дома блог страница 5175

На последниот ден од преодниот рок Победа ангажира 3 засилувања

14139076_10210420184324899_1344606278_o

На неколку часа пред завршувањето на преодниот рок екипата на Победа ангажира 3 засилувања. Попладневниот тренинг со екипата веќе го одработи екс играчот на Тетекс, Цементарница и Напредок-24 годишниот Филип Најдовски, кој настапува на позициите десен бек и заден везен.

Доцна попладне Победа плати обештетување и обезбедена е исписницата, по што нема пречки од утре со црвено – белиот табор повторно да биде доскорешниот играч на Пелистер Бурхан Мустафов. 21-годишниот играч за врска го носеше дресот на Победа во сезоната 2013/2014, а станува збор за еден од најталентираните млади македонски фудбалери за што зборува и податокот дека беше стандарден член на репрезентацијата до 21-година.

14218214_10210420184284898_2145830854_n

Последна аквизиција е прилепчанецот Бојан Спиркоски кој со Победа е од првиот ден на подготовките. Ги одработи во целост и веќе од утре ќе може да конкурира за место во тимот. 21-годишниот Спиркоски по настапите за 11 Октомври кариерата ја продолжи во Чешка, каде го носеше дресот на младиот тим на прволигашот Јихлава.

14182179_10210420184244897_1816442057_n

Лидерите одлучија: Исполнети се сите услови – избори на 11 декември

ewvgaerhatrj-640x416

Исполнети се сите услови за организирање на изботите на 11 декември. Ваква одлука донесоа лидерите на четирите најголеми  политички партии по седумчасовна расправа во Клубот на пратениците. Во овој момент се очекува официјално да биде ставен потпис на документот со кој се потврдува дека е реализирано се што беше договорено на 20 јули. Во петок на собраниска седница ќе биде избрана новата Влада за спорведување на изборите, а во сабота МРТВ треба да добие нов главен и одговорен уредник.

Што предвиде Нострадамус за оваа година?

Големиот француски пророк Мишел де Нострадам, попознат како Нострадамус, предвидел многу работи за кои се верува дека ќе се случат еден ден.

nostradamus

Се смета дека тој го предвидел стапнувањето на Месечината, подемот на Хитлер, убиството на Кенедиеви… а еве што прогнозирал за 2016 година.

Обама ќе биде последен претседател на САД
Нострадамус ја предвидел победата на Обама на изборите 2013 година, но рекол дека тој ќе биде последен претседател на САД. Дали тоа значи дека дошло време за опаѓање на моќта на САД? Која земја следна ќе биде најмоќна? Кина? Русија? Северна Кореја? Останува да видиме.

Необични временски прилики
Во своите записи Нострадамус пишува дека климата се` повеќе ќе се менува во се` пократок рок. „Водата ќе надоаѓа, а земјата ќе тоне“, гласи неговиот заис.

Необичен распоред на планетите
И распоредот на планетите оваа година ќе се измени, и тоа, според неговите зборови, ќе предизвикаат големи и трагични последици на Земјата.

Блискиот исток гори
Предвидувањето на Нострадамус за 2016 година вели дека нафтата на Заливските земји на Блискиот исток ќе биде запалена.

Експлозии на Блискиот исток
Многу експлозии ќе се случат на Блискиот исток, а Нострадамус тврди дека авиони ќе паѓаат од небото.

Крај на светот
Како што наведува пророкот, војната во Ирак ќе биде првиот сигнал дека светот каков што го познаваме наскоро ќе исчезне. Но, досега имало толку многу предвидувања за крај на светот, што не знаеме дали да веруваме и во ова.

Игри во Белата куќа
Тој наведува дека Белата куќа игра воени игри, и дека има план за уништување на светот, а дека тој план започнува од Блискиот исток.

Топење на половите
Едно од најдраматичните пророштва на Нострадамус, со најголема шанса за исполнување – можеби не оваа година, но според научниците, ова е реална можност.

Судбината на Израел
Ерусалим ќе биде опколен од сите страни, а „една западна сила“ (веројатно Америка) ќе му помогне на Израел во борбата.

Русија е миротворец
Доколку Русија не се обедини со Европа и западните земји во текот на наредната голема војна, тогаш таа ќе игра улога на миротворец, тврди Нострадамус.

 

ВИДЕО: ТОЈ Е ВИСТИНСКИОТ ТАРЗАН: Живеел 40 години во џунгла, јадел глувци и никогаш не видел жена!

Screenshot_1-109-640x377

Хо Ван Ланг живеел 41 година среќно и здраво во виетнамската џунгла, немаќи претстава за модерниот свет. Пред три години овој човек е изваден  од џунглата во која немал контакт со други луѓе.

Неговиот татко е воен ветеран кој пребегал во џунглата за време на бомбардирањето  на американците.

Цело време верувал дека војната сеуште трае, па неговиот син Ланг четири децении го одгледувал во џунглата. Трагале по храна, се занимавале со лов и живееле во куќарка на дрво, повлекуваќи се длабоко во џунглата како што се ширеле селата.

Приказните за необичниот тандем се ширеле на далеку па на тој начин луѓето се заинтересирале да ги пронајдат.

Погледнете како Ланг реагира на првата средба со цивилизацијата !

ЧОВЕКОТ КОЈ НЕМАЛ ГРАНИЦИ: Никола Тесла и теориите за вселената!

Teslathinker

Пред повеќе од 100 години, Никола Тесла ги откри технологиите кои ние до ден денес неможеме да ги разбереме. Во доцните 1800ти, Никола Тесла зборувал за анти гравитациски технологии, летечки чинии кои се напојуваат со специфични “Тесла намотки” и етер.

“Разработив динамична теорија за гравитацијата, во сите детали, се надевам дека ќе му ја предадам на светот за скоро време”

Голем дел од работите што ги гледаме околу нас денес: електрична енергија, радио, дронови, радари и голем број други пронајдоци, се резултат на “мозокот” на Тесла.

Никола Тесла е човек кој е отсутен од книгите по историја, но е одговорен за сите технологии во кои денес уживаме.

Но истражувањата на Тесла заминале зад стандардните технологии. Всушност, Тесла регистрирал фасцинантен патент во 1928  година.

Патентот со број 1.655.144, претставувал летечка машина кој чудно личела и на авион  и на хеликоптер.

Пред неговата смрт, Тесла открил дека ја нарекол “Вселенско летало” или анти-електромагнетно поле на погонски систем.

 

Клучот на долговечноста: И на 97 години оваа бабичка е активен планинар

Учителка во пензија и член на планинарскиот клуб „Железничар“ од Србија Јелена Минарди(97) од Ниш неодамна учествуваше во традиционалното искачувањето на врвот Црноок кај Босилеград, а планира на крајот на септември за земе учество и во искачувањето на врвот Остра Чука покрај Сокобања.

super-babicka

Јелена има 97 години , а со планинарење се занимава веќе шест децении и има учествувано на повеќе од 100 планинарски акции. Покрај Мон Блан освоила бројни врвови ширум Европа и бившите југословенски држави.

-Го засакав планинарењето додека работев во школото за извидници. Се чувствувам свежо додека сум на планина. На отворено човек се чувствува прекрасно, животот му се продолжува , секој поход го продолжува животот за една година, вели Јелена.

За да биде во добра кондиција , таа секојдневно пешачи најмалку еден час и им порачува на сите дека поминувањето на време во природа и физичката активност се клучот за долговечност.

-Младите треба да поминуваат време на планина наместо да седат во кафулињата, советува Јелена.

Јелена вели дека ќе учествува во планинарските акции се додека ја држат нозете.

 

Полициска бркотница на регионалниот пат Градско-Прилеп уапсени 18 лица

policijayeti7

Вчера околу 23:00 часот кај село Удово полициски службеници дале знак за запирање на автомобил „Форд Галакси“ со скопски регистарски ознаки.

Лицето кое го управувало не застанало и се упатило кон Неготино.

Полициски службеници направиле уште еден обид да го сопрат возилото кај тунелите во Демир Капија, но возачот повторно не застанал и продолжил со движење кон Градско, каде со возилото се исклучило од автопатот и се упатило по регионалниот пат Градско-Прилеп.

Кај село Дебреиште лицето го запрело возилото и заедно со совозачот се дале во бегство.

Набргу потоа полициски службеници го пронашле возачот без документи за идентификација.

По негово кажување, се работи за А.В. (19) од село Арачиново, скопско.

Во возилото биле пронајдени 17 лица – мигранти од Авганистан. Во 23:30 часот возачот и мигрантите се приведени и задржани во Полициската станица Кавадарци.

Против лицето е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

 

KРУШЕВО БУДНО: Локалниот младински совет на Општина Крушево организира забава

1

Младите во Крушево прават забава на која сите се поканети. Забава која обединува и здружува.

„Музиката обединува, музиката им помага на младите да го пронајдат своето место во светот на љубовта и соживотот.
Затоа, од особена чест ни е да ве известиме дека на ден 10.09.2016 година, во градскиот парк, со почеток од 21 часот, Локалниот Младински Совет од Општина Крушево организира локална младинска забава насловена како „Крушево будно“.“

На оваа забава ќе им биде оставена можност на младите крушевчани слободно да го изразат својот музички дух,  немислејќи на поделеноста која ја налага ова време.

Да им покажеме на возрасните дека младите го движат светот! Ние го сакаме Крушево, а вие?“  – истакнуваат членовите на Локалниот младински совет, кој функционира во рамките на Советот на Општина Крушево.

ВИДЕО ОД АПСЕЊЕТО НА НАРКОДИЛЕРИТЕ ВО ПОЛИЦИСКАТА АКЦИЈА,,БРАНА“

Три лица на возраст од 35, 38 и 42 години се сомничат дека организирале мрежа на препродавачи и посредници и ангажирале повеќе лица за пренесување и продавање на дрога и психотропони супстанци, информира Министерството за внатрешни работи. Лицата се откриени при криминалистичко истражување „Брана“, а во рамки на оперативната акција „Мрежа“.

1

– За таа цел тројцата организатори ангажирале повеќе лица од кои двајца се веќе кривично пријавени за понатамошна продажба на марихуана, кокаин и екстази на територијата на Република Македонија, а со цел стекнување на противправна имотна корист. Од стекнатиот приход одреден процент добивале посредниците, но најголем дел го задржувале организаторите – информираат од МВР.

По извршените претреси кај пет лица од кои кај тројцата организатори и двајца посредници пронајдени и одземени се поголем број на предмети и средства за комуникација кои ќе бидат предмет на дополнителни испитувања и вештачења.

– Кај првиот осомничен на возраст од 33 години од Скопје пронајдени се бела полиетиленска кеса со тревкаста растителна материја како и прозирна полиетиленска кеса со растителна материја, воздушна пушка калибар 4.5 милиметри, мобилни телефони како и други предмети. Кај вториот на возраст од 35 години од Свети Николе, пронајдени се 31 шише и туба исполнета темно жолта течност, 16 семки од засега непознато растение, две полиетиленски пакувања со кафена прашкаста материја, мобилни телефони, и други предмети. Кај третото лице исто така од Скопје на возраст од 35 години, пронајдени се 2 полиетиленски кеси од кои едната со растителна материја а другата со бела прашкаста материја, дигитална вага и 49 банкноти во апоени од 1000 денари. Кај уште две лица исто така од Скопје на возраст од 38 и 42 години извршени се претреси при што се пронајдени повеќе мобилни телефони со сим картички како и патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки – соопштија од министерството.

ПОВТОРНО ЖРТВА НА ПРИЛЕПСКИТЕ ПАТИШТА

Вчера наутро во 06.15 часот во МВР било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, возило „ауди А4“ со прилепски регистарски ознаки излетало од коловозот и застанало во канал со вода.

 

soobrakajka-4-640x360

Од извршениот увид и извршениот разговор со сопатникот Ж.Ј. (51) од Прилеп, кој е пренесен и задржан со тешки телесни повреди во Општа болница Прилеп, утврдено е дека незгодата се случила на 29 август меѓу 21.00 до 22.00 часот, а возилото го управувал сега починатиот Д.Н. (34) од Прилеп.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС Прилеп.