дома блог страница 3446

ПPИЛEПЧAHEЦ паднал од мопед и зaвpшил вo бoлницa

На улицата „11-ти Октомври“во Прилеп, вчера околу 14.30 часот, А.С.(44) од Прилеп, управувајќи мопед, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Од падот А.С. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му била укажана лекарска помош.

Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Уште четири дена за увид во Избирачкиот список

На 14 март истекува рокот за увид во Избирачкиот список и пријавувањето за гласање на дисјаспората. На овој датум завршува и поднесувањето на барањата на граѓаните за запишување, дополнување или бришење податоци во Изборачкиот список.

Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведува во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, во време од 08:30 до 19:00 часот, вклучувајќи ги и деновите од викенд и празници. На 14 март 2019 годинајавниот увид ќе трае до 24:00 часот.

Избирачкиот список се става на јавен увид со состојба на податоци на граѓани со наполнети 18 години живот со важечка лична карта или пасош на денот на изборите (21 април 2019 година), умрени лица 30 дена пред денот на распишувањето на изборите (8 јануари 2019 година) и други податоци од Избирачкиот список на денот на распишувањето на изборите (21 април 2019 година).

Од Државната изборна комисија ги повикуваат сите заинтересирани граѓани кои сакаат да извршат увид во своите податоци во Избирачкиот список, тоа да го направат на официјалната веб страница на Државната изборна комисија и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

Списокот на адреси на подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија и други подетални информации граѓаните може да се најдат на официјална веб страна на Државната изборна комисија. Барањата за запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список, граѓаните можат да ги поднесат само во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.

Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.

Во претседателската трка ќе учествуваат Гордана Силјановска – Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река.

Заедничкиот кандидат на 31 политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ и на ДУИ, Стево Пендаровски доби поддршка од над 60 пратеници во Собранието и над 32.000 потписи од граѓаните.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска – Давкова ја доби довербата од мнозинството делегати на ВМРО-ДПМНЕ за нивен претседателски кандидат, но доби поддршка и од 16.000 граѓани.

Потребните граѓански потписи за учествува на претседателските избори ги собра и Блерим Река, кого го поддржаа Алијансата за Албанците и Движењето Беса.

Нова будалаштина на интернет: Родители ги гаѓаат сопствените деца со парче кашкавал по лице

Во ред, не може да зборуваме за „насилство над деца“ или некакво „малтретирање“, но, колку глупави треба да бидат родителите да го снимаат сопственото дете додека му фрлаат парче кашкавал на лице?

Станува збор за нов „вирален предизвик“. Погледнете, па проценете сами.

Метеорологот Славчо Поповски со долга анализа за циклонот “Викторија”: Еве што се’ не очекува во наредните денови

Со спуштањето на значително постудената воздушна маса од север која ќе се судри со топлата, која се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент, ќе дојде до формирање на циклон кој го носи името Викторија. Поради тоа уште денеска доцна попладне и навечер, ќе има слаб локален дожд, а ќе дува и умерен, на некои места и тоа пособено на запад, засилен ветер од југозападен правец.

Во текот на ноќта кон вторник, врнежите ќе се интензивираат и ќе ги има на повеќе места, а има услови и за ретка нестабилност проследена со грмежи, додека пак на планините и на повисоките места поради заладувањето ќе започнат врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка.

Сето ова ќе биде проследено со засилен северен ветер, при што ќе има услови температурите на воздухот да опаднат дури за 10 до 15 степени во однос на сегашните, анализира Славчо Поповски.

Врнежите ќе продолжат и утре, а поради драстичното заладување услови за повремени врнежи од снег ќе има и на местата под 1000 метри, што значи послаби врнежи од снег се можни понекаде и низ населените места во државава, а ќе дува засилен до силен ветер од северен и од североисточен правец, кој локално ќе достигнува брзина од над 90 км/час.

Граѓаните ги советуваме да бидат претпазливи каде и како се движат, исто така поради снежната покривка која се очекува особено на повисоките и планинските места, на возачите им препорачуваме да бидат крајно претпазливи и тоа особено доколку минуваат низ планинските превои, каде секако поради ниските температури ќе има услови и за појава на голомразица – додава Поповски.

Денеска е Чист Понеделник – По Прочка направете го ова

Денеска започнуваат велигденските пости. Денот по Прочка е Чист понеделник кога почнува големиот Велигденски пост. На овој ден се чисти куќата, децата и возрасните се бањаат, шишаат и бричат. Особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење.

За време на велигденските пости покрај вообичаените конзумирања храна од растително потекло, житарици, зеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите.

Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот пост има повеќе празници. Во првата недела од великите пости, од понеделникот до средата се деновите наречени тримери кога не се конзумира никаква храна ниту течност. Одредени продукти од храна се подготвуваат за денот по завршувањето на тримерите, што е третиот ден од почетокот на великиот пост.

Во средата, кај оној што ги „држел” тримерите и каде што имало млада невеста, доаѓале гости. Домаќинката за таа прилика има подготвено варена пченица со конопни зрна, ошав – компот од црни сливи и друго сушено овошје (јаболко, суво грозје, диви сливи), кравајче од пченично брашно замесено со пепелница, украсено со бонбони. Се месело, исто така, и пита-зелник, со зеље, одозгора посолено со сусам додека на дното од тепсијата се ставале сецкани ореви. Задолжително за таа прилика како пијалок се носело и боза. Гостите што доаѓаат на посета исто така носеле боза, кравајче и пченица. Во оваа прилика се купувало и сезонско овошје, особено портокали.

Првата сабота после прочка е празникот Тодорова сабота- Тодорица, а саботата пред Велигден е Лазарова сабота, а во неделата се Цветници. Празникот Благовештение кој секогаш е на 7 април.

За празниците Благовец и Цветници дозволена била употреба на посни меса во кои спаѓаат рибата и полжавите. Рибата печена или пржена на масло, или подготвена со ориз или, пак, со запржен кромид и суви црни сливи, била скоро задолжително подготвувана во овие денови. Полжавите се печеле или се вареле како готвено јадење со зеленчук.

Сепак велигденскиот пост не значи само одрекување од храна. Важен е и духовниот пост. Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир, без што постот нема смисол.

Се случило чудо: Пчели го изгравирале ликот на Исус

До сега не видено, семејство кое брои над 20.000 пчели успеало да го наслика ликот на Исус Христос. Вистина или монтажа, коментарите на видеото се поделени, едни веруваат дека се случило чудо и се појавил ликот на Исус Христос а други пак појаснуваат дека тука има замeшано и човечка рака. Како и да е, ликот е толку реалистички што сите ги остави без зборови.

Пчелите се приспособени за исхрана со цветен прав и со нектар. Нивното значење во природата и за човекот е од големо значење, почнувајќи од производите што ги даваат, мед и восок, па до опрашувањето што го вршат над растенијата.

Групата опфаќа видови што имаат осаменички начин на живеење, или пак се здружуваат во добро организирани семејства. Социјалните видови пчели живеат во заедница од 20.000 до 70.000 пчели работнички, една матица и од 800 до 3.000 трутови, што се јавуваат само во текот на летото. Секој од овие членови во заедницата врши точно определена работа.

Исто така за пчелите се знае дека се многу паметни инсекти. Многу е познато дека може да направат и уникатна уметност што човечка рака не може да ја достигне.

Прилепчани и прилепчанки изобилуваат со креативност: Ова се најуникатните маски (Фото галерија)

Најкреативните маски на прилепчани и прилепчанки на кои наидовме на социјалните мрежи.

Секоја чест!

(Видео) Две куќи изгореле во голем пожар во тетовската населба Дреновец?!

Читател на Маркукуле информира дека во голем пожар во тетовската населба Дреновец изгореле две куќи.

Засега не се познати повеќе детали за причината за пожарот, и дали во пожарот има настрадани или повредени.

Повеќе информации подоцна!

Херојот од Кочани прогласен за најхуман во 2018: Донирал орган и спасил млад живот

етириесет и деветгодишниот Киро Стојов од Кочани е едноставен и добродушен човек, кого неговите сограѓани долги години го знаеја како момчето со велосипед кое разнесува весници. Тој го доби општинското признание за хуманост за 2018 година, па јавноста ја дозна и приказната за неговото широко срце, што дотогаш им беше позната на потесен круг негови познаници и пријатели. Не поради тоа што таа не заслужува пошироко внимание, туку затоа што Стојов од скрoмност не ја раскажуваше толку често – објави “Курир”.

Давањето орган за пресадување од жив донатор е редок случај, не само за македонски услови, туку и за поширокиот балкански простор. Токму Стојов е меѓу неколкуте благородни луѓе кај нас, чиј случај за доброволно донирање дел од црниот дроб за лице со кое не е во роднински врски, го сврте вниманието на кочанската јавност, која без дилеми даде поддршка на предлогот тој да ја добие наградата за најхумана личност.

„Со семејството Манови од Кочани имав деловни контакти повеќе години и знаев за сериозните здравствени проблеми на нивната ќерка Ленче, која страдаше од автоимуно заболување, поради што животот ѝ беше загрозен. Скапите медицински испитувања на кои беше подложена покажуваа дека болеста напредува и само пресадување на црниот дроб може да ја спаси од најлошото. Извесен период нејзиното семејство бараше донатор, но тоа не беше едноставно бидејќи дотогашните опции не даваа голема сигурност за совпаѓање на потребните параметри за успешност на постапката. Токму во тој период на безнадежност еден телефонски повик кај мене ја поттикна желбата да помогнам, па се согласив да направам почетни испитувања дали јас можам да бидам донаторот. Тестовите беа позитивни и решив заеднички со Ленче да ја започнеме долгата и детална процедура за пресадување. Дополнителна поддршка добив и од моето семејство, иако сите бевме свесни за опасностите и можните несакани последици. Сепак, воопшто немаше дилеми – ќе помогнам за да може друг млад живот да продолжи“, раскажува Стојов за почетоците на својата хумана мисија.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА

Треба љубов и желба за ремек дело – се’ друго е оправдување: Браво за оваа прилепчанка! (Фото)

Кога постои љубов и желба да се направи нешто убаво и уникатно, резултатот е ваков! Се друго е оправдување и барање изговор.

Едно големо браво за Фросина Ристеска од Прилеп чија маска ги освои сите симпатии.

Погледнете: