дома блог страница 467

Прилеп: Удрил со автомобил во 73-годишна жена и избегал!

-На 26.12.2024 во 21.55 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Прилеп на ул.„Прилепски бранители“ се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило удрило во В.М.(73) од Прилеп и го напуштило местото на настанот. В.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

Се превртел на кров: Прилепчанец заврши со тешки телесни повреди, итно пренесен во болница (ФОТО)

-На 26.12.2024 во 22.11 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Браќа Миладиновци” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.М.(50) од Прилеп, излетало од патот. Од страна на Итна медицинска помош Прилеп С.М. бил пренесен во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.

Според очевидци автомобилот со поголема брзина удрил во објектот кај тесното грло на улицата “Браќа Миладиновци”.

(ВИДЕО) Ана и Вукашин се најновите херои од Детска клиника! Лавовски ја победија битката со ракот и заѕвонија на среќното ѕвонче

Најновите херои од Детската клиника кои лавовски ја болеста и заѕвонија на ѕвончето се Вукашин и Ана.

На Фејсбук профилот на Бранка Столиќ се споделени емотивни фотографии и видеа од среќниот момент.

Според информациите, нејзиниот син Вукашин, заедно со својата пријателка Ана, заѕвонија на ѕвончето во клиниката, што е симбол за успешно завршената борба против ракот.

“ГОСПОДЕ, СЛАВА ТИ

Денес за нас е ГОЛЕМ ден, на Детската Клиника ѕвоното ѕвонеше два пати најсилно, Суперхероите Вукашин и Ана се изборија лавовски, го пребродија цел период храбро и достоинствено!!!

Благодарност до целиот медицински персонал на Одделението за Онкологија и Хематологија луѓе со големо срце. Благодарност и до нашите најблиски, роднини, сите пријатели ,колеги … вашата молитва и поддршка ни беше многу значајна.Бура од емоции, солзи, насмеани лица, најголем аплауз

Дај Боже секое детенце кое се бори со ваква состојба (нема да ја наречам болест) на крај да биде победник и да ѕвони најсилно!!! Сите дечиња да се здрави и живи во целиот свет!!!

ДЕНЕС ИЗЛЕГОВМЕ ПОБЕДНИЦИ И НИЕ ГО ОГРЕАВМЕ СОНЦЕТО.

Уште еднаш ГОПОДЕ СЛАВА ТИ”, напиша мајката на Вукашин

(Фото галерија) Модна бајка за вашите најмили во BABY BOOM на цветната улица во Прилеп

Во Старата прилепска чаршија на цветната улица, се најдува бутикот BABY BOOM, едно од најубавите катчиња каде ќе најдете се’ за вашите најмали.

Квалитетна облека изработена од убедливо најквалитетни материјали, облека во која вашите дечиња ќе се чувствуваат удобно, заштитено и што е најважно топло во овие зимски денови.

И за момчиња и за девојчиња, од најмали нозе, па се до школска возраст. Најмодерни блузи, кошули, огромен избор на зимски вентијаги, палтенца, шпикозни, фустанчиња…

Во BABY BOOM ќе најдете и преубав избор на меки шалчиња и капчиња, како и богата бебешка колекција. Убавиот глас се слуша надалеку, па не случајно нивниот дуќан често го посетуваат и жители на други градови.

Со еден збор BABY BOOM е бренд на прилепската чаршија кога станува збор за детска облека!

Посетете ги уште денеска, во BABY BOOM имаат подготвено одлична новогодишна понуда, по најниски цени за вашите најмали.

За една секунда еуфорија од пyкање, се плаќа со ОВА, а потоа збогум на возењето, работата…. (ФОТО)

Звјездана Клариќ е медицински работник и автор на краток текст кој се појави на социјалните мрежи. Но, ова е една од оние приказни каде што сликата што таа ја објави зборува повеќе од зборови.

“Десет години јас и сопругот работиме во брза помош. Со нетрпение го очекуваме распоредот на дежурства, затоа што ниту еден здравствен работник не се радува на тоа дежурство. И тогаш доаѓа 31.12.

Обично дланката е во најлонска кеса и крпа од која тече крв и паѓаат парчиња коски и кожа низ чекалницата поради незграпното придржување на уплаканите родители или пријатели. Несреќникот е комплетно бел од шок и болка и обично е на раб на онесвестување.

Морам да ви кажам дека во живо и во боја е илјада пати пострашно, плус болката е неиздржлива, следува брз транспорт и комплицирани операции за бар некој прст да се спаси.

За една секунда еуфорија од пукањето, се плаќа со инвалидност цел живот. Збогум на спортот, збогум на возењето, друштвото, девојките, работата. Најчесто таткото е заслужен што во рацете на детето се нашла петарда.

Затоа, ако се сакате себе и останатите, сакате да уживате во животот и имате супер планови, пријатели и среќен и безгрижен живот, оставете им ги петардите на оние кои решиле да бидат неповратно несреќни”, порачува Звездана Клариќ

Опожарено уште едно возило во Прилеп

-На 25.12.2024 во 09.25 часот во ОВР Прилеп, Н.М.(38) од Прилеп пријавила дека во Прилеп било опожарено нејзиното патничко моторно возило „фолксваген” со прилепски регистарски ознаки.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – стои во краткото известување од МВР.

Приведен прилепчанец – полицијата му пронајде над 3.700 парчиња пиротехнички средства

-Денеска (26.12.2024) полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола со судска наредба извршиле претрес во домот и други простории кои ги користи М.А.(22) од Прилеп, при што пронајдени биле 3719 парчиња пиротехника.

М.А. е приведен во полициска станица Прилеп и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.

Реализирана донацијата од 2 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф обложувалници

Спорт Лаиф обложувалници успешно ја реализираа донацијата од 2 милиони денари за обнова на Одделот за абдоминална хирургија на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Проектот, опфати комплетно реновирање на делот за постоперативна нега на пациентите на површина од скоро 400 м2.

Обновата вклучуваше поставување на нови подови и тавани, како и целосна модернизација на електричните и санитарните инсталации во болничките простории. Со оваа интервенција, капацитетот на одделот е зголемен за 4 легла, со што сега одделот може да обезбеди соодветни услови за постоперативно лекување на 28 пациенти.

„Спорт Лаиф обложувалници се гордеат што имаат можност да дадат придонес во подобрувањето на условите за здравствена грижа во нашата заедница. Веруваме дека оваа донација значително ќе го подобри квалитетот на услугите што ги добиваат пациентите во одделот за абдоминална хирургија и ќе придонесе за нивното побрзо закрепнување“, истакнува Петар Поцков, маркетинг директор на Спорт Лаиф.

„Со поддршката на Спорт Лаиф Треид и нивната значајна донација, го реновиравме делот за постоперативна нега, овозможувајќи пристојни услови за третман и нега на хируршките пациенти. Проектите за реновирање и подобрување на условите за лекување по повисоки стандарди и понатаму претставуваат предизвик за во иднина. Во име на сите вработени, искрено ја изразуваме нашата благодарност кон Спорт Лаиф за оваа значајна поддршка“ изјави д-р Небојша Настов, в.д. директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Спорт Лаиф обложувалници остануваат посветени на својата мисија за поддршка на заедницата преку проекти кои имаат реално и позитивно влијание врз животите на луѓето.

Во пресрет на новогодишните и божикните празници, традиционално, од страна на тимот на Спорт Лаиф, беа израдувани со новогодишни подароци, децата во ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје и лицата од Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“, Куманово.

Честитки! Семејство од Битола, на инстант лоз „изгреба“ стан во Скопје (ФОТО)

Со радост ви ги претставуваме првите добитници на стан, од втората серија на најдомаќинскиот инстант лозот Доме сладок доме.

Среќните добитници се Илинка и Александар Дојчиновски од Битола, кои за само 100 денари „изгребаа“ стан во Скопје. Со ова е освоена првата од 5-те премии на инстант лозот „Доме сладок доме“, во вредност од 6 288 275 денари, колку што изнесува вредноста на добивката – стан со големина од 55 м2, со сите вклучени давачки (данок на имот, трошоци за пренос и друго).

Пред подготовка на обемната документација за предавање на станот, ги поканивме членовите на добитничкото смејство, заедно да ја посетиме среќната зграда и да се запознаат со својот нов стан. Во тек на пријатното дружење со водителката Марјана Станојковска и тимот на Државна лотарија, Александра и Илинка, нивните син и ќерка со семејствата се запознаа со околинатa и новите соседи во населбата Лисиче. Шетајќи низ станот добиен за 100 денари, среќните добитници ја споделија со нас нивната среќна приказна.

Имено, Александар и Илинка се од Битола, но 50 години живеат со своето пошироко семејство во Шведска. За себе велат дека не се чувствуваат Швеѓани, туку само како Македонци. Секоја година доаѓаат во својот крај на одмор и секогаш кога се тука Александар уплаќа неколку комбинации Лото, а Илинка ѝ е верна на инстант лотарија. Без да знае Александар која е главната премија на инстант лозот „Доме, сладок доме“, туку поради впечатливиот дизајн купил само еден лоз од продажното место „Димпо“.

„Шок и неверување“ се зборовите со кои тие опишаа како се чувствувале во првиот момент кога сфатиле дека се добитници на стан. Сепак, најмногу на станот се израдуваа внуците кои ни кажаа дека отсекогаш посакувале стан во Скопје, за во Македонија да имаат свој дом.
Желбата им се оствари за само 100 денари со Државна лотарија.

Ве потсетуваме, втората серија на инстант лоз нуди 5 стана во Скопје, а покрај нив и бројни парични добивки од 100 000, 50 000 денари.
Стан за 100 денари, и тоа е можно е со Државна лотарија.

Уживање за најмладите! Лизгалиштето на плоштадот “Магнолија” во Битола, атракција за целиот регион (ВИДЕО)

Лизгалиштето на Плоштадот “Магнолија”, продолжува да биде вистинска атракција за битолчани, посебно за најмладите, но и за гостите од соседните градови кои деновиве ја посетуваат Битола.

Во интерес на сите кои имаат желба да лизгаат или да ја доживеат прекрасната атмосфера кај лизгалиштето, ЈП Паркинзи, создаде можност за пренос во живо (live streaming), преку следниот линк:

Празниците живеат во Битола на Зимска приказна 🎄