дома блог страница 5186

Со оддавање почит кон великанот на прилепскиот ракомет Миле Нешкоски, започна меморијалниот турнир во негово име

_DSC5658Markukule

Во чест на прерано починатиот великан на прилепскиот ракомет, Миле Нешкоски, годинава по втор пат се организира меморијалниот турнир во ракомет кој го носи неговото име.

Денеска со оддавање на почит и положување на цвеќе на спомен плочата пред неговиот втор дом, Универзалната сала  во Прилеп, градоначалникот на општина Прилеп, ракометните работници, неговите клубски колеги, неговите најблиски и ракометната  ѕвезда Наумче Мојсовски, се присетија на убавите моменти поминати заедно и на неговиот учинок за прилепскиот и македонскиот ракомет.

Неговиот лик присутните го опишаа пред се како одличен спортист, кој умеел во многу спортови, дете на чаршијата, добар човек кој успеал да се докаже на многу полиња и кој целиот живот го посветил на развојот на ракометот.

Меморијалниот турнир “Миле Нешкоски” се одржува втора година по ред, а оваа година ќе се натпреваруваат 6 клубови, поделени во 2 групи. Освен домаќинот РК Прилеп, на турнирот учевствуваат уште екипите на: Пролет, Пелистер, Борец, Охрид  и Еурофарм Работник.

[Best_Wordpress_Gallery id=”347″ gal_title=”TurnirMileNeskoski”]

Благодарение на поддршката од Локалната самоуправа на општина Прилеп, се очекува турнирот во иднина да расте и да премине во едно значајно натпреварување, што ќе биде предизвик за многу клубови, во и надовор од државата.

Турнирот ќе се одвива во наредните 4 дена, а започнува со вечерашните два натпревари Еурофарм Работник – Охрид од 17 часот, а  од 19 часот играат домаќинот РК Прилеп и Пролет Тинекс.

Влезот за натпреварите е бесплатен!

 

A.Г.

 

Куче по трет пат стана градоначалник

Screenshot_11-27-640x395

Дјук е најпознат политичар во Америка. Тој е три пати со ред избран за градоначалник во област од Минесота.

На гласањето одржано за време на викендот ова десет годишно куче за трет пат е избрано за градоначалник. “Сите гласаа за Дјук, само еден глас и припадна на неговата девојка Леси” – изјави неговиот сопственик. Како градоначалник, Дјук се појавува на три билборди на автопат, промовираќи ја областа во која е избран. Иако улогата на Дјук за некој е неразбирлива и невообичаена, ова не е прв пат животно да биде поставено на некоја државна функција. Градоначалници биле две кучиња, мачка, крава и козата Клеј Хенри III која пие пиво.

Се уредува речното корито на градската река во Прилеп

_MG_1084

Во моментот активно се се работи на изградба на минор корито во горниот дел на прилепска река во должина од 400 метри.
„Овој проект е дел од првата фаза на реконструкцијата на канализационата мрежа и во зависност од расположливиите средства ќе се направи речно корито од 400 до 700 метри во горниот дел на реката, посочи Сашо Николоски, директор на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп.
Градоначалникот Марјан Ристески упати голема благодарност до ЕУ и Владата на РМ за издвоените средства за реализација на овој проект.

_MG_1076

„Овој проект чини триста илјади евра, а со реконструкцијата на минор коритото ќе се намали и донесувањето на поголеми количини на талог и на земја од горниот дел на реката кои можат да направат проблеми во градската река, посочи градоначалникот Ристески.
Општина Прилеп преку тендер, има избрано фирма која во моментот работи на средување на долниот дел т.е на потегот од „Димо Наредникот“ до Сточниот пазар во должина од неколку километри и со реализација на наредните фази ќе се добие комплетно уредување на коритото на градската река.

_MG_1145

_MG_1174

_MG_1088

_MG_1110

_MG_1116

_MG_1120

_MG_1140

Еден од најголемите празници: Значењето на Успение на Пресвета Богородица

2 (1)

Православната Црква на 28 август го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и Нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Небозрачната светлина со која сјае Нејзиниот лик го осветлува и овој празник, на кој човекот веднаш сфаќа дека смртта е всушност чин на животот. Црквата никогаш во смртта на Богомајката не почувствувала страв, ниту ужас, ниту жалост и надгробно ридање, туку секогаш една блескава воскресна радост.
Хеортологијата ни дава податоци дека во почетокот се славел само еден сеопшт Богородичен празник, кој доаѓал веднаш после Божик (денес тоа би бил празникот „Собор на Пресвета Богородица“, втор ден Божик), и кој веројатно опфаќал повеќе важни настани поврзани со Пречистата Богородица. Од овој празник посветен на Богомајката подоцна се издвоил празникот Успение. Имено, најпрвин во Ерусалим и во палестинските манастири започнал секоја година да се слави тој општ празник на Богородица, што се гледа од еден Панигирик од 530 год., во кој се вели дека денот на Богородица низ палестинските манастири се прославува со голема свеченост. Но, овој Панигирик не ни дава податоци кога се слави овој спомен и дали воопшто се славел споменот на Успението на Богомајката или само годишниот општ спомен. Од еден стар ерменски Лекционар, пак, дознаваме дека „15 август е денот на Марија Богородица“. Но, и овој документ не ни дава податок дали се славело Успението или општиот годишен празник. Дури подоцна, во VI односно VII век празникот Успение Богородично конечно се издвоил, и започнал да се празнува на 15 август, најпрвин во старата црква во Гетсиманија посветена на Успението на Богородица, подигната за време на царот Маркијан (В век).
Воведувањето на празникот Успение на Пресвета Богородица во Византија, му се45079.п.јпг припишува на царот Маврикиј (VI – VII век), а веројатно во знак на победата која тој на 15 август, по застапништвото на Божјата Мајка, ја извојувал над Персијците. Можно е дотогаш овој празник да имал само локален карактер. За време на владеењето на овој цар во Византиската престолнина Цариград имало многу цркви посветени на Пресвета Богородица, така што во месец август се празнувале повеќе нејзини спомени. Веќе во VIII век овој празник е насекаде раширен и утврден, зашто од овој период имаме не само беседи (првата беседа е напишана во VII век од Модест, патријарх Ерусалимски), туку и химни, стихири пропишани за богослужението на самиот празник. Нив ги пишувале св. Андреј Критски, св. Козма, св. Јован Дамаскин, св. Герман Патријарх Цариградски, св. Теофан Исповедник, царот Лав Мудри и др.
Св. Јован Дамаскин во своите беседи, повикувајќи се на Евтимиевата историја ги произнесува сите елементи од преданието за Успението на Пресвета Богородица, кое започнало да се обликува уште многу рано, а се развивало напоредно со историскиот развој на празникот. Тој раскажува дека царицата Пулхерија, жената на царот Маркијан (В век), во Цариград подигнала неколку цркви посветени на Мајката Божја, меѓу кои била и Влахернската црква, каде таа, не знаејќи, имала намера да ги положи земните останки на Богородица. За таа цел му се обратила на Ерусалимскиот патријарх Јувеналиј, кој во одговорот на царицата ѝ напишал: „Макар што во Светото Писмо нема ништо за Успението на Богородица, сепак, од древното и вистинито предание примивме, дека во време на Нејзиното Успение, во Ерусалим се собраа апостолите од целиот свет, каде што ангелите ја опеваа Пречистата Богомајка, Која својата душа Му ја предаде на Бога, а богоприемното тело со ангелски и архангелски песни беше положено во гробот во Гетсиманија. На тоа место се слушаше ангелско пеење три дена, после што престана. Тука беа сите апостоли, освен Тома, кој дојде после три дена и сакаше да се поклони на телото на Пресвета Богородица; гробот го отворија, но никаде не можеа да го најдат Нејзиното тело, само Нејзината погребна плаштаница, од која се ширеше благоухан мирис. Апостолите заклучија дека Господ го вознел Нејзиното тело на небесата“. Наместо телото, патријархот Јувеналиј ѝ ја испратил на Пулхерија погребната плаштаница, која таа ја положила во Влахернската црква.
За особеностите на празникот црпиме податоци од светото Предание, кое ни зборува за една древна традиција поврзана со Гетсиманската крипта во која се наоѓа гробот на Пресвета Богородица. Тука празникот Успение се слави со особена свеченост. Имено, во Ерусалимскиот метох на Гетсиманскиот манастир се чува Плаштаница на која е насликано Успението на Богородица. Оваа Плаштаница, утрото на 12 август со свечена литија се пренесува од Ерусалим во Гетсиманија (во спомен на пренесувањето на Пречистото Богородично тело од Сион во Гетсиманија), во камениот Богородичен гроб и таму останува сѐ до одданието на празникот, кога повторно со свечена литија се враќа назад во метохот на Гетсиманскиот манастир во Ерусалим.
Инаку, онаа древна служба на празникот Успение, која во многу наликува на службата од Велика Сабота и која се практикува во Гетсиманската крипта на гробот на Пресвета Богородица не е пропишана во Типикот, но сепак, во последниот век таа започна да се шири и во другите православни центри. Во нашата земја, пак, Бигорскиот манастир прв ја воведе оваа прекрасна традиција, а од таму, во последниве неколку години, таа се пренесе и во други наши храмови. На оваа раскошна и умилителна утрена богослужба е предвидено пеењето на трите статии пред раскошно украсен цветен епитаф, односно пред во него положената Плаштаница, на која е насликано Богородичното Успение. Се пеат и Воскресните тропари „Ангелски собор“, прилагодени за Богородица, а после „Големото Славословие“ со епитафот се прави литија околу храмот.
Нашето лично учество во празникот
Црквата е како мајчинска утроба, која нѐ раѓа, храни, созрева и соединува со Бога, преку нашето учество во светите Таинства, во богослуженијата, а и преку благодатното застапништво на Пресветата Богородица во чијашто девствена утроба, пак, се извршило соединувањето на Бога со човекот. Таа Го носела Христа, Го родила и ни Го дала нам, учествувајќи со тоа во Тајната на Божјиот Домострој за спасението на родот човечки. Поради тоа сите празници посветени на Богомајката имаат и христолошки и сотириолошки карактер.
Овој настан – Успение на Пресвета Богородица – кој се случил пред речиси две илјади години, уште еднаш ни пренесува една таква спасоносна порака. Денес, Црквата гледајќи ја иконата на Успението на Преславната Богомајка, всушност го гледа нејзиното воскресение, вечната нејзина живост. „Ние ја гледаме смртта и тоа што се случило за време на таа смрт: не разделба, туку соединување; не жалост, туку радост и конечно, не смрт, туку живот“: „И после Рождеството – Дева и по смртта – жива“, се пее во Успенскиот тропар. Нашето лично учество во празникот настапува во оној миг кога молитвено стоиме пред преблагиот лик на Богомајката, кој ни објавува дека животот ја победи смртта, дека за човекот умирањето е влез во животот, дека над сѐ што постои се зацарува радост и љубов. Затоа, иако навидум е противречно заради поводот, ние – Црквата – на овој празник воскликнуваме: „На бесмртното Твое Успение се собравме…“, сакајќи со тоа да ја искажеме нашата блескава, воскресна радост. Ние непрестајно сме поткрепувани со Нејзината благодатна помош, таа никогаш не се одвојува од нас: „По Успението светот не си го оставила“. Како топла Застапница и Мајка на сите земнородни, Таа нежно ги излева своите благослови врз нас, ни ја објавува небесната утеха, грижејќи се за нашето исправување, за просветление на умот и срцето, и укрепување на нашата волја за извршување на добри дела.
„Ете, тоа е она што го празнуваме на денот на Успението на Пречистата Богомајка, претчувствувајќи, предвкусувајќи и исповедајќи ја зората на таинствениот ден, кој веќе почнува да зазорува“.

Огромен руски авион со хуманитарна помош за поплавените слетува на Александар Велики

1 (1)

Владата на Руската Федерација испраќа хуманитарна помош во Република Македонија, наменета за справување со последиците од поплавата која се случи во Скопје и Скопскиот регион на 6-7 август оваа година, а исто така и за засилување на капацитетите на служби за кризно реагирање на Република Македонија.

Хуманитарната помош ќе биде доставена со специјалниот авион на Министерството на Руската Федерација за цивилна одбрана, вонредни состојби и отстранување на последиците од елементарни непогоди кој на аеродромор Александар Велики ќе слета утре во 15:35 часот.

Авионот „Ил-76“ ќе достави во Скопје мобилни дизелни и бензиски генератори со моќност од 5 до 120 kW, специјални пумпи и пумпена опрема, ќебиња, конзерви од риба и месо.

Во Албанија има вкупно 46 села со чисто етничко Македонско население

1

Дебарско – Голо Брдско (север и југозападно од Дебар, наречен Дрим – Колски дел) со 22 села населени со македонци. Врница,Мало Острени,Големо Острени, Вичишта, Миреши, Владимерица, Ѓиновец, Студна, Забзун, Борово, Клење Којовец, Лешничани, Радоешта, Себишт, Стеблево, Требиште, Смолник, Тучепи. И помеѓу Маќелара и Пешкупеја има 3 Македонски села Горна Крчиште, Долна Крчиште и Ербеле.

Горија (североно – источно од Корча до Билишта и Трстеник на албанска и Грчка граница во правец на Костур) 1 село .Во Егејскот дел во Албанија има едно села Врник.

Мала Преспа (на југ од Преспанското Езеро) 9 села. Во Мала Преспа се следните села Туминец, Горна Горица, Долна Горица, Глобочани, Шулин, Пустец, Леска, Зрноско и Церје.

Гора (северно – источно од Кукс) 9 села Оршек, Цернолево, Борје, Оргоста, Запод, Кошаришта, Ново Село, Оруша, Пашиѓа.

Освен селата Македонците ги има и концетрирани и во нај големите градови во Република Албанија. Во Тирана првите миграци на Македонците од Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Река, Струшко – Охриско се од првата светска војна 1915-1917 година. Потоа 1923,1929,1939 и нај големата миграција од етничките региони кон по големите градови е во периодот 1949 до 1960 година. Иста ситуациај е и во другите по големи градови, Елбасан, Драч, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Либражд, Валона, Фиер, Патос. Македонците во Тирана се концетрирани претежно во седум региони на градот.

Извор: Пустец

Една од најопасните змии во светот се појави на Балканот – граѓаните во паника

Оваа ретка и опасна змија се појавила во селото Винарце кај Косовска Митровица.

zmija (1)

Се работи за африкански вајпер, кој се смета за една од најотровните змии во светот.

Од неговиот отров годишно умираат околу 20.000 луѓе во Африка. Станува збор за исклучително опасно суштество, затоа што во нејзините жлезди има доволно отров да во секое време усмрти пет возрасни мажи.

Се населува во сите области во Африка и е на самиот врв на листата на змии кои имаат најбрз угриз.

Позната е и како многу агресивна отровница.

Одложување на стартот на учебната година во Македонија?

12 (1)

Во Дојран и во Гевгелија, но и во подрачјата кои беа зафатени со поплавата од 6 август, сè повеќе се зборува дека учениците годинава подоцна ќе тргнат на училиште, односно дека наставата ќе почне на 15 септември.

Причините се најразлични, од топлото време во јужните краеви, до лошите услови кои ги остави поплавата во Скопскиот и во Тетовскиот Регион.
Но, од Министерството за образование и наука велат дека учебната година ќе започне на 1 септември.
“До овој момент до Министерството за образование и наука од страна на споменатите локални самоуправи не е доставена иницијатива за пролонгирање на учебната година, која согласно законската регулатива, по правило започнува на 1 септември, а завршува на 31 август наредната година”, велат од Министерството

Минатата година и здружението на хотелиери побара одложување на стартот на учебната година за да се овозможи подолга туристичка сезона, но Министерството го одби овој предлог

Некогаш беше на врвот на естрадата – денес нема пари да си ги плати сметките

11 (1)

Некогаш беше на врвот на естрадата, а денес нема пари да си ги плати сметките за вода и струја. Познатата српска пејачка Данијела Враниќ денеска живее на просјачки стап.

Освен што Данјиела не може да собере пари за нови песни, исто така си има проблем и со извршители кои деноноќно и тропаат на вратата. Таа била толку очајна, што морала да побегне кај своите родители.

– Два дена се криеше кај родителите, не можеше да го поднесе тоа што извршители и тропаат на вратата. Ситуацијата навистина и е тешка, вели извор близок до српската пејачка и додава дека таа е во депресија.

Инаку, Данијела во минатото беше една од најпопуларните пејачки во Србија, со бројни тезги и хитови.

Покана за учество на “КРАЛИ МАРКО ТРЕИЛС 2016”

6344-pokana-za-ucestvo-na-krali-marko-treils-2016-960x600-1

Веќе шеста година по ред Прилеп и неговата околина ќе бидат домаќини на првиот и најголем интернационален настан во планинско трчање во Македонија – Крали Марко Треилс – По Стапките на Крали Марко. Настанот претставува комбинација од неколку трки во треил трчање (трчање во планина) и планинарење кои се одвиваат на Марковите Кули, планината Бабуна и околните прилепски ридови со различни должини.
Крали Марко Треилс претставува уникатен спортско-рекреативен настан со голема традиција и карактер на кој може да учествува буквално секој. Оваа година на репертоарот ќе има три трки со различни должини и висински разлики – погодни за сите нивоа на спремност како и една детска трка – наменета за најмладата спортска надеж и иднина на планинските спортови.
Најдолгата од трките – Крали Марко Ултра Треил ќе биде со должина од 90 километри со што настанот ќе биде првиот во Македонија и меѓу ретките на Балканот од ваков тип.

ПРОГРАМА НА НАСТАНОТ
Сабота 24.09.2016
• 09:00-12:00 – делење на стартни пакети (16/31/90)
• 18:00 – 20:00 – делење на стартни пакети (16/31/90)
• — слободни активности –
• 18:00 – отварање на ЕКСПО во Варош
• 19:00 – Технички состанок
• 20:00 – Паста Парти
• 23:00 – Старт на трката на 90 км – Крали Марко Ултра Треил
Недела 25.09.2016
• 07:00-09:00 – делење на стартни пакети (16/31/детска трка)
• 09:30 – старт на детската трка – Маркукуле
• 10:00 – старт на трките на 16 и 31км – Трескавец и Камена Баба Треил
• 16:00 – затварање на трката на 16 км
• 18:00 – затварање на трката на 31 км
• 19:00 – прогласување на победниците на сите трки и дочекување на последните финишери на КМУТ
• 21:00 – затварање на трката на 90км

Поволности и дополнителни активности:

*Бесплатен превоз за 80 тркачи (кои имаат потреба) од трките Трескавец Треил 16км и Камена
Баба Треил 31км на релација Скопје Прилеп Скопје на денот од трката 25.09.2016 (деталите
ќе бидат објавени во септември). Пријавувањето за превозот оди заедно со пријавувањето за
трките ( www.smartrace.club ) и станува валидно со уплатена котизација.

**Секој учесник на овогодинашното издание на КМТ во стартниот пакет ќе добие ваучер за 50%
попуст на тандем летање со параглајдер од Трескавец заедно со клубот „Скајрајдерс” од Прилеп. Летањето ќе може да го направат сите заинтересирани кои претходно ќе се најават на соодвентиот контакт (обезбеден од организаторот), а попустот ќе може да го подигнат со приложување на ваучерот (цената изнесува 1500 денари од лет). Тандем летовите ќе може да се направат во текот на двата натпреварувачки денови 2425.09.2016 година, со претходна најава.

Кој може да учествува?

Иако КМТ претставува настан со натпреварувачки карактер во планинско трчање, на него може да земат учество секој што е заинтерсиран за минување на еден убав активен ден во природа.
На пократките трки Трексавец Треил 16км и Камена Баба Треил 31км може слободно да учестува секој што има желба да планинари, да направи убава долга прошетка и едноставно да биде дел од уникатен спортски настан од европски калибар. Временските лимити на овие две трки се така поставени, да може секој учесник да ги исполни.

Ултрамаратонската трка Крали
Марко Ултра Треил 90км, пак, претставува сериозен спортски
потфат на кои може да се нафатат само најспремните и најхрабрите.
Трката за најмладите, Маркукуле Треил ќе биде целосно бесплатна и на неа ќе може да
учествуваат сите заинтересирани деца со претходна согласност од своите
родители/старатели.

ПРИЈАВУВАЊЕТО ТРАЕ ДО 31.08.2016 ИСТОТО
ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ НА ИНТЕРНЕТ деталите
се објавени тука http://goo.gl/cAYBzz
ОТВОРЕНА Е И ПРИЈАВА ЗА ВОЛОНТЕРИ ДОКОЛКУ ИМА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА
ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ТРКАТА ПРИЈАВУВАЊЕ
ТУКА http://goo.gl/JWhHC7