дома блог страница 379

По 11 години работа во Германија, се врати во родниот Прилеп: Д-р Јаков официјално потпиша договор за работа во прилепската болница (ФОТО)

Со големо задоволство ја споделуваме веста дека денес, специјалист хирург д-р Златко Јаков официјално потпиша договор за работа во нашата болница. Д-р Јаков, кој има долгогодишно работно искуство и зад себе успешна кариера во Македонија и Германија, реши да ја продолжи својата професионална приказна токму во својот роден град – информираа денеска од прилепската болница “Борка Талески”.

Д-р Јаков е врвен хирург со повеќе од две децении искуство. При неодамнешната посета на министерот за здравство, Арбен Таравари во прилепската болница, јавноста беше запознаена дека д-р Јаков после 11 години работа во Германија, одлучил да се врати во родниот град, да го сподели своето знаење и да помогне на своите сограѓани.

Пред да се пресели во Германија, д-р Јаков 10 години работеше токму во Прилеп.

Ексклузивно: Велески се врати на терените! Не одолеа на барањата на публиката и одлучи да помогне кога е најтешко (ФОТО)

Ракометарите на РК Прилеп вечерва против екипата на ФРУИТ ЛЕНД БОРЕЦ од Велес, ја започнуваат битката за опстанок во суперлигашкото друштво.

Натпреварот започна во 19:30часот, а прилепчани се надеваат на целосен плен бодови од овој натпревар.

На изненадување на публиката и ракометните вљубеници, во тимот камбек направи Филип Велески, екс капитенот се одлучи да се врати од “пензија” и да му помогне на клубот кога е најтешко.

И покрај тоа што ова за него е прв натпревар сезонава, со своето искуство и ракометната визија со која располага, со сигурност ќе придонесе за позитивни резултати во плеј-аут разигрувањето.

По театарот, затворени заради безбедносни недостатоци се и големата сала на ЦК “Марко Цепенков” и киното “Мис Стон”

Инспекцијата од Дирекцијата за заштита и спасување ги затвори големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и киното „Мис Стон“ кое е во состав на објектот. Салата и киното се затворени за секаков вид манифестации и приредби сѐ додека не се отстранат сите недостатоци од заштитата.

Центарот го доби решението во текот на вчерашниот ден.

– Го добивме решението во кое, меѓу другото, се вели дека нема хидрант, односно тој никогаш комплетно не бил доопремен, нема громобран, не е функционален алармниот систем за пожари, резервниот извор – агрегатот за напојување со струја не е во функција, како и електромоторот за подигнување и за спуштање на завесата на сцената во големата сала од „Марко Цепенков“. Освен тоа, инспекторатот констатирал дека некои од излезите од сцената за евакуација се отвораат обратно – изјави директорката на Центарот за култура „Марко Цепенков“, Марија Попова Јованоска.

Салите ќе останат затворени додека не се отстранат недостатоците. Инаку Центарот за култура непречено може да одржува изложби, концерти и настапи во ликовната галерија и во фоајето.

Неодамна, по инспекциската контрола вон употреба е ставена зградата на Народниот театар „Војдан Чернодрински“, каде се најдени 15 безбедносни недоследности и пропусти. Со години Ансамблот и градот бараат да се изгради нов театар.

Центарот за култура „Марко Цепенков“ е ставен во употреба во 1979 година.

Општина Битола им објави војна на оние кои бесправно градат! Ќе се рушат дивоградби на неколку локации (ФОТО)

При инспекциски надзор од страна на одделението за градежна инспекција при Општина Битола, за три објекти утврдени се неправилности и преземени се соодветни мерки. Два од објектите се наоѓаат на патот за Ниже поле, а еден кај населбата Довлеџик – стои во денешното соопштение од општина Битола, кое во целост го пренесуваме во продолжение:

Кај последниот објект констатирани се работни активности за монтажа на настрешница – челична конструкција, без претходно обезбедено одобрение за монтажа од Општина Битола. Изготвен е записник за констатираната состојба, а градбата е стопирана.

На патот за Ниже поле, при вчерашниот вонреден инспекциски надзор, констатирано е дека се гради објект од челични профили и покривка од панели, а исто така на друг дел од парцелата се изведува конструкција од бетонски столбови, кровна конструкција од челични профили и покривка од панели, без претходно прибавено одобрение за градење издадено од градоначалникот на Општина Битола. Од страна на субјектот на надзор укажано е дека освен приложениот имотен лист, не поседува никаква друга документација за градбите. Врз основа на констатираното, согласно изготвниот записник, за нелегалните градби ќе следува решение за рушење.

И кај другиот објект на излезот од Битола, согласно инспекцискиот надзор, ќе бидат преземени истите мерки. Во овој случај, констатирано е дека објектот е дивоградба, а истиот бил изграден пред десетина години, како хала од челична конструкција покриен со панели и приклучен на електрична мрежа.

Од страна на градежната инспекција, извршен е увид на уште еден објект во КО Дихово, за кој во тек е прибирање на потребната документација за постапување, согласно законските надлежности.

Во изминатите три години, општинскиот инспекторат, бележи значително зголемен број на постапувања на терен, вклучувајќи ги и постапувањата при отстранувањето на нелегално поставените објекти – диви гаражи и хаварисани возила на јавни површини.

Покрај ваквото делување, во 2022 година, во Сектор општински инспекторат е постапувано по вкупно 1751 претставки, пријави и барања и тоа: во одделението за комунална инспекција, инспекција за животна средина и инспекција за домување, постапувано е по 1178 предмети, градежна инспекција, инспекција за патен сообраќај и патишта, постапувано е по 450 предмети, претставки дописи и слично, а во одделението за инспекција за приходи, туризам, угостителство, образование и спорт, постапувано е по 123 предмети.

Во 2023 година, постапено е по 1870 претставки, пријави и барања од кои: одделението за комунална инспекција и инспекција за животна средина имало 1285 предмети, градежна инспекција, инспекција за патен сообраќај и патишта 503, а инспекцијата за туризам, угостителство, образование и спорт, постапила по 82 предмети.

Во 2024 година, Секторот општински инспекторат постапил по вкупно 1559 претставки и барања, од кои: одделението за комунална инспекција и инспекција за животна средина постапило по 1038 предмети, градежна инспекција, инспекција за патен сообраќај и патишта по 347, а инспекцијата за приходи, туризам, угостителство, образование и спорт по 174 предмети.

Зголемените контроли, продолжуваат и оваа година, со зголемена транспарентност и информирање на граѓаните за случаите од јавен интерес, во согласност со важечките закони од соодветните области на делување за кои е надлежен општинскиот инспекторат.

Скопје и Париз се поврзаа авионски: Слета првиот авион на авиокомпанијата „Изиџет“ (ФОТО)

Од денеска, Скопје и официјално директно се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје – Париз. Утрово на Меѓународниот аеродром Скопје се реализираше првиот лет од Париз и тоа од аеродромот Орли до Скопје на авиокомпанијата „Изиџет“.

Линијата ќе се реализира два пати неделно и е воведена како резултат на финансиската поддршка што ја овозможи Владата преку Министерството за транспорт преку Програмата за воведување на нови дестинации.

Согласно договорот, авиокомпанијата „Изиџет“ оваа линија ќе ја оперира од денеска- 2 април до 31 декември 2027 година со однапред определен ред на летање.

– Ова е уште една можност за подобра комуникaција и поврзување на Македoнија со европските земји и европските метрополи. Париз е атрактивна дестинација за патување, но уште поважно е дека туристи ќе носиме во Македонија – рече министерот за транспорт Александар Николоски.

Тој додаде дека владата создаде услови за привлекување нови авиокомпании во Македонија и дека резултатите веќе се видливи. Во изминатиот период се воведени 8 нови дестинации од аеродромот во Скопје и 2 од аеродромот во Охрид.

-Го променивме целосно моделот на субвенционирање и наместо за заминување, даваме финансиска поддршка за патници во доаѓање затоа што целта е што повеќе луѓе да доаѓаат во Македонија а тоа значи дека ќе користат и други услуги во земјава и ова е стратегија која ја применуваме од самиот почеток и која ни дава конкретни резултати. Веќе преговараме со други авиокомпании и мислам дека сме на добар пат да постигнеме договор за нови дестинации – рече Николоски.

Линијата Скопје-Париз е дел од договорот за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии што го реализира Министерството за транспорт преку јавен повик за субвенционирање.

Од Скопје, освен Париз, се воведуваат и линиите кон Дубаи, Штутгарт, Лион, Барселона, Женева и Амстердам, а од Охрид кон Истанбул и Басел.

Согласно Програма за финансиска подршка 2025-2027 година донесена од страна на Владата, предвидени се 360 милиони денари за субвенции за воведување на нови авиолинии.

Оваа Програма има за цел да да го унапреди авиосообраќајот, да се обезбедат нови дестинации преку поволни услови за патување за граѓаните како и развој на цивилното воздухопловство.

Општина Прилеп активен учесник на партнерската конференција за одржливо управување со отпад (ФОТО)

Општина Прилеп активно учествуваше на партнерската конференција „Преобмислување на отпадот – од предизвици до одржливи решенија“, каде што заедно со претставници од министерствата, општините, приватниот и граѓанскиот сектор се дискутираше за клучните предизвици и идните чекори во управувањето со отпадот.

Регионално управување со отпадот – клучен приоритет- Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, истакна дека формирањето на меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад и завршувањето на процесот за формирање на регионалното комунално претпријатие е неопходен чекор за подобра координација, поефикасни услуги и одржливо управување со отпадот. Прилеп, заедно со останатите општини од двата региона, работи на создавање функционален регионален систем, кој ќе обезбеди модерна инфраструктура и ефективни решенија.

Лидер во селекцијата на отпад – Општина Прилеп е една од ретките во Македонија што веќе успешно имплементира систем за куќна селекција. Со распределени 23.000 канти за селекција во 12.300 домаќинства, нашата општина покажува дека со јасна визија и одговорен пристап, селекцијата може да стане дел од секојдневието на граѓаните. Следен чекор е изградбата на современ центар за селекција, кој ќе го подигне управувањето со отпадот на повисоко ниво и ќе ја поттикне циркуларната економија.

Финансиска одржливост преку реформа на тарифирањето – Голем предизвик останува финансирањето на системот за управување со отпадот. Општина Прилеп апелира за итно носење на нова методологија за тарифирање, која ќе обезбеди финансиска стабилност на комуналните претпријатија и поквалитетни услуги за граѓаните.

Како што беше истакнато на конференцијата, успешното управување со отпадот не е одговорност само на една институција, туку бара силна соработка меѓу општините, националните власти, донаторите, приватниот сектор и граѓанското општество.

Општина Прилеп останува посветена на овој процес и продолжува со активности за подобро, поефикасно и одржливо управување со отпадот.

Прилеп добива нов ексклузивен FAST FOOD ресторан! Се бараат момци и девојки за работа – одлична плата и одлични услови! Аплицирајте!

Наскоро во новата катна гаража во Прилеп, се отвара BURGER BOOM, нов фаст фуд ресторан  каков Прилеп никогаш немал.

BURGER BOOM ќе понуди секаков вид на брза храна и нови вкусови, кои според најавата за брзо време ќе станат вистински хит во Прилеп.

Сега им требаат вредни работници и работничи, кои ќе помогнат во градењето на овој нов бренд.

Почетна плата 30.000 денари плус сите законски работнички следувања:

-платени придонеси

-К-15

-годишен одмор 

-бонуси 

Контакт телефон: 077 972 507 

 

26 години ваш партнер за патување! За ТА Орбита Прилеп нема ништо невозможно, ги поместуваат сите граници и ве носат и до најдалечните дестинации

Кој би рекол дека Прилеп е толку блиску до сите светски познати туристички дестинации… Ако не се согласувате, тогаш сигурно се’ уште не сте ја посетиле Туристичката агенција ОРБИТА и не сте ја погледнале нивната понуда за престојната летна сезона. Долгогодишното искуство во дејноста, прифатливите цени и квалитетот на понудените услуги и аранжмани, ја прават ОРБИТА вистински партнер за секоја ваша избрана дестинација. Oд прекрасните и секогаш атрактивни дестинации во соседството, преку Турција и Кипар, до егзотичните Тунис, Египет, Шпанија… A за оние кои покрај на песочните плажи се вљубени и во долгите прошетки, разгледувања и уживање во некоја од европските метрополи и туристички центри, тука се секогаш актуелните празнични понуди, каде моментално се актуелни велигденските тури. За ова и за целосната понуда за престојното лето, разговараме со Наум Ширкоски, младиот и амбициозен сопственик на ОРБИТА, кој трудољубиво го гради успехот и секојдневно се вложува да обезбеди вечни спомени и сеќавања од користењето на аранжманите кај секој клиент.

26 години успешно работење и постојано надоградување во туристичката дејност е нешто со кое малкумина можат да се пофалат во Македонија. Кажи ни како започна приказната за “ОРБИТА” и како се градеше име на врвна туристичка агенција низ годините?

– Агенцијата е отворена  кој крајот на 1999 година како професионалната заинтересираност на основачите Звонко и Сузана Ширкоски. На почетокот агенцијата работеше само со продажба на авионски и автобуски билети, како и со голем број на успешно реализирани ученички екскурзии во основните и средни училишта во Прилеп и околината. Со текот на времето понудата се зголемуваше со многубројни еднодневни и повеќедневни групни патувања за празниците. Во 2012 година започнав да работам, како припомош и да ја научам работата, додека студирам. Тогаш воведовме многу нови патувања (летни аранжмани, зимски аранжмани и далечни патувања). Во 2016 година, после моето дипломирање, ја презедов целосно работата на агенцијата. Истата година имавме сопствени закупи за летни аранжмани во Ксамил, Албанија и на првиот крак во Грција, кои што успешно ги работиме и до ден денес.

Во период кога сите сме преплавени со шаренило на понуди, што е тоа што ја прави “ОРБИТА” различна и зошто би ја избрале за наш партнер за патување или летување?

– Како што кажавте има голем број на понуди од голем број на туристички агенции, но ние не оставаме ништо на случајности, ги знаеме капацитетите што ги продаваме, знаеме точно што нудиме и со кои партнери соработуваме. Кога еден клиент ќе дојде кај нас, најпрво низ опуштен разговор дознаваме за какво патување или каков одмор е заинтересиран, и тогаш точно знаеме што да му понудиме. Она што не’ издвојува нас, е тоа што предлагаме кои плажи да ги посетат, кои се најдобри ресторани во местото, каде има најблиску аптека и амбуланта и. т.н.

Во моментов се’ уште се актуелни туристичките аранжмани за Велигденските празници, каде се ќе не’ водите во овој празничен период, кои дестинации се најбарани и дали се’ уште има слободни места?

– Велигденските патувања се најубави, но доколку сакате да бидете сведоци на традиција која се раскажува секоја година за велигденските денови, посетете го островот Крф во соседна Грција. Атмосфера на радост, веселба и славење на Свети Спиридон, чии мошти се изнесуваат од гробницата и ги носат по улиците на градот, кој нуди поразлично доживување. Сплет на културолошките активности со прославата за Велигден, е далеку поразлична од било кое место на светот. Исто така за Велигденските празници имаме патувања за Истанбул, Сараево, Кападокија, Венеција, Тоскана, Милано, Прага, Краков и Будимпешта, кои што сите имаат превоз од Прилеп и повеќе градови од Македонија. Сите понуди се со сигурна реализација и се’ уште имаме слободни места.

За оние кои ќе одлучат Велигден да го поминат во кругот на семејството, сигурно своето следно патување го планираат за првомајскиот викенд. Каква ќе биде понудата тогаш?

– Секако, за тие што ќе се одлучат Велигден да си го прослават во домашна атмосфера и традиционално, имаме патувања за 1.Maj. За сите што сакаат да уживаат на плажа за првомајските празници, можеме да понудиме мини одмор во Неа Скиони, Ханиоти, или на островот Скијатос, додека пак за сите што сакаат повеќе да шетаат, ги имаме секогаш актуелните понуди за Истанбул, Сараево, Венеција, Атина, Тоскана, Милано, Јужна Италија, Будимпешта и Прага.

Иако летото е се’ уште навидум далеку, во вашата понуда можат да се најдат еден куп понуди за рана резервација, како во соседството, така и до подалечните егзотични дестинации. Добро е познато дека вилите и хотелските сместувања кои ги букира ОРБИТА се меѓу најдобрите, а за тоа говорат и големиот број пофалби од задоволните клиенти. Кажи ни кои дестинации се ХИТ за ова лето и што се добива доколку уште сега се изврши резервација?

– Секогаш популарни се понудите во соседството. Најбарана дестинација од соседните земји за ова лето ни е Ксамил во Албанија. Бисерот на Јонското море, кој што нуди прекрасни песочни плажи, прекрасно тиркизно море, добра храна, природни места за посета, како Синото Око, националниот парк Бутринт, островите и прекрасните диви плажи во околината на Ксамил. Грција е секогаш популарна со своите прекрасни плажи и прекрасното Егејско и Јонско море. Исто така во понудата ја имаме и Црна Гора за љубителите на Јадранот и прекрасните историски градови на крајбрежјето. Она што ја издвојува нашата агенција во поглед на туристичките аранжмани се чартер понудите за лето. Нашата професионална работа им овозможува на сите што сакаат да уживаат во одмор со “се’ вклучено” по најприфатливи цени. Анталија, Хургада и Тунис со лет од Скопје, се веќе понуди кои што се прифатливи за сите. Ова лето новитет во нашата понуда е и чартер понудата за Коста Брава во Шпанија со лет од Скопје, која се продава рекордно, како и чартер понудата за Кипар со лет од Солун. Во периодот од Нова година до сега има големи попусти за рана резервација за лето 2025, со тоа доколку резервирате сега ќе го добиете истото за многу пониска цена, што би го добиле доколку резервирате и подоцна, но тогаш се подразбира за повисока цена.

Велат дека за ОРБИТА нема ништо невозможно, па во вашето портфолио можат да се најдат дури и најдалечните прекуокеански дестинации. До каде се’ може да се патува преку ОРБИТА и дали овие дестинации се постојано во понудата?

– Точно е тоа дека нема ништо невозможно. Ние сме поврзани со многубројни системи за работа и за многу брзо време можеме да ви направиме понуда за каде сакате. Ви овозможуваме сместување, превоз (авионски, автобуски или комбиниран), како и трансфер од аеродромот до сместувањето и назад. Најбарани ни се City Break понудите, тоа се кратки патувања, тука би ги истакнал Дубаи, како едно од најлуксузните патувања и Малдиви како најбарана дестинација за меден месец на младите брачни парови, или како прекрасно место за запросување. Сето тоа го правиме согласно барањата на нашите клиенти. Понудите се достапни постојано. Нудиме и групни патувања кои што ги имаме во одреден период од годината. Досега имаме успешно реализирани далечни патувања за Куба, Домениканска Република, Тајланд, Бали, Кина, Јапонија во соработка со туроператори од цел свет.

Освен туристички аранжмани, што друго спаѓа во вашата дејност на работа?

– Во нашата дејност на работа спаѓа и продажба на автобуски и авионски билети за целиот свет, по најприфатливи цени, патничко осигурување, како и домашен туризам.

Што државата и општините треба да направат за поддршка на вашата дејност и афирмација на нашиот домашен туризам?

– Туризмот е водечката сила на економијата на секоја земја. Соработката на државата и општините со туристичките агенции е клучен дел во афирмација на нашиот домашен туризам. Промоцијата е најважна за привлекување на странски туристи. Ние имаме прекрасни историски и културни локалитети кои што се одлични за привлекување на странски туристи, но не ги промовираме доволно. Државата треба да најде начин да ги промовира тие локалитети на светските медиуми. Исто така државата треба да посредува при склучување на договори на странски агенции и туроператори со македонските туристички агенции, па и ние да бидеме во можност што повеќе да го развиваме домашниот туризам.

Наум, дали Прилеп има потенцијал да стане туристичка дестинација и што ни недостига на тој план?

-Прилеп и околината имаат преголема историја. Нашиот град мора да биде една од најпосетените дестинации во Македонија. Почнувајќи од Марковите Kули кои што се еден од ретките историски локалитети од тој вид, па се до античкиот град Стибера, кој што за жал не е доволно откриен, а има многу поголем потенцијал од останатите археолошки наоѓалишта. Исто така имаме и прекрасен музеј во Прилеп, кој опфаќа повеќе поставки, како археолошка, етнолошка, роднокрајна музичка поставка, а тука се и музејот за тутун, галеријата на икони, Меморијалниот музеј “11-ти Октомври” итн. Секако не смееме да ги заборавиме прекрасните манастири, Свети Архангел Михаил во карпите на Марковите Кули, како и непроценливото богатство Манастирот Успение на Пресвета Богородица – Трескавец.

За крај една ваша порака до сите оние кои планираат да патуваат и летуваат, што е она што треба да внимаваат со цел да не бидат измамени и да понесат само пријатни спомени од изборот на агенцијата и патувањето?

– Се со цел да не бидат измамени клиентите, најпрво треба да ја проверат туристичката агенција, да добијат договор, ваучер и останати потребни документи од страна на агенцијата, што ќе им гарантираат сигурност, безбедност и реализација за нивното патување.

Следете на ОРБИТА на социјалните мрежи: ФЕЈСБУК и ИНСТАГРАМ, а сите подетални информации за туристичките аранжмани дознајте ги на веб страната: www.taorbita.com.mk

Локација: ул. “Александар Македонски” бр. 453 веднаш до црквата Св. Благовештение – Стара црква

 

Koњановски по посета на СОУ “Таки Даскалот” – И во ова училиште реализирани големи инвестиции (ФОТО)

Градоначалникот на Oпштина Битола, Тони Коњановски, беше во посета на СОУ “Таки Даскало“, каде оствари средба со директорот на училиштето, Ристо Грујовски, кој го информираше околу реализацијата на крупните инфраструктурни проекти кои се финансирани со поддршка на Општината Битола.

Станува збор за фотоволтаична централа, со јачина од 40 kW, која е поставена на покривната конструкција на училиштето. Вкупната вредност на проектот изнесува 1.876.251 денари.

„Со реализацијата на овој капитален проект, училиштето целосно ги задоволува своите потреби за електрична енергија, а вишокот на произведената електрична енергија се продава на фирмата „Енерџи он“ од Скопје, со која училиштето има склучено договор за набавка на електрична енергија. Со овој проект се придонесува за поголема енергетска ефикасност и заштита на животната средина, затоа што електричната енергија се произведува од енергетски обновливи извори“, изјави директорот Ристо Грујовски.

Покрај овој капитален проект, со средства на локалната самоуправа, се набавени и нова информатичка и видео опрема, во вредност од 408.870 денари, 19 телевизори, како и компјутерска опрема 18 персонални компјутери, 1 смарт табла во вкупна вредност од 448.629 денари, а набавен е и нов училишен мебел во вредност од 285.914 денари. Со овие вложувања, како и со претходните вложувања во изминатите години, комплетно училиштето е опремено со нови компјутери, телевизори, нови табли и училишен мебел, со што значително се подобрија условите за учење и работа, а се осовремени и процесот на настава.

„Со реализацијата на овие проекти значително се обезбеди поквалитетен воспитно -образовен процес во училиштето и современи успови за настава, а поддршката на училиштата од страна на Општината Битола ќе продолжи и во наредниот период, се со цел создавање на подобри услови за учениците и наставниот кадар“, истакна градоначалникот Тони Коњановски.

Во наредниот период планирано е да се реализираат уште два големи инфраструктуни проекти, тоа е промена на внатрешните врати на училниците во двете училишни згради, како и промена на електричната инсталација во училиштето.

Инвестирање за напредни и за почетници: Бесплатен водич што ќе ви помогне

Ако вашите пари стојат на штедна книшка и заработуваат 1% камата годишно, а инфлацијата „јаде“ 10%, дали навистина штедите или полека губите?

Во време на економска неизвесност, сè повеќе луѓе бараат алтернативи за своите финансии. Но, една работа е јасна – парите не треба да седат, треба да работат. Со оваа идеја, P2P.mk, првата македонска peer-to-peer (P2P) инвестициска платформа, објави бесплатен водич за инвестирање – практичен, разбирлив и дизајниран за сите што сакаат да започнат со инвестирање, но не знаат од каде.

Зошто е важен овој водич?

Повеќето луѓе мислат дека инвестирањето е комплицирано, ризично или резервирано само за финансиски експерти. Вистината е дека секој може да инвестира – само му требаат вистинските информации.

Водичот објаснува:

  • Што е P2P инвестирање? – Како функционира и зошто станува сè попопуларно во светот.
  • Како да почнете со мал капитал? – Дали е можно да станете инвеститор со само неколку илјади денари? (Одговорот е: да!)
  • Како да го минимизирате ризикот? – Стратегии за паметно инвестирање.
  • Што треба да знаете пред да вложите? – Разбирање на каматите, роковите и можностите.

Инвестирањето не е само за богатите – туку за паметните

„Луѓето често мислат дека инвестирањето е нешто комплицирано, нешто што го прават само финансиските магнати со огромен капитал. Но, тоа не е точно. Вистината е дека паметните финансиски одлуки започнуваат со знаење, а не со сума на пари. Затоа, решивме да создадеме водич кој ќе ја направи оваа тема достапна за сите“, истакнува Теодор Тодоровски, генерален директор на P2P.mk.

Како да го преземете водичот?

Водичот е целосно бесплатен и достапен за сите што сакаат да научат како да ги зголемат своите финансии. Може да се преземе од официјалната страница на P2P.mk:

➡ www.p2p.mk

За P2P.mk

P2P.mk е првата македонска платформа за peer-to-peer (P2P) инвестирање, која им овозможува на луѓето да ги зголемат своите пари преку директно инвестирање во кредити. Наместо класично штедење со ниски каматни стапки, P2P инвестирањето нуди реална можност за раст на капиталот.

Ако некогаш сте се запрашале „Како можам да направам моите пари да работат за мене?“, ова е првиот чекор.

Преземете го водичот денес и дознајте зошто паметните пари не спијат.