дома блог страница 5195

ЕВЕ ПРЕДЛОГ ЗА АРМ: „Буратино“ ракетен систем познат како „Сончев оган“ со една стрелба рамни со земја пола град!

1368437438_tos-1_5

Во текот на воените вежби кои беа изведени во регионот на Волгоград, беше тестиран и новиот ракетен систем „Буратино“ или популарно наречениот „Сончев Оган“ кој може со една стрелба да срамни со земја неверојатни 60.0000 квадратни метри.

„Според доктрината, пешадиските единици изведуваат мобилна одбрана, задржувајќи ја офанзивната супериорност врз противникот. Во вежбите беа искористени системите ТОС-1 „Сонце“ и РПО-А за уништување на тотална површин од 60.000 квадратни метри“ – се вели во соопштението на Јужниот дистрикт на Руската Армија.

Воените вежби се одржуваат од 15-ти до 20-ти Август на воените полигони во Волгограскиот регион, Крим и Чеченија како подготовка за стратешките маневри „Кавказ-2016“. Во вежбата се вклучени 900 војници и 300 парчиња опрема.

 

Седми по ред “Мото Фестивал” во Прилеп: Забава до раните утрински часови

risovi-16

Седмиот по ред “Мото фестивал Прилеп”, во организација на Мото  клубот “Рисови”, ќе се одржи денеска 20.08.2016 со почеток од 19:00 часот.

Програмата на  фестивалот е  предвидена да започне со  пристигнување на моторџиите на Плоштадот  “Александрија” од  17 до 19:00  часот,  од 19:30 ќе се одржи моторџиско дефиле, а  во 20 часот започнува забавниот дел на градскиот базен.

Сите вљубеници во  одличната мото забава и адреналин се добредојдени!

13686681_10154444995466579_2576783931519875595_n

Најефикасниот напиток за губење килограми

Screenshot_7-41

Доволното количество на конзумација на вода се покажало како еден од главните фактори за слабеење. Причината за тоа е што водата може, не само да го намали апетитот, туку и чаша вода пола сат пред оброк го исполнува желудникот што резултира со помало количество на внесена храна во организмот.

Бидеќи е безкалорична, можеме да ја пиеме неограничено во текот на денот. Во комбинација со мед, краставици, лимон и слични намирници претставува најдобро антитоксично сретство.

Вода со магдонос и лимон се смета за вистинско магично сретство  за слабеење. Ова најдобро делува ако го пиете на  утро на празен желудник. Резултатите се големи,  губење на  пола килограм дневно.

Состојки: 60 грама магдонос, 1 лимон, 250ml вода. Магдоносот ситно исечкајте го, потоа исцедете  го сокот од лимон на него и додајте ја водата и ставете ги во блендер.

Од оваа смеса треба да пиете на утро 5 дена со ред. А после тоа во помали количини уште 10 денаи ќе ги почувствувате резултатите.

ФОТО: Хорор на Јадранот: Дамјан искасапен, очи во очи со големата бела ајкула

Почувствувал силен удар во ногата, а морето набрзо се запенило од неговата крв. Со напор се савртел, а во очи го гледала голема бела ајкула. Знаел дека се во прашање секунди. Ќе го стигне ли морскиот пес или ќе се спаси на чамецот на своите пријатели, панично се прашувал Словенецот Дамјан Песек во 2008 година додека нуркал во Мала Смковa на хрватскиот остров Вис.

 

morski-pas01-640x426

Воениот специјалец и инстуктор по нуркање на Словенечката војска од Блед имал среќа. Иако е доживотен инвалид, успеал да спаси жива глава од ова опасно животно.

Во последните 140 години големата бела ајкула го посетила Јадранско Море околу 60 пати. Средбата со убиствената вилица на ова животно била смртоносна за шестмина. Преживеал само Песек.

morski-pas2

Крволочната ајкула го зграбила за левата нога и речиси му ја одгризала. До коска му го растргнала мускулот на потколеницата, тешко му ја повредила артеријата и нервите кои го мрдаат стопалото.
Морето беше преполно со крв
-Десетина метри од брегот, на иста длабочина, со улов пливав кон бродот на кој се одмораа моите пријатели. Нуркав со одело со подводна пушка во раката. Оддеднаш почувствував силен удар во ногата. Не знаејќи што е, се свртев. Морето беше преполно со крв. Ја видов, се гледавме очи во очи – се присетува Песек.
-Повторно ме нападна. Беше страшно. Ја фатив за шкргите и ѝ ја забив стрелката од подводната пушка во стомакот. Ранетата ајкула се оддалечи за миг, а јас панично испливав и врескајќи ги довикував пријателите. Острата пераја ми се доближуваше. Бев немоќен, чекав да видам кој ќе биде побрз, пријателите или животното. Дојдоа миг побрзо – емотивно раскажува Дамјан во љубљанскиот Институт за рехабилитација.
Со хеликоптер на хрватската војска бил префрлен во сплитскиот КБЦ, а лекувањето продолжило во Љубљана.

morski-pas3

– Секое пристаниште, залив и грота во Јадранот ги познавам како свој дом. На сите им велев дека е невозможно да се сретне голема бела ајкула во Јадранот. И еве, судбуната ме разубеди. Лично се сретнав со петметарската бела ајкула и едвај спасив жива глава.

Иако хрватските научници тврдат дека подводниот риболовец настрадал од ајкулата која била привлечена од крвта на уловот, Словенецот ги побива зашто од голф по уловот нема крв.

 

ВИДЕО: Неверојатната приказна за Блажо кој со голи раце уби мечка

medved-620x350

Блажо Грковиќ од Босна и Херцеговина пред 3 години со голи уби мечка.

Неговата приказна уште тогаш ги воодушеви и изненади сите.

Доколку не ја знете погледнете ја:

Овој пат се надминаа себеси, погледнете го новото кинеско чудо!

_90841891_hi033705974

Овој викенд највисокиот и најдолгиот стаклен мост во светот ќе биде пуштен во употреба. Мостот ги поврзува двата дела на планината Аватар која се наоѓа  во провинцијата Хунан  во Кина.

2kina

Мостот бил довршен во декември и е долг 430 метри. За неговата изградба се потрошени 3.4 милиони  долари. Мостот е висок 300 метри и претставува една од најспектакуларните градби во Кина.

Мостот е совршено безбеден и дозволува во исто време на него да има и до 8000 посетители.

Погледнете на каков начин е тестирана неговата цврстина.

3kina

4kina

Нова луксузна “супер јахта” со своја сопствена плажа

3

Најдобрите американски архитекти не се ограничиле да проектираат спектакуларни, луксузни објекти само на копно.

Погледнете ја оваа луксузна “супер јахта” која е долга 108 метри и на себе содржи хелиодром, голема конференциска сала, базен со сопствена плажа, градина и многу други работи кои ги задоволуваат сите барања на нејзиниот сопственик.

2

SuperYachtGreatHall

SuperYachtPrivateBeach2

Еве зошто имаме подочници

1 (1)

Во многу случаи, подочниците не укажуваат на здравствен проблем. Меѓутоа, факт е дека на многу луѓе им пречат и создаваат грижи, што дури може негативно да се одрази на квалитетот на нивниот живот.

„Темни кругови” и „кеси под очите” се поими кои ги користат лаици, а се доведуваат во врска со низа феномени кои се манифестираат на тој начин. Медицинското име е „периорбитална хиперпигментација” или POH, а бидејќи појавата не е приоритет на дерматолошките истражувања, за неа не се знае многу.

Тоа што го знаеме е дека кожата под очите е исклучително тенка и провидна, што значи дека крвните садови во тој предел се гледаат, па со самото тоа кожата делува потемно.

Хејли Голдбах, дерматолог на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес, укажува на тоа дека подочниците можат да значат дека лицето има темен пигмент под очите, дека постои ефект на сенка, или дека се видливи крвните садови под тој дел од кожата.

При прегледот, на пациентите се затегнува кожата. Ако проблемот стане поизразен тогаш тоа укажува дека причината е во крвните садови, ако се намали, се работи за опуштена кожа. Меѓу носот, очите и образите се наоѓа солзен канал преку кој солзите течат од очите. „Со години се намалува количината на маснотиите под површината на кожата” – објаснува Голдбах, а како последица на тоа солзниот канал делува подлабоко. Се работи за еден вид на оптичка измама. Кожата која делува темно всушност е последица од начинот на кој светлината се одбива од површината на лицето.

При утврдувањето на причината од која имаме подочници дерматолозите се раководат и според нивната боја. Ако се синкасти, розеви или црвенкасти, тогаш причината е во крвните садови, ако се со смеѓа боја, тогаш во кожата постои вишок меланин, што можеби е и најретка причина.

Меѓутоа, дерматолозите истакнуваат дека подочниците најчесто се последица на истенчување на поткожното (масно) ткиво со стареењето. Тоа е и причина што лушето со кеси под очите често делуваат изморено.

Меѓутоа, подочниците можат да бидат и резултат на недоволно спиење.

„Кесите под очите можат да настанат и од едем, т.е. оток” – објаснува експертот. А понекогаш кожата под очите ни е по надуеан од обично кога се будиме. И солената храна може да доведе до отекување на очите, па ако пред спиење сте изеле солен помфрит не се изненадувајте ако се разбудите со кеси под очите.

И изложувањето на ултравиолетово зрачење го зголемува проблемот, исто како и стресот, алкохолот и пушењето, иако ниту едно од овие тврдења не е научно докажано. Искуството покажува дека тој може да биде последица од алергија, која не тера да ги триеме очите или да ни солзат, барем кога станува збор за кратка, минлива појава на подочници.

Бидејќи станува збор за минлива појава, поради огромниот број на можни причини, како и поради тоа што многу дерматолози го доживуваат како примарано козметички и естетски проблем, нема доволно научни истражувања кои би пружиле задоволителни информации за ефикасно лечење.

За третман на подочници се користат креми за избелување, хемиски пилинг и терапија со ласер. Од печурки и екстракт од круши се добиваат киселини кои се користат за нивно ублажување. Освен тоа, постојат супстанции кои се вбризгуваат во кожата и имаат функција на филтер, а се применуваат и во хируршки методи. Имало и обиди за вбризгување на јаглен-диоксид во поткожното ткиво еднаш неделно во тек на два месеца, но таа метода не се покажала како успешна.

Некои дерматолози нанесуваат витамин C на кожата, додека други препорачуваат крема за сончање и очила со UV заштита.

Факт е дека и најмалото подобрување може позитивно да влијае на квалитетот на животот.

Би-Би-Си – Лондон

Коле од Криволак феномен во Македонија – привлекува змии како магнет

Во село Криволак во близина на Неготино, во централна Македонија живее можеби единствениот човек на светот кој умее да зборува со змиите. Името му е Скедер Јусуфов, но сите го викаат Коле змија.

 

kole-zmii-640x361

Основно занимање од кое живее и го прехранува семејството е лов на змии. Не по полињата и нивите, туку по куќите, дворовите, автомобилите на луѓето и слични места каде се вгнездиле овие опасни влекачи.

Коле змиите не ги убива. Ги намамува со зборење, само нему познат речник што го нарекува „Басма“. Штом ги слушнат за обичниот човек, неразбирливите зборови на Коле, змиите сами излегуваат и доаѓаат до него. Тој нежно ги фаќа, ги носи од местото и ги пушта во природа. Со оваа работа се занимава речиси четврт век и никогаш досега змија го нема каснато. Тие за него се големи пријатели. И тој за нив.

Го бараат луѓе од цела Македонија кои имаат проблем со змиите, а тој за своите услуги наплаќа по 50 евра. Додека разговаравме со него ни откри дека некој бизнисмен од Неготино го наговарал да му биде менаџер. Му нудел редовна плата, а работата на Коле би била само да фаќа змии, додека бизнисменот а луѓето би им наплаќал по 500 евра по змии. Коле не го прифатил овој непристоен предлог знаејќи дека повеќето луѓе во Македонија живеат сиромашно.

Змиите со голи раце почнал да ги фаќа речиси пред 25 години, а на тој „занает“ го научил овчарот Коста од Радовиш.

-Многу ме засака и еден ден ми рече дека ќе ми ја открие и пренесе својата тајна „Басма“. Ме предупреди дека никогаш не смеам да ја злоупотребам таа вештина за некому да му нанесам зло. Со години собирав храброст додека не почнав да комуницирам со змиите. После тоа одеше полесно. Луѓето почнаа да ме бараат за да им ја најдам змијата во куќата, дворот, штала или автомобил, а јас доаѓам и за половина час го решавам проблемот, вели Коле.

Тој има специфичен начин на фаќање на влекачите. Тој со нив комуницира на „змиски јазик“ кој го нарекува „басма“, а потоа кога ќе дојдат кај него сами, нежно ги фаќа и ги пушта во природа. Најчесто ловел смокови кои не се отровни, но и отровни поскоци, шарки и други змии долги и над три метри, а колку точно фатил и сам не знае.

Најмногу работа има во летните месеци кога има најмногу змии, а од работа не може да крене глава. Се случува да „интервенира“ и десет пати во неделата.

– Неодамна ме повикаа на воениот полигон „Криволак“ каде фатив смок долг три метри. Фаќав и шарки долги по 180 сантиметри, но и мали, како и отровни поскоци. Со себе никогаш не носам противотров зошто јас сум им пријател на змиите, а тие тоа го чувствуваат. Имам свој јазик за комуникација со нив, знам кога се исплашени, кога ќе нападнат, а кога само се обидуваат да побегнат, објаснува Скендер Јусуфов, наречен Коле змија.

Тој има три деца, ќерка од 11 години и синови од 9 и 5 години кои веќе тргнаа по неговите стапки.

-Ќерката не сакам да ја воведам во мојот свет, но синовите иако се малечки немаат страв од нив. И само почнаа да ги ловат и да си играат со нив како да се гумени играчки. Од полиција ми рекоа дека не смеам да ги учам на овој занает додека не станат полнолетни, а кога ќе наполнат 18 години ќе им ги пренесам сето мое знаење и тајните, а ќе ги научам и на змиски јазик, вели Коле.

ТАЖНА ВЕСТ: Почина најпознатата југословенска глумица

glumica

Познатата српска глумица Мира Ступица почина ноќеска во Белград во 94 година од животот, јавуваат „Вечерни новости“.

Пред само два дена таа го прослави својот роденден во кругот на најблиските.

Родена како Мирослава Тодоровиќ на 17 август 1923 во Гњилан, каде родителите и биле професори по математика. Беше прво од четирите деца на Радомир Торовиќ.

На сцената во Шабац и Ниш, преку Народната и JDP, па се до театри од Париз и Москва, се нижеа нејзините улоги. Таа играше во сите жанрови, од класичен до современите домашни и странски репертоар. Таа беше незаборавната Петрунела, Глорија, бароницата Кастели, Госпоѓа Жен Сан … Таа често повторуваше дека врвот на актерски талент го достигнала во режиите на Бојана Ступице, во текот на две децении заеднички живот на сцената и надвор од неа.

Таа го освои Статуетки “Јоаким Вујиќ” наградата “Павле Вујисиќ”, фестивалот “Денови на Зоран Радмиловиќ” … играше во филмови “Г-дин Хара”, “мрежата”, “Стојан Mutikaša”, “Хенк”, “Делии”, “крвава приказна”, “Појадок со ѓаволот”, а во новиот милениум и “Седум и пол” и “парада”. Бидејќи од големиот број на телевизиски остварувања се издвојува нејзината “Буквар”.

Таа имала три брака со Мавид Поповиќ, Бојан Ступица и Цветин Мијатовиќ, имала здравствена криза, кога поради мозочниот удар се лечела на Невролошкото одделение на Ургентен центар во Белград.

Во јавноста последен пат се појавила во април минатата година на Ден на Југословенскиот драмски театар.