пред сонце и „малку да поработат од секоја женска работа“, бидејќи се верувало дека Бог ги преобрати (преобрази)да бидат вредни, а после не работат ништо цел ден.

Кој ги измислил црвените и жолтите картони во фудбалот и зошто?

Денес, фудбалот не може да се замисли без жолти и црвени картони, термини кои својата употреба ја имаат и надвор од фудбалскиот свет. Нивен творец е Aнгличанецот Кенет Џорџ Астон кој ги измислил пред повеќе од 40 години.

crven-zolt-karton

Во почетокот на 60-тите години на минатиот век, Астон бил еден од најпризнатите англиски судии и него му припаднала честа да го суди мечот помеѓу репрезентациите на Чиле и Швајцарија, меч со кој било отворено светското првенство во Чиле во 1962 година.

Импресионирана од неговото судење, ФИФА одлучила Астон да биде судија на ризичниот меч на тоа првенство помеѓу Чиле и Италија.

Четири години подоцна на светското првенство во Англија, во меѓусебен дуел се сретнале домаќинот и Аргентина. Помеѓу овие две земји владеела голема нетрпеливост поради Фолкландските острови кои се во сопственост на Велика Британија, но право на нив има и Аргентина во чија близина се наоѓаат. Врвот на нетрпеливоста се случил во 33-та минута кога после еден слободен удар  Англичаните победиле со 1-0.

zolt-karton

Протестирајќи поради наводен нерегуларен гол, гостинскиот капитен Антонио Ратин започнал да го навредува и да го влечи германскиот судија Рудолф Криетлина. Поради ова, германскиот судија сакал да го исклучи капитенот на Аргентинците, но набрзо настанала голема мешаница на теренот во која учествувале голем број на играчи, тренери, фанови… Прекинот траел десетина минути, а мечот едвај се довршил и бил исполнет со голем број на немили сцени. Астон кој во тој момент присуствувал на мечот и бил блиску до теренот, на лош шпански се потрудил да му објасни  на Ратин нешто што тој можеби и не го сфатил – дека е исклучен и дека треба да го напушти теренот.

crven-karton

По завршувањето на мечот, возејќи се во неговиот автомобил, Астон размислувал што би помогнало во меѓународниот фудбал за да одлуките на судијата кои не го говорат јазикот на одредени натпреварувачи да бидат лесно сфатени. Тогаш застанал на семафор и му текнало: “ Жолто = полека малку; Црвено = Стоп, одиш надвор”. Тоа е приказната за настанувањето на жолтите и црвените картони.

Жолтите и црвените картони за првпат се воведени на светското првенство во фудбал во Мексико во 1970 година и оттогаш се неизоставен дел од фудбалската игра.

ВИДЕО: Куче спасено од дупка длабока 15 метри. Неговата реакција ќе ве расплаче.

kuce

Благодарение на индиската организација за заштита на животните,  кучето со име Руби е спасено од дупка длабока 15 метри.

Не е познато како кучето паднало во дупката, но неговата реакција кога ќе ги види спасувачите ќе ви ги разбуди емоциите.

Погледнете како течеше целата акција на спасување.

Ќе се изненадите – машината за садови искористете ја на поинаков начин

Машината за миење садови не ги прави блескави и бели само садовите, туку има и друга намена за која ретко кој знае.

 

masina-za-sadovi

Во машината можете да ја ставите и четката за заби за да ја дезинфицирате, особено ако сте биле болни.

Следнава намена можеби ќе ви биде чудна и бизарна, но во неа може и да зготвите зеленчук. Секако, храната треба цврсто да се замотка во фолија, па да се зготви на пареа. Ова само како можност која ја има на интернет, не сме сигурни дека би го испробале.

Исто така, може да ги исперете и пластичните четки за нанесување шминка, но и да ги извриете теглите за зимница или компот.

Турската единица за спасување со специјални шампони ја чистеше црквата во Стајковци (ФОТО)

Со помош на екипи од градот Истанбул од загрозените подрачја испумпани се 176.000 литри вода, исчистен е пат во должина од 4.250 метри, исчистени се 158 живеалишта, 175 канали и во 242 наврати со камиони е пренесен шут.

crkva-1-640x360

Техничка противпожарна екипа од Истанбул, составена од 42 лица и 21 специјално возило се во Македонија, каде помагаат во санирање на штетите од поплавите кои го зафатија скопскиот регион.

Испратени се и комбинирани возила за чистење канали и противпожарни возила кои ќе бидат вклучени во загрозените подрачја до 31 август годинава.

crkva1

Со помош на екипи од градот Истанбул од загрозените подрачја испумпани се 176.000 литри вода, исчистен е пат во должина од 4.250 метри, исчистени се 158 живеалишта, 175 канали и во 242 наврати со камиони е пренесен шут.