дома блог страница 5171

Троши литар вода на 500 километри – овој човек измисли мотор кој не работи на бензин

motor

Рикардо Азеведо од бразилското село Сао Паоло напрвил мотор кој може да помине 500 километри на литар вода.

Имено, акумулаторот на моторот користи водник од молекули на вода и така прави електрична енергија која со неа се движи ова чудо.

Рикардо во видеото покажува како тоа функционира, а пред да истури вода во резерварот се напи неколку голтки за да докаже дека во шишето се наоѓа вода.

Тој исто така покажал како моторот се движи. На овој начин сака да го промвира овој свој изум како еколошка машина.

АНКЕТА: Преполовена предноста на Хилари во претседателската битка !

hillary-trump

Според анкетата на еден од највлијателните медиуми во САД, предноста на Хилари Клинтон е преполовена. Според претходните анкети кои ги правеше CNN, до 9 Август Хилари  ја поддржувале 42 % од американците додека Трамп имал 32 % поддршка.

Последната анкета која се спроведувала во време од 9 до 30 Август покажала сосема други резултати. Всушност Хилари остана со тие 42% поддршка но ситуацијата се промени кај Трамп. Според оваа анкета Доналд Трамп има 37 % поддршка од американците.

Според политичките аналитичари во САД,  ова е една од најрелевантните анкети кои се спроведуваат за време на избори и најчисто ја покажува политичката слика во државата.

Причината за намалувањето  на поддршката на Хилари, веројатно се негативните информации поврзани со нејзиниот e-mail.

ЕМОТИВНО: Додека малото девојче било на лекување заради тумор, соседите направија чудо

Добродушни лица се обединија за да му го разубават животот на семејство на девојче кое има тумор. Додека малата Емили Кесиди, на која ѝ бил дијагностициран тумор зад окото, била на лекување во Флорида заедно со мајка си Луси, нивните соседи од Бирмингем, Англија, „провалиле“ во нивниот дом за да го реновираат.

devojce-tumor

Под раководство на Џорџи Мосли, која испратила апел за помош преку социјалните мрежи, домот на семејството Кесиди потполно бил трансформиран. Со волонтери и донации од над 40 фирми, Џорџи успеала да ги поправи сите разрушени ѕидови, да ја отстрани мувлата и да го направи ентериерот модерен и функционален.

„Проблем не беше само изгледот, тоа всушност беше опасно место за живеење. Домот треба да биде место за одмор, особено кога постојано си низ болници. Сега тоа е убаво место во кое ќе можат да уживаат како семејство. Се надевам дека тоа ќе им помогне здравствено и психички. И на сестрите на Емили им е многу тешко“ – изјавила Џорџи.

devojce-tumor2

devojce-so-tumor

devojce-so-tumor (1)

 

Џиновско прасе направи хаос во градот !

prase1

Полицијата била повикана да интервенира кога на Њубури автопатот во Ипсвич било забележано “џиновско прасе” како остава хаос зад себе.

Човекот кој го пријавил случајот во полиција, изјави дека прасето било фатено пред да стаса полицијата.

prase2

prase3

 

ПО ОВА СЕ РАЗЛИКУВААТ ЛУЃЕТО: Целиот свет го поздрави потегот на познатиот спортист !

Bo1

Секој ден Леа Паске се грижи за тоа дека нејзиниот син Бо ќе има проблеми во училиште бидеќи боледува од аутизам. Да бидеме искрени поради силеџиството и домашната работа училиштето знае да биде тешка средина. За среќа таа не мораше да се грижи за него барем на еден  ден. Тоа бил денот кога познатиот рагбист Трејвис Рудолф одлучил да седи со Бо за време на ручекот.

Рудолф заедно со неговите соиграчи бил во посета на училиштето. Кога дошло време за ручек тој забележал дека малиот Бо седи сам  па одлучил да му се придружи.

Кога на Леа и ја покажале сликата започнала да плаче, а потоа напишала и трогателен текст на фејсбук со кој го расплака целиот свет.

Во текстот таа му се заблагодарува на Рудолф и пишува дека тој добил доживотни фанови.

Потегот на Рудолф беше поздравен од целиот свет. По ова се разликуваат луѓето. Нека ова биде пример и за другите спортисти.

За десерт: Пудинг со суво грозје и фстаци

domasenpuding

За десерт подгответе пудинг во комбинација со суво грозје.

Потребно:

100 гр суво грозје

4 лажици лозова ракија

1 ќесичка желатин во прав

500 мл млеко

200 гр гриз

80 гр шеќер

1 ванилин шеќер

250 гр павлака

40 гр сечкани фстаци

1 кг сливи (може и смрзнати)

125 мл црно вино

125 мл сок од грозје

цимет

2 лажици нишесте

јајца

Подготовка:

Сувото грозје преку ноќ оставете го потопено во ракијата. Во зовриеното млеко, сипете го гризот и мешајте. Жолчките од јајцата заедно со шеќерот,желатинот и ванилиниот шеќер, додајте ги во гризот и продолжете да мешате. Белките и павлаката изматете ги одвоено. Во смесата додадете ги сувото грозје и 2/3 од фстаците. На крајот ваквата смеса ставете ја во садови и оставете да се стегне.

Сливите ставете ги во тенџере, ставете црвено вино, сок од грозје и цимет, и оставете да се вари. Откога ќе изврие, оставете го на оган уште 3 минути.  Нишестето разметете го со вода и полека додадете го во садот за варење. Откога ќе се излади, посипете го пудингот со компотот од сливи, а за декорација употребете го остатокот од фстаците и сувотo грозје

Преубавата Натали Халкро е гордост на Канада

 

Откриена тајна афера: Цеца го изневеруваше Аркан со овој политичар?

Нова афера го тресе семејството Ражњатовиќ, а сега во центарот на скандалот повторно се најде Цеца.

ceca-1

Семејството Ражњатовиќ, а особено нејзините наследници мошне активни на социјалните мрежи и секојдневно споделуваат фотографи од приватниот живот.

Овој пат една фотографија која ја објави Вељко поттикна сериозни полемики во врска со неговата мајка Цеца.

Имено, Вељко Ражњатовиќ на Инстаграм објави фотографија на која е во друштво на Никола Вавиќ, братот на водачот на навивачите на Партизан Александар Вавиќ и го нарекол „брат“.

VELJKO-520x334

Меѓутоа, тоа што особено го привлече вниманието е коментарот на еден фејсбук пријател на Вељко.

– Вељко прашај ја мајка ти што му правеше на кумот на Аркан? – пишува во коментарот.

Дали Цеца навистина била во врска во кумот на Аркан  политичарот Борислав Пелевиќ.

politicR

Погледнете го првиот трајлер за филмот “Прстен 3” (ВИДЕО)

57bdcb51-abc0-4a22-924c-23550a0a0a64-detalj-iz-filma-718x446
Пуштен е првиот официјален трајлер за третиот дел на филмот “Прстен”.

Млада жена се загрижува за своето момче кога тој ќе го погледне мистериозното видео, за кое се верува дека секој што ќе го погледне ќе умре за седум дена. Таа ќе се жртвува себе си за да го спаси.

1

Режисер на филмот е F. Javier Gutierrez, продуценти се Walter Parkes и Laurie MacDonald, додека сценариото е дело на David Loucka, Jacob Estes и Akiva Goldsman

 

Во главните улоги ќе ги гледаме: Matildu Lutz, Alexa Roea, Johnnyja Galeckoga, Aimeea Teegardena, Bonnie Morgan и Vincenta D’Onofrioa.

А.Г.

ВАКВА СИРИЈА СЕУШТЕ НЕМАТЕ ВИДЕНО: „Сирија, секогаш преубава“ нова туристичка кампања на Министерството за туризам на Сирија!

Министерството за туризам на Сирија објави ново видео кое би требало да ги убеди странците да го поминат својот одмор во нивната земја, зафатена од граѓанска војна. Рекламната кампања се спроведува под мотото „Сирија, секогаш преубава“

received_10208946346007360

Како што соопштува телевизијата „Ел Арабија“, видеото е речиси потполно снимено во подрачјето на градот Тартус и е посветено на одмор во Средоземното море. На снимката нема споменици под заштита на УНЕСКО од кои многу се уништени во воените акции. Во потполност се уништени хрмови и триумфалната капија во Палмира. Селата на северот на Сирија во кои жителите ја чуваа арамејската култура се опустошени. Во голема мерка се оштетени и тврдината на крстоносците Крак де Шевалие и старите споменици кај Дамаск.