ПРОЅИРНИ КАМИОНИ: Дали вака ќе ги претекнуваме камионите во иднина!?

Screenshot_3-2

Донесувањето на исправна одлука при претекнување на тешки возила во сообраќајот, кои ви го попречуваат видикот, може да значи разлика помеѓу живот и смрт.  Размислувајќи за овој проблем од компанијата “Самсунг” дошле до идеја, како да ги  направат камионите “проѕирни” за  возачите во автомобилите, кои сакаат да претекнат.

Секој кој се нашол во таква ситуација, да вози зад шлепер на двосмерен пат,  знае колку проблеми може да направи претекнувањето на едно такво големо возило.

На своите камиони во Аргентина,  од “Самсунг” инсталирале систем кој овозможува тие да станат “проѕирни”.

Oваа технологија се применува како во денски, така и во вечерни услови.

Системот  се состои од камери кои се наоѓаат на предната маска на камионот и 4 големи ЛЕД екрани кои се поставени на задната страна на приколката.

 

Идејата не е н ова, но од “Самсунг” ја спровеле на дело и покажале дека е изводлива во пракса.

Погледнете како тоа изгледа:

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.