дома блог страница 378

Мало место, но со големо срце! Оваа среда Кривогаштани ќе приреди “БЕЛА НОЌ” за паметење – LOCKDOWN, DJ STECCHY и TOНИ ЗЕН

Кривогаштани е мало место со големо срце, кое ова лето се претвори во вистинска точка на младинска енергија и забава. Благодарение на младите членови на Здружението на млади „Урбано Гнездо“, кои стојат зад организацијата на „Урбано Лето“ – манифестација која ја спојува урбаната култура со руралниот дух.

„Нашата цел беше да покажеме дека и малите места можат да создадат големи моменти, оваа манифестација од два дена (17.8 и 27.8) претставува ренесанса на културниот живот во Кривогаштани. Кривогаштани има потенцијал да биде културна точка, а Урбано Лето е само почеток“ – рекоја организаторите.

Првиот дел од манифестацијата, кој се одржа на 17 август, помина одлично – со многу дружење, филмска магија и незаборавна забава. Посетителите уживаа во проекцијата под отворено небо на култниот филм „500 Days of Summer“, а вечерта продолжи со опуштена журка со локален DJ под ѕвезденото небо.

На 27. август ќе има прекрасна “БЕЛА НОЌ” со дечките од прилепскиот бенд LOCKDOWN, DJ STECCHY и големата музичка ѕвезда TOНИ ЗЕН.

Резервирајте навреме маси во четирите локали кои го поддржаа настанот: @coffe_wakeup, @kafe_cao, @coffeebar.tokyo и @caffebareksploziv.

Кој го бидува, го бидува за се’ – Terasa го положи испитот и за приватна забава, можете и вие да добиете ваков третман (Фото галерија)

Во Прилеп велат: “Кого го бидува, го бидува за се”, a пример за тоа е тимот во Pub Club Terasa, локалот кој воведе нови стандарди во прилепската чаршија и донесе нова свежина преку прекрасно уреден простор, со фантастичен поглед кон Градската Саат кула и одлична викенд програма.

А дека ги бидува за за се’ покажаа изминатиот викенд, кога ја организираа и првата приватна забава, што на нивно огромно задоволство ги воодушеви сите присутни.

Гостите уживаа во софистицирано уредениот простор на Terasa, а богами и во изборот на пијалоци и богатиот кетеринг, нешто што ретко било каде се гледа.

Сите присутни се согласија дека го положија испитот и веќе се резервираат термини за следни случувања. Aко и вие сакате ваков третман, тогаш јавете се и договорете се на телефонскиот број: 070-304-967

Секако, тимот на Pub Club Terasa мисли на сите, па во никој случај нема да изостанат забавите во викендите. Ветуваат богата есен, со многу музика и многу музички имиња.

Нам ни останува да ги следиме и секогаш навреме да си резервираме.

За црвено-бела боја и со велoсипеди до Новаци – Победа го загуби првиот натпревар, но овие момци ги освоија симпатиите на сите (ФОТО)

Кога е Победа во прашање, ќе поместиме и планини, велат најтврдокорните навивачи, оние кои и кога е најтешко не му завртиле грб на својот фудбалски миленик.

Група навивачи викендов со велосипеди од Прилеп пристигнаа во Новаци за да ги бодрат фудбалерите на Победа. Клубот кој во моментов се соочува со сериозна финансиска криза, на теренот излезе со младинци, просек 18 години и за жал го загуби првиот натпревар од новата сезона во Втората лига.

Тоа не беше причина за овие верни навивачи да не ги бодрат младите момци, и да им покажат дека и кога е најтешко има некој кој стои зад нив.

Секоја чест момци!

Поради протест на вработените, прилепчани два дена нема да имаат градски превоз

Поради протест на возачите, сите три линии на Јавниот градски превоз Прилеп нема да сообраќаат до среда 27.08.2025 година, информираат од Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, под чија надлежност е градскиот превоз.

Засега нема информации зошто е протестот на возачите и зошто прилепчани два дена ќе останат без градски превоз.

https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=1334953071665825&id=100054534336339&rdid=L5EFUt1QbR41wE5b#

ГОРАН КРСТЕВСКИ ОД ПРИЛЕП Е НОВИОТ МИЛИОНЕР СО ОСВОЕНИ 1.574.742 ДЕНАРИ!

На видеолотариските терминали во Прилеп, нашиот среќен играч Горан Крстевски го освои Милионер Џекпотот во вредност од 1.574.742 денари!

Оваа добивка ја освои на 10.08.2025 година, а тој вели дека среќата, често е на негова страна.

Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува уште повеќе радост, исполнети соништа и незаборавни моменти!

Добивката Милионер џекпотот е освоена на видеолотариските терминали кај нашиот деловен соработник Евротип во Прилеп.

Во периодот од 18.08.2025 до 24.08.2025, играчите на видеолотариските терминали поделија вкупно 10.265.600 денари!

• 5 добитници на Милионер Џекпот освоија заедно 7.898.230 денари

• Играчите освоија и Мини Џекпот добивки во вредност од 2.367.370 денари

Од полноќ нови цени на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 % во однос на одлуката од 18.8.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,985%, кај дизелот за 1,915%, кај екстра лесното масло за 1,244% и кај мазутот намалувањето е за 1,246%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1230%.

Од 26.8.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 38,265 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,378 ден/кг и сега ќе изнесува 38,265 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.8.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Николоски најави набавка на нови локомотиви и репарација на постоечките – ќе се купуваат и нови патнички возови

Започнуваме со реконструкција на пругата Скопје-Јегунове-Тетово-Гостивар– Кичево. За две години би имале избран изведувач и за две, две и пол години после изборот целосно ќе ја реконструираме пругата, вели вицепремиерот Александар Николоски во интервју за ТВ Сител.

-Добивме грант од ЕУ од 5,3 милиони евра за изработка на еколошка студија, физибилити студија и подготовка на тендерска докумeнтaција. Почнува во септември и по сите европски правила трае 18 месеци што значи дека ние за 18 месеци би ги имале студиите и после 18 месеци да ги објавиме тендерите. Некаде за две години би имале избран изведувач и за две, две и пол години целосно да ја реконструирамe пругата Скопје-Јегунове-Тетово-Гостивар – Кичево. Понатаму да се стави електрификација и да се стави модерни системи за сообраќај до 120 километри на час, истакна вицепремиерот.

Во однос на набавка на нови патнички возови тој додаде:

-Владата донесе одлука за соработка меѓу МЖ Транспорт и ЕБРД со цел репарација на 11 постојани локомотиви, дел електрични, дел дизел и сите се за карго транспорт како и набавка на 2 нови локомотиви и со една флота од 13 локомотиви товарниот сообраќај го решаваме. Кога ќе стигнеме некаде пред две години пред завршување на пругите ќе започнеме и набавка на нови возови затоа што отприлика набавката трае шест месеци и добавувачеите бараат отприлка година дена да ги достават возовите и треба одреден период да се обучи кадар за новите возови, истакна вицепремиерот Николоски .

Храмот „Св. Петка“ во Прилеп – ЦВЕТЕН БИСЕР И ДУХОВНО-КУЛТУРНО СВЕТИЛИШТЕ ВО СРЦЕТО НА ПЕЛАГОНИЈА (Фото галерија)

Повелете во храмот „Св. Петка“ во Прилеп – место каде духовноста, архитектурата и природната убавина се спојуваат во единствена хармонија. Иако релативно нов, храмот веќе се вбројува меѓу најубаво уредените православни храмови во Македонија.

Со својата впечатлива архитектура, прекрасно уредено двориште исполнето со стотици ружи, разновидно цвеќе и ретки украсни зимзелени и листопадни дрвја и растенија, храмот оправдано го носи епитетот „ЦВЕТЕН“. Храмот, кој плени со својата убавина, за кратко време прерасна во духовна и културна оаза за прилепчани и сите добронамерници.

ХРАМОТ „СВ. ПЕТКА“ – РИЗНИЦА НА ДУХОВНО БОГАТСТВО И СВЕТИ МОШТИ

Верниците можат да се поклонат пред свети мошти од некои од најпочитуваните светители:

– СВ. НИКОЛА Мирликиски Чудотворец – патрон и закрилник на Прилеп и еден од најпочитуваните светители во целиот христијански свет
– СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – патронот на МПЦ-ОА и закрилникот на Македонија
– СВ. ХРИСТОФОР – маченик за Христа од III-от век, патрон на ветеринарскиот еснаф во Прилеп
– СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН – чудотворец кој важи за еден од најпочитуваните светители во православието
– СВ. НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ – големиот исцелител, особено за оние што страдаат од канцер и други серизни болести и важи за еден од највозљубените светители на православието,
– СВ. СПИРИДОН – неговите чудoтвoрни мoшти на oстрoвoт Крф и дeн-дeнeс гo прoславуваат Бoга сo мнoгутe чуда,
– СВ. ФИЛАРЕТ МОСКОВСКИ и други.

ПОСЕБНИ СВЕТИ РЕЛИКВИИ КОИ ПРЕТСТАВУВААТ РЕДОК БЛАГОСЛОВ

– ЧЕСТИЦА ОД МАМВРИСКИОТ ДАБ, вградена во икона на Света Троица, каде Пресветата Троица му се јавила на праотецот Авраам. Се проценува дека Мамврискиот даб односно честицата е стара повеќе од 3800 години а според некои верувања дури и 5000 год.
НАЈВАЖНА СВЕТА РЕЛИКВИЈА
– Посебно богатство на храмот е и ЧЕСТИЦА ОД ЖИВОТВОРНИОТ КРСТ НА КОЈ БИЛ РАСПНАТ НАШИОТ СПАСИТЕЛ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС, вградена во уникатна ѕвезда во икона на која се насликани Светиот цар Константин Велики и неговата мајка царицата Елена, која го пронашла светиот Крст.
 ВПЕЧАТЛИВА АРХИТЕКТУРА
Храмот претставува архитектонски бисер кој импресионира со својата грандиозна форма и внимание кон деталите.
 ПРЕКРАСНО ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДЕНО ДВОРИШТЕ
Идеално за фотографирање, размислување и уживање во мирот меѓу стотиците цвеќиња и ружи.
 ПАРКИНГ И ПРИСТАПНОСТ
Обезбеден е простран приватен паркинг, погоден и за автобуси и туристички групи, со што храмот е лесно достапен за сите.
 ЦРКОВЕН ХОР „СВ. ПЕТКА“
Со своето возвишено црковно пеење, хорот редовно ги збогатува неделните и празничните богослужби, давајќи дополнителна убавина на литургиите.
 ОСВЕЖУВАЊЕ СО КАФЕ И ЧАЈ
Посетителите можат да се освежат со кафе или чај во дворот, опкружени со цвеќе и тивка духовна музика што нежно се слуша преку целиот ден.
 ДУХОВНИ И КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКИ НАСТАНИ
На платото пред храмот и во самата црква често се одржуваат концерти на духовна, класична и етно музика, промоции, детски активности и други културно-образовни настани, со вклучување на младите од прилепските училишта.
ЛОКАЦИЈА
Храмот се наоѓа во нас. Точила – Прилеп,
Храмот „Св. Петка“ е нов духовен светилник на картата на македонските свети места. Место каде луѓето доаѓаат не само да се помолат, туку и да се сретнат, да се смират, да се восхитат на убавината на Божјото и човековото дело.
 Во продолжение ви споделуваме галерија со фотографии – дел од секојдневниот живот и убавината на нашиот храм.
 Посетете го храмот и доживејте ја убавината, духовноста и спокојот што ги зрачи

Битолчани се радуваа на пехарот! Заврши 10. издание на Меморијалниот турнир “Миле Нешкоски” во Прилеп (Фото галерија)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 го освои трофејот на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, откако во големото финале беше подобра од домаќинот Прилеп со резултат 26-32, иако прилепчани го добија првиот дел од натпреварот со 17:15

По завршувањето на натпреварот, беа врачени и специјални признанија – Камер Металари доби благодарница за неговата долгогодишна поддршка и придонес во организацијата на турнирот, а на Пеце Велјаноски – Стипе, истакната легенда на прилепскиот ракомет, му беше доделена награда за животно дело.

Покрај тоа, беа избрани и најдобрите поединци на годинашното издание.

-Димитар Димитриоски од Прилеп беше прогласен за најдобар стрелец.

-За најдобар голман беше издвоен Мартин Јовановски од Еурофарм Пелистер 2.

-Признанието за најкорисен играч (МВП) му припадна на бекот на победничката екипа, Христијан Митревски.

Aктивен пожарот во долненско кај с.Долгаец

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија има вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, 2 се под контрола и изгаснати се 24 пожари.

Активни се пожарите во Општина Долнени с.Долгаец (мешана шума), под контрола се два во Општина Македонски Брод на подрачјето Јасен (мешана шума); и во Општина Гевгелија на планината Кожуф (висока шума).

Како што информира ЦУК изгаснати се 24 пожари:

-Општина Шуто Оризари: с.Визбегово (ѓубре); Општина Ѓорче Петров: с.Никиштани (сува трева); Општина Бутел: с.Љуботен (сува трева); Општина Сарај: с.Арнакија (сува трева); Општина Гази Баба: с.Стајковци (фолија и насад); Општина Студеничани Марков Рид (сува трева); Општина Студеничани с.Драчевица (мешана шума и сува трева); Општина Прилеп с.Мажучиште (сува трева); Општина Прилеп Градски гробишта (сува трева); Општина Крушево: с.Пресил (сува трева); Општина Радовиш: Радовиш (сува трева); Општина Василево: с.Василево (сува трева, трска и депонија); Општина Босилово: с.Моноспитово (сува трева и бандера); Општина Струга: с.Долна Белица (депонија); Општина Велес с.Мамутчево (сува трева); Општина Велес с.Клуковец – с.Баница (сува трева); Општина Зрновци: с.Зрновци (дива депонија); Општина Чешиново-Облешево: с.Теранци – с.Видовиште (стрниште, прнар и сува трева); Општина Куманово: кај Железничка станица (сува трева); Oпштина Липково: с.Опае – с.Ваксинце (сува трева и стрниште); Општина Тетово кај пругата во Тетово (ѓубриште); Општина Тетово на влез во Тетово (отпад); Општина Желино с.Палатица (сува трева); Општина Желино пат с.Желино – с.Сиричино (дива депонија).