дома блог страница 5172

АМДИ БАЈРАМ „РАСПАЛИ“ ВО СОБРАНИЕ: Знаете ли што правите, ја упропастивте Македонија, Господ ќе ве казни за тоа

Време е после 6 месеци да излезам на говорница и да им ја кажам вистината. Шест месеци слушав циркуси разни и само простудирав. Сега, време е да ви кажам СДСМ, што сакате и што барате министри во Владата, пак да ги вратите истите, па кој ве избрка, што си ги дадовте оставките, рече пратеникот Амди Бајрам.

amdii

– Кај го има тоа, се шегував, сега те сакам жено, сега не те сакам, нема тоа, брак е брак, се знае тоа. Ова го има само во Македонија, во овој Парламент го има само тоа. Најдовте па зајдовте. Оваа власт на оваа опозиција и даде многу, шаренило да упропастувате, се да направите во оваа држава, никого не ве пипнавме со еден прст, ве пуштивме да се брукате меѓу народот. Вие нема да добиете, Амди Бајрам што кажал тоа останало. Народот знае колку сте допринеле и што сте направиле, рече Бајрам.

 

ОВА Е ВЛАДАТА ШТО ЌЕ ЈА ВОДИ МАКЕДОНИЈА ДО ИЗБОРИТЕ: Изгласана преодната влада за спроведување на избори!

Собранието на Република Македонија попладнево ја избра преодната Влада која треба да ги спроведе предвремените парламентарни избори на 11 декември.

tehnicka-vlada

Нов министер за вантрешни работи е Оливер Спасовски, а Фросина Ташевска Ременски е министер за труд и социјална политика. За Спасовски гласаа 95 пратеници, а двајца беа против. Ременски, пак, доби поддршка од 94, а против гласаа двајца пратеници.

Пратениците ги избраа и новите допоплнителни заменици министри. Оливер Андоновски ќе биде дополнителен заменик министер за внатрешни работи, Диме Спасов за труд и социјална политика, Кире Наумов за финансии, Александар Кирацовски за информатичко оптество и администрација и Љупчо Николовски за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На почетокот на седницата беа констатирани оставките на досегашните министри за внатрешни работи Оливер Андонов и за труд и социјална политика Диме Спасов.

Премиерот Емил Димитриев, образложувајќи го предлогот за министри, рече дека очекува од сите членови на владата висока посветеност и да работат совесно и одговорно.

– Сите членови на Владата треба да покажат лидерство во насока на помагање на институциите кои се надлежни за спроведување на изборите сметајќи дека крајно време Република Македонија да ги организира овие избори и преку една фер и демократска атмосфера да се избере новата влада, истакна Димитриев.

Тој додаде дека главен фокус на новата влада треба да биде организирање фер и демократски избори кои никој не ќе може да ги оспори и кои ќе претставуваат крај на политичката криза.

– Со поглед на тоа што владата за спроведување на избори и од аспект на надлежностите и од аспект на персоналниот состав претставува прилично комплексен орган, очекувам од сите членови на владата без разлика на нивната политичка припадност, висока посветеност кон овие приоритети и висок државотворен капацитет на сите поединци, потенцира Димитриев. Тој изрази очекување дека министрите и замениците министри во секојдневното работење ќе имаат коректна соработка наместо, како што посочи, конфликти како што имало во изминатиот период со цел да дадат максимум во ресорот кој го водат за да се одржат изборите и да се врати државата во нормален колосек.

Премиерот Димитриев посочи дека во следниот период треба да продолжат и проектите кои се од интерес на граѓаните како што се оние за намалување на невработеноста, отворањето на нови работни места и одржувањето на контактите со потенцијалните инвеститори.

– Можам дека ве информирам дека за краток период ќе имаме многу убави вести на ова поле, рече Димитриев.

Не помалку важно прашање, според Димитриев, е и започнатиот процес на реформи согласно препораките од меѓународните фактори.

– Сметам дека политичката криза во Република Македонија е при самиот крај и убеден сум дека организрањето на изборите и формирањето на нова политичка влада ќе значи нова перспектива за граѓаните во Република Македонија, нагласи Димитриев.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески рече дека предлозите што ги дава опозицијата се нивни влог во обезбедување на слободни, фер и демократски избори.

Тој порача дека изборите мора да бидат фер и демократски и потенцира дека е убеден оти нивните минбистри и заменици министри ќе направат се во претстојните 100 дена максимално да се исполнат сите минимум предвидени услови за изборите.

– Свесен сум дека овој пат којшто треба да се изоди е многу тежок и макотрпен. Знаеме дека во овие 100 дена повторно ќе има нечесни скриени намери, меѓутоа со учеството на нашите министри и дополнителни заменици министри се што ќе биде нечесно, ќе биде разоткриено. Ви тврдам дека на 11 декември во РМ ќе се одржат избори и на нив ќе победи Македонија, не Груевски, туку Република Македонија, рече Сугаревски.

Осврнувајќи се на кризата во државата во последните две години рече дека она што опозицијата го зборувала се потврдило во бомбите и оти Специјалното јавно обвинителство е формирано да ги испита сите сомнежи искажани во т.н. „бомби“.

Во реплика пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ побара конечно во Македонија да се случат избори.

– Дајте конечно да видиме избори во Македонија. Две години правите бај-пасови да ги избегнете изборите. Не се чувствуваме добро кога овој законодавен дом ќе се распушти па повторно треба да се собере. Граѓаните не ги радува тоа, рече Ѓорчев.

Тој му порача на Сугарески дека за еден месец СДСМ ќе има огромни проблеми, бидејќи, како што рече, ќе треба да им каже на општинските организации дека нема добитни места на листите за нив зашто треба да ги даде на ЛДП, Шарената револуција, Мухамед Зекири,….

– Со сета ујдурма што ја направивте ефектот ќе ви биде да ги мотивирате граѓаните да излезат на избори и да ве победиме со повеќе од 250 илјади гласови разлика, рече Ѓорчев.

Неговиот сопартиец Крсто Мукоски рече дека не е никаков проблем ниту изборачкиот список, контролата на медиумите, работењето на СЈО, туку стравот на СДСМ да излезе на избори и да се соочи со народот.

– Се сомневам дека на 11 декември ќе излезете на избори и верувам дека повторно ќе се обидите да ги избегнете. Доколку излезете на избори народот ќе ви покаже дека вашиот аболициран претседател мора да замение во историјата. Ќе гизагубите посилно отколку во 2014 година бидејќи во изминаиот период по секој основ ја рушите државата, рече Мукоски.

Во контра реплика Сугарески порача дека на 11 декември ќе одат на избори за да се казни се што направила власта доега.

– На 11 декември повеќе од сигурно ќе одиме на избори за да не дозволиме да се случува она што се случуваше досега, рече Сугарески.

Реплицирајќи на говорот на Сугарески, пратеникот Амди Бајрам рече дека шест месеци слуша „разни циркуси“ и оти на 11 декември народот ќе ги казни.

– Народот знае за кого гласа и гледа колку сте придонеле кога сет ја воделе државата и и ќе ве казни на 11 декември, рече Бајрам.

Според независната пратеничка Роза Топузовска Каревска, не е исполнет ниту еден од условите што ги барала опозицијата за организирање фер и демократски избори. Топузовска Каревска рече дека не се исполнети барањата за техничка Влада, за одвојување на партијата од државата, за регулација на медиумите и правична застапеност на опозицијата во јавниот сервис, за допрецизирање на изборното законодавство и за прочистување на Избирачкиот список.

Се уште, оцени, нема слобода на медиуми и се уште има самоцензура кај новинарите.

– Избирачкиот список според опзоицијата ќе се прочисти со бришење на 20.000 гласачи од кои не повеќе од пет илјади македонски гласачи. Зарем тоа е прочистен Избирачки список? Јас сум од оние кои не веруваат дека на 11 декември ќе имаме фер и демократски избори затоа што ниту еден од условите што ги бараше опзоицијата не е исполнет, рече Топузовска Каревска, потенцирајќи дека јавноста не знаат што потпишале лидерите но оти се надева дека по 11 декември сликата ќе се промени во интерес на граѓаните на РМ

Реплицирајќи Момчило Аврамовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека се согласува со Топузовска Каревска дека најголем дел од сите услови не претрпеле скоро никакви промени што, според него, јасно покажувало оти целта на опозицијата цело време не била да се создадат услови, туку влада без избори. – Се само за едно, да се влезе во Владата без избори. После денеска се надевам дека на РМ и останува последната фаза во завршување на оваа агонија и криза која ја успори Македонија во сите сфери, а особено во економијата и инвестиците, рече Аврамовски.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ порача дека е битно како политичари да пробаат да ја стабилизираат состојбата во државата и истакна дека е тешко да се успее во тоа затоа што, како што рече, си имаме работа со несериозни луѓе и со несериозна политичка партија која освен со деструкција, рушење, газење, негирање и ширење омраза не прави ништо друго и не успева.

Клучно е, смета Димовски, ден побрзо да се ослободи економија од последиците и грчот од политичка криза. – Проектиравме раст од 4,5 проценти, а имавме раст од 3 проценти, проектиравме поголем раст на извоз, а имавме извоз од 25 проценти, проектиравме многу позабрзано намалување на невработеноста, имаме намалување но не е доволна и онолку колкушто беше возможно, проектиравме поголем број странски инвестици, остваривме одреден број, но недоволно. Сето тоа е последица исклучиво на тешката политичка криза и нестабилност на институциите, рече Димовски.

Трето и битно, додаде, е да обезбедиме услови за фер и демократски избори. – Тука да бидам јасен, апсолутно не мислам дека кои било избори во изминатите две години не биле фер и демократски. Но, сега целта ни е да бидат условите такви за и кога СДСМ на 11 декември вечерта ќе се жали дека не се фер и демократски и најголемите поддржувачи на СДСМ во медиумите да немаат лице и образ да го бранат она што СДСМ официјално ќе го зборува, рече Димовски.

– Сето тоа ќе го издржиме и ќе се справиме со него, се со цел на деструктивни лица кои имаат чудни и сомнителни врски со лица кои се верски радикали да не им дозволиме понатамошна дестабилизација на состојбата во РМ и понатамошно закрвување меѓу граѓаните,…, рече Димовски, кој нагласи и дека на изборниот список нема спорни гласачи во изборните единици каде што ВМРО-ДПМНЕ освојува најмногу пратенички места.

Во реплика Љубомир Јосифовски од НСДП му порача дека во секој говор шири омраза и оти само првите две реченици му се културни.

– На 11 декември ќе има избори и ќе ви се случи народ, рече Јосифовски.

Согласно договорот меѓу лидерите на четирите најголеми парламентарни партии, преодната влада се избира на 110 дена од изборите.

На 100 дена пред изборите, според меѓупартискиот договор, треба да биде назначена и Санта Аргирова за главен и одговорен уредник на МРТВ.

Со консензус беше избран и Љуљзим Хазири како петти член на Привремената комисија за следење на медиумското претставување, која исто така ќе работи до крајот на изборите.

Претходно, беше прочистен и Избирачкиот список од гласачи кои имаа спорни записи.

 

Зошто не треба да јадеме после 19 часот ?

Screenshot_1-3

Лекарите предупредуваат дека не треба да се јаде после 19 часот и објаснуваат зошто касната вечера може да биде опасна по здравјето.

Кардиолозите советуваат дека возрасните луѓе не би требало да јадат после 19 часот или барем 2 часа пред спиење.

Резултатите на спроведеното истражување  на 720 луѓе со просечна старост од 53 години кои имаат проблеми со крвен притисок, покажале дека оние кои јаделе 2 часа пред спиење притисокот им останал висок.

 

Специјалистите сметаат дека причина за тоа е што храната доведува до зголемување на стресот во моментот кога телото треба да почне да се опушта.

Луѓето кои имаат проблеми со крвен притисок се повеќе изложени на срцеви заболувања, а доколку притисокот не им се намали во текот на ноќта ризикот се зголемува. Оние кои имаат навика да јадат касно во ноќта, изложени се три пати повеќе на ризик.

Касните оброци го зголемуваат притисокот кој би требало да се спушти за 10% во текот на ноќта.

ФОТО: Нуркач го собори рекордот на пештерата Врело на Матка !

Спелеолошкиот нуркач Кшиштоф Старнавски од Полска го сруши рекордот на италијанскиот нуркач Луиџи Казати и успеа да се спушти на длабочина од 230 метри во пештерата Врело на Матка. Оваа подвиг на Старнавски траеше 6 часа, а дел од неговата експедиција беа и домашните нуркачи сертифицирани за пешетерско нуркање од нуркачкиот клуб „Акаватек“ и спелео- нуркачкиот клуб „Врело“.

2

– Пештерата Врело е една од најубавите и нејголемите пештери што сум ги видел во животот. Навистина беше вистински предизик да се совлада нејзината внатрешност. Поминавме четири дена нуркајќи и прибирајќи информации за проодноста и проверката на нејзиниот терен за најдлабокото нуркање. Почнавме од 188 метри, по што најдлабоката точка до која дојдовме беше 230 метри. Оттука пуштивме сонда со која измеривме уште други 20 метри во длабочина, по што следува голема кривина која не можевме да ја испитаме на овој начин. Според моите проценки, по оваа кривина сигурно има уште некои 30-тина метри, кои се надевам ќе можеме да ги истражиме во нашата следна експедиција.

Теренот понатаму е многу тесен и полн со кривини, па ќе ни треба повеќе време и поинаква опрема за да го совладаме – вели Старнавски и додава дека е горд на домашните нуркачи кои се покажаа достојни на задачата и му е чест што имал прилика да нурка со професионалци како нив.

3

Во организација и на покана на „Акватек“ и „Врело“, Старнавски неколку денови, заедно со тимот од домашните нуркачи ги правеше подготовките и го проверуваше теренот за подлабоките нуркањата во пешерата Врело, по што во четвртокот го сруши рекордот на Казати, кој во 2010 година се спушти на 212 метри длабочина.

– Задоволни сме од експедицијата и професионалноста на домашните нуркачи, како и од учеството во акцијата и спроведувањето на овој подвиг. Вакви успеси се од огромно значење за Македонија и се надеваме дека следната година ќе успееме да спроведеме уште една ваква експедиција со подлабоко исптражување на пештерата- вели Даниел Атанасовски од нуркачкиот клуб Акватек.

4

Експедицијата имаше за цел да прибере информации од неоткриените делови на подводната пештера, дали постојат нови краци кои се двојат од основната патека и да откријат до каде таа се простира.
– Како што претпоставивме Врело нуди многу можности за истражување и е многу подблабока од што беше познато, факт кој уште еднаш се потврди и со оваа експедиција. Нашите нуркачи се спуштија до 420 метри во хоризонтала односно до 40 метри во длабочина, тоа е максимум кој дозволуваше нашата опрема за нуркање. Нашата помош беше за поставувањето на хабитатот, носење на помошни системи за дишење, демонтирање на целата опрема и слично. Се надеваме дека надлежните институции ќе не поддржат и ќе ни овозможат следната година да организираме уште една експедиција која ќе вроди и повеќе резултати од годинешните- додава Кире Анѓелески, претседател на „Врело“.
Ова не е прв рекорд на Старнавски, кој во 2011 година го собори рекордот кој го држеше Дејвид Шо во нуркање со ребридер и постигна длабочина од 283 метри во Црвеното море, во предел во близина на Дахаб, Египет.

1

 

Навивачите на Шалке 04 испратија помош за настраданите во поплавата

Навивачката група на клубот од Гелзенкирхен УГЕ е збратимена со навивачката група “Комити“ и повеќе од десет години имаат одлични – братски односи. Тие не ги кријат симпатиите кон Вардар, Скопје и Македонија а за тоа сведочи инцидентот со тамошната полиција која сакаше да отстрани македонско знаме од нивната трибина но на крајот мораше да се повлече.

salke1

Ултрасите на германскиот фудбалски клуб “Шалке04” познати како #УГЕ# организирале акција за собирање на облека, постелнина, храна и други корисни предмети за погодените во катастрофалната поплава во Скопје. Во акцијата која траела неколку дена било собрано доволно помош која е распоредена во 400 пакети кои се веќе на пат кон Скопје. Транспортот го плаќаат самите тие, пишува Вечер.

Навивачите на “Шалке04“ и навивачите на “Вардар“ – “Комити“ имаат одлични односи и се т.н. збратимени групи што занчи дека си помагаат на секој можен начин, како на стадионите така и вон нив. Оваа блискост датира пред повеќе од десетина години.

salke2

Во овој период “Комити“ десетина пати беа во Германија кадешто стои рамо до рамо со нив во дерби натпреварите и пресметките со најголемиот ривал “Борусија Дортмунд“, а и германските ултраси ја користат секоја прилика да дојдат во Скопје и да поминат барем неколку дена.

Братските односи ги потенцираат и германските ултраси кои преку кусо соопштение во јавноста ја објаснија својата постапка и порачаа дека се заедно до “Комити“ и во добро и во зло.

salke3

На почетокот на август градот Скопје беше погоден од силно невреме во кое над 20 лица го загубија животот. Во поплавените подрачја ситуацијата беше катастрофална а инфраструктурата уништена. Нашите браќа “Комити“ веднаш излегоа на терен и се вклучија во расчистување на наносите. Тие со свои пари секој ден купуваа храна и вода за настраданите и со денови помагаа на погодените. Како поддршка на нашите пријатели и на луѓето погодени во Скопје, во соработка на “Шалке“, испративме 400 кутии со хуманитарна помош. Станува збор за облека, постелнина и други неопходни материјали за погодените. Се надеваме дека со оваа помош ќе допринесеме колку толку животот да се врати во нормала и ќе им помогнеме на нашите браќа “Комити“. Заедно и во најлошото – Гелзенкирхен Скопје, стои во официјалното соопштение на групата.

Доказ за братскиот однос меѓу германските и скопските навивачи е тешкиот инцидент кој се случи во август 2013 година за време на бараж натпреварот меѓу ” Шалке04“ и грчкиот “ПАОК“.

salke4

Мајка Тереза во недела ќе биде прогласена за светица- Македонија оддава значително внимание на нејзиниот лик и дело

Мајка Тереза, добитничката на Нобеловата награда за мир и една од највлијателните жени на католичката црква, в недела, 19 години по смртта, ќе биде прогласена за светица. Македонија во последните неколку години оддава значително внимание на ликот и делото на Мајка Тереза како лик кој обединува и се направија многу чекори за нејзина популаризација.

 

majka_tereza_1-640x427

Прогласувањето на плоштадот Св. Петар ќе го изврши папата Франциск, а се очекува на тој чин да присуствуваат стотици илјади верници. Мајка Тереза најголемиот дел од животот го помина помагајќи им на сиромашните во Калкута. Таа почина на 5 септември 1997 година, во 87 година од животот. Нобеловата награда за мир ја доби 1979 година, поради нејзината хуманитарна работа.

Родена е на 26 август 1910 како Агнес Гонџа Бојаџиу во Скопје. Името Mајка Tереза го носи од 18-тата година. Во Индија се преселила на 19 години – 1929 година, а во 1946 го основа редот „Мисионерките на милосрдието“ кој сега во над 130 земји обединува 4 500 сестри. Половина век мајка Тереза во Калкута и во други делови на светот им помагаше на болните, сиромашните, сираците.

Mother-Teresa-Love-For-Children-640x267

Папата ќе ја прогласи за светица откако Ватикан и призна две чуда – двете поврзани со излекување на болни – едно во Индија, друго во Бразил.

Кон крајот на 2002 Ватикан признал дека една жена од Индија која имала тумор на стомакот, оздравела откако и се молела на мајка Тереза. Минатата година во декември признаено е и другото чудо – оздравувањето на Бразилец кој во 2008 се опоравил од тешка инфекција на мозокот. Се очекува тој Бразилец со сопругата да присуствува на прогласувањето на мајка Тереза за светица.

Кога ја примала Нобеловата награда за мир, мајка Тереза рекла: „Не сум достојна“ – потсетува Ројтерс.

„Мала по раст, голема во верата, на мајка Тереза и е доверена мисијата на ширење на божјата љубов кон човештвото, посебно за најсиромашните. Канонизацијата е можност да се угледаме на хероината на христијанството и извонреден пример на христијанскиот живот“ – соопшти Ватикан.

57_big

Македонија оддава значително внимание за ликот и делото на Мајка Тереза

Во последните неколку години во Македонија се оддава значително внимание на ликот и делото на Мајка Тереза. Се направија многу чекори за нејзина популаризација како изградба на спомен куќата, автопатот од Скопје до Струга и границата со Албанија се именуваше по нејзиното име, главниот клинички центар во државата се крсти по нејзиното име, се снимаше докумнетрарен филм за нејзиниот лик и дело, како и низа други чекори.

Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопке е направена во чест на животот и делото на единствената нобеловка од Македонија. Локацијата не случајно е одбрана бидејќи на таа локација порано се наоѓала црквата во која Мајка Тереза е крстена. Во музејот се изложени слики и експонати од најпознатата хуманитарка, а најгоре е направена капела каде верниците можат да присуствуваат на миса. Секојдневно доаѓаат многу туристи.

Во центарот на Скопје се гради скулптирална композиција на Мајка Тереза и сестрите која ќе биде следна атракција за туристите во Скопје и Македонија. Веќе почнуваат да се наѕираат контурите на фонтаната и споменикот. На терен се работи секојдневно под полна пареа и покрај високите температури. Пристапот до плоштадот во овој реон е затворен, па е изведен соодветен премин покрај новата зграда на Комерцијална банка. Од Министерството за култура велат дека се работи активно, според предвидената динамика.

majka-tereza

Изведувачот треба да изгради објект со тераса, фонтана, како и споменици на Мајка Тереза, на милосрдни сестри, ангели, декоративни венци во форма на пехар и други релјефи. Фонтаната треба да биде направена од големи карпести површини од травертин, со што ќе се добие изглед на природна карпа. Во карпестата фонтана ќе бидат поставени скулптури од бел мермер на Мајка Тереза со болно дете и родители, милосрдна сестра со инвалид, милосрдна сестра со болен што седи, милосрдна сестра со болен што лежи и милосредна сестра со болен што седи на карпа.

На објектот, пак, на висина од 16,5 метри ќе бидат поставени централен ангел со крилја висок 3 метри, 4 ангели што седат со висина од три метри и 4 мали ангели со висина од 2 метри. Предвидено е објектот да има и тераса под која ќе бидат поставени декоративни скулптури, а ќе има и декоративен елемент во форма на пехар. Објектот ќе има и столбови.

Автопатот од Скопје до Струга и границата со Албанија се именуваше по нејзиното име, вклучувајќи ја и обиколницата околу Скопје. Владата уште во 2013-та година одлучи Коридорот 8 да се именува според големата хуманитарка и нобеловка. Коридорот 8 ја поврзува Македонија со Албанија и Бугарија (Струга-Охрид-Кичево-Тетово-Скопје-Куманово-Крива Паланка).

 

Тешка сообраќајна несреќа во близина на Прилеп – едно лице итно на Ургентен

ambulanta-taznohdzugdzfdzu

Вчера во 14:30 часот на регионалниот пат Прилеп- Демир Хисар, пред село Галичани, се случила сообраќајна незгода во која Д.Г. (60) од Прилеп, управувајќи трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, изгубил контрола над истиот и излетал во канал.

Во незгодата Д.Г. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Градската болница Прилеп, поради сериозноста на повредите (загрозувачки по живот), како итен случај бил префрлен во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на  настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица во Прилеп.

Градоначалникот Ристески во посета на првачињата во населените места

_MG_2534

Во присуство на голем број родители и првооделенчиња, денеска градоначалникот Марјан Ристески им подели училишен прибор и распоред од општина Прилеп на најмладите ученици во основните училишта во населените места: ОУ. „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари и ОУ. „Круме Волнароски“ во населено место Тополчани.

_MG_2504

_MG_2493

_MG_2497

_MG_2500

Градоначалникот Ристески на сите дечиња им посака добро здравје, многу радости и големи училишни успеси. Денеска во присуство на Советникот за образование Марјан Матракоски беа посетени и повеќе фамилии од социјален ризик каде има првачиња, а општина Прилеп им подари ранчиња со комплетен прибор за почеток на учебната година.

_MG_2538

_MG_2545

_MG_2550

_MG_2562

_MG_2573

ИРАН: 95 илјади луѓе на трибини, целосна лудница и тепачка на теренот! (ВИДЕО)

stadion-640x474

Иако ваквите случувања се карактеристични за јужноамериканскиот фудбал! Сепак, и во Азија знаат најпопуларниот спорт на светот да го обојат со спекатакл, емоција и страст… Мечот од Техеран, што селекцијата на Иран го играше против Катар, во квалификациите за Мундијалот во Русија, изобилувал со се’ и сешто. Но, комплетната слика значи само едно, а тоа е спектакл!

На трибините на националниот стадион имало 95.000 луѓе. Сите очекувале победа на Иран, до која домашниот тим дојде во третата минута од судиското продолжение. После водечкиот гол, настанал целосен делириум.  На  крајот Иран го постигна и вториот гол, а мечот се завршил и со тепачка на теренот.

Погледнете како се сака фудбалот во Иран:

А.Г.

ПРОЅИРНИ КАМИОНИ: Дали вака ќе ги претекнуваме камионите во иднина!?

Screenshot_3-2

Донесувањето на исправна одлука при претекнување на тешки возила во сообраќајот, кои ви го попречуваат видикот, може да значи разлика помеѓу живот и смрт.  Размислувајќи за овој проблем од компанијата “Самсунг” дошле до идеја, како да ги  направат камионите “проѕирни” за  возачите во автомобилите, кои сакаат да претекнат.

Секој кој се нашол во таква ситуација, да вози зад шлепер на двосмерен пат,  знае колку проблеми може да направи претекнувањето на едно такво големо возило.

На своите камиони во Аргентина,  од “Самсунг” инсталирале систем кој овозможува тие да станат “проѕирни”.

Oваа технологија се применува како во денски, така и во вечерни услови.

Системот  се состои од камери кои се наоѓаат на предната маска на камионот и 4 големи ЛЕД екрани кои се поставени на задната страна на приколката.

 

Идејата не е н ова, но од “Самсунг” ја спровеле на дело и покажале дека е изводлива во пракса.

Погледнете како тоа изгледа:

А.Г.