дома блог страница 5155

КОПАЛЕ ПРЕДЛАБОКО ВО ГРАДИНАТА: Пронашле мрачна тајна која подобро да останела закопана

%d0%b4%d1%83%d0%bf%d0%ba%d0%b0

Семејство ја уредувало градината во својот нов дом и копаќи пронашле стаклена кутија која внимателно ја извадиле.

Помислиле дека станува збор за скриено богатство или временска капсула која некој ја закопал да ги израдува идните генерации.

Во кутијата пронашле фотографии од преходната сопственичка на куќата.

Тие ја повикале претходната сопственичка на куќата и кога сфатиле дека ниту таа не знае за што станува збор, им станало јасно дека станува збор за обид да се “фрли” магија бидеќи во стаклената кутија имало дел од ткаенина, влакна на коса и хартија со натпис.

2

3

4

 

ВИДЕО: Македонски фудбал: Судијата едвај спаси глава по досудениот пенал за гостите

398112

Немил настан се случи на натпреварот помеѓу Брегалница од Делчево и Беласица од Струмица во македонската трета лига, откако судијата досуди пенал за гостинската екипа поради игра со рака.

Погледнете го видеото:

 

СЕГА Е И ОФИЦИЈАЛНО: Европскиот Научен Институт ги потврди фактите за уривањето на кулите близначки

clark4-800x555-768x533

Поминаа 15 години од нападот врз кулите близначки во Њу Јорк во кој животот го загубија скоро 3.000 Американци. Секоја година на 11 Септември, Америка им оддава почит на луѓето кои ги загубија животите во најголемата трагедија која ја погоди државата.

Додека американската историја “зборува”  дека виновници за нападот се 19 милитанти поврзани со исламистичката екстремистичка група Ал Каеда, сепак, постои група на скептици кои не се сигурни во ова тврдење.

Во претходните неколку години беа пронајдени нови докази кои го оспоруваат тврдењето кое Американскиот Национален Институт го соопшти.

Според Европскиот Научен Институт целосното рушење на кулите не се случило само поради удирањето на авионите во нив.Според институтот целата ситуација претставува контролирано демолирање.

Во истражувањето учествувале и голем број на реномирани научници, вклучуваќи го и Стивен Џонс поранешен професор по физика, Ентони Замботи машински инженер и многу други.

 

ВИДЕО: Најштедливиот автомобил на светот троши буквално една капка гориво

screenshot_1-34

Светскиот рекордер во во минимално трошење на енергија доаѓа од Германија, а со еден литар бензин поминува 11 илјади километри.

Ова мало електрично возило доаѓа од минхенскиот технички универзитет и носи ознака TUfast eLi14. Се работи за едносед со три колца и крајно смалени димензии. Врвната аеродинамика се подразбира, како и минималната тежина.

Се е подредено на штедливост, па затоа не не чуди фактот што на ова возило се работело цели две години.

 

ВИДЕО: Земјотресот во живо на Алфа- водителката преплашена, гледач кажува црн хумор

Во мигот кога попладнево во 14 часот и 19 минути удри уште еден земјотрес, со јачина од 3,7 степени по Рихтеровата скала, телевизија Алфа емитуваше контактна програма во живо.

alfa_voditelka

Водителката се уплаши од новиот земјотрес и стана во обид да го напушти студиото, но професионално одлучи да остане на столчето и да продолжи со емисијата.

Во тој момент се јави еден гледач кај кој земјотресот наместо страв, разбудил желба за црн хумор, на кој се зачуди и водителката и гледачите.

Малку хумор во стравот и паниката: Скопјанец сам направи детектор за земјотрес (ФОТО)

zemjotres-2

Скопјанец сам направи детектор за земјотрес…

Забрана за работа и притвор за професорите од Економски осомничени за земање мито

retere

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави нов предлог за определување на мерка на претпазливост против шест лица од Економскиот факултет во Скопје обвинети во предметот познат во јавноста како „Еразмус”, извести денеска ОЈО.

Во известувањето за јавноста се вели:

„Со цел да превенира состојби што можат да го попречат нормалното водење на кривичната постапка и за кои смета дека во овој момент од постапката се оправдани, јавниот обвинител оцени дека покрај веќе изречените мерки на претпазливост има потреба од изрекување на мерката на претпазливост од чл.146 ст.1 т.7- забрана за превземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, со времетраење до правосилно окончување на кривичната постапка.

Имено, и покрај истражната постапка, забележано е дека обвинетите продолжуваат да ги извршуваат своите работни активности во рамките на Економскиот факултет во Скопје и притоа се во секојдневен контакт со студенти, а со тоа и со оштетените и жртвите во кривичната постапка што се води. Со оглед на тоа што кривичните дела за кои се води постапка се поврзани како со извршувањето на нивните работни активности, така и со студентите и со меѓусебната комуникација на факултетот, јавниот обвинител цени дека со судска одлука на обвинетите треба да им се забрани да ги извршуваат работните активности до правосилното завршување на постапката.

За предметот „Еразмус” , Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од јуни оваа година постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи – Единица за корупција, спроведуваше истражна постапка против шест лица . Истражната постапка се спроведуваше поради постоење на основано сомнение дека двајца од обвинетите сториле кривично дело – Примање поткуп, едно лице кривично дело – Примање поткуп и кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание , две лица дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување и едно лице за кривично дело – Давање поткуп. Тогаш Основниот суд Скопје 1- Скопје со Решение на обвинетите им изрече мерки на претпазливост со кои се стекнаа со обврска повремено да се јавуваат на определено службено лице и кај надлежен државен орган и им беа одземени патните исправи за преминување на државната граница“.

ФОТО: Градот под Марковите кули доби нова детска градинка

Во присуство на заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, пратениците во собранието на РМ, Претседателот на Совет, градоначалникот Марјан Ристески и пред голем број на родители со пригодна свеченост, денес беше отворена новата градинка во центарот на градот Прилеп.

nova-gradinkapp

-Се надевам дека со оваа нова градинка ќе им се овозможи на децата да имаат пријатно катче во кое ќе се згрижени, да бидат присутни во овие простории, да се дружат, да научат нови работи и да се подготват соодветно за останатиот образовен процес во основните училишта, посочи директорката на ЈОУ „Наша Иднина“ Христина Трпческа.

Средствата за изградба и опремување на новата градинка се обезбедени од страна на локалната самоуправа и министерството за труд и социјална политика.

-Ова е осма детска градинка која ја отвараме на ниво на Републикава во оваа година. Сакам да изразам благодарност до градоначалникот за вниманието кое го посвети во изминатиот период за зголемување на капацитетите за згрижување на деца на предучилишна возраст. Заедно со Владата изминатите години и во Прилеп и во другите општини направен е голем исчекор во насока на зголемување на бројот на детски градинки, посочи Диме Спасов заменик министерот  за труд и социјална политика.

spasov-pp

Според градоначалникот Марјан Ристески, општина Прилеп заедно со Вадата на РМ, министерството за труд и социјална политика, планира да се отворат нови градинки како во градот така и во населените места се со цел да се создадат услови за воспитување и згрижување на децата од предучилишна возраст.

Во градинката ќе може да бидат згрижени 60 деца од две до пет годишна возраст.

pp-gradinka

pp-gradinka2

pp-gradinka3

pp-gradinka4

pp-gradinka5

Фотографиите на Каролина Мицевска на изложба во Демир Хисар

14237767_10209527044705517_8324073262071728312_n

Дваесетина фотографии од циклусот „МОМЕНТ“ на впечатоци 2″ од новинарот Каролина Мицевска е содржината на изложбата во Демир Хисар за финалето на демирхисарското културно лето. Жителите на овој град се запознаа со дел од возбудувачките моменти на турите низ Македонија, од повеќе европски земји, со посебен акцент на Русија.

Изложбата ја отвори градоначалникто Љупчо Блажевски, при што потенцираше дека предизвикуваат восхит и полн погодок за епилог на културното лето.

micevska_so_fotografiite_pred_demirhisarcani

Мицевска работи во ЦК ,,Марко Цепенков,,. Имала изложби во Прилеп, Гевгелија, Радовиш, Крушево, Неготино, Велес, Илинден, Скопје, а со новиот циклус ,,Убавините на Македонија,, се претстави како единствен изложувач во Москва, Русија.

Извор: Неделник Зенит

11 Октомври Еурокомпозит АД Прилеп има потреба од работници: Отворени се 45 работни места

eurokompozit-300x15011 Октомври Еурокомпозит АД Прилеп има потреба од:

  • 15 металостругари
  • 15 машинобравари
  • 15 металоглодачи

    Заинтередираните кандидати да се јават на телефонскиот број:

048/ 422 – 330  или да достават документи и CV  во архива директно во просториите на 11 Октомври Еурокомпозит АД Прилеп.