Новогодишно обраќање до граѓаните од градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески
https://www.facebook.com/reel/960865472616910/?mibextid=rS40aB7S9Ucbxw6v
Новогодишно обраќање до граѓаните од градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески
https://www.facebook.com/reel/960865472616910/?mibextid=rS40aB7S9Ucbxw6v
За учениците во основните и средните училишта почнува зимскиот распуст од учебната 2024-2025 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари.
Учебната 2024-2025 ќе заврши традиционално на 10 јуни. Нема да биде продолжена како минатата учебна година, кога за основците заврши на 17 јуни, бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани (29 април – 6 мај 2024).
За оваа одлука Министерството за образование и наука во оваа учебна година анкетираше наставници, родители и ученици од повисоките одделенија и, како што информираше, мнозинството се изјасниле дека не сакаат пролетен распуст.
Денес, на 31.12.2024 од стартната станица пред Офицерскиот дом во периодот од 12 до 16 часот бесплатно возење со вовчето Мечо
-Ги очекуваме најмладите во што поголем број на насмевки и радост да ја испратиме старата и дочекаме новата 2025 година.
Да продолжиме да уживаме во прекрасниот амбиент на Зимската приказна.
Празниците живеат во Битола на Зимска приказна – стои во соопштението од општина Битола.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски со видеообраќање објавено на неговиот фејсбук-профил им ја честитка Новата 2025 година на граѓаните на Македонија.
Во обраќањето Мицкоски вели дека изминатата 2024-та била година на предизвици, но и на нови почетоци, а дека претстојната 2025-та „ќе биде година на раст, ред и интеграција“, вложување во економијата, инфраструктурата и образованието „со фокус на подобар живот за сите“.
-Почитувани граѓани на Македонија, драги мои сограѓани, драги пријатели, измина уште една година зад нас. 2024 година беше година на предизвици, но и на нови почетоци. Народот ја одбра иднината и ни даде мандат за промени. Наследивме држава во тешка состојба, но со труд и јасен план постигнавме раст од 3 проценти, зголемување на пензии и плати, нови инвестиции и проекти за подобрување на животот. Отворивме фронт против криминалот и корупцијата и ја поставивме основата за стабилен развој, вели меѓу другото Мицкоски.
Премиерот истакнува дека во 2025-та Владата ќе работи посветено и одгвоорно за поквалитетен живот на сите граѓани.
-2025-тата ќе биде година на надеж, оптимизам, успеси и многу работа. Ќе работиме напорно и посветено во 2025 година, за да успееме да ја изградиме Македонија каква што сите вие, граѓаните, ја посакувате и каква што сите ние заедно ја залужуваме. Македонија која ќе биде повторно ваша. Среќна и успешна Нова година, исполнета со здравје, среќа и многу љубов. Бог да ја благослови Македонија и нејзините граѓани, истакнува Мицкоски во новогодишното обраќање објавено на Фејсбук.
Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша меѓународна потерница по поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го прими Решението на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, со кое предлогот за определување мерки за претпазливост против осомничен во предметот „Адитив“ се отфрла. Според обвинителството, осомничениот не е достапен на органите на прогонот.
Васко Ковачевски е еден од осомничените во овој предмет, а потерницата е издадена откако тој не беше пронајден од страна на органите на истрагата.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во придружба на Дедо Мраз, денес ги посети дечињата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас и од паралелката за ученици со попреченост во ОУ Ѓорги Сугарев, каде најмладите беа израдувани со новогодишни пакетчиња.
Во желбата да им се разубават празниците на сите деца, општина Битола обезбедува вкупно 1400 новогодишни пакетчиња, а компанијата „КАМ“, како општествено одговорна компанија и оваа година учествува со донација од 300 пакетчиња за децата од социјално ранливи семејства или за оние дечиња кои се соочуваат со попреченост.
Целта на заедничката акција е да се овозможи новогодишната радост да стигне до секое дете и секој дом.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,11 % во однос на одлуката од 23.12.2024 година.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,039 ден/кг и сега ќе изнесува 45,784 ден/кг.
Од 31.12.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,784 (денари/килограм)
Празниците се најубавите моменти за споделување, за дарување и покажување на внимание на оние кои најмногу ни значат. Тоа е период кога најчесто се прашуваме што да им подариме на нашите најдраги. Убаво е тоа да биде подарок со подлабоко значење, вели Билјана Јанкуловска од СН Осигурителен Брокер АД Битола.
„Влогот во осигурување е влог во иднината на оние кои ни значат. Тоа е начин да се изразат нашите најубави желби кон најблиските. За оние кои се уште не избрале подарок останува можноста да ја искористат акцијата Касичка и да добијат ПОДАРОК дополнително детско осигурување со штедење. За секоја склучена полиса за детско штедно осигурување предвидено е гратис дополнително осигурување на деца од последици на несреќен случај (незгода) склучено кон детско штедно осигурување, согласно избраниот пакет, за првата година од траењето на договорот за осигурување.“-вели Јанкуловска.
Таа појаснува дека оваа полиса е одлична можност за осигурување на живот со штедење со бројни предности и погодности кои овозможуваат финансиска безбедност за најблиските во случај на несакани животни ситуации.СН Осигурителен Брокер А.Д Битола во соработка со Триглав Осигурување Живот АД Скопје за секоја склучена полиса за детско штедно осигурување во период од 01.10. – 31.12.2024 година, подарува дополнително осигурување на деца од последици на несреќен случај (незгода) склучено кон детско штедно осигурување, согласно избраниот пакет, за првата година од траењето на договорот за осигурување.
„Сигурноста на детето е највисок приоритет за секој родител. Поседувањето на полиса за осигурување на живот е еден од најдобрите начини да се намали ризикот од непредвидени финансиски оптоварувања предизвикани од несакани случувања. За да се заштитат во вакви случаи сега на родителите на располагање им е полисата Касичка која овозможува детско осигурување со штедење.“-вели Јанкуловска.
Но осигурителните продукти не се добар подарок само за децата, туку за целото семејство. Животното осигурување е нешто од што бенефит имаат сите членови на семејсвото. „Животното осигурување е продукт кој што нуди долгорочна заштита и сигурност. Наједноставно кажано тоа е продукт со кој вие штедите за себе, а од друга страна ви овозможува помирно да спиете бидејќи знаете дека што и да се случи, веќе сте ги обезбедиле вашите најдраги. Постојат различни пакети и секој може да избере она што е соодветно за него во однос на неговите потреби и финансиски можности.“-вели таа.
„Имаме и одлични производи со кои клиентот покрај тоа што е животно осигуран, тој во исто време и инвестира со што има можност за принос многу поголем од оној кој би го остварил при традиционално вложување на средствата. Исто така имаме и производ наменет за лица кои имаат слободни или орочени парични средства, а воедно сакаат да имаат и животно осигурување. Со него покрај добивката, односно бонусот за еднократната уплата, добиваат и животно осигурување, како најсигурна заштита на семејството од несакани последици.“-појаснува Јанкуловска.
Таа вели дека преку празничните акции СН Осигурителен Брокер АД Битола сака да им ја честита новата 2025, посакувајќи им успешна и сигурна година исполнета со среќа и радост.
Појаснува дека сите тековни понуди и акции граѓаните може да ги следат на веб страната на СН Осигурителен Брокер АД Битола http://www.snbroker.mk како и на телефонот 15 770.