дома блог страница 5184

Општина Прилеп врачи нови решенија за легализација

Во собраниската сала на Општина Прилеп, денеска беа доделени нови 100 решенија со кои локалните геодетски фирми и Секторот за урбанизам при Општина Прилеп го потврдија завршувањето на процесот на утврдување на имотно правната сопственост на недвижен имот.

legalizacija-prilep-640x427

Градоначалникот, Марјан Ристески при доделувањето на решенијата за диво изградени објекти истакна дека паралелно со физичките лица, решенија за легализација им се доделуваат и на правни субјекти, за легализирање на диво изградени деловни простории и погони.

-Ваквото темпо на легализација во Прилеп резултира на добрата соработка со Агенцијата за катастар и недвижности и геодетските служби, посочи тој во својата изјава.

Досега, бројот на легализирани објекти изнесува над 8.500, со што официјалните информации говорат дека Прилеп и понатаму останува на првото место на ниво на Држава по легализирани објекти.

legalizacija-prilep1-640x427

legalizacija-prilep2-640x427

Прилеп домаќин на Поштенски маратон 2016

На 9-ти октомври Градот Прилеп втора година по ред ќе биде домаќин на меѓународниот Поштенскиот маратон, кој е под покровителство на „Македонска пошта АД“ и Општина Прилеп.

postenskimaraton

Како што информираат организаторите денеска на прес-конференција годинешните трки ќе бидат организирани во четири различни категории: од пет километри, 21 км. полумаратон, 42 км. маратон и детска трка од еден километар

– Поштенскиот маратон претставува вклучување на „Македонска пошта“ во меѓународното одбележување на Поштенскиот ден „9 Октомври“. Со него сакаме да ја подигнеме јавната свест за здравиот начин на живот како и за популаризирање на маратонското трчање и поштенската дејност кај нас, велат организаторите.

Пријавувањето на сите заинтересирани тркачи ќе се врши на веб страната на маратонот www.postalmarathon.com од денеска до 20 септември, а стартнината изнесува 300 денари за натпреварувачи во полумаратонска и 600 денари за натпреварувачи во маратонска трка. И оваа година за најуспешните маратонци, организаторот обезбеди вредни награди чијшто фонд изнесува 5.200 евра. Најдобрите во маратон во машка и женска категорија ќе добијат по 800 евра додека во полумаратон наградата ќе изнесува по 500 евра.

Организаторите информираат дека годинешната целокупна стартнина уплатена од страна на учесниците да биде донирана на фондот за помош на поплавените подрачја во Македонија, со што „Македонска пошта“ и целокупната заедница на тркачи на долги стази се вклучува во хуманитарните активности насочени кон ублажување на последиците од катастрофалната поплава која зафати неколку подрачја во Македонија.

Македонскиот маратонец Александар Кираџиевски истакна дека првиот Поштенскиот маратон е предизвик за маратонците бидејќи, како што рече, патеката е брановидна и е многу интересна. Тој ги повика сите заинтересирани за таков предизвик да се пријават и да учествуваат на трката во Прилеп.

Еден месец пред одржувањето на маратонот официјални претставници на најголемата асоцијација за маратони во светот, „Асоцијацијата на интернационални маратони и трки на далечина“ ќе ја сертифицираат патеката на Поштенскиот маратон, по што тој ќе биде и нејзин официјален член. Со ова Поштенскиот маратон ќе биде поставен на листата на светски познатите маратони и ќе привлече маратонци од целиот свет.

 

ФОТО – Прилепската убавица се закити со нова титула на интернационален избор за Мис

14067435_1678622409124673_1311019024498712103_n

На  интернационалниот избор “Мiss Freedom of the world”, кој се одржа од 8-ми до 18-ти во Призрен, Косово, прилепчанката Викторија Луческа се закити со титулата “Mис прес”.

На изборот учевствувале 12 девојки од: Грција, Португалија, Намбија, Црна Гора, САД, Канада, Јапонија, Алжир, Косово, Албанија, Германија и Македонија.

Убавата Вики одново заблескала и ги придобила симпатиите на жири комисијата, при што освои нова Мис титула за кратко време. Претходно на 15-јули, се закити со титулата “Мис елеганција” на натпреварувањето “Мис Адриатик” во Хрватска.

14054088_1679884932331754_4176272130077026579_n

13925195_1671950679791846_1120905645716564369_n

ТВИНГОМАНИЈА – добитна за еден Прилепчанец

Инстант лотаријата „ТВИНГОМАНИЈА“ на Државна лотарија на  Македонија,  изнуди насмевка на уште  еден добитник од Прилеп.

 

1

Менде Шутески секој ден купувал најразлични 7 инстант лозови: Детелинка, Твингоманија , Среќни Тркала и  Среќни коцки од своето среќно место лоцирано во Прилеп. Последната седмица зпочнал да гребе само од инстант лозот ТВИНГОМАНИЈА.

Петокот бил негов среќен ден . Купил 7 лоза  ТВИНГОМАНИЈА и  среќата му се насмевнала  во моментот кога ги здогледал трите заштитни знаци на RENAULT.  Сфатил дека ќе добие  нов автомобил, РЕНО ТВИНГО, кој и самиот го посакувал за себе.

Денес  тимот на Државна лотарија на Македонија му ги предаде клучевите во Прилеп во присуство на верни играчи на игрите на среќа, кои во моментот беа на продажното место на Државна лотарија.

2

Од тука Менде замина со својот нов автомобил.

Само за потсетување инстант лотаријата ТВИНГОМАНИЈА нуди 40 добивки РЕНО ТВИНГО, па затоа не пропуштајте ја шансата за само 40 денари да возите нов автомобил.

ЗА ДОБРО!

Државна лотарија на Македонија

Не пропуштајте ја оваа глетка: Водопад што извира од небото (Видео)

Сите дела на овој уметник се вртат околу неговите најдраги елементи, светло и вода.

 

vodopad-od-neboto

Версајскиот дворец во Франција е место каде што од 2008 година се изложуваат делата на Олафур Елаисон, така што, покрај тоа што посетителите можат да уживаат во магијата на палатата, можат и да се препуштат на посебните изложби. Оваа година данскиот уметник изградил водопад над езерото во паркот кој изгледа како да извира од небото.

Неговите дела се изложени во различни делови на дворецот. Над езерото во паркот се наоѓа овој необичен водопад, додека внатрешноста на палатата е украсена со светлосна инсталација.

Авторот истакнува дека за изложбата избрал серија просторни интервенции, игри, огледала и светла, а во парковите користи магла и вода за да го зголеми чувството на трансформација.

КОЈ Е ЏЕМО ХАСА: Балист кој ѕверски ликвидирал и измачувал партизани низ Македонија

Лидерот на СДСМ Зоран Заев очигледно најсреќно се чувствува онаму каде се понижува Македонија. На Заев се чини воопшто не му се пречи негирањето на Македонија. Додека на неколку метри од него се вееја знамиња на УЧК, карти на голема Албанија, како и знамето со ликот на балистот, убиец на партизаните, Џемо Хаса, Зоран Заев си се смешкал и “навивал” за Македонија.

skendija_-_02

На арената „Филип Втори“ вчеравечер се вееше знаме со ликот на Џемо Хаса (Џемаил Хасани), а кое го закачија симпатизерите на ФК Шкендија за време на вчерашниот дуел со белгиски Гент. Потегот на навивачите не нè зачудува, со оглед дека самите се нарекуваат „балисти“, а Хасани е лидерот на балистичкото движење во западните делови на Македонија во периодот на Втората светска војна, пишува порталот Телеграф.

Сепак, зачудува фактот што лидерот на опозицијата, иако е јасно со каква сценографија се користат навивачите на ФК Шкендија, реши да седне рамо до рамо со „балистите“ на „Филип Втори“, додека на неколку метри од него се вееја знамиња на УЧК, карти на голема Албанија, како и знамето со ликот на балистот, убиец на партизаните, Џемо Хаса.

Целосната сторија за тоа кој е Џемо Хаса прочитајте ја ТУКА.

 

 

Проклетство или случајност: Секој што го имал овој број на телефон во последните 10 години е мртов!

Постои проколнат број на телефон! Не верувате? Секој што го имал во последните 10 години завршил мртов!

 

mobilen-telefon-640x350

Мобилните оператори пред неколку години го укинаа бројот на телефонот 0888 888 888 откако секоја личност која го имаше тој број во последните десет години заврши мртва, пишува „Дејли мејл“.

Првиот сопственик Владимир Грашнов бил еден од извршните директори на бугарската мобилна компанија кога одненадеж умрел од рак на 48 годишна возраст.

Бројот потоа преминал во сопственост на бугарскиот тајкун Константин Димитров, кој беше убиен во 2003 година во Холандија. Димитров имаше 31 година, а убиството му беше припишано на рускиот ривал.

„Проколнатиот број“ на телефеон потоа преминува во сопственост на бизнисменот Константин Дишлиев кој беше убиен пред индискиот ресторан во Софија во 2005 година. Дишлиев бил смртно погоден токму во моментот додека разговарал на телефон.

По неговото убиство, полицијата откри некакви сомнителни зделки со дрога, па бројот на телефонот бил укинат додека траела полициската истрага.

Сепак, ако сега се обидете да се јавите на +359 888 888 888 (како што гласи бројот доколку се јавувате од странство) операторот ќе ви соопшти дека тој е „надвор од функција“.

Официјалните лица на мобилната компанија не сакаат да го коментираат овој случај, но потврдија дека „малерозниот број“ е исклучен на неопределено време.

Ждрепката за Лигата на шампионите наместена: Роберто Карлос направи хаос (ВИДЕО)

2

Ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите, веќе скоро секоја година буди сомнение.

После тоа што се случи вечерва во Монако, овие приказни добиваат нова димензија. Главен кривец за тоа е бразилскиот мајстор за слободни удари Роберто Карлос.

Имено, тој извлекувајќи го топчето со името на клубот направи нешто незабележано досега. Тој го зема топчето, а потоа го пушти и зема ново, што никако не би смеел да го направи.

Уефа сеуште е без реакција за ова.

Спречен атентат врз Ангела Меркел

Чешката полиција уапсила вооружен маж кој се обидел да влезе во колоната со возила во која што била Ангела Меркел, а како што пренесува британски „Мирор“ голема била веројатноста дека бил спречен атентат врз германската канцеларка.

 

merkel-1

„Мирор“ пренесува дека уапсениот маж возел црн „мерцедес“ и во еден момент со својот автомобил се обидел да се инфилтрира меѓу автомобилската придружба на германската канцеларка која што била во официјална посета на чешката престолнина Прага.

Локални полициски службеници откриле дека човекот бил уапсен под сомнение дека планирал да изврши злосторство „против високи функционери“, а случајот сега бил во рацете на детективите од полицијата во Прага.

Чудотворен лек за кој се вели дека лечи од рак и леукемија

Рудолф Бреус осмисли метод од 42 дена исхрана ограничена само на сокови од органско произведен зеленчук. Неговиот метод, како што вели тој, излечил 45.000 луѓе од рак и леукемија.

 

sok-od-cveklo

Ова е неговиот рецепт: цвекло (55%), моркови (20%), корен од целер (20%), компир (3%) и црвена ротквица (2%).

Се пие само кога на организмот му треба течност, не наеднаш.

При консумирањето важен е и престој на отворено шетање.

Во текот на овие 42 дена гладување од ткивото се исфрлаат сите загадувачи кои се внесени со храна и пијалак.