дома блог страница 393

Шестмина малолетници меѓу загинатите во дискотеката во Кочани, најмладите имаат 16 години – Објавена возраста на сите жртви

Основното јавно обвинителство информираше за возраста на трагично загинатите 59 лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Податоците се доставени до ОЈО од Институтот за судска медицина.

Во големата трагедија животот го загубија и шест малолетни лица на возраст од 16 и 17 години.

Возраст

16 години – тројца загинати
17 години – тројца загинати
18 години – четворица загинати
19 години – еден загинат
20 години – двајца загинати
21 година – шестмина загинати
23 години – двајца загинати
24 години – седуммина загинати
25 години – тројца загинати
26 години – седуммина загинати
27 години – двајца загинати
29 години – еден загинат
30 години – тројца загинати,
31 година – двајца загинати
32 години – еден загинат
33 години – еден загинат
36 години – четворица загинати
38 години – двајца загинати
43 години – еден загинат
44 години – двајца загинати
47 години – еден загинат
48 години – еден загинат

Од Обвинителството информираат дека извештаите од обдукциите се изготвуваат и ќе бидат доставени до нив.

Бугарски пратеник собра 34.200 евра за настраданите во Кочани

Бугарскиот пратеник Манол Пејков од 16 март до 19 март преку хуманитарна кампања собрал 34.200 евра, објави „БНР.бг“.

Пејков објави дека ќе стапи во контакт со семејствата на настраданите во Софија и Варна, а сите парични средства кои се собрани ќе бидат донирани на истите.

Бугарските медиуми првично објавија дека се собрани 54.000 лева, а сега таа сума е и поголема.

Бугарските медиуми првично објавија дека се собрани 54.000 лева, а сега таа сума е и поголема.

Лишени од слобода лицата кои правеа огномет синоќа во Скопје

На 19.03.2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост.

-Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот, информира МВР.

Тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица во врска со чл 387 од КЗ, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Гајдов: Министерот Тошковски работи како атомска мравка, секој ден го зголемува списокот на осомничени за трагедијата во Кочани

Во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина!“ на Канал 5 телевизија гостуваше во новинарот Љубомир Гајдов, каде во врска со трагичниот настан кој се случи во Кочани истакна дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски секој ден го зголемува списокот за осомничени и според него работи како атомска мравка и додаде:

„Треба секој за своето дело и недело да поднесе отчет, а тоа сега верувам дека ќе се случи бидејќи мојот велешанец министерот Панче Тошковски работи како атомска мравка и гледам дека секој ден го зголемува списокот. Тој е еден од ретките што си ја заработува платата иако многу не го сакаат, нормално кога им брца прст во око“, истакна Гајдов

Прилепчани го покажаа својот еко потенцијал: Во 2024 одложија 15 тони отпад преку повратните вендинг машини

Дискусијата за здрава животна средина отсекогаш била важна тема, но со воведувањето на иновативни начини на одложување на отпадот, се чини дека се’ поголем дел од населението започнува активно да се приклучува на (еко движењето). Така, во последните две години, и граѓаните на Прилеп покажаа дека нивната општина има огромен потенцијал за селектирање и правилно одложување на отпадот.

Откако во Општина Прилеп се поставени Повратни вендинг машини (ПВМ) на Пакомак за селективно одложување на амбалажен отпад, се забележува се’ поголем интерес за нивно користење, што покажува дека расте и еко свеста кај овие граѓани. Имено, жителите на Прилеп во 2024 година преку ПВМ селектирале дури 441.590 парчиња отпад, што претворено во тежина изнесува околу 15 тони отпад!

Резултатите добиени од повратните вендинг машини и апликацијата ЕкоМак покажуваат позитивен тренд на зголемување не само на бројот на жители кои селектираат, туку и на количината на собран отпад. Чисто за споредба, Прилепчани во 2024 имаат правилно одложено дури 387.506 парчиња отпад повеќе во споредба со 2023 година.

Но, овој податок е уште поимпресивен ако се земе предвид дека за разлика од многу други општини во земјата, Општина Прилеп не ги финансира „зелените поени“ во целост за да обезбеди дополнителна придобивка за граѓаните. Односно, во оваа општина има простор, но и желба од страна на граѓаните, да се забележат уште подобри резултати, ако се вложи само малку повеќе. Доволно е да се погледне што се случува во другите општини за да се заклучи дека постојат различни начини со кои може да се поттикне населението да се приклучи на еко движењето. Во моментов во Општина Прилепо се поставени три ПВМ. И секако, постои интерес кај граѓаните за поставување на уште една, две или повеќе повратни вендинг машини, на различни локации. Но, Општината има можност и да обезбеди додатна вредност за „зелените поени“, со што ќе ги мотивира граѓаните да селектираат отпад поредовно и во поголеми количини. Преку механизмот на кој работат повратните вендинг машини и мобилната апликација ЕкоМак, општината има можност да ги насочи „зелените поени“ кон проекти од заедничка корист, како донации, реновации на објекти, поддршка за локални општествено одговорни иницијативи и друго.

Во прилепчани лежи огромен еко потенцијал, а тоа само го потврдуваат обработените податоци од изминатите години и потребен им е само мал поттик за да се искористи целиот потенцијал. Добар пример за ова е соседната Општина Битола, чија локална самоуправа донесе одлука да ги финансира „зелените поени“ за да обезбеди додадена вредност за корисниците – а тоа придонесе за битолчани во текот на 2024 година преку ПВМ и апликацијата ЕкоМак да селектираат дури 30 тони амбалажен отпад. Дури двојно повеќе од Општина Прилеп!

Граѓаните на Општина Прилеп веќе трета година по ред имаат пристап до повратни вендинг машини во кои можат да го одложуваат амбалажниот отпад и за возврат да добиваат „зелени поени“, кои подоцна можат да бидат заменети со вредни придобивки и поволности, како што се: ваучери за попусти во маркети и други продажни објекти, плаќање јавни услуги и комунални трошоци. „Зелените поени“ за успешно одложување отпад се добиваат преку мобилната апликација ЕкоМак, на која во моментов има регистрирано дури 4.117 корисници.

Поставувањето на повратните вендинг машини е проект кој го започнаа Пакомак и Швајцарската амбасада како стратешки партнер, преку кој во изминатите четири години беа поставени 70 машини во 15 градови (општини) од земјата. Во моделот за поставувањето на машините приоритет имаат општини кои земаат учество во стимулирањето на нивните граѓани да ги користат машините со субвенционирање на „зелените поени“ – симболичен издаток за општината кој дава големи резултати во собрани шишиња и лименки што во спротивно би завршиле во речните корита и локалните депонии.

Преку повратните вендинг машини на Пакомак во текот на 2023 и 2024 година беа собрани околу 18 милиони шишиња и лименки, од страна на преку 46.000 регистрирани на корисници. Бројот на луѓето кои ја преземаат и ја користат апликацијата ЕкоМак секојдневно расте, а со тоа се зголемува и количината на отпад кој завршува на рециклирање, но и еколошката свест кај населението.

Приведени тројца крадци од Прилеп – краделе по куќи накит и се’ вредно што ќе им дошло при рака

-На 18.03.2025 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.В.(27), Е.В.(47) и Г.Г.(30), сите од Прилеп. При претреси во нивните домови, извршени со наредба од Основен суд Прилеп, биле пронајдени накит и други предмети кои потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“, извршени во куќи во Прилеп.

Предметите биле вратени на сопствениците, а лицата биле приведени во полициска станица.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од ОВР Прилеп.

Во петок во храмот Параклис, трет Акатист кон Пресвета Богородица во Велигденските пости и предавање на тема “За целта на нашето суштествување, обожението на црквата (човекот)”

Во третиот петок од Великиот Воскресенски пост со почеток од 16 часот, во храмот св. Кирил и Методиј – Параклис, ќе се служи Големо повечерие на кое ќе се чита акатист посветен кон Пресвета Богородица и ќе се осветува петтолебие за здравје и спасение на верниот народ.

Потоа ќе се одржи и предавање од овогодишниот циклус на предавања на тема: “За целта на нашето суштествување, обожението на црквата(човекот)” на кое ќе предава протоереј Веле Спиркоски, во просториите на административната зграда.

Воедно упатуваме и ПОКАНА до верниот народ на Прилеп со помасовно присуство на предавањето.

Храбра наша Војвотко победоносна,
ние, слугите Твои од зло избавени,
песни пофални Ти воспеваме, Богородице.
Но Ти, Која крепост имаш непобедлива,
од секоја беда ослободи не, да повикуваме:
Радувај се, Невесто Неневестна!

Прилепчанецот Јордан Ангелески со успешно истрчан полумаратон во должина од 21 км (ФОТО)

Mладиот кошаркар на Мега Баскет, Јордан Ангелески, изминатиот викенд учествуваше на 26. “Шри Чинмој маратон”, каде успешно ја истрча полумаратонската трка во должина од 21.1 километар.

16-годишниот Ангелески беше најмлад учесник, а трката ја заврши со одлично време од 2:15:21.

Младиот спортист ги заслужува сите пофалби и заслужува секаква поддршка.

ВЛАДА: Во Прилеп има два ноќни клуба, и двата се со истечени лиценци за работа

Во Прилеп има два објекти, и двата се со истечени лиценци

Порпаролката на Владата на Македонија, Марија Митева, одржа прес-конференција за медиуми во Медија центарот на Владата на која зборуваше за преземените активности на надлежните институции по завршување на денешната владина седница, а кои се однесуваат на две точки:
-Првата е на преземените активности од страна на Државниот пазарен инспекторат и втората во однос на информацијата за состојбата за сместувањето на семејствата на оние коишто се хоспитализирани надвор од државата.

-На територија на државата извршени се околу 50 контроли во текот на 16 и 17.03. 2025 година во угостителски објекти коишто имаат лиценца за работа која се однесува на кабаре, ноќен клуб, диско-клуб и диско-клуб на отворен простор.

Во моментот на надзорот субјектите не вршат дејност, што е разбирливо поради прогласената седумдневна жалост. Но, врз основа на податоците со коишто располага Државниот пазарен инспекторат и остварени контакти со одговорните лица на самите угостителски објекти, се обезбедени документи коишто се потребни за надзорот да биде извршен. Согласно овие контроли на увид се приложени лиценци за вршење на угостителска дејност коишто се со важност и тие се 22 на број на цела територија на државата, но има и 15 лиценци коишто се со истечена важност.

Во Скопје 13 објекти, од кои само 2 поседуваат важечки лиценци (за кабаре), 8 имаат истечени лиценци, а 3 објекти немаат никаква лиценца.

Во Куманово има 3 објекти, сите со важечки лиценци за кабаре.

Во Штип, Виница и Делчево по еден објект е регистриран како кабаре и сите поседуваат важечки лиценци.

Во Струмица има 4 објекти: 2 со важечки лиценци за диско-клуб, 1 со важечка лиценца за диско-клуб на отворен простор, а 1 со истечена лиценца.

Во Гевгелија имаме еден објект со истечена лиценца.

Во Велес има еден објект со важечка лиценца за диско-клуб.

Во Битола има четири објекти – три со важечки лиценци за кабаре, а еден со важечка лиценца за диско-клуб на отворен простор.

Во Прилеп има два објекти, и двата се со истечени лиценци.

Во Кавадарци има еден објект со важечка лиценца.

Во Велес има еден објект со важечка лиценца за кабаре.

Неготино еден објект со истечена лиценца.

Во Охрид има четири објекти – два со важечки лиценци, еден со важечка лиценца за диско-клуб, а еден објект е без лиценца.

Во Кичево има еден објект со важечка лиценца за кабаре.

Во Гостивар има еден објект со истечена лиценца.

Во Тетово има шест објекти, од кои за четири нема податок, а два се со истечени лиценци.

Дополнително, сакам ја информирам јавноста дека денес Државниот пазарен инспекторат е на терен и се проверуваат сите 22 објекти коишто имаат важечка лиценца дали ги исполнуваат минимум технички услови коишто се потребни за да ја добијат таа лиценца. Заедно со останати надлежни институции за тоа ќе излеземе со дополнителни информации откако ќе заврши целиот надзор којшто тие го прават.

За сите други објекти, коишто се со истечена важност на лиценцата или немаат воопшто лиценца, Државниот пазарен инспекторат донесе забрана за вршење на нивната дејност сè додека не се утврдат сите потребни документи, додека не се провери дали воопшто поседуваат услови, минимално технички услови за вршење на дејност за истите да можат да обезбедат дополнителна лиценца.

Во Министерството за економија,пак сакам да информирам дека се прави и проверка на лиценците дали повторно има некој случај со злоупотреба на архивското работење, односно за некоја лиценца да е заведена по друга основа.

Сакам да ја информирам јавноста за она што го најавивме вчера, дека ќе се донесе и официјализира одлуката во однос на помошта на семејствата за транспорт и сместување. Денеска Владата ја официјализираше таа одлука и го задолжи Министерството за финансии да обезбеди средства во висина од 30 милиони денари коишто треба да ги пренесе на Службата за општи и заеднички работи. Во овој момент можеме да ја информираме јавноста дека се обезбедени 58 лица, односно за истите се обезбедени транспорт и сместување. И дека оваа одлука ќе се однесува и на оние лица коишто заминале и пред донесување на оваа одлука, ќе може ретроактивно да им се изврши дополнителна исплата.

Ова се актуелните случувања коишто на денешната седница на Владата, беа соопштени како информации и ова се заклучоците коишто беа донесени. Остануваме посветени, ќе ја информираме јавноста транспарентно за сите преземени чекори.

Во сите црковни храмови во Преспанско Пелагониската Епархија, во сабота на Младенци, ќе се богослужат заупокоени литургии

Македонската Православна Црква – Преспанско Пелагониската Православна Епархија, од името на нејзиниот надлежен епахиски архиереј, Митрополитот Преспанско – пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, заедно со чесното свештенство, преподобното монаштво и верниот народ – им изразува длабоко молитвено и сострадателно сочувство на семејствата на сите настрадани во пожарот во Кочани.

Го молиме Христа Распнатиот и Воскреснатиот, Господарот на животот и Победителот на смртта, да им дарува покој на душите на загинатите и настрадани, да ги всели во преградките на Авраама и со праведниците да ги упокои. Нашата татковина Македонија и Македонската Православна Црква изгуби дел од својата иднина, изгуби млади садници и фиданки, што требаше допрва да се разгрануваат. Од нашата автокефална Македонска Црква и нашата самостојна и суверена татковина Македонија глас се слуша, ридање и пискот голем, зашто плачеме над своите чеда и не можеме да се утешиме зашто ги нема. (сп.Матеј 2,18). Но, Господ Спасителот, кој е утеха и Надеж наша, да ги прекрати нашиот плач и ридање, а ние со нашите молитви да испливаме и да ги надминеме сите овие искушенија и темнини што се надвиснале над нас и да прибегнеме кон Неговото тивко пристаниште.

На оние што се борат за живот и се лекуваат во болниците на нашата држава и во болниците ширум светот, Господ Лекарот над лекарите да ги исцели и да ги подигне од нивните болеснички постели.

По тој повод ширум нашата Преспанско – Пелагониска Православна Епархија, во сите храмови, на 22.03.2025 во сабота, на празникот Младенци, ќе се богослужат заупокоени Св. Литургии за упокоените и вечно живи пред Христа Господа, а за оние кои се лекуваат, ќе се богослужи Молебен за нивно побрзо закрепување и оздравување.

Господ да стави рака и да прекрати секаква рана, секаква болка и тага.

Бог да ги прости упокоените, да им подари рајска населба, а на болните здравје, закрепнување и оздравување.

„Господи на Силите со нас биди, зашто друг Помошник во маките освен Тебе немаме, Господи на Силите помилуј нè!“ (стихови на Великото Повечерие).

Ваш постојанен молитвеник пред престолот на Бога,

Митрополит Преспанско – пелагониски и

Администратор Австралиски и Новозеландски

Г. Петар.