дома блог страница 472

Се ближи Велигден – Нова колекција за вашите најмили во бутикот со најдобар вкус за дечиња (Фото галерија)

Во Старата прилепска чаршија на цветната улица, се најдува бутикот BABY BOOM, едно од најубавите катчиња каде ќе најдете се’ за вашите најмали.

Во пресрет на Велигденските празници, во BABY BOOM веќе врие како во кошница, а има и зошто. Новата колекција веќе пристигна, а изборот на гардероба е умот да ви зајде.

Има буквално се’, и за момчиња и за девојчиња, во секакви бои и комбинации. Вашите најмили ќе заблескаат во празничните денови во најквалитетна и удобна облека.

Наш совет е да побрзате и да ги посетите што поскоро, а дотогаш погледнете дел од колекцијата на модели во продолжение:

Шок во Монте Карло: Новак елиминиран уште на стартот!

И натаму нема ништо од 100-тиот трофеј за Новак Ѓоковиќ. Имено Србинот попладнево беше поразен и со тоа елиминиран уште на стартот од АТП Мастерсот во Монте Карло. Алехандро Табило од Чиле, успеа да слави со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4) и со тоа го елиминираше најдобриот тенисер во историјата.

Интересно, ова беше нивни втор дуел и втора победа за Чилеанецот. Мечот траеше час и половина, а освен на стартот Новак подоцна ги покажа сите свои слабости кои ги има во последните неколку месеци. Во вториот сет Табило постојано беше во предност и на крај заслужено победи.

Кривични пријави за тројцата чешки државјани, кои беа фатени како ископуваат артефакти во мариовско

-СВР Битола поднесе кривична пријава против J.M.(25), M.Х.(47) и Ф.K.(52), сите од Република Чешка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

На 03.04.2025 на место викано „Брест“, мариовско, пријавените биле затекнати во намера да вршат ископ на добра под привремена заштита и културно наследство или природна реткост, а при претрес во куќата каде престојувале биле пронајдени и одземени предмети кои што се користат за ископ на културни добра под привремена заштита, како и монети, златна обетка и прстен од извршен ископ во подрачјето во кое се затекнати лицата – информираат од СВР Битола.

Значително намалување на цените на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85 % во однос на одлуката од 8.04.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,268%, кај дизелот за 4,580%, кај екстра лесното масло за 4,570% и кај мазутот намалувањето е за 3,281%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3532%.

Од 10.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 38,965 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,041 ден/кг и сега ќе изнесува 38,965 ден/кг.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ ВО ПОХОД ПО ЕВРОПА

Игор Стефановски Иџе овој викенд со трката во Франција започнува нова сезона во која ќе се обиде да стигне до четвртата титула во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC).

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе викендов пред нов предизвик. Во Франција на патеката Сан Жар Ду Гард, тој ќе го започне својот најнов поход на ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, кој и годинава има 11 трки. Шампионатот започнува на 12.04.2024, а ќе заврши во септември со трката во Хрватска.

Стефановски и годинава ќе се трка со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки. Стефановски е победник во Европскиот шампионат на ридски патеки, во група 1. Тој и оваа сезона не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат.

„Со силна возбуда, сакам да најавам дека очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат и во овој шампионат. Благодарност до мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, до моите спонзори, до сите Вас кои ни давате безрезервна поддршка, вели Иџе.

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе лани забележа успех и заврши како прв во својата група на Европскиот шампионат на ридски патеки. Тој со своето Ферари 488 Челинџ Ево заврши на лидерското место пред Чехот Рони Братшчи кој беше втор. Третото место му припадна на Хрватот Домагој Перековиќ.

Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија и овојпат силно верува во него. Ние сме горди што повеќе од една деценија заедно навиваме за Иџе и Македонија.

Црногорецот останува во Прилеп, стави потпис на договор до 2027 година

Eден од најдобрите поединци во изминатите две сезони во редовите на РК Прилеп, Црногорецот Владан Кастратовиќ, стави потпис за продолжување на соработката со клубот до 2027година.

27-годишниот среден бек кој од 2021 година е во Македонија, играше за Струга, Охрид и Куманово, а од 2023 година е дел од прилепската екипа.

Во натпреварите секогаш дава се’ од себе, па токму затоа е важен дел од тимот кој го води Страшо Илиески.

Oпштина Прилеп: Рокот истече, ќе започнеме со присилна наплата на данокот на имот

СООПШТЕНИЕ ОД ОПШТИНА ПРИЛЕП ДО ГРАЃАНИТЕ И ФИРМИТЕ:

-Општина Прилеп ги известува сите физички и правни лица, даночни обврзници по основ на данок на имот и комунална такса, дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноци на имот, започнува постапка за присилна наплата за сите неплатени обврски заклучно со 2024 година.

Во текот на 2024 година, Општина Прилеп достави опомени за неплатен данок на имот и комунална такса до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територијата на општината.

Бидејќи рокот за подмирување на овие обврски е веќе истечен, Општината ќе започне со изготвување на Решенија за присилна наплата, кои ќе бидат доставени до даночните обврзници и до носителите на платен промет (деловните банки).

Со цел да се избегне блокирање на сметките и настанување на дополнителни трошоци, ги повикуваме сите обврзници кои имаат заостанати и неплатени обврски по овие основи, итно да ги подмират своите обврски.

Со почит,

Општина Прилеп

Во Битола денеска проекција на македонскиот документарен филм „Градина“

Центарот за култура во Битола вечер ќе биде приредена проекција на македонскиот документарен филм „Градина“ или „Приказна за последните урбани герила градинари.“

Тимот што го подготви и сними филмот информира дека „Градина“ е посветен на последните герила градинари во Скопје кои по триесет и пет години градинарење на ненаселено јавно земјиште во близина на реката Вардар, се соочени со иселување.

На културниот настан ќе гостуваат режисерот Бојан Тантуровски, продуцентот Илија Тирицовски и кинематограферот Кирил Шентевски, со кои по проекцијата ќе следува дискусија за филмот.

Проекцијата на македонскиот документарен филм „Градина“ е закажана за 19 часот во малата сала на Центарот за култура-Битола, каде ќе се емитува и во наредните четири денови, до 12 април.

Се празнува Света маченичка Матрона

Светата маченичка Матрона

Како сиромашна девојка беше слугинка во куќата на еден Евреин во Солун. Жената на Евреинот постојано ? се потсмеваше за нејзината вера во Христа и ја наговараше да се одрече од Него, а да оди во синагогата. Но кротката Матрона ништо не ? одговараше на својата госпоѓа, а тајно Му се молеше на Господ Христос.

Еднаш Еврејката дозна дека кришум од неа Матрона отишла в црква, па сета во гнев ја запраша зошто не отишла во синагогата туку в црква. Матрона ? одговори: „Затоа што во христијанската црква живее Бог, а од еврејската синагога Он отстапи“. Бесна заради овој мажествен одговор Еврејката ја натепа и ја затвори во една темна одаја, а уште и ја врза. Но утредента ја најде одврзана со Божјата сила како клечи на молитва и Го фали Бога.

По ова уште на двапати Еврејката ја затвараше и ја мореше со глад додека слугинката не ја испушти душата. Тогаш нечестивата жена го зеде телото на Светата девојка и од високо од нејзината куќа го фрли на земја.

Христијаните го зедоа телото и чесно го погребаа, а кога епископот Александар ги дозна многубројните чуда на Светата маченичка, на нејзиниот гроб подигна црква. Злобната Еврејка наскоро ја постигна праведна казна: од истото место на куќата од коешто го фрли долу телото на Св. Матрона, таа се лизна, падна на калдрмата и намртво се разби.

Со промоција на книгата „Необјавени страници за македонскиот јазик“, во Прилеп одбележани 116 год. од раѓањето на Круме Кепески, авторот на првата Македонска граматика

Во организација на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“- Прилеп и Друштвото за наука и уметност Прилеп вечерва се одржа чествување на 116 годишнината од раѓањето на истакнатиот културен деец, Круме Кепески, автор на првото издание „Македонска граматика“ публикувано во 1946 година. По тој повод во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“- Прилеп вечерва се одржа настан-промоција на книга „Необјавени страници за македонскиот јазик“ и предавање од неговата ќерка, проф. д-р Јованка Кепеска – еминентна лингвистка која со својата посветеност успеа да донесе до нас едно драгоцено сведоштво за интелектуалното и духовното наследство на нејзиниот татко.

Книгата содржи материјали од оставината на основоположникот на македонското граматичарство, авторот на првата македонска граматика, истакнат македонист, педагог, учебникар, методичар, преведувач, собирач на народни умотворби. Оваа книга е втора со оставината на Круме Кепески, првата – „Статии и анализи за македонскиот јазик“, е објавена во 2014 година.

Промотор на книгата беше д-р Симона Груевска Маџоска, а предавач Слободан Беличански.