дома блог страница 439

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите, соопшти предмалку партијата.

-Сигурни сме дека институциите активно ќе се спротивстават на забеганоста на дел од маркетите и состојбата во која без никаков индикатор кој предизвикува инфлација тие нечовечно да ги зголемуваат цените и да учествуваат директно во зголемување на сиромаштијата богатејќи се на грбот на граѓаните преку уцена и монопол и општествено неодговорен однос. Истовремено за очекување е владата да подготви сет на мерки како за контрола на растот на цените, да ги истражи овие однесувања на маркетите дали низ годините наназад до денес правеле злоупотреби, даночни ескивирања или други прекршувања на законите и истовремено да ја засили контролата врз нивната работа. Ова дивеење на маркетите мора да престане, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека нема никаква економска причина надвор од своеволноста на трговците, која тоа го оправдува освен голиот профит на грбот на граѓаните.

-Ваквите навики на трговците толерирани од претходните влади доведоа до тоа во државава да се зголемува сиромаштијата, а на сметка на тоа да се богатат 5-6 сопственици на маркети преку нереални зголемувања на цените и злоупотреба на позицијата во општеството, се наведува во соопштението на партијата.

Алекса Петрески, Марифет и Конект Бенд, во петок ќе настапат во “Кафе Пауза” за Виктор, 26-годишниот прилепчанец кој го обедини Прилеп во хуманост!

Град херој, а сега и ГРАД ХУМАНИСТ! Прилепчани во еден ден се обединија за 26-годишниот ВИКТОР НИКОЛОСКИ, наш сограѓанин кому неодамна му е дијагностициран тумор на главата.

Кафулиња, ресторани, невладини организации…. веќе најавија низа настани и концерти. Потребни се 73.000 евра за Виктор итно да замине на лекување во Турција.

Хуманитарна забава викендов ќе има и во “Кафе Пауза” во населбата “Точила”. Настанот е закажан за петок, 31.01. со почеток од 21 часот, а ќе настапат: Алекса Кузманоски, Марифет Бенд и Конект Бенд.

Влезниците се по цена од 200 денари, а сите средства ќе одат за лекување на Виктор.

Бидете дел од сите овие хуманитарни забави кои викендов ќе се случуваат во нашиот град.

ЕДНО ОГРОМНО БРАВО ЗА СИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ! ЕДНО ОГРОМНО БРАВО ЗА СИТЕ ХУМАНИ ГРАЃАНИ!

Јовчески во работна посета на Австрија – целта е подобрување на социјалните услуги во Прилеп

Градоначалникот на општина Прилеп, заедно со првите луѓе на соседните општини Кривогаштани и Долнени, од денеска се во работна посета на Австрија, како дел од проектот TRANSACT – Трансформирање на глобалните социјални предизвици во реални локални активности, a со цел подобрување на социјалните услуги.

-Ја започнавме нашата работна недела во Република Австрија, заедно со претставници од Центарот за развој и едукација од Прилеп, колеги градоначалници од повеќе општини од Македонија, претставници на Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади, како и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп.

Посетата е дел од проектот TRANSACT: Трансформирање на глобалните социјални предизвици во реални локални активности.

Овој значаен проект, поддржан од Австриското Сојузно Министерство за социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи, ќе го донесе пилотирањето на новата социјална услуга „Медицинска сестра во заедницата“ за првпат во нашата држава и во нашиот град Прилеп. Целта на оваа услуга е да овозможиме медицинска нега за лица и семејства кои се наоѓаат во социјален ризик.

Во текот на посетата ќе оствариме средби со водечки организации и институции во Австрија кои обезбедуваат социјални и здравствени услуги. Преку размена на знаења и искуства, ќе ги проучиме успешните практики за нивна примена во нашата заедница.

Со оваа иницијатива, заедно со партнерите од Австрија, работиме на создавање иновативни решенија и подобрување на пристапот до квалитетни социјални услуги за сите наши граѓани. Посветено продолжуваме да работиме за доброто на Прилеп – напиша Јовчески на ФБ.

Тешка сообраќајка во Битола: Автомобил удри во велосипедист

-На 27.01.2025 во 14.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Батаљон Стив Наумов” во Битола, патничко возило „цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(29) од Битола, удрило во велосипедистот С.Г.(52) од Битола.

Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Претставата “Како што сакате (Ноќ спроти Водици)” на кумановскиот театар, гостува во Прилеп

На 31 јануари 2025 година /петок/ во 20.00 ч. на сцената од театарот „Војдан Чернодрински“ ќе биде изведена претставата „КАКО ШТО САКАТЕ (НОЌ СПРОТИ ВОДИЦИ) на Кумановски театар, кој ќе оствари  гостување во прилепскиот театар.

РЕЖИЈА: Срѓан Јаниќијевиќ

ИГРААТ: Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Антонио Димитриевски,

Нина Максимова, Анастасија Величковиќ, Александра Пешевска, Давид

Илиќ, Никица Јанковски

ДРАМАТУРГ: Симона Тоскиќ

СЦЕНОГРАФ: Марија Ветеровска

КОСТИМОГРАФ: Лидија Георгиева

КОМПОЗИТОР: Ивица Димитријевиќ, Јане Трајковски

**********************************

ИНСПИЦИЕНТ: Антонио Пешевски

СВЕТЛО МАЈСТОР: Звонимир Мицевски

ТОН МАЈСТОР: Оливер Илиевски

СУФЛЕР: Виктор Величковски

ШИВАЧ: Дарко Илиевски

ГАРДЕРОБЕР: Елизабета Накевска

РЕКВИЗИТЕР: Лила Зафировска

ДИЗАЈН НА ПЛАКАТ: Марија Ветеровска

ДЕКОРАТЕРИ: Јовица Николовски, Саљим Хамдија, Игор Душановски,

Исак Јаихии, Бобан Милановски, Марјан Милановски

НАБАВУВАЧИ: Снежана Стојановска, Горан Ќимевски

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ДРАМСКА ДЕЈНОСТ: Јоана Сарафимовска

МАРКЕТИНГ: Орхан Дуров

**************************

ДИРЕКТОР: Сашо Тодоровски

**********************************

„Како што сакате“ е современа адаптација на драмата на Вилијам Шекспир „Ноќ спроти Водици“, опишана како негова најсмешна комедија.

„Вртлог на згрешени идентитети и невозвратена љубов. Никој не е она што е и сѐ е возможно. Зошто таа замена на родови идентитети е толку смешна во театарот со векови, а толку застрашувачки сериозна, а понекогаш и брутално трагична во реалниот живот. Кај Шекспир, тоа е едноставно: машко или женско? Како што сакате“, стои во најавата на претставата.

ДА ГО НАПОЛНЕМЕ И ГРАДСКИ како во старите добри времиња! Победа закажа хуманитарен натпревар за Виктор!

26-годишниот Виктор Николоски од Прилеп е посветен сопруг и татко на прекрасно четиримесечно бебе, а од денеска е и човекот кој го обедини Прилеп во хуманост.

Пред една недела, веднаш по крштевањето на нашето дете Виктор дозна дека има тумор на главата, дијагноза која го промени текот на неговото секојдневие, но и на целото негово семејство. За да има шанса за живот и да остане со своето семејство, неопходна е ИТНА операција која може да се изврши во клиника во Турција.

Бројни организации, угостителски објекти, спортски клубови…. денеска се обединија како никогаш порано, се со цел да се соберат потребните 73.000 евра за операцијата на Виктор.

И фудбалскиот клуб Победа се вклучи во собирањето на потребните средства. На 04.02. црвено-белите ќе одиграат пријателски хуманитарен натпревар против Башкими, а средствата од влезниците ќе бидат донирани за лекувањето на Виктор.

Еве шанса да го наполниме ГРАДСКИ како во старите добри времиња!

Обединети во ХУМАНОСТ! Заедно да го спасиме животот на овој наш млад сограѓанин!

Во продолжение ЛИНК каде може да донирате за ВИКТОР и негова трансакциска сметка:

https://pavelandreev.org/mk/campaign/pomosh-za-viktor-mlada-nadej-sto-se-bori-za-jivot?fbclid=IwY2xjawIEhWZleHRuA2FlbQIxMAABHZPtHLLUUXnfGdU_SIUMbtDZbkqQ8Exqsuc1_pWklIeVQXISFUPkiEev5Q_aem_TrgkUzGWaxc7TP39x4qyZw

И Дарко Филиповиќ ќе пее во Прилеп за ВИКТОР! Прилеп град херој, а сега и град на хуманоста!

Град херој, а сега и ГРАД ХУМАНИСТ! Прилепчани во еден ден се обединија за 26-годишниот ВИКТОР НИКОЛОСКИ, наш сограѓанин кому неодамна му е дијагностициран тумор на главата.

Кафулиња, ресторани, невладини организации…. веќе најавија низа настани и концерти. Потребни се 73.000 евра за Виктор итно да замине на лекување во Турција.

И големата балканска ѕвезда, Дарко Филиповиќ ќе пее во ресторан “Деспина” во Прилеп за Виктор.

Друштво ќе му прават естрадните изведувачи: Елена Јовческа, Париз Париз, “Тренд Бенд”, “Леонид Бенд” и “Алтернатор Бенд”.

Настанот е закажан за петок, 31.01.2024, со почеток од 20 часот. Цената на влезниците е 300 денари, а сите средства од продадените влезници и половина од прометот таа вечер, ресторан “Деспина” ќе го донира за лекувањето на Виктор.

ЕДНО ОГРОМНО БРАВО ЗА СИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ! ЕДНО ОГРОМНО БРАВО ЗА СИТЕ ХУМАНИ ГРАЃАНИ!

Општина Прилеп, јавните претпријатија и училиштата во Прилеп ќе помогнат во собирањето на средства за лекување на Виктор Николоски

Веста за 26-годишниот Виктор Николоски од Прилеп, кому му е дијагностициран тумор на главата, го обедини Прилеп во едно. Помош пристигнува од сите страни, а во акцијата за собирање на средства за негово лекувње, се вклучуваат и општината, јавните претпријатија и училиштата во градот.

-Општина Прилеп, заедно со сите Јавни претпријатија, основни и средни училишта, веднаш ќе се вклучи во хумана акција за да помогнеме во најбрз можен рок.

Сите ние сме дел од едно семејство – семејството на Прилеп, и како заедница ќе направиме сè што можеме за да му дадеме поддршка на Виктор и неговото семејство во оваа тешка битка и заедно ќе успееме!

Ве повикувам и вас, нашите сограѓани, да се приклучите и да помогнете со донација на линкот или со споделување на апелот. Заедно можеме да направиме разлика! Господ нека е со сите нас! – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Виктор Николоски е 26-годишен млад човек од Прилеп, посветен сопруг и татко на прекрасно четиримесечно бебе. Животот му донесе радост со доаѓањето на неговото прво дете, но и тежок предизвик кој никој не би го посакал.

Пред една недела, веднаш по крштевањето на нашето дете Виктор дозна дека има тумор на главата, дијагноза која го промени текот на неговото секојдневие, но и на целото наше семејство. За да има шанса за живот и да остане со своето семејство, неопходна е ИТНА операција која може да се изврши во клиника во Турција.

Трошоците за операцијата, патувањето и лекувањето се огромни и не можеме да ги покриеме без ваша помош. Апелираме до сите хумани луѓе да се вклучат во оваа битка и да му дадат на Виктор шанса да продолжи да го гледа растењето на своето дете.

Секоја донација, без разлика на износот, е од огромна важност! Доколку не сте во можност да донирате, ве молиме споделете го апелот за да стигне до што повеќе луѓе.

Виктор верува дека со ваша помош и поддршка ќе ја добие оваа животна битка. Да му помогнеме да остане столбот на своето семејство и да има светла иднина!

Во продолжение ЛИНК каде може да донирате за ВИКТОР и негова трансакциска сметка:

https://pavelandreev.org/mk/campaign/pomosh-za-viktor-mlada-nadej-sto-se-bori-za-jivot?fbclid=IwY2xjawIEhWZleHRuA2FlbQIxMAABHZPtHLLUUXnfGdU_SIUMbtDZbkqQ8Exqsuc1_pWklIeVQXISFUPkiEev5Q_aem_TrgkUzGWaxc7TP39x4qyZw

Општина Прилеп го објави јавниот повик за финансирање на спортски клубови и здруженија на граѓани

Врз основа на член 4 од Правилникот за утврдување на критериумите, начинот и постапката за распределба на финасиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за спортски клубови, професионални спортски клубови и здруженија и фондации Бр.09-1169/2 од 23.03.2023 година , Општина Прилеп објавува:

Ј А В Е Н   П О В И К  бр. 01/2025

За прибирање на барања за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за 2025 година, наменети за финансирање на спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации во областа на спортот, клтурниот и општествениот живот.

Се повикуваат сите спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации во областа на спортот, културниот и општествениот живот, барањата со комплетната документација да ги достават до Општина Прилеп во предвидениот рок.

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Прилеп за 2025 година, наменети за финансирање на спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации во областа на спортот, културниот и општествениот живот ќе се врши согласно Правилникот за утврдување на критериумите, начинот и постапката за распределба на финасиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за спортски клубови, професионални спортски клубови и здруженија и фондации Бр.09-1169/2 од 23.03.2023г

Задолжителна документација потребна за аплицирање на спортските клубови:

  • Формулар за аплицирање
  • Тековна состојба од клубот;
  • Решение за вршење дејнoст спорт согласно Законот за спорт;
  • Доказ дека се обезбедени соодветни објекти, опрема и стучен кадар;
  • Потврда од соодветната спортска федерација во која категорија апликантот учествува (супер лига, прва лига, втора лига, трета лига, општинска лига, младинска лига, кадетска лига, пионери) и времетраењето на учеството на клубот во соодветната федерација;
  • Потврда од клубот дали наплаќа/ не наплаќа чланарина;
  • Годишна програма за работа и финкционирањето на спортскиот клуб, односно здружението;
  • Постигнати резултати, успеси;
  • Детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на програмата/ проект (број на ангажирани лица, опис на трошоците по позиции);
  • Извешај за потрошените средства добиени од Општина Прилеп за претходната година;
  • Информација за начинот на кој се финансирале во изминатите три години(генерален спонзор, повеќе спонози, финансирање по пат на наплатување на тренажен процес);
  • Информација каде и во кои спортски сали и/или спортски терени го извршуваат тренажниот и натпреварувачкиот процес за изминатите три години;
  • Прилози, фотографии, награди

Задолжителна документација потребна за аплицирање на здруженија и фондации :

  • Формулар за аплицирање
  • Тековна состојба од здруженијата и фондациите
  • Решение за упис во Централен регистар согласно Законот за здруженија и фондации;
  • Годишна програма за работа и функционирање на здружението и фондацијата;
  • Предлог- проект со кој ќе се развива културниот и опшествениот живот Општина Прилеп;
  • Извешај за потрошените средства добиени од Општина Прилеп за претходната година;
  • Детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на програмата/проект (број на ангажирани лица, опис на останати трошоците по позиции).

Формуларот за палицирање со целокупната документација се доставува до Општина Прилеп на адреса Прилепски бранители бр.1 7500 Прилеп преку пошта или преку архивата на Општина Прилеп (се доставуваат во приемното одделение на општината).

На ковертот со пријавата и целокупната документација треба да има назнака – За јавен повик бр. 01/2025 за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за 2025 година, наменети за финансирање на спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации во областа на спортот, клтурниот и општествениот живот.

Датум на објавување на јавниот повик: 27 јануари 2025 год.

Краен рок за доставување на пријавите: 28 февруари 2025 год.

Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

Градоначалникот на Општина Прилеп, ќе склучи Договор за регулирање на меѓусебните права и обрски на општината со спортските клубови, професионалните спортски клубови, здруженијата и фондациите корисници на финансиските средства.

Лице за контакт за подетални информации, секој работен ден од 10-15 часот:

  • Гоце Бојкоски – 075 770 600                                                                                                                                

Градоначалник на    Општина Прилеп
Борче Јовчески

ПРЕВЗЕМИ јавен повик 2025

ПРЕВЗЕМИ ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ за Јавен повик за Спортски клубови 2025 година

ПРЕВЗЕМИ ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ за Јавен повик за Здруженија и Фондации 2025 година

Битола ќе биде домаќин на натпревар на МАКЕДОНСКАТА ЖЕНСКА РАКОМЕТНА репрезентација

Соодветните услови во спортската сала „Боро Чурлевски“, каде е обезбедено греење и можности за одржување на натпревари од репрезентативен карактер, повторно после седум години ќе овозможат Битола да биде домаќин на македонската репрезентација во ракомет.

Во октомври 2018 година, машката селекција играше и победи против Турција во квалификациите за ЕП 2020, а овојпат, Битола ќе ја пречека македонската женска репрезентација на 12 април на реванш средбата од баражот за Светското првенство во Холандија и Германија, меѓу женските репрезентации на Македонија и Полска.

Спортската сала „Боро Чурлевски“ е една од ретките во државата, надвор од Скопје, кои ги исполнуваат условите за репрезентативни дуели, што е резултат и на континуираната заложба на локалната самоуправа за создавање услови за поддршка на спортот и поттикнување на спортските резултати во градот.