Избрани најдобрите маски на Карневалот “Прочка 2019”: Eве кои маски се наградени (Фото)

Со забава под маски во ресторанот „Ла Каса Гранде“ и доделување на дипломи и награди на најуспешните заврши 18 –тото издание на карневалот „Прочка 2019“.

Награда за најдобра маска на детскиот карневал, кои влегуваат во категоријата, учесници до 14 години, доби основното училиште „Блаже Конески“ со „Мадагаскар.

Првото место отиде во рацете на основците од „Климент Охридски“ со маската „Пролеп и облачиња“, втора беше маската „Еколошка Пролет“ од училиштето „Добре Јованоски“, а третата награда им беше доделена на основците од „Кочо Рацин“ со „Роденденот на Штрумфета“.

Најдобра маска на карневалот „Прочка 2019“ беше групната маска „Водици во Прилеп“ на прилепското здружение „Прочкари“. Во чие изведување учествуваа 30 членови на здружението.

Награди се доделени и за најдобри современи и традиционални маски. Во категоријата најдобра традициона маска е маската на учесниците од селото Куратица, Охридско, второто место го освоија гостите од Турција, а третото е за Џаламарите од кавадаречки Сопот.

„Метаморфоза“ , групна маска на учесниците од Лесковац, Србија, на овогодинешното издание на карневалот, е избор за најдобра современа маска. Второто место е за учениците од средното училиште „Ѓорче Петров“ со „Пролетна забава“, а трето место им беше доделено на студиото за танц „Зодијак“ со „Малата сирена“ .

Најдобрата маска на овогодишниот карневал:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.