дома блог страница 5187

Интервју со Климентина Ѓорѓиоска: Првенец на генерација на Солунскиот универзитет „Аристотел“

Гимназијата  „Мирче Ацев“ од Прилеп отсекогаш претставувала расадник на талентирани успешни луѓе. Ова е уште една успешна приказна за една поранешна гимназијалка, Климентина Ѓорѓиоска.

Поради највисокиот просек и успешното учество во многу активности, таа е прогласена за првенец на генерација на факултетот за политички науки на Солунскиот универзитет „Аристотел“. Поради тоа, решивме да направиме кратко интервју со неа.

11

Кажете ни нешто повеќе за Вас, која е Климентина Ѓорѓиоска?

Најпрвин би сакала да се заблагодарам на поканата за интервју и да им посакам успешна школска година и многу нови знаења на сите гимназијалци.

Се сметам за личност со сестрани интереси, уште како гимназијалка ги сакав општествените науки, социологијата како наука за општеството ме восхитуваше, бидејќи нудеше аналитичен пристап кон општествениот развој, но и значајни политички и економски аспекти.

Во мојот фокус, отсекогаш беа и странските јазици, коишто секако ни овозможуваат верзираност и лесна комуникација во ова глобално општество денес, каде информациите течат толку брзо кoлку и човековата мисла.

Јас и денес, сум човек кој им се радува на новите знаења, бидејќи сметам дека ни отвораат нови хоризонти и не прават побогати како луѓе.

Покрај политичките науки, вљубеник сум во уметноста, ги обожувам делата на славниот Ван Гог и на останатите импресионисти како Мане и Гоген, потоа на Рене Магрит, кој толку умешно успеал да ги сплоти сликарските потези со длабоко егзистенцијални поенти, но и на Американецот Едвард Хопер, кој ја потенцира осаменоста и алиенацијата на човекот во современото доба.

Ја сакам литературата, поезијата, филозофијата, но и историјата – љубов која во мене ја култивираше мојот тогашен професор по историја Кире Николоски.

Најдобро ме опишува латинската максима „Nulla dies sine linea“, зашто само така човек може да се чувствува убаво и реализирано.

Што ве поттикна да се запишете токму на Солунскиот универзитет?

Уште за време на гимназиските денови следев курс по грчки јазик и благодарение на мојата професорка Екатерина Вида успеав да ги научам добро основите на грчката граматика. Кога дојде време да размислувам за своето академско образование, имаше конкурс за стипендии за високо образование на грчките универзитети. Оваа можност беше одлична со оглед на тоа дека отсекогаш сакав да продолжам со образованието надвор, да студирам на друг јазик, во нова средина, во земја со богата култура, архитектура и историја. Го избрав солунскиот универзитет „Аристотел“ бидејќи отсекогаш бил во листата на престижни европски универзитети, еден од најдобрите грчки универзитети, ако не и најдобар. Задоволство беше да се студира во земјата – лулка на демократијата и на филозофијата.

Дали политичкиот проблем помеѓу Македонија и Грција и јазикот претставуваа бариера или проблем при студирањето?

Проблемот со името меѓу двете земји, никогаш не преставуваше бариера, не само при студирањето, туку и во моите лични односи во Грција. Јас поминав шест преубави години во Грција, уживав во убавините на земјата, на музиката, на грчката кујна. Уште од првиот академски час, стекнав искрени пријателства кои траат се до денес. А, што се однесува до грчкиот јазик, да се студира и да се полага на еден таков мелодичен јазик беше голем предизвик и голема сатисфакција, но бариера во никој случај.

Дали бевте единствена Македонка – студент на Солунскиот универзитет?

Јас бев единствен студент од Македонија на Факултетот за политички науки на солунскиот универзитет „Аристотел“, а имав пријатели Македонци кои студираа на Универзитетот, но на други факултети.

Kаков беше односот кон Вас на професорите и другите студенти?

Моите професори беа вистински професионалци, виртуози во својата професија, исклучителни теоретичари во својата бранша. Нивниот однос кон мене беше секогаш објективен и непристрасен. Потврда за тоа се високите оценки, коишто доведоа до тоа јас да сум првенец на генерација. Нема поголема потврда за нивната објективност од доделувањето на највисокото признание – да се биде прв меѓу првите, а да доаѓаш од друга земја, особено од земја којашто има политички проблем со Грција. Тие не само што беа објективни, туку беа особено среќни и горди на мојот успех. За нивната објективност, зборува не само ова признание, туку и минатогодишната плакета за најдобар студент по пракса за академската 2014 година, но и едукативната екскурзија во Брисел, по завршувањето на првата година од моите студии,  кога само избран број студенти од сите години имаа можност бесплатно да ги посетат институциите на ЕУ во Брисел, а јас бев дел од таа посета, благодарение на високите оценки. Моите колешки и колеги, се пример за коректен однос. Тие често искрено ми честитаа за моите оценки, за моите успеси и знаеја да го вреднуваат фактот дека иако грчкиот не е мој мајчин јазик, јас сепак успевав да добијам високи оценки.

12

Какво е чувството да се биде најдобар студент, првенец на генерација и тоа на Солунскиот универзитет?

Задоволство и гордост е да се биде првенец на генерација, а особено на државен и реномиран Универзитет како што е солунскиот „Аристотел“. Среќата во моментот кога се доделуваше признанието и кога ја читав заклетвата, но и говорот не можат да се опишат со зборови.

Каде се гледате во иднина? Какви планови имате за понатаму …?

Ќе продолжам да чекорам во светот на науката. Следниот чекор ќе ми бидат постдипломски студии, се уште сум во дилема дали тоа ќе бидат повторно политички науки или можеби економија. Истовреме работам волонтерски во регионалниот веб портал Патоказ, но и за интернациолната редакција на младинскиот портал Млади Инфо. Но, покрај теоретските знаења, сакам да се стекнам со практични знаења, затоа следниот предизвик е  наоѓање работа којашто ќе ме исполнува.

13

Какви спомени носите од Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп?

За мене Гимназијата „Мирче Ацев“ беше училиште каде добив одлични знаења, се уште се сеќавам на предавањата по македонски јазик каде професорката Ленка Јованоска, толку убаво ни ги опишуваше и пренесуваше поентите на литературните дела „Странецот“ на Ками, „Злосторство и казна“ на Достоевски, „Пеколот“ на Данте Алигиери… горда бев кога на моите колеги им кажував дека вакви светски дела се анализираа во мојата гимназија. Ги сакав сите предмети и им благодарам на професорите за нивната посветеност и за стекнатите знаења.

Кажете ми некој интересен настан кој ви останал во сеќавање од гимназиските денови!

Имаше многу интересни случки додека бев гимназијалка. Ние бевме голем, а и сложен клас. Се сеќавам кога ги донесоа компјутерите и кога почнаа да ги заклучуваат вратите, беше зима, нас ни студеше да седиме по ходниците, па затоа бевме многу инвентивни и мудри. Најдовме начин како да влегуваме во училницата откако професорите ќе си заминат и ќе заклучат. Остануваше секогаш еден волонтер – соученик или соученичка внатре во училницата, па потоа ни отвораше на сите. Кога останатите класови ја совладаа нашата „техника“, професорите веќе почнаа да се сомневаат  во нашиот изговор дека професорот пред нив ја оставил отклучена вратата, па така еднаш на големиот одмор, дојде служителот и не „улови“ околу 15 -тина ученици како седиме во училница. Му пренесе на дежурниот професор, а тој, на директорот. Сите добивиме казна намалено поведение и бевме викнати со родителите на разговор со училишниот социолог. Но, што беше интересно? Тоа што бевме сложни, никој не го издаде никого, напротив сите се боревме да докажиме дека сме во право, дека нам ни студи и затоа седиме во училница, дека не прекршувавме никакво правило. Јас сум горда на нашето единство и на нашата идеја.

Што ќе им порачате на сегашните гимназијалци?

Уживајте во гимназиските денови и учењето доживувајте го како инвестиција во себе си!

Читајте книги, бидејќи книгите се бесплатен билет за нови патувања и неоткриени светови!

Спортувајте! Бидете амбициозни!

Бидете во тек со актуелните настани во светот!
Користете ги социјалните мрежи во ваша полза и …

Бидете среќни!

Ми беше чест и задоволство да направам интервју со вас. Ви благодарам за времето што го одвоивте за да одговорите на прашањата и ви посакувам успех и високи резултати на секое поле од животот.

Ви благодарам и јас.

Интервјуто го реализира:
Елеонора Михаиловска

 

 

Eтно групата „Баклава“ одржа целовечерен концерт во Прилеп

1

Вчера вечер во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“ свој целовечерен концерт одржа етно групата „Баклава“. Концертот беше во рамките на манифестацијата Прилепско културно лето што ја реализира ЦК „Марко Цепенков“ години наназад, а која завршува идната недела.

2

На концертот беше присутен и градоначалникот Марјан Ристески кој ги поздрави присутните и посочи дека Прилеп со низа културни и спортски манифестации го започна ова лето, привлече уште поголем број на туристи, љубители на фестивалскиот, театарскиот, манастирскиот и
алтернативниот туризам. Голем број на културни и спортски настани, главно се оддржаа на отворена сцена, се со цел културата да биде поблиску до публиката.

3

Групата „Баклава“ е основана во 2005 година, како резултат на спојот на индивидуалните музички искустава на нејзините членови во различни проекти. Со минималистички музички концепт, клучниот предизвик е создавање на авторска музика во жив дијалог со естетските дострели на светската музика.

Нови огласи за високи работни позиции во фабриката “Гентерм” во Прилеп

genterm-1-640x390

На веб страната www.vrabotuvanje.com.mk oбјавени се 4 нови огласи за високи работни позиции во фабриката на “Гентерм” во Прилеп.

За отворените работни места потребно е стекнато високо образование.

Огласите се активни во наредните 7 дена, а истите можете да ги видите ТУКА.

Му го отсекоа јазикот, но со силата Божја и понатаму говореше

Денеска е Св. маченици Аникита и Фотиј.

 

1

Царот Диоклецијан еднаш го посети градот Никомидија со зла умисла да ги истреби наполно христијаните. Па кога почна бездушно да ги истизава и мачи, пред него застана Свети Аникита, којшто беше еден од градоначалниците, и смело ја исповеда пред царот својата вера во Господ Исус Христос, Бог воплотен во тело заради нашето спасение. При ова Аникита уште и ги разобличи идолите како глуви и неми камења на коишто еден разумен човек е недостојно да им се поклонува.

Разјарен царот нареди и му го отсекоа јазикот. Но со силата Божја Аникита и натаму говореше.

Тогаш на него пуштија лав, ама лавот се умилкуваше околу него. Во тој миг падна храмот на Херкул. Фотиј, роднина на Аникита, го виде овој случај и трпењето на Аникита, па го бакна Аникита, се објави себеси за христијанин и му возвикна на царот: „О идолопоклонику, засрами се, твоите богови се ништожници!“

Царот нареди веднаш да го убијат со меч. Но кога крена рака на Свети Фотиј, џелатот со мечот се удри самиот себеси и умре. По долги маки и двајцата ги фрлија во затвор и лежеа таму три години. Тогаш ги изведоа, усвитија огромна печка и ги фрлија во оган.

Мнозина христијани, мажи, жени и деца, своеволно влегоа со нив во огнот. И од огнот се слушна молитвата на христијаните со којашто Му благодареа на Бога за маченичката смрт. Сите пострадаа околу 305 година. Светите Никита и Фотиј се повикуваат во молитвите на Маслосвет и Водосвет.

СРБИТЕ ПОВТОРНО ПОНИЖЕНИ: Американците продолжуваат со омаловажувањата !

amrika-srbija

И по поразот на Олимписките игри, американците не престанаа да ги “омаловажуваат” српските кошаркари. На шоуто на Конан О Брајан, познатиот американски комичар неможеќи поради авторски права да ги објави најдобрите моменти од финалето во Рио, ни претстави во живо кратка реконструкција од натпреварот.

Преку оваа реконструкција Конан О Брајан сакаше да ни ја претстави супериорноста на американските кошаркари, но несвесно ги разлути србите. Имено, србите не ја прифатија добро шегата од О Брајан па почнаа јавно да го искажуваат гневот.

За крај, погледнете го видеото од “финалето” на кошаркарскиот меч.

 

ВИДЕО: Снимаше голем бран како се движи кон брегот, а тогаш се случи нешто неверојатно

dkmhgcnmvbxncv

Од време на време мајката природа ни покажува колку може да биде прекрасна , но и опасна. Ширум светот, некои природни појави многу луѓе оставаат без здив.

Ако некогаш вашата мајка ви кажувала да излезете од вода додека грми, сега ќе дознаете зошто…

Забавената снимка прикажува удар на молња во вода на само неколку метри од брегот. Сцена која навистина остава без здив!

ВИДЕО: Неуспешен прв лет на најголемото летало на светот

Најголемото летало на светот го имаше својот втор неуспешен лет.

 

erlender

Леталото „Ерлендер 10“ денес го имаше својот втор пробен лет кој заврши неуспешно, исто како и првиот.

Според првичните информации, нема повредени, а исто така не се знае какво оштетување претрпело леталото.

Проблемите настанале кога леталото се кренало од земјата, а потоа полека се срушило.

Погледнете како изгледало сето тоа.

ФОТО: Хотел во кој главата ви е во една а нозете во друга држава

hotel

Хотелот Арбез се наоѓа на границата помеѓу Франција и Швајцарија. Хотелската зграда се наоѓа на границата уште од 1862 година кога француската и швајцарската влада го потпишаа договорот со кој се реши проблемот со границите.

Локален бизнисмен видел шанса во тој договор и пред да стапи во сила изградил градба која се наоѓа од двете страни на границата. На француската половина иградил кафуле, а на швајцарската продавница.

Јулз Јозеф Арбес во 1921 година, ја откупил зградата и ја претворил во хотел. За време на Втора светска војна, вториот спрат служел како сместувалиште за бегалци, бидеќи скалите припаѓале на Швајцарија.

Хотелот и денес е во сопственост на истата фамилија.

Во хотелот главата може да ви биде во една а нозете во друга држава.

Во ресторанот на хотелот се служат традиционални француски и швајцарски јадења.

hotel-granica2

 

 

Најбогатите македонски работници: Земаат просечна плата од 47.000 денари

plati-569x600

Во одредени македонски индустрии просечните плати надминуават 40 илјади денари, а според најновите статистички податоци, убедливо највисока просечна македонска плата била исплатена вооздухопловниот транспорт, пишува Економски.

Во оваа индустрија во јуни просечната исплатена нето плата по вработен изнесувала 47 020 денари.

Збирно, просечната нето-плата во јуни била 22.187 денари, или за 0,7 проценти повеќе во однос на платата во јуни лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво (10,6 проценти), административни и помошни услужни дејности (6,3 проценти) и земјоделство, шумарство и рибарство (6,3 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли (4,4 проценти), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,7 проценти) и стручни, научни и технички дејности (3,4 проценти).

Според ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни годинава изнесува 32.637 денари.

Во јуни годинава, 1,6 проценти од вработените во Република Македонија не примиле плата

 

ВИДЕО: Македонка за својот хорор филм првонаградена во Холивуд

Краткиот хорор филм снимен по сценарио на Македонка која живее и работи во Холивуд победи на Бламхаус Интерн Филм Фестивал. Филмот насловен „Фотобомбд“ зад чие сценарио се потпишува 28-годишната штипјанка Александра Миланова, истовремено ги освоил гласовите и од жирито и од публиката.

 

 

film-nagrada-640x853

Таа за порталот Курир изјавила дека за неа е огромна чест што нејзиниот филм добил признание од видни холивудски имиња.

По неговото споделување на фан страната на Бламхаус Продукција на социјалната мрежа Фејсбук, за само два дена „Фотобомбд“ го срушил рекордот на најгледан клип надминувајќи 100.000 прегледи.

Бламхаус продукцијата, која се јавува како организатор на фестивалот кој се одржа во мај годинава, се раководи по модел на висок концепт и низок буџет, по кој е структуиран и самиот фестивал, со цел да се поттикне креативноста на учесниците. „Фотобомбд“ е сниман по строги критериуми каде не е дозволено да се инвестираат парични средства и единствена филмска опрема која е дозволена е телефон со камера.

Инаку, Бламхаус е дом на најголемите хорор франшизи од последниве неколку години, како Паранормална Активност (Paranormal Activity), Злокобен (Sinister), Подмолен (Insidious), како и на познатите трилери Подарокот (The Gift), и Посетата (The Visit), и е една од најпознатите и најбрзорастечки продуцентски компании во Холивуд.

film-nagrada2-640x358

За илустрација, главниот извршен директор и основач, Џејсон Блам, се најде на листата на 100 најмоќни личности во забавната индустрија во Холивуд за 2016, објавена во Холивуд Репортер.

Дваесет и осум годишната Македонка вели дека е огромен успех e тоа што нејзиното дело добило признание од луѓе кои направиле револуционерни промени во филмската индустрија.

-Чувството да се биде меѓу луѓе кои направија револуционерни промени во филмската индустрја во Холивуд е неверојатно. Не само што ја имав честа да се најдам во таква средина, туку и истите тие луѓе седеа во кино сала и гледаа филм сниман по мое сценарио. Пресреќна сум што мое дело доби признание од видни холивудски имиња, вели Александра за КУРИР.

Таа во јануари годинава магистриралана на одделот за сценарио на Њујоршката Филмска Академија, каде студиите ги завршила со почести. Паралелно со снимањата и ангажманите во Холивуд, наоѓа време нејзините сценариски способности да ги пренесе и на македонските телевизиски екрани.

Филмот ви го пренесуваме во продолжение