дома блог страница 5156

Анкета на Си-Ен-Ен: Предност на Трамп во однос на Клинтон

Демократскиот кандидат на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон, според повеќето анкети и понатаму е во водство, но истражувањето кое го спроведе „Си-Ен-Ен“ во соработка со Корпорацијата за испитување на јавното мислење „ОРЦ“ покажа дека нејзиниот рувал Доналд Трамп има блага предност.

received_10209031462135210

– „Си-Ен-Ен“ излезе со голема анкета која покажува дека Трамп победува. Тоа е добро психолоши, но јас тоа го знам бидејќи луѓето кои не ме бараа вчера, ме бараат денес. Така е тоа во животот, зарем не?, истакна Трамп.

Клинтон и понатаму води во повеќето национални анкети како и во повеќето пресудни, но се уште неопределени држави, во кои двете кампањи ќе се концентираат во последните два месеци пред изборите.

– Изборната трка е се понапната а причината е делумно во тоа што слабостите на Хилари Клинтон стигнаа во центарот на вниманието, оцени политикологот Стивен Вејн од Универзитетот во Џорџтаун.

– Голем број луѓе не сметаат дека е таа искрена, немаат доверба во неа. Таа делува како традиционален политичар во ера кога гласачите не се наклонети кон политичарите, истакна Вејн.

Меѓутоа, Трамп исто така, има висок рејтинг на непопуларност, истакнува статистичарот и главен уредник на „Галуп“ Френк Њупорт.

– Тоа е загрижувачки за двајцата кандидати. Мислам дека штабот на Хилари Клинтон многу размислува за тоа како да го промени нејзиниот имиџ. Но тоа е тешко. Во овој момент, таа претстава е премногу врежана меѓу гласачите, објасни Њупорт.

Клинтон се надева дека ќе може да ја поврати предноста која ја стекна непосредно по партиските конвенции, поради контроверзиите кои ги предизвика Трамп, вели аналитичарот Џереми Мајер.

– Можно е Доналд Трамп да победи во трката. За тоа беше потребно да се опорави од големиот дефицит на гласови, што успеа да го направи побрзо од кој било друг претседателски кандидат во модерната ера на истражувањето на јавното мислење. Никој не се опорави толку брзо и драматично како него, заклучи Мајер.

Трамп и Клитон веќе се подготвуваат за следниот голем настан во трката, првата претседателска дебата која е закажана за 26 септември.

Асвалт за улиците „Велко Јанкулоски – Стариот„ и „Димче Антулески“

6374-asvalt-za-ulicite-velko-jankuloski-stariot-i-dimce-antuleski-960x600-2

Во УЗ „Цар Самоил“, сношти беше пуштена во употреба новоасвалтираната ул. „Велко Јанкулоски – Стариот„ во должина од 350 метри. За оваа патна инфраструктура беа издвоени осум милиони денари средства од Буџетот на општината. Градоначалникот Марјан Ристески кој ја посети улицата и населението ги поздрави присутните и посочи дека оваа е 22 асвалтирана улица во оваа УЗ „Цар Самоил“ и се додека временските услови дозволуваат да се работи, екипите ќе бидат на терен и вредно ќе работат, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.

6374-asvalt-za-ulicite-velko-jankuloski-stariot-i-dimce-antuleski-960x600-10

6374-asvalt-za-ulicite-velko-jankuloski-stariot-i-dimce-antuleski-960x600-1

6374-asvalt-za-ulicite-velko-jankuloski-stariot-i-dimce-antuleski-960x600-4

6374-asvalt-za-ulicite-velko-jankuloski-stariot-i-dimce-antuleski-960x600-7

Воедно, беше пуштена во употреба и улицата „Димче Антулески“ што се наоѓа во УЗ. „Варош“, во должина од 400м. И за оваа инвестиција од општинскиот Буџет беа издвоени пет милиони денари. Со реализацијата на овие инфраструктурни зафати во голема мера се подобри квалитетот на живот на жителите од Урбаните Заедници.

6374-asvalt-za-ulicite-velko-jankuloski-stariot-i-dimce-antuleski-960x600-27

6374-asvalt-za-ulicite-velko-jankuloski-stariot-i-dimce-antuleski-960x600-21

6374-asvalt-za-ulicite-velko-jankuloski-stariot-i-dimce-antuleski-960x600-23

 

ВИДЕО: ИЗМАМА НА ВЕКОТ: Како Феликс Баумгартнер го измами целиот свет со лажниот скок од вселената

skok-1-e1420755818264-600x365

Погледнете како Феликс Баумгартнер го измами целиот свет за неговиот скок од вселената и заработи сума од која ќе ви се заврти во главата.

 

Се преврти шлепер со 22 тона монети

Властите на американската сојузна држава Делавер јавија дека шлепер со 22,5 тона недовршени долари во монети се превртел на автопатот „Интерстејт 95“, а сообраќајот бил прекинат бидејќи товарот се распрскал по автопатот.

moneti

Возачот Стефан Маринковиќ е полесно повреден и ќе биде казнет поради невнимателно возење.

Шефот на Државната полиција Џефри Хејл преку телефон истакнал дека големиот камион се превртел и се запалил кај крстосницата покрај местото Њу Касл.

1moneti

Полицајците велат дека 25-годишниот возач Стефан Маринковиќ од Чикаго е во болница со полесни повреди. Хејл рекол дека целиот товар со незавршени монети се истурил по автопатот.

Монетите кои биле на пат за Ковачницата во Филаделфија се собрани и складирани додека не се договори продолжувањето на транспортот, наведуваат властите.

2moneti

Поради превртувањето на камионот и чистењето, патот бил затворен повеќе од 13 часа.

 

По земјотресот во скопско Студеничани тече црвена вода (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео направено во скопското село Студеничани каде може да се види како од селската чешма тече црвена вода.

 

1

Ваквата појава се случила веднаш по силниот земјотрес во 15 часот и 10 минути. Барем досега нема некое објаснување зошто низ чешмите тече ваква вода.

 

Македонија не престанува да се тресе – вечерва нов земјотрес во Скопје

1-1

Нов четврт земјотрес го стресе Скопје вечерва. Пет минути пред 21 часот е почувствуван и четврт земјотрес со помал интензитет кој ги вознемири граѓаните.

Земјотресот бил со јачина од 2,1 степен според меркалиевата скала.

ПАНИКА ВО МТВ: Снимен моментот на земјотресот (ВИДЕО)

Композиторот и музичар Емин Џијан објави снимка од моментот кога се случи силниот земјотрес во Скопје.

 

fames-640x359

Снимката е од проба на оркестарот ФАМЕС, кој е сместен во зградата на Македонската телевизија. Како што може да се види, одеднаш музичарите срипуваат од столчињата и тргнуваат бргу да ја напуштат салата во која ја изведуваат пробата.

ВИДЕО – Го вкусија најлутото чили на светот и ја направија најголемата грешка во животот

untitled

Девојкиве се одлучиле да го вкусат најлутото чили на светот, а со тоа ја направиле и најголемата грешка во животот.

Она што требало навидум да биде забавно, за нив се претворило во вистински хорор.

Погледнете го видеото:

А.Г.

Прилепчанка дел од филмското жири на реномираниот фестивал “Сараево филм”

10270_posebna_ces_da_s_ebide_na_saraevo_film_fest

Емилија Чавлеска е дел од 22 издание на Сараево филм фестивал. Нашата сограѓанка, член на МДС, е учествува како дел од младинското жири за играни југословенски филмови на еден од најпознатите интернационални филмски фестивали на Балканот.

– Да се биде жири е огромно стекнато искуство и одговорност да се избере најдобриот филм. Се сретнав со многу балкански, европски, но и светски ѕвезди како што е Роберт Де Ниро. Проследив светски претпремиери и премиери од палетата на балканската, европската и светската кинематографија, покрај југословенските филмови. Тргнувајќи од организацијата, гостите и градот уште го држат трагите од војната, воодушевена сум од престојот – вели Чавлеска.

Таа додава дека била дел од младинска размена на проект во Кршко, Словенија, во кој главните цели биле да се зголеми свеста за главните теми околу ЕУ и да се вклучат повеќе млади со физичка и ментална попреченост во разни активности.

Извор: НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ

 

Првенче за Победа: На “Тумбе Кафе” падна Шкупи

 

untitled

Во петтото коло од Првата македонска фудбалска лига, екипата на прилепска Победа ја забележа првата победа и ги запиша првите три бода во новата фудбалска сезона.

После неколкуте тешки натпревари во почетните кола, каде поразите донекаде беа и очекувани, победашите ги збија своите редови и го покажаа својот квалитет против екипата на Шкупи.

На стадионот под “Тумбе кафе” во Битола, Победа го порази Шкупи со 2:1 со автоголот на Бајрами во 23-та минута и погодокот на Цветаноски во 37-та.

Гостите многу доцна се вратија во игра, постигнувајќи гол во 90-тата минута, кога Бајрами се изваде за претходно постигнатиот автогол.