дома блог страница 478

Успева да стигне секаде! Од Охрид на трибина во Прилеп, па директно во Илинден на бизнис саем (ФОТО)

Општина Илинден денеска и утре е домаќин на Првиот Регионален саем за економски развој – „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2025“, што е одлична платформа за компаниите од нашата и околните општини кои ќе се претстават и ќе имаат можност за воспоставување на соработка, размена на искуства, деловно вмрежување, отворање нови можности и нови работни места.

-Овој саем претставува важна пресвртница за економскиот и општествениот развој на нашата општина и поширокиот регион, ова е конкретен чекор напред со која го потврдуваме капацитетот на Илинден како регионален економски центар, двигател на соработка и на промени – напиша градоначалникот на општината Александар Георгиевски.

Како претставник од Владата, на саемот присутен беше и заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој истакна дека организирањето на овој регионален саем за економски развој е одлична идеа и можност за поврзување на локалните бизниси, претприемачи, инвеститори и други клучни актери, а со цел стимулирање на економскиот развој и создавање на нови можности за раст во општината и во државата.

Вртиш еден број, резервираш и уживаш цел викенд! Ресторан “Порта” и овој викенд ве кани на одлична музика, гурманска храна и супер летно освежување

Над 20 години искуство во угостителство е навистина долг период, кој со себе влече добро познавање на пулсот на чаршијата и на она што им треба на прилепчани. Ресторан “ПОРТА” од Прилеп и после две децении продолжува да им го нуди на прилепчани и на сите посители во Прилеп, НАЈДОБРОТО! Летото започна, а градот и чаршијата е исполнета со луѓе, ваше е навреме да резервирате и убаво да си го поминете престојниот викенд.

Овој петок (27.06) настапува дуото од Прилеп Никола и Зоран. Oдличниот вокал на Никола Димески е добро познат меѓу прилепчани, кои секогаш уживаат во неговите изведби.

Во сабота (28.06) одново се дружиме и уживаме со добро познатиот состав од Кавадарци – “Aкустико лајт бенд”. Kвартетот од Кавадарци како и секогаш ќе понуди музика за уживање за сите вистински гурмани и вљубеници во староградските звуци.

Резервирајте навреме на 078 368 111. Тимот на Ресторан “ПОРТА” ве очекува! Да градиме спомени полни со љубов и уживање, затоа што еднаш се живее!

Очај! Влезот на хотел “Липа” стана спална за бездомници (ФОТО)

Некогаш беше бисер на Прилеп, место каде се случувале најголемите прослави, свечености, каде доаѓале луѓе од цела Македонија, но и од голем број земји од соседството и од странство…

Денеска само стои немо, уништен, во руини, се што можело да се ограби е ограбено… И додека некогаш ексклузивниот хотел “ЛИПА” денеска го нагрдува целиот град, кај повозрасните се’ уште буди спомени, спомени за едно време кога се живеело безгрижно, растеретено, кога имало повеќе насмевки на лицата од луѓето, се сеќаваат на прекрасните игранки тука, на раскошните свадвени свечености, на музиката во викендите…

Сликата од хотелот е целосно грда, тој веќе стана засолниште за бездомници и веројатно за скоро овој објект би можел да стане и ризик по безбедноста.

Фотографиите се од главниот влез, каде можат да се видат душеци и лимена преграда, која пак беше ставена откако внатре беа откорнати сите кабли, сите инсталации и беше ограбено се’ што некогаш беше вредно и убаво.

Потрагата по 52-годишниот Коле Петрески од Прилеп заврши со трагичен исход

Потрагата по 52-годишниот прилепчанец Коле Петрески, за жал заврши со трагичен исход. Лицето попладнево е пронајден починат, информираат неговите блиски на социјалните мрежи.

Потрагата по Петрески започна денеска, откако последен пат бил виден вчера утрото околу 08:00 часот.

Засега нема информации кои се причините за смртта.

Физички напади во Битола: Битолчанец нападнат на Градски базен, битолчанка од својот сопруг

На 25.06.2025 во 10.45 часот во СВР Битола, М.Т.(68) од Битола пријавил дека на 24.06.2025 околу 17 часот на Градскиот базен во Битола бил физички нападнат од едно лице.

На 25.06.2025 во 18.43 часот во СВР Битола 70-годишна жена пријавила дека на 24.06.2025 околу 23.40 часот во семејниот дом во Битола била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Н..

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи – информираат од СВР Битола.

Исчезнат е Коле Петрески од Прилеп – Семејството моли за помош!

Исчезнат е Коле Петрески, 52-годишен прилепчанец.

Последен пат е виден на 25.06. во 08:00часот.

Семејството и најблиските молат за помош.

Секој кој има некаква информација нека контактира на тел.бр. 072 302 748.

Делегација од меѓупарламентарната група за пријателство помеѓу Турција-Македонија во посета на општина Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, оствари средба со делегација од меѓупарламентарната група за пријателство Туркије – Македонија.

Делегацијата ја придружуваа: амбасадорот на Република Туркије во Македонија Н.Е.Фатих Улусој, Бејџан Иљас – претседател на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Република Туркије и Ајдован Адемоски – Почесен конзул на Р. Турција во Битола.

На средбата, градоначалникот ја информираше Делегацијата за добрата и успешна соработка на Битола, со повеќе турски општини, како и за воспоставените добри релации на економски и културен план.

Во рамките на посетата на Битола, Делегацијата ја посети и спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк во битолскиот Завод и Музеј.

Значително поскапување на дизелот овој месец – Се очекува намалување од идната недела

Од почетокот на јуни цената на дизелот во малопродажба на бензинските низ Македонија поскапи за 8 денари по литар. Причина е новиот конфликт на Блискиот Исток кој имаше влијание на берзите а тоа се пренесе и на малопродажните цени во Македонија. Па така од 65 денари, колку што чинеше дизелот на почетокот од јуни, сега цената скокна на 73 денари по литар.

Бензините исто така поскапеа но со двојно послабо темпо. Од почетокот на јуни до сега бензинот е поскап за 4 денари по литар и во моментов се продава за 77,5 денари.

Во моментов цената на суровата нафта на светските берзи се движи надолу по првичниот шок. Барел нафта од типот Брент во моментов е околу 67 долари што е за околу 10 долари поевтино од пикот на средината на месецот.

Тоа најавува дека веројатно од стартот на идната недела би можеле да очекуваме надолна корекција на цената на горивата во малопродажба, што би била прва по крајот на мај.

Во изминатото деноноќие изгаснати 5 пожари во Прилеп и прилепско – Апел до граѓаните да внимаваат на отворен простор!

Во изминатото деноноќие во целата држава беа евидентирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 1 е сѐ уште активен, а 26 се успешно изгаснати благодарение на навремената интервенција на надлежните служби, велат од Центарот за управување со кризи.

Во Прилеп и прилепско во изминатото деноноќие изгаснати се пожари на неколку места:

– с. Канатларци – с. Шелеверци (арско ѓубриво)

– м.в. „Маркова Чешма“ (ниска вегетација)

– ул. Димче Антулески (ѓубриште и ниска вегетација)

– ул. Димче Антулески бр.15 (ниска вегетација)

– стар млекар (ниска вегетација)

„Центарот за управување со кризи продолжува со внимателно следење на состојбите и координација со сите надлежни институции. Апелираме до граѓаните за внимателно и одговорно однесување на отворен простор“, велат од ЦУК.

Со концерт на легендарните “Леб и сол” вечерва започнува 17. издание на Битолско културно лето “БИТ ФЕСТ”

На античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, вечерва со Концерт на групата „Леб и сол“, започнува 17 издание на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“. Со концертот во Битола, легендарната група, ја започнува својата турнеја за одбележување на 50 години на музичката сцена. Влезници по цена од 400 денари, можат да се набават во Офицерски дом и Хераклеја од 10:00 до 20.30 часот.

Официјалната програма на БИТ ФЕСТ ќе трае од 26 јуни до 31 август, но културната понуда на Битола, како прет и постпрограма е застапена за време на целиот период од календарското траење на летото и истата е исполнета со содржини од различни културни жанрови, поддржани од Општина Битола и Министерството за култура и туризам.

Пред официјалниот старт вечерва, публиката имаше можност да ужива во Празникот на музиката „Солстис“, да биде со програмските содржини на Интернационалниот младински арт фестивал „Битола отворен град“, кој трае до 28 јуни, а од синоќа вљубениците во пишаниот збор имаат можност да го проследат саемот на книга „Критична маса“ кој се одржува на малото плато пред Офицерски дом од 09:00 до 23:00 часот и ќе трае до 28 јуни.

Утревечер, на 27.06, од 20:00 часот дел од програмата на Битолското културно лето е Концертот со авторска музика на Стефанија мјузик ворлд, кој ќе се одржи на Нова сцена во Центар за култура. Станува збор за јубилеен концерт кој слави една деценија посветеност, креативност и љубов кон музиката. Стефанија е дипломирана поп-џез пејачка, артистка со препознатлива интерпретација и оригинален звук, која заедно со искусните музичари, најавува музичко патување исполнето со емоции, слобода и звук што допира до срцето.
Концертот носи љубов кон музиката, искреност и стил кој спојува повеќе жанрови. Публиката во живо ќе ги слушне нејзините најистакнати авторски композиции, преработени во современи џез, џез-рок и босанова аранжмани, џез стандарди – звук што го спојува класичното и модерното, нежното и енергичното.

Настапуваат: Стефанија Милевска Враниќ – вокал, Билјана Трајковска – вокал и пратечки вокали, Владимир Враниќ – гитара, Владимир Николиќ / Dadoni – труба, Ристо Крстевски – клавијатура, Зоки Паркет – контрабас и бас и Павел Талевски – тапани.

За овој конецрт билети по цена од 250 денари, можат да се набават во Анастасија Центар и Порта Џез.