дома блог страница 5159

Тешка сообраќајна несреќа во Прилеп – „Пежо“ удри жена

hitna-620x350

Вчера во 12:30 часот во Прилеп на улица „Војводинска“ се случила сообраќајна незгода во која Р.К. (36) од Прилеп, управувајќи автомобил „Пежо 106“ со прилепски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ц.Ч. (74) од населба Точила-Прилеп.

Во незгодата Ц.Ч. се здобила со тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица во Прилеп.

ПРЕДАТОРОТ ОД СИБИР: Димензиите на оваа мечка се застрашувачки

mecka

Најголемиот предатор кој некогаш живеел бил висок 4.62 метри и тежок 1.4 тони а просечна мечка тежи околу 100 килограми и долга е околу 2 метри.

Најголемиот предатор кој историјата некогаш го видела е оваа мечка која била пронајдена во далечната 1954 година во Сибир.

Големината на нејзината шепа била колку автомобилска гума а ноктите како ножеви.

Но жителите на малото село во Сибир каде што е пронајдена оваа мечка тврдат дека ова не била најголемата која ја виделе. Некои изјавиле дека виделе мечка како се качува по дрво кое буквално се искривувало од нејзината тежина.

 

Ноќен живот во Прилеп – Caffe Virus & Club Calypso – 09.09.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”358″ gal_title=”SeptemvriNoken2″]

Од 13. септември УЈП присилно ќе наплаќа – објавен списокот на должниците

ujp-1

Повеќе од 85 000 граѓани се под закана за блокада. Управата за јавни приходи објави список на граѓани на кои им е доставено решение за присилна наплата на радиодифузна такса. На новата септемвриска листа се 85 790 физички лица на кои ќе им биде блокирана сметката и присилно ќе се наплатат долговите за РДТ.

“На овој список се граѓани, должници од целата земја. УЈП практично објави список на сите оние за кои има уредна достава на решенија за присилна наплата“ – велат од Управата за јавни приходи.

Од даночната управа ги повикуваат граѓаните кои се наведени на должничката листа најдоцна до 13 септември да ги подигнат Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса во просториите на УЈП, во надлежната Регионална дирекција, според место на живеење.

“Доколку обврзникот има извршено уплати на радиодифузна такса во периодот од опомената/известувањето до изготвување на Решението за присилна наплата, потребно е да приложи докази при приемот на Решението, како би можел даночниот орган да ги земе во предвид и да спроведе правилна постапка на присилна наплата.

Доколку должникот – обврзник на радиодифузна такса наведен во „Листата за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса“ бр.22-5344/1 од 02.09.2016 година не се јави и не изврши прием на Решението во наведениот рок, Управата за јавни приходи ќе изврши и еднократна објава во „Службен весник на РМ““ – се наведува во известувањето на УЈП.

Доколку должникот не се јави во УЈП, селдува објава во Сложбен весник по што ќе се спроведе и присилна наплата, со блокирање на сметките.

“По објавата во „Службен весник на РМ“ ќе се смета дека е извршена уредна достава на Решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса од Листата објавена на веб страницата на УЈП, а сите евентуално негативни последици кои би можеле да настанат од неподигањето на решението и спроведување на постапката за присилна наплата ќе ги сноси обврзникот за радиодифузна такса“ – соопштуваат од УЈП.

Остри критики за начинот на наплата, на крајот од минатата година упати Народниот правобранител. Според поплаките од граѓаните што стасале на адреса на канцеларијата на правобранителството, имало бројни примери на жалби поарди неоснована наплата на РДТ на лица кои повеќе од две децении не живеат во земјава, а мора да ја плаќаат давачката. Потоа , двојна наплата на такса – во едно семејство и по двајца обврзници.

““РДТ се наплаќа на иселеници кои и по повеќе од две децении живеат надвор од земјава но и од социјално ранливи категории на граѓани. Итно е потребно да се прочисти регистерот на обврзници за да се поштедат граѓаните од дополнителните трошоци“, рече народниот правобранител Иџет Мемети.

Побара итно да се обноват списоците на обврзници и обвновени и ревидирани до се доставата до УЈП со цел да се елиминираат грешките, а со тоа да се поштедат граѓаните од дополнителни трошоци не само за такса, туку и за блокада на сметките. Во 2013 година поради лошиот начин на формирање регистар на должници до народниот правобранител биле поднесени 100 поплаки.Во 2014 нивниот бројот се зголемил 4 пати а годинава бројот се зголемил за 100 %. Поради влошување на состојбите,Народниот правобранител до владата и парламентот доставил посебен извештај со предлог мерки за подобрување на состојбите.

На крајот од 2015 година започна операцијата за прочистување на списоците, поради што имаше и задоцнување во испораката на сметките. Од УЈП тогаш потврдија дека причината е прочистувањето на списоците.

“Ве информираме дека поради потребата од дополнителни проверки на базите на податоци за РДТ и координативни активности со ЈП МРТ, решенијата за Радиодифузна такса ќе бидат доставени до обврзниците во наредниот период“, соопштија од УЈП.

Во земјава има близу 500 000 обврзници и во однос на бројот на должници, скоро секој шести не ги плаќа сметките.

Додека по налог на МРТВ се спроведува и овој бран на присилна наплата, јавното радиодифузно дрштво се појави на најновата листата должници на државата, по основ на доспеани а неплатени обврски.

Со џип прегазено 14 годишно девојче во Скопје

policijanokespark-1

Девојче на возраст од околу 14 години денеска попладне било прегазено со џип во скопската населба Волково.

Несреќата се случила во близина на училиштето, кога сиво теренско возило од засега неутврдени причини удрило во девојчето.

Очевидци велат дека ударот бил силен поради што девојчето имало сериозни повреди и крварело од главата. На лице место пристигнала Брза Помош по што девојчето било пренесено во болница. Тие велат дека станува збор за тешки телесни повреди иако за тоа немаме официјална потврда од доктор.

Официјална потврда се уште нема ниту од полицијата.

Видео: Наташа Пушова целосно оздравела од рак во 4 стадиум со едноставен рецепт

natasa

Во самото видео ги имате деталите околу начинот на кој Наташа го победила ракот со варова вода.

Варова вода

Се користи вар во каменеста форма, 500 грама негасена вар.

Се става во 5 литри ладна вода во сад или тенџере (да не биде росфај).

Се остава да отстои од 12 до 24 часа, потоа се процедува, а исцедената вода се пие. Остатокот од варта се фрла.

Се пијат 200 мл (една чаша) два пати дневно:

-рано наутро на празен стомак, потоа три часа не се јаде ништо.

-втората чаша се пие после 12 часа, исто на гладен стомак.

Важно: после пиењето на варовата вода не се јаде и не се пие ништо следните три часа! Доколку се има потешкотии со вкусот, на тие 200 мл се додаваат 50 мл јогурт.

Третманот трае 3 до 6 месеци. Може да го пијат луѓе кои имаат рак, леукемија и други потешки заболувања, но и здрави луѓе.

Православниот и католички Велигден на ист ден, Рамазан во мај- ова се неработни денови за 2017 година

Согласно Законот за празници на Република Македонија ова се неработните денови во следната 2017 година:

 

nerabotni2

За сите граѓани на РМ

  • 1 Јануари (недела), Нова Година, односно 2 јануари (понеделник) е неработен ден
  • 7 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
  • 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
  • 1 Мај (понеделник), Ден на Трудот
  • 24 Мај (среда), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
  • 27 мај (сабота), првиот ден на Рамазан Бајрам
  • 2 Август (среда), Ден на Републиката
  • 8 Септември (петок), Ден на независноста
  • 11 Октомври (среда), Ден на народното востание
  • 23 Октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба
  • 8 Декември (петок), „Св. Климент Охридски”

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 6 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик
  • 19 Јануари (четврток), Богојавление (Водици)
  • 14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
  • 1 јуни (четврток), Духовден, петок пред Духовден
  • 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
  • 1 Ноември (среда), Празникот на сите светци
  • 25 Декември (понеделник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска  вероисповед

  • 2 септември (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

  • 22 Ноември (среда), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

  • 27 Јануари (петок), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

  • 8 Април (сабота), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

  • 23 Мај (вторник), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

  • 30 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

  • 28 Септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

  • 21 Декември (четврток), Ден на настава на турски јазик

ВИДЕО: Убиец со голи раце ги скриши лисиците и побегна од затвор

zatvorenik-bega-640x432

Надзорните камери го снимија како со раце ги кршил лисиците, а потоа без оглед на тоа што и нозете му се врзани, се провлекол низ плафонот и на детективите им побегнал од затворот.

Полицајците признаа дека не ги гледале камерите во моментот кога Перез бегал и дек им требало 40 мин да сфатат дека исчезнал.

Перез се спуштил низ ходникот,а потоа излегол низ вратата и украл камион од блискиот паркинг.

Полициајта сепак во текот на денот повторно го уапсила Перез во блискиот стан.

Какво ќе биде времето денеска?

rtuytuy

Времето во Македонија ќе бидемалку до умерено облачно, попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. УВ-индексот ќе изнесува 5.

Температурата ќе се движи од 18 до 29 степени.

До понеделник ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Од вторник ќе настапи стабилизирање на времето.

 

ПРЕКРАСЕН ПОДАРОК: Дете се роди во авион но нема да ви се верува каков подарок доби од авиокомпанијата

160908140738-baby-plane-lifetime-tickets-exlarge-169

Поговорката вели: започни да одиш пред да започниш да трчаш. Но ова дете веројатно само ќе лета.

Новородено бебе е наградено од авиокомпанијата Buraq Air откако неговата мајка се породи за време на лет.

Авиокомпанија изјави и на социјалните мрежи дека детето е наградено поради раѓањето во авион за време на лет.

Мајката на новороденчето патувала од Либија до Нијамеј, главниот град на Нигер кога се породила.