дома блог страница 5188

Страшна исповед на масовно силување на малолетно девојче: „Еден беше над мене, еден под мене а 30 чекаа на ред“

pedofilc

Исповед на жртва на масовно силување: Бев издрогирана. Еден беше под мене, другиот на мене, а 30 чекаа на ред.

Масовно силување на тинејџерка и објавени видеа на друштвените мрежи го разбесни цел Бразил и алармирала полицијата за да влезе во потрага по 30 лица кои се иживувале над една девојка.

Четири дена по дивјачкиот напад проговори и самата жртва. Станува збор за 15- годишно девојче кое се обидува во глава да ги спои сите работи кои и се случувале тоа кобно утро. Во разговорот со „TV Record“ открива дека не верува дека виновниците ќе си ја одлежат својата казна.

– Нема да чекам нашите чувари на законот нешто да превземат, бидејќи тоа и никогаш нема да го дочекам. Ја чекам правдата на бога, која ќе ја дочекам кога тогаш, изјавила девојката.

За овој скандал никогаш не би се прочуло да не го поставел видеото некој манијак на Интернет. На тоа видео девојката била гола во несвесна состојба додека најмалку 30 лица навиваат за неа.

– Заспав и се разбудив на сосема друго место. Еден маж беше пред мене, еден на мене, двајца ме држеа за рацете. Бев дрогирана, но јасно го слушав смеењето на мажите. Тоа беа деца, криминалци со пиштоли…

Полицијата сеуште се обидува да ги идентификува и конечно тргнало со апсење.

Првиот човек од истрагата веќе добил отказ, а случајот го превзела единица за злоставување на малолетници.

На крајот од интервјуто девојката признала дека во живт ја вратила поддршката на јавноста.

– Веднаш знаев дека во мојот случај нема правда и дека ќе бидам јавно осрамотена. Во првиот момент, не сакав да и кажам на својата мајка. Но кога видов колку луѓе се побуниле и ми дале поддршка, станав свесна дека во оваа борба не сум сама.

ФОТО: Синчето на Тони Михајловски му покажа убаво на Игор Џамбазов

Синчето на Тони Михајловски, му покажа заби на Игор Џамбазов. Тие двајца се дружеа, а моментот беше овековечен со фотка на социјалните мрежи.

igor

 

ПУТИН ДОАЃА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!?

PUTIN_2670263b

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин доаѓа во Скопје, најавува на својот фејсбук профил Јанко Илковски, водителот на ТВ емисијата “Јади бурек”.

Водителот најавува подетални информации  во вечерашното издание на неговата емисија.

14101946_10208621384186462_857523999_n

 

ФОТО: Оваа девојка ги прави најопасните селфи фотографии во светот !

rusinka1

Оваа девојка ја носи “селфи играта” на едно сосема ново ниво.

Некои девојки сакаат шопинг, други уживаат во добра книга, а младата руска убавица Ангела Николау ужива во качувањето на највисоките згради во светот, стоеќи на нивните рабови ги прави најлудите селфи фотографии.

Оваа девојка ги придобива фановите на Instagram преку ризичните подвизи, иако тоа многу го сметаат за идиотизам, сепак, не можите а да не се воодушевите на храброста.

rusinka2

rusinka3

rusinka4

rusinka6

rusinka7

rusinka8

rusinka9

 

Како да избегнете “seen” на фејсбук: еве како да ја прочитате пораката а оној кој ви ја пратил тоа да не го види.

Screenshot_3-75

Голем број од фејсбук корисниците ќе се сложат со фактот дека најпопуларната социјална мрежа значајно ни ги отежна животите воведуваќи ја опцијата SEEN.

Сигурно сте биле во позиција намерно да не ја отворите некоја порака за да оној кој ви ја пратил тоа не го види.

За среќа, постои решение. Програмерите смислија надоградба на Google Chrome која се вика Facebook Unseen.

Еве како да го направите тоа во неколку чекори:

  1. Преземете ја Facebook Unseen надоградбата за Google Chrome
  2. Уклучете ја надоградбата
  3. Наместете ги опциите како што ви одговара

 

Големи музички имиња на овогодинешниот Џез викенд во Прилеп

_MG_0906

На големо задоволство на прилепските љубители на најслободната музичка форма, џезот и воопшто на урбаното живеење, последниот викенд од месец август (25,26 и 27 оваа година) во Прилеп се организира Меѓународен Џез Викенд, манифестација која нуди богата програма со настап на повеќе изведувачи од европските простори, посочија организаторите на денешниот прес.

_MG_0926

Овај фестивал за прв пат се одржа во 2012 година и уште веднаш се виде дека ентузијазмот е заеднички, како на публиката, така и на организаторите и учесниците на истиот. Прилепскиот Џез викенд кој е во организација на Одделението за култура при локалната самоуправа која го презентира музичкото творештво од светски џез размери пред прилепската публика со основна идеја за поинаков урбан Прилеп и заложби за следење на вистинските вредности и културни содржини. Фестивалот ќе биде отворен со Биг бендот на МРТВ и фри џез составот Хашима од Србија во четврток на 25 август 2016г.

_MG_0929

На 26 август во петокот, настапуваат Dine Doneff”s Lost _Anthropology од Грција, потоа следува експерименталниот состав „Chui“ од Загреб, а во off програмата со својот сет ќе не вози популарниот DJ Костадин Шурбановски – Шурбе.

_MG_0931

Третата и последна вечер 27 август, е резервирана за гостите од Хрватска Franz Kafka Ensemble, незаменливиот Влатко Стефановски со своето Трио и за сладокусците во off програмата Џенгис Ибрахим со проектот Hi Cazz 3 . Како и секоја година така и оваа фестивалот има своја програма и во локалните џез клубови, така што во кафе Сидро ќе настапи младиот скопски состав Fierce, додека во Џез клубот „Take five“, ќе можеме да го проследиме Филип Стевановски со своето Трио.

Место на случување е летната сцена од Центарот за култура Марко Цепенков, влезот е бесплатен, а фестивалските вечери започнуваат од 21.00 часот. Градот под Марковите кули, ги кани сите вљубници во џез музиката да бидат дел од ова културно прилепско лето и воедно им се заблагодарува на сите општествено одговорни компании кои застанаа зад фестивалот, како и на медиумските покровители за нивната безрезервна поддршка.

Една е мајка: Факти за жената која ни подари живот

Дали постои личност на која повеќе ѝ верувате од жената која ви го посветила својот живот, жената која е ваша прва учителка, ваш најсилен навивач, но и ваш најжесток критичар? Да, сигурно имате многу пријателки, но ниту една не ве познава подобро одошто личноста која ве донесе на овој свет и ниту една од нив не се бори за вашата среќа како вашата мајка. Престанете да трагате по доверливи пријателки, бидејќи најдоверливата е токму под вашиот покрив.

video-za-majka-640x360

Еве зошто слободно можете да ја наречете мајка си своја прва и најдобра пријателка:

  1. Таа се заљуби во вас на денот на вашето раѓање, но и вие во неа. Кога вие се родивте, вашата мајка почувствува дека ја доби својата сродна душа, иако вие сè уште не бевте свесни дека ја добивте својата. Таа се заколна дека засекогаш ќе биде покрај вас и нема намера да го прекрши своето ветување.
  2. Знае што мислите уште пред да ја отворите устата. Вие сте отворена книга за неа. Потребен ѝ е само еден поглед за да ѕирне во вашата душа и да ја прочита приказната која не сакате да ѝ ја раскажете. Има ли поголем доказ за вашето неповторливо пријателство?
  3. Таа е единствената личност која може да ги голтне сите ваши навреди и напади на бес. Без да остави ни трага од нив во своето срце. Ако некој знае искрено да опрости и да заборави, тогаш тоа е жената која ви подарила живот. Таа ви го ветила тоа уште додека го галела својот труднички стомак, а сега го исполнува.
  4. И е ваш најгласен навивач. Мајка ви е личноста која најгромогласно аплаудираше на вашите училишни претстави и спортски натпревари, која се молеше до доцна во ноќта да го положите најтешкиот испит и која од дома ве бодреше додека бевте на првото интервју за работа. Дури и кога не можете да ги слушнете нејзините молитви и навивања, знаете дека се таму некаде, а тоа ви дава сила.
  5. Таа знае дека тврдоглаво ќе го направите она што сте го наумиле, но и покрај тоа, не пропушта ни една шанса да ве советува што треба да направите.Понекогаш ве вади од такт, но никогаш со лоша намера.
  6. Ако постои личност која секогаш го ставала вашиот живот пред сопствениот, тогаш тоа е таа. Вашата мајка отсекогаш инвестирала во вашата среќа, без разлика на нејзината. Го жртвувала сопственото време за да ви помогне со домашните задачи, ве развеселувала и кога очите ѝ биле полни со солзи, ве земала од училиште и кога болката во нејзиното тело била неподнослива. И повторно би го направила истото. Нејзината љубов кон вас е безусловна.
  7. Убедена е дека сте најдобри во сè што правите. И отворено го кажува тоа. Пред вас, зад вас, пред вашите роднини, пред светот. Да, таа сака да ве научи да се цените себеси и прави сè за да ви ја зголеми самодовербата.
  8. Не ѝ пречи да ви го даде целиот свој плакар, целата своја облека и модни додатоци. Иако елегантните фустани и бисерите се најубавите и најдрагите материјални нешта што ги поседува, тие секогаш ќе бидат за вас.
  9. Го слушате нејзиниот глас секогаш кога ќе ѝ го изберете бројот во именикот.Независно дали светот чека на неа, дали обврските стојат в место или присуствува на најважниот состанок во својот живот, таа ќе остави сè само за да одговори на вашиот повик, па сте убедени дека таа е само еден телефонски повик оддалечена од вас.
  10. И ѝ се јавувате секогаш кога животот ќе си поигра со вас. Бидејќи сте свесни дека нема ништо поскапоцено од нејзините совети, дури и кога знаат да ви мавнат шлаканица за да ве освестат.
  11. Но, и кога животот е дарежлив со вас. Се сеќавате кога ја добивте првата петка во училиште, кога ве прогласија за најдобар ученик или кога ја добивте работата од своите соништа? Сигурно со нетрпение чекавте да ѝ се јавите нејзе, зашто знаевте дека ќе ја направите најгордата личност на светот.
  12. Знае точно што сакате и ќе направи сè за да го добиете. Таа знае кое јадење ви е омилено и ви го готви со задоволство, знае кое чоколадо го обожавате и ви го купува само за да ви го види лицето насмеано. Знаете, мајките прават сè за да ги видат децата среќни… независно дали тие имаат 4, 14 или 40 години.
  13. Може во еден здив да ги наброи сите ваши симпатии и момчиња, од детските години досега. Ги знае имињата на сите личности кои прошетале низ вашиот живот. Нејзе не мора да ѝ објаснувате кој е Јован или Марко.
  14. Ви помага кога никој друг не сака да биде во ваша близина. Вашата мајка ги бришеше вашите повраќаници кога бевте бебе, ги менуваше вашите пелени, ги чистеше вашите рани кога ќе се повредевте, лежеше покрај вас на болница, ги трпеше вашите тинејџерски хистерии и сè уште е ваше прибежиште во најлошите моменти. Мајките се покрај нас не само во среќните, туку и буквално во најлошите моменти.
  15. Се грижи за вас како никоја друга личност на светот. Да, можеби ги превртувавте очите кога мајка ви ви ги прислушуваше телефонските разговори или изигруваше детектив прашувајќи ве каде ќе одите вечер, но факт е дека таа премногу се грижи за вас.
  16. Не постои друга личност пред која можете толку слободно да озборувате и да се истушите кога сте лути. Мајките се најдобрите стражари кога се во прашање тајните на нивните деца.
  17. Секогаш ви кажува која облека ви стои убаво, а која… не баш. Па се разбира, таа е вашата омилена шопинг пријателка. Особено кога ви го купува фустанот што ви се допаѓа.
  18. Само таа ви кажала да заборавите на амбициите да станете пејачка зашто ужасно пеете или доктор зашто косата ви се крева кога ќе видите туѓа крв.Секогаш е искрена со вас, бидејќи искреноста е одлика на вистинските пријателки.
  19. Мајка ви знае многу повеќе за вашето здравје отколку што знаете вие самите.Таа е личноста која ви се јавува уште пред да ги земете резултатите од испитувањата на крвта, која со ноќи бдее над вас кога имате температура и е првата личност која ќе ве посети на болница откако ќе се породите, прашувајќи ги докторите за сите детали. Таа е во тек со вашата здравствена состојба, а вие сте благодарни што ја имате покрај себе.
  20. Стои покрај вас дури и кога знае дека не сте во право. Никој не смее да ја допре мајкината ќерка“. Иако лекциите се различни кога сте насамо, пред луѓе таа ќе пушти орлови нокти за да ве заштити.
  21. Можете да зборувате со неа за сè, апсолутно за сè. И понекогаш минувате часови во разговори буквално за ништо.
  22. Често ве потсетува дека сте најубавата личност на светот. Постои ли некој кој може побрзо да ви ја зголеми самодовербата од мајка ви? Таа ве сака токму онакви какви што сте, со сите ваши маани и недостатоци и не пропушта ниту една прилика да ви го каже тоа.
  23. Таа е ваш партнер во секое „злосторство“. Секогаш можете да сметате на нејзината поддршка, а тоа ви дава храброст дури и кога знаете дека сте оплескале. Да, таа е лицето кое ве заштитуваше пред тато и кое лажеше дека сте болни пред професорот (се разбира со закана дека нема да го направи тоа повторно).
  24. Врската меѓу вас станува посилна и посилна со секоја измината година. Како и почитта. И љубовта. Таа секој ден станува сè поблиска со вас и не можете да си го замислите животот без неа. Очекувајте вистинска кулминација откако и самите ќе станете родител. Никогаш нема да бидете престари за да имате потреба од вашата мајка.
  25. Едноставно, таа ве разбира.

ВИДЕО – СЈАЕН ТРИК: Еве како да одвртите завртка без клуч

Sraf-PS-600x405

Дури ни најдобриот мајстор не може секогаш да заврши некоја работа дома, без вистинскиот алат.

 

Oва особено би ви создало главоболки во случај да треба итно да промените гума на велосипед.

Но, постои трик, кој може да ви помогне да одвртите завртка без вистинскиот  број на клуч.

Неверојатно!

 

Ова  не само што штеди време, туку штеди и трпение.

A.Г.

Родители, подгответе го вашето дете за првиот училиштен ден

Се наближува 1 септември – датумот кој за децата означува крај на безгрижната летна забава и почеток на учебната година. Ако вашето дете е во школска возраст и веќе неколку години е ученик, подготовките за големиот ден сигурно ви станале рутински, па нема се соочите ниту со најмала паника.

 

deca-1

Запомнете, вашето дете многу потешко ќе се справи со предизвикот без ваша помош, бидејќи седнувањето во училишните клупи е огромна промена за него. За успешно да го подготвите вашето дете за првиот училиштен ден, и самите вие треба да направите мало истражување. Дознајте кои ќе бидат неговите активности за време на часовите, научете кога започнува и завршува училиштниот ден, испланирајте како ќе се храни, а потоа известете го за деталите. Колку подетално ќе го информирате, толку помал ќе биде неговиот страв.

Еве што можете да направите за да го претворите почетокот на образованието на вашето дете во позитивно искуство:

  • Прилагодете му го распоредот за спиење на смените на училиште. Многу деца имаат лоша навика да си легнуваат доцна навечер и да стануваат доцна наутро, понекогаш дури и напладне. Но, со доаѓањето на првиот училиштен ден, тие навики треба да исчезнат. Ваша задача е да го привикнете детето на новиот распоред на спиење, барем една седмица пред да го слушне првото училишно ѕвонче. Така утринското будење нема да му предизвикува дополнителен стрес.
  • Посетете го училиштето заедно. Запознајте го вашето најмило со училишната средина каде ќе минува голем дел од своето време. Прошетајте се до училиштето, обиколете го училиштниот двор и доколку е можно, однесете го да ја посети својата училница. Така ќе се чувствува порелаксирано на првиот училиштен ден, затоа што ќе биде на познат терен. Во најдобар случај би требало предвреме да ја запознае и својата учителка за да се чувствува посигурно.
  • Смирено објаснете му што ќе се случува првиот ден. Кажете му дека првиот ден ќе запознае многу другарчиња и дека ќе треба да се претстави пред нив. Дајте му до знаење дека учителката ќе му помогне ако нешто му е потребно, а дека вие ќе го чекате пред училиштето кога ќе излезе од него. Цело време кажувајте позитивни зборови, затоа што ако вие зборувате за училиштето како за нешто возбудливо, и вашето дете ќе го мисли истото.
  • Читајте му книги или текстови за деца во кои е опишан првиот училиштен ден. Изберете книги каде секоја училишна активност е опишана на позитивен начин или најдете емисии во кои омилениот лик од цртаните за првпат оди во училиште и е среќен поради тоа. Искористете ја вашата креативност.
  • Убедете го дека и на училиште ќе може да прави дел од своите омилени активности и дека ќе се забавува. Размислете кои активности му се омилени на вашето дете (дружење, боење, цртање, сечење и лепење на сликички, читање приказни) и објаснете му дека истите ќе ги прави и во школските клупи. Така кај него ќе создадете позитивни очекувања.
  • Укажете му дека секогаш може да ѝ се обрати за помош на учителката. На тој начин вие ќе му влеете сигурност, особено ако тоа претходно ја запознало. Вашето најмило ќе знае дека има некој во училницата на кого може да му верува, па ќе се чувствува порелаксирано.
  • Научете го како да склопува пријателства. Вежбајте со него употреба на социјалните вештини. Колку повеќе пријатели ќе стекне вашето најмило во училишните клупи првиот училиштен ден, толку поголем ќе биде неговиот ентузијазам кога ќе се упатува кон училиштето следниот ден.
  • Посочете му со кои други деца ќе оди на училиште. Ако сте во можност, поканете ги идните соученици на вашето дете во вашиот дом и дајте им можност да се запознаат подобро.
  • Купете го заедно потребниот училиштен прибор, но гледајте тој да му биде забавен. За време на купувањето, одете заедно и дозволете му тоа само да си ги избере потребните предмети за на училиште. Веројатно ќе си избере тетратки, пенкала, моливи и гуми за бришење со ликови од омилените филмови. На тој начин кај детето ќе создадете желба да ги искористи истите и ќе му изградите позитивни очекувања.
  • Ако вашето дете знае да пишува, нека си ги потпише своите тетратки.Доколку вашето дете умее да си го напише името, неколку дена пред стартот на учебната година дајте му да ги потпише сите тетратки.
  • Научете го на основните училишни правила. Кажете му дека треба да одржува тишина сè додека учителката не му каже дека може да зборува, дека со подигање на раката треба да побара дозвола за одење во тоалет или за зборување, дека треба да биде пријателски настроено кон останатите деца итн.

Разорен земјотрес во Италија остави само урнатини – има загинати

1 (1)

Најмалку шест луѓе загинаа во земјотрес што го погоди утрово централниот дел од Италија. Во земјотресот урнати се голем број куќи, јавуваат локални медиуми.

Епицентарот бил близу градот Норча во областа Умбрија, на длабочина од 10 километри. Потресот се случил во 3:36 часот по локално време.

Најсилно погодени се местата Акумоли, Аматриче, Поста и Арката дел Тронто, соопшти Лука Кари, претставник на противпожарна бригада, и додаде дека службата веќе испратила хеликоптери да ги проценат штетите. Изворите велат дека најгусто населените подрачја не се меѓу најпогодените.

Градоначалникот на гратчето Аматриче, Серџо Пироци изјави дека штетите се огромни.

– Половина град го нема, изјави тој за РАИ.