Studio Kaća е првото Reformer Pilates студио во Прилеп, создадено со идеја да понуди модерен и поинаков пристап кон вежбањето за оние кои сакаат да се чувствуваат подобро и да вложат во своето здравје и форма.
Но, што всушност е Reformer Pilates?
Тоа е модерен и ефикасен начин на вежбање кој се изведува на специјална Pilates Reformer справа и комбинира контролирани движења, отпор, сила, флексибилност и стабилност. Фокусот е на правилното изведување на движењата, зајакнување на мускулатурата, подобрување на држењето на телото, мобилноста и подобра поврзаност со сопственото тело.
Reformer Pilates е прилагодлив за различни возрасти и нивоа на физичка подготвеност, од оние кои за првпат започнуваат со вежбање, до оние кои веќе активно тренираат.
Studio Kaća е повеќе од место за вежбање, тоа е простор создаден за да забавите, да се движите со свесност и да одвоите време за себе.
А бидејќи најдобро е да се види отколку да се објаснува, погледнете ги фотографиите и видеата и запознајте гo Studio Kaća одблиску.
Kaća Studio – движи се поинаку, чувствувај се подобро!
Ќе го најдете на ул. “Кузман Јосифоски-Питу”, наспроти уличката од полицијата.
Кога станува збор за земјоделската механизација, изборот на вистинската машина е инвестиција која треба да обезбеди сигурност, ефикасност и подобри резултати на долг рок. Токму затоа, за земјоделците е важно да имаат партнер на кој можат да му веруваат – не само при купувањето на механизацијата, туку и во текот на нејзиното користење.
Една од компаниите со долгогодишно искуство во оваа област е Хемометал од Битола, компанија која својата приказна ја гради повеќе од 35 години и која денес нуди широка палета на трактори, земјоделска и приклучна механизација, опрема и сервисна поддршка.
Од трактор до комплетна механизација
Хемометал е препознатлив по понудата на трактори од реномирани производители, меѓу кои Solis, Zetor и Hattat, со различни модели и спецификации наменети за различни земјоделски потреби. Во актуелната понуда на компанијата се достапни Solis модели со различна моќност, вклучително и модели од 26 до 125 коњски сили, како и специјализирани серии.
Но, вистинската вредност за земјоделецот е во можноста на едно место да ја пронајде и приклучната механизација потребна за секојдневната работа.
Понудата опфаќа механизација за обработка на земјата, сеидба, заштита на посевите, овоштарство, сточарство, наводнување и транспорт, како и различна останата механизација.
Во зависност од потребите, земјоделците можат да избираат помеѓу различни видови опрема, како плугови, дискови брани, кримлери, фрези, сеалки, прскалки, косачки, приколки, предни утоварачи и друга механизација.
Тоа значи дека наместо да бара различни добавувачи за различните фази од производството, земјоделецот може да добие пошироко решение од еден искусен партнер.
Механизација која ја следи потребата на земјоделството
Современото земјоделство бара поголема продуктивност, подобра организација и рационално користење на времето и ресурсите. Добро избраната механизација може значително да ја олесни работата и да овозможи обработката на земјоделските површини да биде побрза и поефикасна.
Токму затоа, во понудата на Хемометал посебно место има механизацијата за обработка на почвата – од плугови и тањирачи до фрези и кримлери.
За производителите на различни земјоделски култури, на располагање е и опрема за сеидба и заштита на посевите, додека за специфичните потреби на овоштарите, сточарите и производителите кои имаат потреба од системи за наводнување и транспорт, компанијата нуди дополнителни решенија.
Не е важна само машината, туку и поддршката после купувањето
Една од клучните работи при набавката на земјоделска механизација е сервисната поддршка.
Во Хемометал функционира специјализиран сервис со стручен кадар и мобилни тимови опремени со редовни и специјални алати. Во зависност од природата на проблемот, интервенциите може да се извршат на терен или во сервисниот центар на компанијата во Битола.
Сервисот обезбедува редовни и вонредни сервиси, техничка поддршка, обука на оператори и пуштање на машините во работа, а компанијата располага и со оригинални резервни делови.
Ова е особено важно за земјоделците, бидејќи кога сезоната ќе започне, механизацијата мора да биде подготвена и функционална.
Повеќе од три децении искуство
Хемометал е основан во 1990 година со седиште во Кравари, Битола. Од своето основање компанијата е фокусирана на трактори, земјоделска механизација и опрема, а со текот на годините ја проширува својата понуда и присуство на пазарот.
Денес компанијата има локации и во Прилеп, Свети Николе, Трубарево и Облешево, со што својата понуда ја доближува до земјоделците од повеќе региони во земјата.
Дополнителен показател за ориентацијата кон квалитетот е и ISO 9001:2015 сертификатот со кој располага компанијата.
За секој земјоделец постои различно решение
Не му е потребен ист трактор на земјоделец со неколку хектари, на производител со поголеми површини, на овоштар или на сточар. Затоа добрата механизација не се избира само според изгледот или моќноста, туку според реалната потреба.
Токму тука доаѓа до израз искуството на компанија која не продава само машина, туку може да помогне при изборот на трактор, приклучна механизација, дополнителна опрема и сервисна поддршка.
Од првата обработка на почвата, преку сеидбата и заштитата на посевите, па сè до транспортот – целта е земјоделецот да има механизација која ќе му ја олесни работата и ќе му помогне да биде поефикасен.
Хемометал од Битола – повеќе од 35 години искуство, механизација за современо земјоделство и поддршка кога е најпотребна.
Што ако следниот коктел што ќе го пиете во AVRA не биде само коктел од менито, туку ваша сопствена креација?
Токму тоа е новото искуство кое AVRA го подготвува за своите гости. Оваа недела, на 6 септември, секој нарачан коктел доаѓа со посебна „Create Your Cocktail“ картичка, преку која гостите добиваат можност да влезат во улогата на вистински коктел мајстори и да го создадат својот идеален пијалак.
Идејата е едноставна, но интересна – Design it. Name it. Make it yours.
На картичката, чекор по чекор, самиот гостин го креира својот коктел. Прво избира чаша, алкохолна база и техника на подготовка – Shake, Stir или Build. Потоа следува најинтересниот дел, балансирањето на вкусовите преку избор на слатки и кисели ноти, сода или тоник, како и соодветен гарниш кој ќе ја заокружи креацијата.
Но, секој добар коктел има и своја приказна.
Затоа, гостите ќе имаат можност на својата картичка да му дадат уникатно име на коктелот, но и да ја споделат приказната или идејата што стои зад нивната креација.
А најдобрите идеи нема само да останат на хартија.
AVRA ќе избере три најдобри креации, а нивните автори ќе добијат ваучер во вредност од 1.000 денари, но и нешто уште поинтересно, можност нивниот коктел да биде дел од менито за одреден ден, а креаторот својот коктел ќе може да го порача бесплатно тој ден!
Тоа значи дека вашата идеја може да стане следниот омилен коктел на гостите во AVRA.
За дополнителна интеракција, од AVRA ги повикуваат гостите да ги споделат своите креации на Instagram Stories и да го тагираат @avra.cocktailbar.
Оваа недела, коктелот не се избира само од мени, вие го креирате, вие му го давате името, вие ја раскажувате приказната.
Градоначалникот Дејан Проданоски презентираше отчет за сработеното, како што кажа, во Прилеп се градат нови улици, мостови, водоводни мрежи, игралишта, фабрика за отпад, игралишта, или проекти над 12 милиони евра….
Во продолжение интегрален текст од неговата прес конференција:
Денес пред вас го презентирам отчетот за сработеното во изминатата година. Нашата цел беше јасна: Прилеп да се менува со конкретни проекти што се гледаат и што го подобруваат секојдневието на граѓаните.
Во партнерство со Владата и ресорните министерства, реализираме 18 проекти, поддржани со околу 12 милиони евра. Шест се завршени, пет се во завршна фаза, а седум се на почеток на реализација.
Еден од најзначајните е кружниот тек кај мостот „Табана“, вреден повеќе од 2 милиони евра. Со него, го решаваме едно од најголемите сообраќајни тесни грла во градот. Проектот вклучува санација и проширување на мостот, нова траса, регулација на коритото, осветлување и сигнализација.
За локалните улици и патишта, обезбедивме 168 милиони денари за три години, од кои 60 милиони до крајот на оваа година. Го реконструиравме тротоарот на „Кеј 1-ви Мај“, а на „11-ти Октомври“ се обновуваат тротоарите, велосипедските патеки и осветлувањето. На повеќе од 20 локации поставуваме средства за забавување на сообраќајот.
Во индустриската зона „Металец“ градиме 973 метри патна мрежа, а кај „Жито Прилеп“ градиме сервисна улица од 392 метри. Улицата „Победа“ и мостот се реализираат со повеќе од 100 милиони денари. Следуваат и улиците „Трајко Николоски“ и „Орде Чопела“, проекти вредни повеќе од 180 милиони денари.
Инвестираме и во сигурно водоснабдување. На „Кузман Јосифоски“ ги заменивме старите азбестни цевки. Во Карабдалица, по повеќе од 70 години, обновивме 1.240 метри мрежа, со 124 приклучоци и 7 хидранти. Во тек се нови мрежи во Селце и Лениште, вредни 25 милиони денари.
Го уредивме и јавниот простор. На плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ обновивме 2.100 квадратни метри. Во Типската населба изградивме детско игралиште, започнуваме уште едно, а ново игралиште следува и зад Участакот. Во ООУ „Рампо Левката“ изградивме спортско игралиште и ја обновивме фасадата. Во Точила ги реконструиравме терените за фудбал, кошарка и одбојка и поставивме фитнес-реквизити.
За почиста животна средина, изградивме фотонапонска централа за пречистителната станица. Ќе поставиме полуподземни контејнери на 21 локација и јавни тоалети на три локации во центарот. Посебна гордост е првата фабрика за селекција на отпад од ваков тип во Македонија, со капацитет до 10 тони на час. Работиме и на регионален систем за управување со отпад.
Ја модернизираме и општината. Отворивме Центар за услуги со повеќе од 1.000 дигитални услуги – над 350 за граѓаните и повеќе од 700 за компаниите. Подготвуваме нов Генерален урбанистички план, 18 детални планови за градот и уште 30 за околината и населените места.
Не ги заборавивме културата, спортот и младите. Средствата за културни манифестации ги зголемивме од 4 на 12 милиони денари, а за спортските клубови издвоивме 14,5 милиони. Формиравме Локален младински совет и отворивме музичка соба во НУЦК „Марко Цепенков“. Само во трите летни месеци поддржавме повеќе од 160 настани.
За првпат обезбедивме по 3.000 денари за секое запишано прваче. Отворивме Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење. Како најинклузивна општина, продолжуваме и со нов Дневен центар за лица со попреченост, за индивидуален третман.
Почитувани,
Ова се резултати од заедничка работа на Општината, Советот, јавните претпријатија, службите и нашите партнери во Владата и институциите. Не тврдиме дека сè е завршено. Пред нас има уште многу работа и предизвици. Но правецот е јасен: модерен, функционален и достоинствен Прилеп за сите генерации.
Продолжуваме одговорно, посветено и со уште посилно темпо.
Во присуство на владина делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски, денеска во Гевгелија е пуштена во употреба реконструираната Стара чаршија.
„Означивме завршување на реализацијата на проектот за реконструкција и реставрација на фасадите и партерно уредување на Старата чаршија во Гевгелија. Чаршијата претставува историски белег на градот и е дел од културата на гевгеличани. овој проект опфати повеќе фази: изградба на целосно нова подземна инфраструкура со изведба на нова атмосферска и фекална канализација и на нова водовона линија, со што беа обезбедени нови приклучоци за сите дуќани, беше заменета целата столарија, беа реставрирани и реконструирани фасадите, со задржување на некогашниот автентичен лик, извршено е поплочување на партерот со гранитни плочи и поставена е урбана опрема и модерно осветлување. Проектот беше реализиран со средства обезбедени од Владата, преку Министерството за култура и туризам. Верувам дека на ова прекрасно место моите сограѓани повторно ќе остваруваат средби, дека ова место ќе ги чува спомените од минатото и ќе ни биде нова туристичка атракција“, изјави градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Биљана Кузманоска на денешната прес-конференција посочи дека македонската економија бележи забрзан раст и дека најновите податоци покажуваат значително подобрување во однос на периодот на претходната власт.
Кузманоска на денешната прес-конференција посочи дека реалниот економски раст во второто тримесечје од 2026 година достигнал 4,3 отсто. Таа направи споредба со првиот квартал од 2024 година, кога растот, според неа, изнесувал 1,6 отсто.
„Од 1,6 проценти економски раст во време на СДС и ДУИ, денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3 проценти“, изјави Кузманоска.
Таа нагласи дека, според неа, не е важен само процентот на раст, туку и неговата структура. Како позитивни показатели ги посочи инвестициите, кои во второто тримесечје реално се зголемиле за 16,5 отсто, како и извозот на стоки и услуги, кој пораснал за 10,4 отсто.
Кузманоска посочи и дека градежништвото бележи раст од 21,9 отсто, а раст, како што наведе, има и во преработувачката индустрија, трговијата, транспортот, угостителството и информациско-комуникацискиот сектор.
Според неа, овие показатели укажуваат на зголемена економска активност, поголем простор за инвестиции и можност за отворање нови работни места.
Пратеничката се осврна и на инфлацијата, посочувајќи дека паралелно со забрзувањето на економскиот раст, таа се намалува и во моментот изнесува 2,3 отсто.
Кузманоска порача дека целта е економскиот раст да се почувствува преку повисоки плати, нови работни места, поддршка за компаниите и подобар животен стандард.
Таа најави дека Владата ќе продолжи со поддршка на инвестициите и приватниот сектор, реализација на капитални проекти и создавање стабилно и предвидливо економско окружување.
„Од економија која растеше со 1,6 проценти на почетокот на 2024 година, денес имаме економија со раст од 4,3 проценти. Тоа е промената и тоа е трендот што мора да продолжи“, порача Кузманоска.
Општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Илинден и Струмица денеска од Прилеп, црпеа добри практики за управување со отпад на локално ниво и воспоставување на систем за примарна и секундарна селекција на отпад
Денес, во просториите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, се одржа работна средба посветена на размена на искуства и добри практики во управувањето со отпадот на локално ниво, со посебен акцент на воспоставувањето и функционирањето на системот за примарна селекција на отпад во Општина Прилеп.
На средбата присуствуваа претставници од општините и јавните комунални претпријатија од општините Гази Баба, Ѓорче Петров, Илинден и Струмица, кои имаа можност одблизу да се запознаат со искуствата на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, во воспоставувањето и спроведувањето на примарната селекција на отпад.
Преку презентации, дебати и отворени разговори беа споделени практични искуства, предизвици и решенија поврзани со организацијата на системот, начинот на селекција, собирањето на селектираниот отпад, како и придобивките од неговото правилно управување.
Беше посетено и собирното место за одлагање на електричен и електронски отпад, како и просторот наменет за собирање и складирање на стакло. Преку овие посети беа презентирани практичните решенија за одделно собирање на различни видови отпад и нивното правилно управување.
Посебен дел од посетата беше посветен на фабриката за селекција на отпад, каде што беа презентирани процесите на селекција и подготовка на отпадот за понатамошно рециклирање и искористување. Учесниците имаа можност да се запознаат со досегашните резултати, практичните искуства и придобивките од воспоставениот систем во Општина Прилеп.
На работната средба се разговараше и за идните активности и планови во областа на управувањето со отпадот, особено за подготвената проектна документација за идната изградба на компостара, како и за планирањето на плац за рециклирање на градежен отпад. Овие проекти се дел од заложбите за воспоставување интегриран и одржлив систем за управување со различни видови отпад на локално ниво.
Особено внимание беше посветено на успешноста на воспоставениот систем за примарна селекција во Општина Прилеп, кој претставува значаен чекор кон поефикасно управување со отпадот, зголемување на количините на селектиран и рециклирачки отпад и создавање почиста и поздрава животна средина.
Размената на искуства меѓу локалните самоуправи и јавните комунални претпријатија претставува значаен придонес во унапредувањето на системите за управување со отпад и создава можности за примена на успешни практики и во други општини.
Средбата и посетата на капацитетите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп ја потврдија важноста од меѓуопштинската соработка, споделувањето знаења и искуства и заедничкото дејствување во насока на воспоставување современи, ефикасни и одржливи системи за управување со отпад.
Со ваквите активности се создаваат услови за понатамошно унапредување на примарната селекција, развој на нови инфраструктурни решенија за постапување со отпадот и подигнување на свеста кај граѓаните за значењето на селектирањето, рециклирањето и правилното постапување со отпадот.
Студиската посета беше организирана од Центарот за климатски промени.
Петти Суперкуп за Вардар и петта потврда дека шампионскиот карактер се гради со години, но се докажува на терен. Новата сезона започна онака како што доликува на шампион, со трофеј во рацете.
РК Вардар 1961 го освои Суперкупот на Македонија, совладувајќи го ГРК Охрид со 32:31 во драматичен и до последната секунда неизвесен дуел во Гевгелија. „Црвено-црните“ покажаа карактер, сила и победнички менталитет и стигнаа до петтиот Суперкуп трофеј во историјата на клубот.
За Вардар, трофејот е повеќе од одличје. Тој е продолжение на традицијата, потврда на амбициите и силна најава за сезоната што следува. Двојниот европски шампион повторно ја потврди својата позиција како најуспешен клуб во историјата на Суперкупот на Македонија. Новата сезона допрва започнува. Следуваат нови предизвици, нови битки и нови цели на домашната сцена, во трката за двојната круна, но и на европскиот терен.
Ние веруваме дека Вардар има сила за нив. Како партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија верува во тимот, во неговиот квалитет и во победничкиот менталитет кој со децении го препознаваат генерации вардарови навивачи.
Градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, упати покана до сите граѓани, 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија, да го поминат со своите семејства во Крушево, а општината ќе се погрижи да приреди дочек со добра програма на плоштадот “Никола Мартиноски”. Вечерта тука настап ќе има познатиот македонски стенд-ап комичар, Бојан Велевски.
Почетокот на настанот е закажан за 20:00 часот, а организаторите најавуваат вечер исполнета со многу смеа и забава за сите генерации.
„Почитувани сограѓани и гости, Ве покануваме на Stand Up Comedy Night со Бојан Велевски – настан исполнет со многу хумор, позитивна енергија и забава за сите генерации“, стои во поканата од Општина Крушево.
Бојан Велевски, еден од познатите македонски стендап комичари, пред крушевската публика ќе приреди специјална комична програма, со која празничната атмосфера на 8 Септември ќе добие уште една доза забава и позитивна енергија.
Настанот е во организација на Општина Крушево, а од локалната самоуправа ги повикуваат сите сограѓани, но и гостите кои празникот ќе го поминат во Крушево, да се придружат на заедничкото дружење.
Кој вели дека со доаѓањето на септември завршува летото?
Кај нас есента полека тропа на врата, а во Калитеа на Халкидики летото сè уште трае. Сонцето е тука, морето е топло, плажите се мирни, а вечерите се создадени за прошетки, добра храна и уживање.
Токму затоа, ако сè уште не сте го искористиле летниот одмор или едноставно сакате уште неколку денови покрај Егејското Море, септември е одлична можност да си подарите уште едно летно бегство.
Калитеа со години е меѓу омилените дестинации на македонските туристи, а причината е едноставна – прекрасни плажи, чисто море, одлични ресторани и кафулиња, вечерна атмосфера и доволно можности за секој да го пронајде својот совршен ритам.
А за еден убав одмор, покрај добрата дестинација, потребно е и удобно место за престој.
Тука се издвојува Athina Mare-Sole – модерен и целосно реновиран хотел во Калитеа, создаден за пријатен, удобен и безгрижен престој.
Уште при пристигнувањето, хотелот остава впечаток со својот современ изглед, уредноста и пријатниот амбиент. Сè е организирано со мисла за удобноста на гостите, за по денот поминат на плажа да имате место каде што навистина можете да се одморите.
Собите се светли, пространи и модерно уредени, со нов мебел и пријатен ентериер. Особено внимание е посветено на креветите, кои се нови и опремени со висококвалитетни анатомски душеци – идеални за квалитетен сон и вистински одмор по долг ден исполнет со сонце и море.
Целосно реновираните бањи со нова санитарна опрема и фен за коса се уште еден детал кој придонесува за дополнителна удобност.
Ако сакате утрото да го започнете полека, во свој ритам, сместувачките единици располагаат и со опремени кујни. Утринското кафе или појадокот можете да ги подготвите во удобноста на сопственото сместување, а потоа да уживате на пространиот балкон.
Athina Mare-Sole располага со различни типови на сместување, што го прави погоден избор за парови, семејства и помали друштва кои бараат функционален и удобен простор.
Но, најголемата предност е можноста да го имате најдоброто од двата света – мир и удобност во сместувањето, а на само кратко растојание сите содржини по кои е препознатлива Калитеа.
Септемвриските денови се можеби уште поубави за уживање покрај море. Помалку гужва, пријатни температури, топло Егејско Море и вечери идеални за прошетки и дружење.
Затоа, ако календарот покажува септември, не значи дека мора да кажеме збогум на летото.
Летото сè уште трае во Калитеа!
Ако ви треба причина за уште едно патување до Халкидики, можеби токму сега е вистинскиот момент да ги спакувате куферите, да го почувствувате морскиот воздух и да си подарите неколку денови вистински летен одмор.
Резервирајте го вашиот престој преку Booking и продолжете го летото во Калитеа!