дома блог страница 5176

Васко Ефтов со своја длабока анализа за натпреварот на Шкендија и навивачот Зоран Заев

Натпреварот од последното квалификациско коло за влез во Лигата на Европа, што Шкендија го играше на националната арена “Филип Втори”, против белгиски Гент, не беше впечатлив само по четирите гола што ги прими Шкендија, туку и по новопечениот навивач, Зоран Заев.

Се крена голема бука, а осудите за неговото навивање стигнаа од сите страни, особено што на арената вечерта осамнаа националистички симболи на Голема Албанија, на албански џелади, што убивале партизани  и уште многу други омаловажувања на македонскиот народ и држава.

Новинарот Васко Ефтов на својата фан страна на Фејсбук, направи своја длабока анализа од која може да се прочита од каде потекнува ваквата блискост на лидерот на опозицијата Зоран Заев со раководството на Шкендија и на што се должи неговата наклонетост кон Албанците.

111

111111

 

 

Заврши прилепското културно лето – ГАЛЕРИЈА

_MG_1972

Вчера вечер, во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ вo Прилеп се одржа концерт на пијано на кој се претставија учениците од класата на проф. Христина Никоска од ООМУ „Ордан Михајлоски – Oцка“.

На пијано настапија: Лена Калеска, Стефанија Котеска, Катерина Николоска, Матеја Блажеска, Климент Тавчиоски, Елена Дамеска, Марија Котеска, Давид Аљакоски, Исидора Ангелеска, Емануел Петрески, Михаела Ристеска, Марија Котеска и Арсениј Ангелески, кои изведоа композиции од: П. И. Чајковски, В. А. Моцарт, Л. В. Бетовен, Т. Зографски, Ф. Бургмилер, Џ. Филд, А. Качатуријан и др.

[Best_Wordpress_Gallery id=”353″ gal_title=”KulturnoLetoKraj”]

Настанот е во рамките на манифестацијата Прилепското културно лето, што ја организира ЦК „Марко Цепенков“ која завршува со овој концерт.

 

Се чисти и уредува коритото на градска река во Прилеп

_MG_1847

Локалната самоуправа врши чистење на речното корито на градската река во централното градско подрачје на потегот од мостот „Димо Нареднико“ па се до излезот на градот.

„Со чистење на коритото на градската река ќе се намали и донесувањето на поголеми количини на талог и на земја од долниот дел на реката кои можат да направат проблеми во градската река“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

„Во моментот се чистат повеќе од 20 метри кубни нанос на речното корито во централното градско подрачје со што ќе се овозможи поголем проток на речното корито, ослободување на атмосверските канали кои се лоцирани на улицата „Димо Нареднико“, кракот на ул. „Алекснадар Македонски“ и колективните згради, кои со децении биле затрупани и правеа проблем, посочи Илија Карески раководител на Секторот за урбанизам.

_MG_1905 _MG_1853 _MG_1856 _MG_1859

Со ваквите заложби Општина Прилеп ќе го реши деценискиот проблем во градот Прилеп и со реализација на наредните фази, се очекува да бидат исчистени 300 метри во должина, со што ќе се добие комплетно уредување на коритото на градската река.

_MG_1923

Презгодна: Прилепчанката Елена Велевска е секси мајка на три преслатки деца (ФОТО)

И после три родени деца, прилепчанката Елена Велевска сеуште изгледа како тинејџерка.

1212121

Фолк ѕвездата Елена Велевска ги заслужува сите пофалби за упорноста и вниманието кое го посветува  на својот изглед.

Секогаш во топ форма и покрај тоа што роди три деца, прилепчанката секогаш изгледа како топ модел и претставува бомбастична појава.

11111

 

 

Како до повеќе следбеници на Инстаграм: Ова се тајните

Инстаграм се претвори во многу повеќе од алатка за споделување со пријателите каде сте и колку ви е убаво.

 

1

Инстаграм се претвори во алатка од која некои живеат многу удобно.
Веќе има и „златни правила“ наметнати токму од тие кои се „офајдија“ од фотографиите на Инстаграм.

Станете мајстор на хаштазите

Употребувајте ги популарните хаштази: #tagsfotlikes, #l4l (Like for like), #tagforlikes and #followback

Правете квалитетни фотографии и користете филтри

За квантитет потребен е квалитет. Интересно е дека особено привлечен е филтерот Mayfair.

Споделувајте помеѓу 14 до 17 часот

Ова време според истражувањата е „најжешко“ на Инстаграм и најголем број на луѓе ја користат во оваа временска рамка.

Споделувате во недела

Исто така истражувањата покажале дека недела е најпосетен ден.

Лидерите пред одлука – избори на 11 декември?

liderska-klub-na-pratenici5 (1)

На лидерска средба претседателите на четирите најголеми политички партии денеска ќе одлучуваат дали се исполнети условите за одржување на изборите на 11 декември.
Согласно договорот, единствен неисполнет услов останува формирањето на ад хок телото за медиуми, кое може да стави рампа на патот до изборното соочување. Четирите членови на комисијата денеска на пладне ќе направат последен обид да најдат заедничко решение за да им овозможат на партиските лидери, час и половина подоцна во клубот на пратениците да констатираат дека нема пречки за да се закаже соочувањето со граѓаните.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се зависи од СДСМ и од тоа дали партијата конечно ќе се охрабри и ќе им даде шанса на граѓаните да одлучуваат и да и стават крај на кризата.
Од СДСМ пак велат дека се оптимисти и дека не очекуваат ад хок телото за медиуми да биде пречка за договор.
И во ДУИ сметаат дека изборите треба да се одржат пред почетокто на зимата и да и се стави крај на кризата.
Доколку лидерите дадат зелено светло за ново изборно соочување, тогаш на денешната средба се очекува да бидат договорени и персоналните решенија за новата техничка владата, како и партискиот уредник кој СДСМ треба да го именува во македонската телевизија.

Голема акција на македонското МВР – полицијата апсеше цела ноќ

Голема полициска акција се одвивала во текот на ноќта на повеќе локации во Македонија.

 

policija-13

Како што дознава Press24, акцијата која полицијата ја водела под оперативното име „Брана“ била насочена кон наркодилери.

Неофицијално, уапсени се повеќе лица и запленета е поголема количина дрога.

Од МВР потврдуваат дека се спроведувала полициска акција но не откриваат повеќе детали во моментов. Нив ги најавуваат во текот на денот.

ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Ова видео од Крушево го маѓепса интернетот ширум светот

12121

Шпанскиот параглајдерист Феликс Родригес, кој бил учeсник на четиринаесеттиот Европски шампионат во параглајдерство, што се одржа во Крушево, направил одлична промоција на Македонија како туристичка дестинација.

Не е потребно многу, само добар момент на инспирација и ќе се долови целата убавина на оваа наша мала балканска убавица.

Видеото со брзина на светлината се прошири низ светските медиуми и изнуди милиони воздишки.

Погледнете:

А.Г.

ВИДЕО – Дечкиве ќе ве изнасмеат: Се бањаат пред други луѓе во јавност

111

Боки и Едо, нашите пранкери снимија ново видео. Дечките кои минатиот пат ја тестираа чесноста на случајните минувачи, прашувајќи ги дали им паднале пари, овој пат на уште пооргинален начин ја засмејуваат јавноста.

Новиот предизвик кој си го поставија можете да го погледнете во видеото кое следи:

Следете го нивниот канал на Јутјуб и станете претплатници со стегање на копчето ‘subscribe’.

A.Г.

ЗА ПРВ ПАТ СИТЕ ДЕТАЛИ: Како Југославија правела атомска бомба !

Tito-e1397599468395-600x364

Југославија работела на развојот на атомско оружје од завршувањето на Втора светска војна, се до завршувањето на Студената војна и распаѓањето на државата.

Имало заблуди, наивност, дури и претерана самодоверба, но идеата никогаш  целосно не била напуштена, открива Марко Миљковиќ прв историчар на југословенските простори кој се занимавал со истражување на југословенската нуклеарна програма и процесот на настанување на атомска бомба во Југославија.

Југославија би произвела атомска бомба доколку Тито не ја стопирал целата операција. Тоа го направил во моментот кога државата имала доволно количество на уран да направи две-три помали бомби  и да го започне процесот на производство на нуклеарно оружје. Во тој  момент само 11 држави во светот можеле да си го дозволат тоа.

На просторите на поранешна Југославија многу се пишуваше за атомската бомба на Тито  и тоа со многу сензационализми но малку  вистински информации. Пишувале многу новинари, научници и офицери на југословенската армија.

“Југославија работела на изработка на атомска бомба од крајот на Втора светска војна се до крајот на Студената војна”.

Биле испратени агенти во Америка со куфери полни со пари како би набавиле Гајгер-Милерови бројачи. Кога првите бројачи биле набавени се правеле испитувања на појави на природна радиоактивност на недостапни места во целата држава.

Бомбата била идеа на Тито. Од сенка го следел целиот процес на нејзиното производство. Наводно Крадељ некогаш изјавил :” Мора да имаме атомска  бомба  па макар тоа да не чини половина од нашиот годишен доход”, што говори за решеноста да се спроведе идеата на дело.

Тешко би било да се замисли дека одлуката за прозиводство на атомска бомба во Југославија би ја донел било кој друг освен Тито. Во држава која тогаш се хранела со бонови, во која владеел глад за време на 50тите години, одлуката да се започне со производство на  атомско оружје не била темелена на реалните можности и потреби.