дома блог страница 463

Николоски со честитка и традиционален колаж на настани од изминатата година: “Ова е мојата битка во 2024 година” (ВИДЕО)

„Почитувани пријатели, позади нас е годината во којашто се случија промените и ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста за Македонија.

Погледнете ја мојата битка во 2024 година.

Среќна Нова Година!“, истакна заменик претседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски во објавата на својот фејсбук профил.

(Фото галерија) Новогодишната ноќ во Битола на свет донесе 4 бебиња – првото 7 минути по полноќ

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес ги посети првите новороденчиња родени во 2025 година во Битола.

Во Клиничката болница првороденото бебе е женско:

„Имавме три раѓања. Првото беше 50 минути по полноќ, спонатно породена, прворотка, мајка на 25 години, донесе на свет здрава ќерка која што ќе се вика Миа. Тешка 3 кг и 120 грама и долга 50 см. Тоа ни беше првото женско новороденче, што значи дека годината ќе биде бериќетна и ќе има уште многу раѓања. Второто раѓање беше со царски рез, како и третото. Пациентките и новороденчињата се добри, мајките се среќни, а исто и ние што работевме на новогодишната ноќ“, изјави д-р Бети Чипуровска од одделението за гинекологија и акушерство, апелирајќи до младите да формираат семејства, да ни останат тука и нивните семејства да се множат, бидејќи детскиот џагор е најдоброто нешто што може да се случи на секое семејство.

Првороденото бебе во болницата „Плодност“, родено 7 минути по полноќ е машко, а во оваа болница изминатата ноќ родено е уште едно женско бебе.

Градоначалникот Коњановски, честитајќи им на родителите, традиционално им подари подароци на новороденчињата.

„Искрени честитки до родителите. Да имаме што повеќе дечиња и младите да ни останат тука, во Битола. Нека ни е Среќна Новата година“, порача градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

(Фото галерија) ALTO деновиве на ранг на европски зимски ски центар

Одлично уредени ски стази, прекрасна природна, чист воздух, одлична храна и цени по мерки. Деновиве врие од народ во ресторанот ALTO LOUNGE, a така беше и денеска на првиот ден од Новата година.

Топло време, луѓе од сите краишта на Македонија, дури и странци… Крушево има што да понуди, а приматот тука го имаат од хотелот Панорама и ланч барот АЛТО на ски-терените.

Задолжителна дестинација за време на празниците!

Петта година по ред на првиот ден од Новата година, прилепски планинари се искачија на Козјак и го променија државното знаме на јарболот (Фото галерија)

Во организација на “Прилепски Планинари Авантуристи”, петта година по ред се одржа новогодишната тура искачување на прилепскиот врв Козјак.

Турата веќе традиционално се одржува на првиот ден од Новата година, а во изминатите пет години бројот на планинарите се повеќе се зголемува.

Турата започна во 09 часот од селото Плетвар, од каде вљубениците во природата се упатија кон 1747м. високиот Козјак, а на јарболот на врвот одново поставија ново македонско знаме.

Немаше каде игла да се фрли! Незаборавен дочек на Новата година во Битола (Фото галерија)

Во прекрасна атмосфера со настанот „Ноќ на нови почетоци“ на Платото пред Офицерскиот дом, Битола ја дочека Новата 2025 година. Групата Фонтана, Андријана Јаневска, Зуица Лазова, Сузана Спасовска и Димитар Андоновски со прекрасни македонски песни и песни за Битола, пееја заедно со многубројната публика.

Прекрасно музичко загревање на овој настан создаде Борче Наумовски – Министерот кој заедно со изведувачите од „Ноќ на нови почетоци“ остана на сцената до полноќ и одбројувањето на последните секунди од 2024 година, во придружба на Дедо Мраз и искрената честитка од градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, до сите сограѓани и гости:

„Ви благодарам за поддршката која ни ја давате, а се надевам дека и ние ви возвраќаме на вистински начин. Ви благодарам на посетеноста вечерва, кога ве има во огромен број, од Битола и од други градови, со кои се сретнав вечерва, а и за досега откако сме заедно во „Зимската приказна“. Вечерва започна искачувањето на планинарите на Пелистер, кои утре, во првите мугри ќе го имаат најубавото изгрејсонце од врвот Пелистер, на 2601 метар надморска висина. Ви посакувам во новата 2025 година да бидеме сите живи, здрави, да не прати среќа и годината која е пред нас да биде бериќетна“, порача градоначалникот Коњановски.

Големиот огномет на полноќ, беше дополнителна убавина на ноќта, а за почеток на Новата година, публиката ја продолжи забавата со Дувачкиот оркестар „Блезери“.

Товарно возило удри во 40-годишна прилепчанка на улица “Леце Котески” во Прилеп – Жената со тешки повреди пренесена во болница

-На 31.12.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Леце Котески” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која товарно моторно возило „исузу” со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А.(40) од Македонски Брод, удрило во С.С.(54) од Прилеп.

С.С. била пренесена во Градска болница Прилеп, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид извршила увидната екипа на ОВР Прилеп – информираат од МВР.

Стефани е првото бебе во Новата година во Прилеп – Се роди утрово во 5 часот и 47 минути (ФОТО)

Ангела Јанеска е мајката на првото бебе во Новата година во Прилеп, кое на свет дојде со царски рез во 5 часот и 47 минути по полноќ. Стефани се роди со 3 килограми и 310 грама.

Гоце Оропан е гинекологот кој ја породи родилката во градската болница “Борка Талески”, а бебето и мајката утрово ги посетија градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески и претседателката на Советот, Ирена Стерјовска Локвенец.

На бебенцето и мајката од општината им подарија пригодни подароци.

-Заедно со претседателката на Советот, директорот на болницата и тимот на лекари и медицински сестри, на мајката Ангела и на малата Стефани им посакавме многу здравје, среќа и долг живот. Во знак на внимание и поддршка, во името на Локалната самоуправа на општина Прилеп, им подаривме штедна книшка и пригодни подароци. Со ваков убав почеток, веруваме дека оваа година ќе биде бериќетна за сите нас во општина Прилеп. Со надеж и оптимизам, продолжуваме заедно да градиме подобра иднина за нашите сограѓани. Среќна и бериќетна Нова година, напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп.

Неколку стотини прилепчани ја дочекаа Новата 2025 година на плоштадот “Александрија” (Фото галерија)

Со настапите на “Балканика бенд” придружувани од вокалот на Сашо Башески и диџеј дуото Cyrillic, прилепчани ја дочекаа Новата 2025 година на плоштадот “Александрија”.

За Новогодишната ноќ прилепчани имаа пријатни временски услови, па неколку стотини граѓани одлично се забавуваа во центарот на градот.

Меѓу своите сограѓани беа и претседателката на Советот, Ирена Стерјовска Локвенец и градоначалникот Борче Јовчески, кој на социјалните мрежи порача:

-Во 2025 година, продолжуваме со уште поголема енергија и со заедништво да го развиваме нашиот Прилеп. Чесно, одговорно и со заеднички сили, верувам дека ќе постигнеме многу нови успеси за нашиот град и за сите жители!

Првото бебе во болницата “Плодност” се роди 7 минути по полноќ

Само 7 минути по полноќ, во Болницата Плодност во Битола спонтано се роди првото бебе во 2025 година.

Машко новороденче, со родилна тежина од 3540 грама и 50 сантиметри должина.

Честитки до среќните родители, а според првото породување, очекуваме бериќетна и силна 2025 година – напишаа од болницата на социјалните мрежи.

Ристески: “Посакувам година на постигнати цели, големи остварувања и многубројни значајни достигнувања”

Новогодишна честитка до граѓаните од заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески:

Среќна Нова 2025 година!

Оваа година нека нѐ води моќта на успехот!

Посакувам да биде година на постигнати цели, големи остварувања и многубројни значајни достигнувања… економски просперитетна, стабилна и напредна Македонија… држава на среќни и задоволни граѓани!

Во 2025 година ќе продолжиме да работиме посветено и одговорно, создавајќи подобра иднина и поквалитетен живот за сите граѓани.

На секој нов предизвик мудро ќе одговориме.

Новата година нека биде благословена со здравје, среќа и љубов, година на остварување на сите Ваши желби.

Среќата да Ве следи секој миг, мирот да Ве опкружува секаде, а позитивните мисли со кои се исполнети празничните денови да Ви носат ведрина во текот на целата година.

https://www.facebook.com/share/p/12FWWZZET2c/