дома блог страница 5185

Баба наоѓала љубовници преку оглас, ги дрогирала и ги ограбувала

Пензионерка беше изведена пред суд во Полска под обвинение дека ги дрогирала и ги ограбувала осамените врсници преку љубовни огласи, пишува „Би-Би-Си“.

 

dedovci

Осумдесетгодишната бабичка ставала таблети за спиење во храната на 79-годишниот старец и додека тој спиел му ги украла сите пари и скапоцености.

Претходно истата жена девет пати била осудена за кражба и за измама.

Лозарите и винарите се договорија околу откупните цени и начинот на плаќање на грозјето

1 (1)

Лозарите и винарите се договорија околу цената на винското грозје со посредство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Остануваат ланските цени, или 11 денари за смедеревка и 13 денари за кратошија.

Ова вчеравечер на прес-конференција во Неготино го соопштија претставници на Министерството, лозарите и винарите, но и на локалната власт, во присуство на лозари и винари.

Заменик – министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, појасни пред присутните лозари и винари дека пакетот работи кои се договорени опфаќаат и измена на законот за вино и нормално спроведување на активности од надлежноста на земјоделскиот инспекторат.

– Да се врати старото решение за отплата на рок од шест месеци. Но, во закон ќе биде внесено 20 проценти од грозјето да биде платено по откупот и тоа до 15 декември. Доколку не се почитува тој договор, за винарите ќе има казна од десет проценти. Следната исплата е предвидена да биде до 15 февруари и тоа 40 проценти од вредноста на количината на откупено грозје. Последната рата да биде до крајот на април кога треба да бидат исплатени уште 40 проценти од грозјето, рече Костадиновски.

Доколку не се почитуваат тие рокови, посочи, договоривме со винариите да има 10 отсто пенали кои треба тие да ги плаќаат.

– Исто така договорено е оној кој ќе договори откуп на количина грозје со винариите, доколку сака исплата веднаш во рок од 7 дена по извршениот откуп, да му биде исплатено грозјето со осум проценти намалување од договорената цена, нагласи Костадиновски.

Тој изрази надеж дека беспрекорно ќе започне овогодишната берба, иако во некои региони таа веќе е почната.

– Сите страни претходно имавме неколку пати средби во изминатиот период во Министерството. Главна тема што не преокупира сега и нас како Влада и Министерството, Државниот инспекторат за земјоделие, е да се организира гроздобер на задоволство на двете страни. Најголем дел од винското грозје се произведува во Тиквешијата и откупот на грозјето е многу важен за егзистенцијата, а има и други реони на лозаропроизводство. Бев вклучен во преговорите заедно со министерот и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, градоначалниците и претставниците на лозарите и винарите, рече Костадиновски.

Посочи дека имало неколку предлози коишто ќе значат надминување на состојбата во која се наоѓаат винариите.

– Ние како претставници на централната власт и на локалната сме тука за да ставиме до знаење дека ќе се почитува тоа што е договорено меѓу двете страни, додаде Костадиновски.

Љупчо Аризанов, претседател на Регионалниот Сојуз на лозари Агротиквешија, истакна дека по долготрајните преговори коишто ги имаале оваа година, дошло до компромис.

-Сметам дека лозарите треба да бидат задоволни поради тоа што ги задржавме минатогодишните цени. Нека ни е среќна бербата 2016 година, рече Аризанов и повика Министерството за земојделство во краток временски интервал да го реши проблемот со целокупната количина на грозје која ја поседуваат лозарите индивидуалци и фирмите кои се на нивниот терен.

ФОТО: Ким Кардашиан ги покажа облините

kim-karadshian

Реалити ѕвездата Ким Кардашиан ја среди линијата, отпатува во Мексико и реши секој ден да ја шокира јавноста со провокативни изданија.

Кога стан ува збор за Ким ништо не е невообичаено и чудно. Но овој пат замина до крај и целосно ги покажа своите голи гради.

kim2

kim3

kim4

Започна Интернационалниот Џез-викенд во Прилеп

22

Вчера вечер на летната сцена на Центарот за културата „Марко Цепенков, започна јубилејното петто издание на Интернационалниот Џез-викенд во Прилеп. Фестивалот го презентира музичкото творештво во светот на џезот пред прилепската публика со основна идеја за поинаков урбан Прилеп и заложби за следење на вистинските светски културни вредности.

24

20

21

23

Манифестацијата се отвори со Биг бендот на МРТВ, кои предизвикаа вистински овации кај публиката и фри џез составот Хашима од Србија.
„Хасхима“ е белградски состав, кој соединува повеќе поранешни музички искуства и прави музика, која стилски е тешко да се категоризира. Како инспирација го издвојуваат Вејн Шортер, Василије Мокрањац, Игор Стравински, како и рок и фолк музиката. Поетиката ја црпат од европскиот уметнички филм и книжевност, кои сублимно се преплетуваат со ткивото на авторската музика и и даваат програмски карактер.

28

29

30

Вечерва, настапуваат Dine Doneff”s Lost _Anthropology од Грција кој е активен на грчката музичка сцена од раните 80-ти, потоа следува експерименталниот состав „Chui“ од Загреб, а во off програмата со својот сет ќе не носи популарниот DJ Костадин Шурбановски – Шурбе. .
Џез-викендот е во организација на локалната самоуправа, а е дел од циклусот насловен „Сезонски фестивал“.

ЗАПОЧНА СО РАБОТА ДОБИТОЧНИОТ ПАЗАР ВО КРИВОГАШТАНИ

1-стп-702x336

По пауза од три месеци oдново продолжи со работа добиточниот пазар во општина Кривогаштани. Агенцијата за храна и ветеринарство конечно ја укина забраната на продажба на добиток, откако во земјава се појави болеста јазлеста кожа и беше забранета продажбата на добиток на целата територија на Република Македонија.

Сточарите од Кривогаштани, но и од целиот регион, излегоа во голем број на добиточниот пазар, кој е еден од поголемите вакви пазари во овој дел на државава. Од ЈП „Пелагонија“, под чија надлежност е пазарот упатуваат апел до сточарите сите животни кои се носат на пазарот да ги имаат потребните документи, во спротивно тие нема да бидат пуштени внатре.

„Да ги известам сите граѓани кои поседуваат добиток дека кога станува збор за добиточниот пазар важат истите правила и прописи како и пред забраната. Секое животно кое се носи на пазарот мора да има ушна маркица, мора да има пасош за идентификација и мора да има издадено здравствено уверение од надлежното ветеринарно друштво, односно матичното ветеринарно друштво кое ја одржува здравствената состојба на добитокот. Без тие документи на сточнмиот пазар нема да биде дозволен влез на животно“, изјави Благоја Христоски, директор на ЈП Пелагонија – Кривогаштани.

Според ветеринарите спроведувањето на заштитните мерки како и вакцинацијата на добитокот, дадени од препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство, вродиле со плод.

„Во овој регион, кој го покриваме, немавме појава на болеста јазлеста кожа, додека во општина Прилеп беше регистрирана оваа појава. Со оглед на наредбите и решенијата кои ги добиваме од Агенцијата за храна и ветеринарство беше спроведена акција на вакцинација против болеста јазлеста кожа, таа акција беше доста успешно спроведена и мислам дека се постигна голем ефект од заштита на ширење од таа болест. Покрај вакцинациијата се спроведоа и другите мерки како дезинфекција и дезинсекција на објектите превентивно, а онаму каде се појави болеста се уништуваа и самите заболени грла на добиток“, Жарко Михајлоски, ветеринар.

33

НОВИОТ СТОЧЕН ПАЗАР

Инаку Кривогаштани го изгради најсовремениот добиточен пазар во Македонија кој се очекува офиицијално со работа да биде пуштен наредната среда на 31 август. Се чека само уште официјалното одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Инаку според големината ова е еден од трите најголеми сточни пазари во Македонија. Се простира на површина од околу 6.000 метри квадратни, а во состав на пазарот има пасошка контрола и дигитална вага. Вкупната инвестиција е некаде околу 16 милиони денари. Со изградбата на сточниот пазар се очекува значително да се подобри и економијата во овој крај затоа што најголемиот дел од нашето население се занимава со земјоделство и сточарство. Тука доаѓаат сточари од цела Македонија, па дури и од Албанија, со новиот модерен пазар очекуваме тој број значително да се зголеми. Веднаш до овој сточен пазар наскоро ќе започнеме со изградба и на комплено нов зелен пазар, кој ќе чини околу 100.000 евра. Зелениот пазар ќе биде исто така опремен според сите европски стандарди за продажба на ваков тип на производи, а освен за зеленчук и овошје се планира и еден затворен дел кој ќе биде наменет за продажба на млеко, млечни производи и сирење. Покрај сточниот пазар, тоа ќе биде уште еден објект во нашата општина кој значително ќе придонесе за развој на економијата. Со изградбата на овие два пазари очекуваме тука да доаѓаат купувачи од сите околни општини“, изјави Тони Заткоски, градоначалниик на Кривогаштани.

44

 

 

 

ВИДЕО: Ова момче и неговите браќа преминуваат четири планини и две реки за да стигнат до училиштето

reki-planini

Додека другите деца одат со автобус или автомобил на училиште, десетгодишниот Рубен и неговите браќа пешки патуваат два часа, преминуваќи четири планини и две реки за да стигнат до училиштето.

Секој ден им е нов предизвик, но никогаш не помислиле да се откажат.

Рубен сака да стане полицаец или војник за да ја заштити својата фамилија.

ВИДЕО: ОВА ЌЕ ВЕ ЗАМИСЛИ: Мотивациононен говор на едно дете

dete-govor

Марлон Смит е момче од Јамајка чии силни мотивациски пораки се проширија низ целиот свет. Иако во главно се за вежбање и фитнес, применливи се секаде. Марлон има повеќе од 50 000 обожаватели на инстаграм.

Советите најпрво му ги давал на брат му и на неговиот пријател, но откако се приклучил на социјалните мрежи, популарноста му се зголемила. Освен на инстраграм, активен е и на јутјуб каде што ги објавува своите мотивациски видеа.

ФОТО: Заев со Балистите навиваше за Шкендија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва со фотографија од трибините се пофали дека навива за Шкендија. Секако, Заев мора да нагласи дека секогаш е за успех на Македонија.

zaev1

Шкендија загуби 4:0, па успехот и не е некој голем. Но тоа што повеќе загрижува е кого тоа Шкендија го претставува?

Дури и Заев не напиша дали се наоѓа на стадионот Филип Втори или на Адем Јашари, како што и Шкендија и Балистите ја нарекуваат арената во Скопје.

adem

Заев не искоментира ниту дали заедно со неговите „пријателчиња“ скандирал за Голема Албанија? И дали не му пречело што навива и ја бодри Шкендија под знамето на крвникот Џемо Хаса?

adem2

Дали и сега треба да очекуваме фотографии од Заев со кренати два прста, или со знамиња, амблеми и други ознаки на Голема Албанија? Впрочем тоа и нема да биде изненадување од Заев, по неговото бесчуствително однесување минатата година во Куманово и за време на митингот во Скопје.

b1

На трибините се случи и тепачка меѓу навивачите во која има и повредени. Се известува дека за време на целиот натпревар Балистите провоцирале со познатата кореографија и сценографија со знамиња на Голема Албанија и УЧК.

b7

b6

b5

b2

Технолошко чудо: Такси возила без возачи се движат низ Сингапур

hhhh

Самонаведувачки такси возила на малку позната компанија почнаа со пробно возење во Сингапур, јави Би-Би-Си.

Возилата кои сами управуваат веќе некое време се хит во автомобилската индустрија благодарение на технолошките компании како Гугл или Убер кој најави автономни такси возила и во Питсбург.

Во Сингапур такво такси без возач покрена американската компанија Њуутономи и засега возењето е бесплатно.

Иако такси возилата сами се наведуваат, во возилото сепак ќе има возач за да надгледува како работи новата технологија.

Њутономи е нова компанија со седиште во САД која развива софтвер за таков вид возила. Ја основале двајца истражувачи во 2013 година од универзитетот МИТ.

Њутономи не произведува автомобили и користи мали електрични модели на Рено и Мицубиши. Во пробното возење учествуваат шест автомобили опремени со систем од ласери и камери што овозможува возење без возач. За пробата е одреден мал дел од градот со површина од 4 квадратни километри, далеку од центарот.

ВИДЕО: Група од Казахстан пее песна од Мирослав Илиќ – ќе ве погодат во срце!

Група уметници од Казахстан на отворањето на споменикот на казахстанскиот  поет Замбил Забајев испеаја популарна песна од Мирослав Илиќ.

 

1

Висока делегација од Казахстан на чело со претседателот Нурсултан Назарбајев, престојува во пријателска посета на Белград.

Во духот на добрите односи помеѓу двете земји и со желба да се покажат во добро светло пред домаќините, казахстанските уметници приредија вистински спектакл и ја испеаја песната „Луцкаста си ти“ од Мирослав Илиќ.