дома блог страница 5158

ЖАЛНА ВЕСТ: Почина поранешниот премиер на Југославија

candle-03

Поранешниот премиер на СФРЈ Драгиша Пешиќ почина на 63 години, после долгра борба со тешка болест.

Тој е роден на 8 август 1954 во Даниловград. Во својата богата работна кариера извршуваше повеќе значајни и високи фунции. Беше претседател извшрниот одбор на општина Подгорица, пратеник во Собранието на СФРЈ, министер за финансии и претседател на Владата.

Беше и пратеник во Собранието на Црна Гора и претседател на Одборот за економија, финансии и буџет. За член на Сенатот на Државната ревизорска институција е избран во декември 2007 година.

Смртта го затекна на фукција член не Сенатот на Државната ревизорска институција на Црна Гора.

Тој позади себе остави сопруга и две деца.

 

Денес е најстрог пост – еве што не треба да јадете

Денес се одбележува празник посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост. Денот на погубувањето на Св. Јован Крстител со строг пост црквата го празнува на 11 септември под името Отсекување или Отсечение на главата на Свети Јован Крстител. Иако Свети Јован е погубен пред Пасха празникот е поместен на овој ден зашто на овој ден е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена.

slava-sveti-jovan

Значењето на Свети Јован Крстител неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ. Па така како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености, со заеднички гозби (ортии) и сл. Народот на овој пост држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот.

Последниот старозаветен пророк Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исус Христос во реката Јордан. Тој е наречен и Претеча што значи претходник, зашто со своето учење навистина му претходел на Исус, одел пред него, го повикувал народот на покајание и го најавувал доаѓањето на Спасителот. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети”, говорел Свети Јован додека го покрстувал народот. Многумина Јудејци доаѓале кај него за да бидат крстени, а многумина го почитувале како вистинскиот Спасител.

Јован сведочел дека Исус е синот Божји. „Тој треба да расте, а јас да се смалувам! Кој доаѓа одозгора, тој е над сите, а кој доаѓа од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото над сите е”. (Јован, 3/30-31)

Почитувајќи го како најголем пророк, Црквата му посветила неколку празници во годината. Во христијанскиот календар се празнува денот на неговото раѓање (Иванден, 7.VII/24.VI) денот на неговото погубување наречен Отсечение главата на Свети Јован, потоа за голем празник се смета и денот кога Св. Јован го крстил Исуса во реката Јордан, Собор на св. Јован Крстител (денот по Богојавление 20/7.I.) на 24 февруари (с.с.) се празнува Првото и Второто, а на 15 мај (с.с.) и Третото наоѓање главата на Св. Јован кога таа е пренесена во Цариград итн. Така во христијанската вера Св. Јован е една од ретките личности покрај Исус и Пресвета Богородица кому Светата црква му посветила повеќе празници. Празникот Отсечение главата на Св. Јован Крстител е еден од петнаесетте големи христијански празници, а за подостоинствено празнување и за сочувство со страдањата на Св. Јован од страна на Светата црква одреден е строг пост.

 

Ви се гади? Притеснете ја оваа точка и ќе спречете повраќање

ruka-ps-600x339

Сигурно сте биле во ситуација да ви се гади а покрај себе да немате никаков лек кој би ви помогнал. Добра вест е што лекот не ви е ни потребен, лекот е акупресура.

Без разлика дали ви се гади поради настинка или мамурлак, стегнете ја внатрешната точка на надлактицата, одма под дланката и тој потег ќе ви спречи повраќање.

Пронајдете ја точката П6 со прстите. Со стегањето на оваа точка се праќа сигнал до мозокот и телото започнува да лачи одбрамбени трансмитери, како што се серотонин, допамин и ендофин.

Откриле вазна стара 800 години и непознати семиња во неа : Нема да верувате што изникнало кога ги посадиле

arheologija-cup-600x339

Археолози во градот Висконсин во 2008 година пронашле мало но значајно откритие- мала глинена вазна стара 800 години.

Иако вазната само по себе е интересно откритие, она што во неа се наоѓало е откритие со вистинска вредност- семиња од растение кое повеќе не постои. Научниците претпоставуваат дека растението е слично на тиква и биле закопани како залиха.

Денес, 7 години после откритието семињата биле посадени и на изненадување на сите изникнало растение. Растението го нарекле ” голема стара тиква “.

arheologija-iskopine-cup-tikve-3

 

Попрво ќе лежам во затвор отколку до неа: Ограбил банка за да се спаси од жена си

Седумдесетгодишен старец од Канзас е обвинет за грабеж на банка. Тој пред истражителите изјавил дека попрво би заминал во затвор отколку да остане со својата жена.

jonnnnn-630x422-520x348

Џон Рипли е обвинет дека на благајничката во банката ѝ предал порака во која барал пари, заканувајќи се дека носи пиштол, се наведува во судските документи.

Тој ги изнел парите надвор, и седнал во предворјето на банката и му рекол на чуварот дека „тој е човекот кој го бара“, а потоа полицијата набрзо го уапсила.

Неименуван извор од ФБИ изјави дека Рипли претходно имал расправија со сопругата и дека пораката ја напишал пред неа, наведувајќи дека попрво би заминал во затвор отколку да остане дома.

Против него е покренато обвинение за грабеж на банка.

 

Саботно кафе во Прилеп – 10.09.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”360″ gal_title=”SeptemvriSabotno2″]

НОВ ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ВО ПРИЛЕП: “DOWNTOWN” е иднината кон нови знаења, искуство и дружење

_dsc2186

Блесна нов едукативен центар за странски јазици, детска и ликовна работилница во Прилеп. “DOWNTOWN” е новото катче во градот што ќе понуди развој, надоградба и стекнување на нови знаења, искуства и вештини, како за децата од најрана возраст, така и за повозрасните, кои се спремни да инвестираат во себе, преку изучување на некој од странските јазици.

_dsc2185

“DOWNTOWN”  едукативниот центар нуди изучување на англиски, германски, италијански и грчки јазик, за сите возрасти, преку индивидуална и групна настава, со високоспецијализирани ментори и со голема посветеност, грижа и внимание.

_dsc2197

_dsc2198

_dsc2202

_dsc2256

_dsc2263

Групната настава ќе се реaлизира во помали групи (3-10 слушатели), со цел да се дојде до поголем напредок и резултат при учењето, два пати неделно, во траење од 45-60 минути (во зависност од возраста на ученикот).

Во новиот едукативен центар ќе имате можност да се стекнете со подготвителни и специјализирани курсеви по странски јазици, како и да се подготвите за меѓународни испити и полагања.

[Best_Wordpress_Gallery id=”359″ gal_title=”Downtown”]

Со оглед на тоа дека живееме во едно динамично време, време во кое возрасните се во трк и бараат подобри услови за живот и поголема заработувачка, а со тоа не можат целосно да работат со своите деца, во едукативниот центар “DOWNTOWN” добредојдени се сите дечиња од 3 до 7 годишна возраст.

Детската работилница преку игра, цртање, едукација и многу забава, ќе понуди грижа и стекнување на основни знаења за најмладите. Истата ќе се реализира во две смени по 4 часа и тоа: I  смена од 8 до 12 часот и II смена од 12:30 до 16:30 часот.

_dsc2274

Во склоп на едукативниот центар е уште и ликовната работилница, што одлично се вклопува во широкиот дијапазон на услуги и ќе биде перфектно место за развој на колоритните идеи на идните ученици.

_dsc2242

Новиот едукативен центар “DOWNTOWN” e сместен на улица “Сотка Ѓорѓиоски” бр. 38, веднаш до Карго Експрес, а за повеќе информации можете да се обратите на телефонските броеви: 076/ 580 – 608, 076/ 540 – 069 или на 075/ 666 – 752.

_dsc2298

За крај уште едно изненадување!

Септември е промотивен месец во “DOWNTOWN”!

Инвестирајте на најдобар начин во своето знаење и дозволете вашите најмали да добијат најквалитетна подготовка во предшколската возраст. Уписите во “DOWNTOWN” се во тек!

Ве очекуваме!

Фотографија од наркозависници го шокираше светот (ФОТО)

Полицијата од сојузната американска држава Охајо денеска објави фотографија што го шокираше светот.

 

droga_-_02a-640x409

На фотографијата се двајца возрасни наркозависници кои се предозирале и паднале во безсознание, додека нивното дете седи збунето на задното седиште од автомобилот со кој се возеле.

1212

Петти по ред Меѓународен турнир во борење во Прилеп

Во организација на БК „7-ми Мај“ – Прилеп и со поддршка на локалната самоуправа, во спортската сала на СОУ “Ѓорче Петров“ беше одржан, петиот по ред, традиционален, Меѓународен турнир во борење, на кои учествуваа околу седумдесеттина борачи од Бугарија, Косово и повеќе клубови од Македонија, кои се натпреваруваа во различни категории.

1

Градоначалникот, Марјан Ристески ја посети ова спортска манифестација и им посака на борачите да имаат успешни борби и да победат најдобрите, истакнувајќи при тоа дека преку овие турнири се калат идните борачи за балканските, европските и светските натпреварувања.

2

3

„Локалната самоуправа го поддржува овој спорт, а боречкиот клуб “7-ми Мај “- Прилеп направи една одлична традиција, да и овој спорт заживее во градот под Марковите кули, вклучувајќи притоа многу млади и талентирани борачи„ – истакна градоначалникот при посетата на турнирот во борење.

4

5

Организаторите најавија дека до година турнирот во борење ќе биде побогат со интернационални борачи. Меѓународниот турнир во борење
традиционално се организира по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

6

Експлозија на мобилен телефон потполно уништи автомобил !

screenshot_7-20

Пред неколку дена со САД, поради експлозија на мобилен телефон потполно беше уништен автомобил.

Штетата секако дека ќе ја надополни осигурителната компанија но сопственикот на автомобилот Натан Дорначер изјави дека вложил многу пари за модификација и подобрување на автомобилот, а овие пари осигурителната компанија не ги враќа.

Неговата ќерка тргнала до автомобилот по мобилниот телефон кога сфатиле дека тој гори. Па иако материјалната штета е голема, тие може да се среќни што немало човечки жртви.