Прилепско: Му рекол имам повреден човек во колата а тој го нападнал со вила

111

72-годишниот Е.Х. и 51-годишниот Р.Т. од селото Житоше, општина Долнени, заработи кривична поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.  Тој околу 12 часот и 30 минути во селото го паркирал своето возило пред влезната врата од дворот на Е.Х., кој во тоа време бил пред вратата од својот двор и побарал од Р.T. да не го паркира пред влезот затоа што имал намера да излегува со своето возило.  Р.Т.  му кажал дека нема да го тргне затоа што има повреден човек кој требало да го носи во болница во Прилеп. Откако Р.Т. повеќе пати му кажал на Е.Х. дека нема да го тргне возилото,  Е.Х.  замавнал со вила кон него, но во тој момент Р.Т. ја фатил вилата, ја повлекол кон себе и при одземањето се здобил со површинска повреда на главата. Потоа Р.Т. возвратил и неколку пати со тупаница го удрил Е.Х.  Во тој момент притрчале Х.Х. и А.К., застанале помеѓу пријавените и ги раздвоиле.  После тоа Е.Х. уште еднаш се обидел со вилата да го удри Р.Т., но Х.Х. успеал да му ја  одземе. Во тие моменти Е.Х. со нож се втурнал кон Р.Т. и му нанел две лесни телесни повреди  во пределот на градите. Кога Р.Т. забележал дека на себе има крв  влегол во дворот на Е.Х.  и со пресечените дрва, кои биле во дворот, почнал да фрла по него при што Е.Х. се здобил со  лесни телесни повреди во грбот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.