дома блог страница 5196

ВИДЕО: Сиромашен човек со златно срце кој ќе ве замисли

Краткиот филм за добродушен старец ќе ве растажи и замисли истовремено.

 

starec-film-640x332

Во 8-минутното видео е прикажан сиромашен старец со златно срце кој и покрај тоа што е игнориран и малтретиран од луѓето, наоѓа начини да им помогне на оние на кои тоа им е потребно.

На крајот, неговата добрина е возвратена.

Сакал да го откорне знакчето на скапоцениот Ролс-Ројс: Нема да им верувате на своите очи ….(ВИДЕО)

Screenshot_12-8

Ролс-Ројс е еден од  најпознатите и најлуксузните автомобили на светот. За жал, само оние најбогатите ја имаат таа среќа да го  поседуваат во своите гаражи.

Токму поради тоа, не е ни чуден фактот што многу крадци имаат желба да го украдат прочуениот симбол познат под називот “Духот на екстазата”  кој  се наоѓа на хаубата на скапоцениот Ролс-Ројс модел.

Знаејќи дека знакчето е на листата на желби  на многу крадци, луѓето од оваа компанија измислиле оригинален начин да  го заштитат.

Погледнете  го  видеото:

A.Г.

Хилари Клинтон го тепала поранешниот американски претседател?

hilari-klintonukm67i67i67

Бил Клинтот трпел семејното насилство, односно тепањето на Хилари уште од времето кога бил гувернер на Арканзас, тврдат неколку автори на книги за овој политички пар.

Бил и Хилари се запознале за време на студирањето на Јејл и се венчале во 1975-та година.

Во книгата „Бил и Хилари: Значи тоа е она што го викаат љубов“, Дарвин Портер и Денфорт Принс тврдат дека Хилари Клинтон има долга историја на насилно однесување поради Бил. Хилари го тепаше Бил, го удираше со цврсти предмети, го гребеше и поради нејзе тој често крвареше“, пишува Стоун, контроверзна личност која што неодамна се повлече од кампањата на Доналд Трамп за сега да започне да објавува трачеви кои со години ги следат Хилари и Бил Клинтон.

Полицаецот кој му бил обезбедување на Бил додека бил гувернер, тврди дека видел и полоши работи. Еднаш Хилари се разбудила доцна навечер и кога видела дека нејзиниот маж не е дома, му се јавила на полицаецот и побарала да го врати дома. Го чекала, а кога Бил влегол во нивниот дом, се слушнал звук на кршење на стакло и силно трескање на врата.

„Кога сето тоа заврши, вработените пронајдоа скршено стакло, чинии и уништена врата од кујнските елементи“, пишува Крис Андерсон во книгата „Американска Евита: Патот на Хилари Клинтон кон моќта“. Андерсон пишува дека Хилари знаела да го напаѓа Бил во лимузина за време на официјалните средби. Фрлала по него со се што ќе ѝ се најде на патот, а потоа кога ќе стигнеле, глумеле дека се е во ред.

-Хилари фрлаше со книги и пепелници на претседателот и секогаш знаеше да го погоди. Хилари му удираше шлаканици и тоа доволно силни за на неговото лице да останат траги од прсти кои тајните агенти јасно ги гледаа кога тој ќе излезеше, пишува Андерсон.

И покрај таквиот однос, Хилари и Бил пред очите на јавноста цврсто се држат заедно. Бил сега цврсто ја поддржува својата сопруга на патот кон Овалната соба во која што тој престојуваше во два мандати. Во неодамнешниот говор за поддршка на демократската конвенција, Бил Клинтон порача дека Хилари е „најдобриот креатор на промени“ кој го сретнал некогаш во неговиот живот.

 

Пукање во Прилеп

123 (1)

Триесетина минути по полноќ во полицијата во Прилеп, 65-годишниот Б.М. пријавил дека околу 23 часот и 30 минути, додека седел со неговата сопруга во дворот, слушнал 3-4 истрели од огнено оружје, а по кратко време забележал како еден проектил паднал на неговото патничко возило „Ауди А6“ кое било паркирано пред дворот на куќата, при што го оштетил кровот, а потоа проектилот се одбил од возилото и паднал во дворот во близина каде седеле.

Се преземаат за расчистување на случајот.

Од 31 август нема да можете да користите „Фејсбук“ ако ја имате оваа марка на телефон

По најавата дека корисниците на „блекбери“ веќе нема да можат да ја користат апликацијата „Ватсап“, од „Фејсбук“ доаѓа уште една разочарувачка вест. Имено, социјалната мрежа „Фејсбук“ реши по 31 август да престане да пружа поддршка за својата официјална апликација на уредите „блекбери“.

 

telefon-01

За сета среќа, сопствениците на „блекбери“ нема во потполност да останат без пристап на социјалната мрежа, откако „Фејсбук“ ќе ја укине официјалната поддршка за својата апликација.

Од „Блекбери“ порачуваат корисниците да почнат да ја користат веб-верзијата на „Фејсбук“ бидејќи е во прашање најдобра алтернатива.

-Дадовме сѐ од себе заедно со „Фејсбук“ да ги смениме работите, но овојпат се чини дека одлуката е конечна. И покрај овие лоши вести, напорно работиме на нашите корисници да им пружиме најдобро корисничко искуство и бараме алтернативни решенија, соопштија од „Блекбери“.

На почетокот на месецот, чет апликацијата „Ватсап“, која се наоѓа во сопствеништво на „Фејсбук“, исто така, најави дека корисниците на уредите „блекбери“ нема да можат да ја користат, освен ако не го поседуваат моделот со андроид „прив“.

Девојче од Куманово му побегна на педофил

Девојчето било во посета на роднините во Свети Николе и додека вечерта се возела со велисипед низ градот, пред не излегол К.Т., набрзина ги соблекол шорцевите и и го покажал својот полов орган.

manijak-devojcica-640x361

Роднините на 15-годишно девојче од Куманово, поднесоа кривична пријава против К.Т. (28) жител на Свети Николе поради блудничење над малолетничка.

Имено, девојчето било во посета на роднините во Свети Николе и додека вечерта се возела со велисипед низ градот, пред не излегол К.Т., набрзина ги соблекол шорцевите и и го покажал својот полов орган.

Исплашеното девојче со сета сила ги стиснала педалите од велосипедот и успеала да му побегне на педофилот.

Штом си дошла дома, својата приказна им ра раскажала на роднините кои веднаш случајот го пријавиле во полиција.

Инспекторите набрзо го пронајдоа натрапникот и го приведоа во полициска станица. Тука во присуство на претставник од Центарот за социјална работи од Свети Николе довојчето од Куманово ги препознало човекот што се соблекол пред неа.

Битолчанец свири ново оро: Ќе ви се допадне звукот, ќе се насмеете на името

Битолчанецот Дејвид Шакиров го претставува новото македонско оро.

 

dejvid-oro-640x293 (1)

Момчето свири одлично, но малку се пошегувам со видео записот, а и со името кое му го дал на ова музичко парче.

Орото се вика Инстаграм, а Дејвид очигледно ужива изведувајќи го.

Целовечерен концерт на групата “Fin project,, во рамките на “Прилепско културно лето”

plakat fan progekt

Во сабота 20 август 2016 во 20.30 часот на плоштадот Александрија на камената бина во рамките на Прилепското културно лето целовечерен концерт ќе одржи групата ,,Fin project,,. Публиката ќе има можност да го чуе препознатливиот и автентичен звук на традиционалната макеоднска музика во фузија со разни електронски аранжмани. Членовите на групата, Никола Стојковски, Влатко Георгеив и Даниел Маневски на кавал, Александар Николовкси – кларинет, Зоран Велковски на гитара, ќе приредат едно убаво уникатно музичко доживување зачинето со jazz rock и chill елементи.

 

СДСМ влегува во Владата на 5 септември – изборите на 11 декември

izbori-sobrani-520x277 (1)

На помалку од две недели пред истекот на рокот, политичките партии се согласни дека нема ниту една пречка изборите да се одржат на 11 декември. И во ВМРО-ДПМНЕ и во СДСМ но и во ДУИ и ДПА велат дека работите течат според договореното, со што станува извесно дека на лидерската средба која треба да се одржи на 31 декември партиите ќе се излезат со конечен став дека изборите може да се одржат во втората недела од декември, со што по две одложувања, граѓаните конечно ќе добијат шанса да застанат пред гласачките кутии.

Во периодот од последниот меѓупартиски договор до денеска, реализирани се сите точки, со исклучок на формирање на специјалното ад хок тело за медиуми, за кое се чека изборот на петтиот член.

Што е реализирано

– Изборниот законик да се промени до 22 јули и да се земе предвид она што го договорија партиите.

– 171.500 лица ќе бидат ставени на посебен список со ѕвездичка и нивното право на глас не е спорно.

– Списокот од 39.502 лица ќе биде објавен од ДИК три дена по усвојувањето на измените во изборниот законик.

– Сите казни за медиумите ќе бидат намалени за 50 проценти

Што чека на реализација

– 23 август краен рок за формирање на ад хок телото за медиуми

– 31 август проценка за исполнетост на условите за избори

– 5 септември избор на преодна влада

– 5 септември СДСМ именува уредник во МРТВ

– 11 декември избори

Ад хок тело за медиуми

Ад хок телото за медиуми е во последната фаза од своето формирање. Веќе се познати 4 од петте членови и до 23 август се очекува да биде избран последниот кој според Договорот треба да биде еднички Албанец.
Задача на ова тело ќе биде да го мониторира известувањето на медиумите за време на изборниот период (100 дена пред избори) од 5 септември до 11 декември. Телото ќе му предлага на Советот во Агенцијата за медиуми кои медиуми треба да бидат казнети за неизбалансирано известување. Првата грешка на медиумите ќе заврши со опомена а потоа ќе следат и казни кои според проценките ќе се движат околу 2.000 евра.
Телото ќе врши мониторинг на периоди кои нема да бидат пократки од една недела.

Техничка Влада

Формирањето на техничката влада треба да биде на 5 септември. Во неа, СДСМ ќе ги добие истите позиции како и пред последниот неуспешен обид за организирање на избори. Министер во министерствата за внатрешни работи и труд и социјала, како и заменици во Министерствата за земјоделство, информатичко општество и финансии.
Техничкиот министер во МВР, за кој е извесно дека повторно ќе биде Оливер Спасовски ќе има законска можност да направи само 15 смени на раководни позиции, а дополнително ќе може да прераспредели уште 10% од вкупниот број на прераспределби кои по хоризонтала ги извршил министерот на ВМРО-ДПМНЕ во периодот пред две години. Ако се има предвид дека тогаш се направени меѓу 50 и 60 хоризонтални прераспределувања, значи Спасовски ќе добие можност да направи уште 5 до 6 хоризонтални смени, со што ќе се спречи партизацијата на МВР која СДСМ ја направи кога Спасовски доби шанса да биде министер за внатрешни работи.
Во Министерството за труд и социјала нема да има ограничувања.
По завршувањето на изборите и објавувањето на изборните резултати, кадрите на СДСМ си заминуваат од позициите, а функциите до формирањето на новата влада ги вршат замениците министри, во случајов, од редовите на ДУИ.

Уредник на информативната програма на МРТВ

На 5 септември, СДСМ ќе треба да го постави првиот партиски уредник на информативната програма на МРТВ во историјата на македонскиот јавен сервис. Човекот кој ќе ја добие довербата на Заев да ја води информативната програма на МРТВ треба во уредничката канцеларија да седне на 100 дена пред изборите и таму да остане додека изборите не завршат. На тој начин, СДСМ смета дека ќе може да врши контрола врз известувањето на МРТВ, но интересно ќе биде да се види, кој ќе биде новинарот кој ќе си дозволи во својата биографија да добие ангажман на првиот партиски цензор во Македонија.
Според договорот, во истиот период ќе треба да се отвори и нов канал на МРТВ на кој ќе се емитува програмата на малцинските заедници во Македонија, со оглед на тоа што вториот канал на телевизијата ќе емитува албанска програма 24/7

Избори 2016

 

Новите избори според очекувањата на експертите и сите мерења на јавното мислење не се очекува да донесат ништо ново. Актуелното расположение на граѓаните покажува дека е извесно дека актуелната владејачка гарнитура ќе добие нов 4 годишен мандат. На овие избори се очекува значително намалување на влијанието на албанскиот фактор во законодавниот дом, пред се поради дисперзијата на албанското гласачко тело со формирањето на неколку нови албански партии кои се очекува да потегнат дел од албанските гласачи.
Овие гласови преточени во пратенички места се очекува да преминат во македонскиот политички блок, што би требало да ги компензира оние два до три пратеника помалку кои доаѓаа од дијаспората.
На барање на СДСМ во овој изборен процес дијаспората го загуби правото да влијае на одлуките кои се носат во македонскиот законодавен дом, односно, се направи услов, за да можат да добијат пратеничко места пратениците од зад македонските граници да имаат ист број гласови како и пратениците од Македонија.

Изворен фолклор на балканските народи на Прилепско културно лето

izvoren folklor plakata

,,ИЗВОРЕН БАЛКАНСКИ ФОЛКЛОР 2016,, е традиционалната и уникатна македонска манифестација што ќе се одржи во Прилеп во петок 19 август 2016 на плоштадот Александрија на камената бина со почеток од 20.30 часот во рамките на Прилепскоот културно лето што го реализира ЦК,,Марко Цепенков,, од Прилеп. Ќе настапат КУД,, Бисер,, од Македонија, КУД,,Гоце Делчев,, од Бугарија и КУД,, Лесковац,, од Србија, кои ќе го презентираат богатиот изворен фолклор. КУД,,Бисер,, од Кичево е друштво изникнато од традицијата, пренесена преку песната на старите мајстори и звукот на кавалот, тапанот и гајдата.

Сепак тоа се оригинални поставки на древниот македонски бит, преработени со модерни пристапи. КУД,,Гоце Делчев,, од Софија ќе ни го пренесени бугарскиот, додека КУД,,Лесковац,, од истоимениот град српскиот изворен фолклор.