дома блог страница 456

ВКУС КОЈ МОРАТЕ ДА ГО ПРОБАТЕ! “Ана Марија” ви го презентира новиот PULLED PORK BURGER

Вашиот омилен фаст фуд ресторан во Прилеп, FAST BURGER BY ANA MARIA , има нов вкус кој мора да го пробате.

Станува збор за новиот одличен PULLED PORK BURGER, сендвич со бавно печено свинско месо, домашен сос и свежа салата. Совршенство на вкусови во кое едноставно ќе уживате.

Цената му е само 200 денари, а го има во секое време.

Една новина која одлично ќе се вклопи во богатото мени на пица вкусови, гиро и разни бургери.

Нарачајте веднаш на: 072 267 000 или посетете ги на Ул. “Пере Тошев”, веднаш до средното училиште “Орде Чопела”.

Прилеп ја растури Струга и чекори кон сигурен опстанок во ракометната елита

Поради немање термин во сала во Струга, наместо на домашен терен, стружани беа домаќини на Прилеп во салата “Ристе Ристески-Ричко” и го претпрпеа третиот пораз во плеј-аут разигрувањето во ракометната Супер лига.

Крајниот резултат на натпреварот беше 25:30 во корист на прилепчани, кои пак по шокантниот пораз изминатиот викенд од Радовиш, се исправија и се вратија на победничките патеки.

Стружани водеа на натпреварот само во почетните минути, со 2:1 и 3:2, и тоа беше речиси се’ што прикажаа. Од тука па до последната минута Прилеп ја контролираше играта, а избраниците на Страшо Илиески имаа предност на моменти и од 7-8 гола разлика.

Христи Бикоски, Томислав Квастек и Денис Шабановиќ постигнаа по 5 погодоци, а Никола Цветаноски беше прецизен 6 пати.

Прилеп сега има 9 бода на второто место од плеј-аут табелата, 4 повеќе од третопласираниот Куманово, а во наредното коло гостуваат кај РК ФРУИТ ЛЕНД БОРЕЦ.

Потпретсдателот на СДСМ Менде Илиевски, можен кандидат за градоначалник на Битола?!

Има само 38 години, а зад себе има огромен професионален и политички “бекраунд”. За Методија Илиевски во Битола ќе слушнете нејчесто само суперлативи, а причините за тоа се бројни.

Од ракометар, менаџер во повеќе познати битолски локали во младоста, преку менаџерска функција во компанијата “Пелистерка”, до ракометен судија и советник во Советот на општина Битола, функција која патем ја обавуваше во три мандати.

Илиевски во изминатите години е име кое стана ударна тупаница на СДСМ во Битола и еден од најгласните критичари на актуелната локална и централна власт.

Сето тоа му донесе да биде избран и за потпретседател на партијата, висока политичка функција која веројатно ќе го стави на избирачкото ливче, како кандидат за градоначалник на Битола и главен опонент на актуелниот прв човек на општината, Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Неговото име се спомнува меѓу граѓаните, меѓу сопартијците, но и помеѓу кулоарите на партијата во Скопје. Од СДСМ веруваат дека само со него можат да направат резултат и да го стават во прашање владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во градот на конзулите.

Дали Илиевски ќе ја предводи СДСМ кон победа во Битола, останува да видиме во периодот кој следи…

Мицкоски: Во преговори сме со инвеститори за капитален развој за проекти во висина од 5 до 6 милијарди евра, пруги, болници, ски центри

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите?“ вели дека се преговара за инвестирање на 5 до 6 милијарди евра за капитални проекти во локални, регионални и експресни патишта, инвестициски бран во здравството за изградба на клинички центри и болници, како и пруги и ски центри.

-Во периодот кој што следи убеден сум дека успешно ќе испреговараме и ќе заокружиме инвестициски план помеѓу 5 и 6 милијарда евра кои што ќе се случат во Македонија. И откако ова ќе го заокружиме позитивно сакам да седнам со Стопанските комори и отворено да поразговараме дали ние имаме капацитет да сето ова го реализираме. Јас сум убеден дека имаме, но ни треба добра организација, нагласи премиерот Мицкоски.

-И сега ќе се обидам, нормално во интерес на преговорите и процесот да ги потенцирам вредностите и проектите, а многу скоро во следните не повеќе 2 месеца ќе биде сето ова во јавноста објавено и точно ќе се знае од каде и што. Но, целта моја лична и на Владата беше да се направи овој инвестициски бран, ќе се сложите ако нашиот БДП е условно кажано некои 16, 16, 5 милијарди проектиран номинален, ова претставува би рекол од 35 до 40 проценти од нашиот БДП. Помеѓу половина милијарда и една милијарда се средства кои што ќе финансираат проекти за изградба на локални, регионални и експресни патишта. Дел од нив ќе бидат модернизирани односно реконструирани, дел ќе бидат изградени, затоа велам помеѓу половина милијарда и милијарда. Се преговараат условите итн. И тоа нема да биде нов долг, бидејќи ќе расте БДП, бидејќи во градежништвото парите три пати се вртат најмалку, и нема да биде нов долг, односно номинално ние може да го намалиме долгот, додаде тој.

-Вториот проект е конечна изградба на Клиничкиот центар Штип, болницата во Кичево, проект од 90-тите. Кога излеговме на терен со луѓето констатираа дека подобро на друга локација да го изградиме, отколку на таа, бидејќи темелењето е различно, сѐ е веќе различно. Значи поскапо е да се прави таму, да се реконструира постојниот кој е оставен 25 години да скапува, отколку нов. Реконструкција на Клиничката болница Тетово, операционите сали и два други оддели и пруга условно кажано би рекол брза која што ќе биде дел од коридорот 10 во која што возовите патнички одлучивме поради цената, иако сакавме да биде над 200 километри на час, но одлучивме поради цената да се движат по 160 споредбено со сегашните 30, 40, а карго 110. И овој бран ќе биде 2,3 и 2,5 милијарди евра инвестиција.

Значи половина милијарда до милијарда локални, регионални и експресни патни правци, инвестиции во здравство Клинички центар во Штип, болница во Кичево и реконструкција на тетовска болница, брза пруга коридор 10 Табановце-Гевгелија. Ова е проект кој ќе натфрли помеѓу 3 до 3,5 милијарди евра, посочи претседателот на Владата Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека по основ на овие проекти ќе се зголеми БДП, а ќе се намали јавниот долг.

-По основ на овие проекти јавниот долг нема да оди нагоре, а БДП надоле. Напротив обратен процес ќе предизвика бидејќи ова се капитални инвестиции кои ќе ја покренат градежната оператива и три до четири пати ќе ги завртат парите. Тука по основ на овие проекти БДП ќе оди нагоре, а јавниот долг ќе оди надоле, нагласи тој.

-Бевме во Обединетите Арапски Емирати. Имав состаноци на високо ниво, се сретнав со претседателот на Емиратите. Се сретнав и со врвната бизнис заедница и врвните компании кои што функционираат надвор од Емиратите. Сите тие во мај или во јуни, треба да прецизираме, доаѓаат тука. Проектите за кои што разговараме се проекти на постоечки локации веќе изградени во Охрид, односно откуп од сопствениците, две нови локации, но поради ограничувањето од УНЕСКО, не можат да го видат својот полн капацитет, мораме да го пазиме тоа, Попова Шапка ски центарот, локацијата кај касарната за лендмаркс објект кој што ќе биде не само лендмаркс само за Скопје, туку би рекол регионот, Чебрен и Галиште, но и друг тип на објекти како што се нови соларни и ветерни централи се проекти за кои што веќе има follow up од нашата посета, и веќе се разменуваат со институциите од тука податоци. Очекувам од овој инвестициски бран помеѓу 2 и 3 милијарди евра за Македонија, дециден е Мицкоски.

Ристески и Јовчески во посета на ТИРЗ Прилеп: Во 2024 година странските инвестиции достигнаа рекордни над милијарда евра

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и претседателката на Советот, Ирена Стерјовска Локвенец, денеска ја посетија Технолошко индустриската развојна зона “Алинци” кај Прилеп и дел од компаниите сместени во оваа зона, каде остварија и средби со раководствата на компаниите.

Според Ристески, целта на Владата е создавање на услови за економски развој и стабилна иднина за сите граѓани.

-Растот на директните странски инвестиции значат економски развој на Република Македонија, нови добро платени работни места, како и зајакнување на конкурентноста на нашата држава. Во 2024 година имавме историски успех, со рекорден прилив на странски директни инвестиции во иснос од една милијарда и 255 милиони евра, како и 400 милиони евра раст само во последниот квартал од минатата година – истакна заменик министерот.

Aко имате пријател во полиција, денеска треба да чести! Исплатена бонус плата од 41.239 денари на над 6.000 вработени

6.241 вработени во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часа прекувремена работа во текот на 2024 година им беше исплатена бонус плата во поединечен нето износ од 41.239 денари. Сите средства се обезбедени од буџетот на Министерството за внатрешни работи – информираше на социјалните мрежи министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

-Една од главните стратешки цели кои ги имаме поставено е враќање на достоинството на полициската професија и благородноста на повикот да се работи за својата држава, своите граѓани и нивната безбедност и сигурност. Исто така, со покачувањето на платата од 10% за сите вработени во МВР кое се реализираше овој месец, направивме чекор кон подигнување на социјалниот статус на полициските службеници бидејќи само задоволни полициски службеници можат да бидат вистински столб на безбедноста на граѓаните и државата – напиша Тошковски.

Жртвата од гром во прилепско е маж на 34-годишна возраст

-На 23.04.2025 во 17.32 часот во СВР Битола е пријавено дека на место викано Кисела Вода во атар на с.Мажучиште, прилепско, бил пронајден починат А.Е.(34) од Прилеп.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп при што е констатрано дека смртта настанала како последица на удар од гром.

Увидот извршила увидна екипа на ОВР Прилеп, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на семејството – информираат од СВР Битола.

Засадуваме вредности! Градиме иднина – MINT Финтек Груп

На Денот на планетата Земја, децата на вработените во MINT Fintech Group засадија 9 нови магнолии во парк-просторот кај Офицерски дом, во соработка со надлежното општинско претпријатие во Општина Битола.

Ова е третата година по ред како финтек компанијата со седиште во Битола ја реализира оваа еколошка и симболична акција, каде бројот на садници расте заедно со годините на компанијата.

Првите магнолии беа засадени во срцето на градот – кај Градскиот часовник, каде годинава пролетта ги пречека во полн цвет. Минатата година – во новиот парк кај Довлеџик. Оваа година – позади Офицерски.

Секоја магнолија е порака. Порака дека технологијата и природата не се спротивности – туку партнери. Порака дека иновативноста е најсилна кога расте со почит кон корените.

Магнолијата како симбол отсекогаш била присутна во Битола – најпознат пример е онаа во дворот на историската куќа на семејството Иконому на плоштадот Магнолија. Според народните верувања, магнолијата засадена пред куќа носи мир и задоволство, а позади куќа – финансиски просперитет. Совршена метафора за MINT.

„Нашата цел е оваа мала традиција да прерасне во голема магнолиска приказна за градот – каде секое дрво е жив симбол на одржливост, љубов и технолошка визија со локален пулс“, велат од MINT Fintech Group.

 

9 магнолии. 9 години. 1 град што расте.

Најмногу дожд во Крушево, времето денеска нестабилно, наместа со поројни врнежи и грмежи

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 26 литри на квадратен метар.

Според мерењата на УХМР за наврнат воден талог во изминатото деноноќие, до 8 часот се измерени 13 литри на квадратен метар во Крива Паланка, 10 во Штип, 8 во Скопје – Петровец, 7 во Демир Капија, 6 литри во Берово, 5 во Струмица, 4 во Кавадарци, Гевгелија и на Попова Шапка, 3 литри на квадратен метар воден талог се измерени во Тетово, Охрид, Куманово и Лазарополе, 2 во Скопје – Зајчев Рид, Виница и Маврово и 1 во Прилеп и Велес.

За денеска УХМР прогнозира променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Дневната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне 25 степени.

Лице загина од удар на гром во прилепско Мажучиште

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку 112 во ЦУК во 17.39 часот, била добиена пријава за починато лице за коешто јавувачот известил дека најверојатно е погодено од гром во с.Мажучиште, Општина Прилеп.

За ова, од Секторот за операции и координација на ЦУК, веднаш биле известени во МВР и во Итната медицинска помош (ИМП) за понатамошна постапка.

Според последната информација добиена од РЦУК Битола истите известиле до ЦУК дека лицето од село Мажучиште, Општина Прилеп било погодено од гром по што е пренесено во Итна медицинска помош во Прилеп и била констатирана неговата смрт.