Членовите на Советот на општина Прилеп на вчерашната 25-та седница ја усвоија Годишната сметка на општинскиот буџет, како и Годишниот извештај на Општина Прилеп за 2018 година. После седницата изјава за медиумите даде координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Петар Ристески.
“Процентот на реализација на капиталните инвестиции изнесува мизерни 24% или досега најниско ниво од постоењето на локалната самоуправа. Од она што градоначалникот го ветуваше пред изборите, затворен базен, реновирање на Старата прилепска чаршија, спортско-рекреативен центар, завршување на училиштето во населбата Сточен пазар, и многу други проекти за кои граѓаните му дадоа доверба, нема ништо. Нема ништо ниту од ветувањето за 20% пониски сметки за вода. Граѓаните беа сведоци дека добија за 60% повисоки сметки. Направија двојазичен Прилеп и направија Прилеп во Северна Република Македонија. За две години централна власт и нецели две години локална власт, оваа власт не направи ништо друго, ја обезличи државата, донесе пустош во Прилеп и стори само едно нешто, непотизам на секој чекор. Си ги вработуваат своите роднини, сопрузи, ќерки, внуци, фамилиите до деветто колено. Еве денеска во извештајот за работата на ЈКП Водовод и канализација има потрошено 8 милиони денари повеќе за 2018 година во споредба со претходната година, за привремени вработувања иако обемот на работа е ист”, истакна Ристески.
Непотизмот и поставувањето на најблиските роднини и пријатели на позиции стана заштитен знак на СДС по кој граѓаните ја препознаваат оваа одродена, предавничка власт. Впрочем и тоа е единствената работа за која ги бидува. Истракна на вчерашната прес конференција Дејан Проданоски, потпретседател на ОК на ВМРО-ДПМЕН Прилеп.
Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме интегрално:
„До нас од загрижени граѓани, вклучително и разочарани членови на СДС, пристигнаа информации за непотизам од огромни размери каде преку ноќ на убави работни позции се вработуваат и поставуваат роднини и пријатели на функционери од СДС.
Прашуваме дали се точни информациите за имињата кои ќе ги објавиме пред македонската јавност?
Цвете Станојоска, внука од сестрата Виолета Станојоска на градоначалникот Јованоски,вработена во Локална самоуправа Прилеп?
Виолета Станојоска, сестра на градоначалникот, унапредена од референт во раководител за јавни набавки при градска болница Борка Талески?
Горан Попоски, зет за сестра на градоначалникот Јованоски, раководител/директор на Стопанска комора Прилеп?
Роза Рулеска Пиличева, долгогодишна соработничка на градоначалникот, унапредена од сестра во главна сестра во градската болница?
Кристијан Пиличев, син на Роза Пиличева, најпрвин директор/раководител на домот за стари лица Киро Крстески Платник, а сега раководител на ФЗО Прилеп?
Наташа Тодороска, снаа од сестра на сопругата на градоначалникот Јованоски, вработена во детски градинки Наша иднина Прилеп?
Благица Каракашоска, братучеда на градоначалникот Јованоски, директорка на ОУ Рампо Левката Прилеп?
Бојан Ристески, син на Слободан Ристески, поранешен директор на затворот Прилеп, вработен како професор по физичко во СОУ Кузман Јосифоски Питу?
Славчо Ѓоргиоски, син на Веле Ѓоргиоски директор на ОУ Гоце Делчев, вработен во Локална самоуправа Прилеп, одделение за урбанизам?
Викторија Јовчески Спиркоска, функционер на СДС и една од најгласните со шарена револуција, вработена во Локална самоуправа, а сега вработена во кабинетот на министерот Сугарески како советник?
Кире Спиркоски, сопруг на Викторија Јовчески Спиркоска, командир на ПС Прилеп?
Валентин Божиноски, советник во Совет на Општина Прилеп, вработен во УЈП?
Еленче Ташкоска, исто советник во Советот, вработена во ОУ Кочо Рацин?
Јулијана Цековска, советник во Советот, вработена во АД за стопанисување со станбен и деловен простор Прилеп?
Весна Северскоска, ќерка на Жарко Северкоски советни во Советот на Општина Прилеп, вработена во Локална самоуправа Прилеп?
Иса Мамудоски, брат на Адем Мамудоски, член на Совет на Општина Прилеп, вработен во ЈКП Пазари?
Александра Попоска, сестра на сопругата на Александар Спиркоски Џемо, вработена во детски градинки Наша иднина?
Александра Бозоска, внука на Цветанка Иванова секретар на Собрание, вработена во МВР?
Ивица Станкоски, најпрво вработен во ЈКП Комуналец, но по назначувањето на неговата сопруга за директор на ова претпријатие, експресно префрлен во Водовод Прилеп?
Александар Богданоски, девер на пратеничката Кети Смилеска, вработен во Институт за старословенска култура?
Влатко Велески, брат на Сашо Велески, доскорешен претседател на ОО СДСМ Прилеп и член на УО на Телеком, директор на Македонски шуми?
Прашуваме дали овие вработувања, назначувања и унапредувања се вистински затоа што прилепчнани заслужуваат одговор на ова прашање?
Почитувани, изгледа единствен критериум за вработување и унапредување во државава е слепата лојалност кон криминалниот картел на СДС и роднинските врски.
Очигледно животот кој го ветуваа дојде само за неколкумина, а обичниот граѓанин и понатаму ќе врзува крај со крај, благодарение на погубните политики на најнеспособната влада од постоењето на Република Македонија па до денес. Но со заминување на оваа криминална власт, Македонија ќе продолжи да чекори напред!“, додаде Проданоски.
Сценариото на филмот “Најдолгиот пат” на Бранко Гапо, кој имаше премиера во 1976 година и кој е базиран на вистински настани од почетокот на 20 век, случајно или не се поклопи со денешните случувања во Македонија?
Се повторува ли историјата на македонскиот народ?
Бранко Гапо пред 60 години го режираше денешниот филм за зградата каде некои лажно се претставуваат како судии и обвинители.
И кадијките и нарачателите ќе си платат за се.
Со фискална и камата.
Секоја сличност на видеото од филмот “Најдолгиот… https://t.co/VP9XNlFdvY
Сите се откажаа не од СДСМ, туку од функционерите кои ја водат партијата. Заев нека продолжи со Кирацо, Цуцуло и останата багра, партијата од ден на ден тоне во жива кал, предупредува Душан Илиевски – Душко Млекарот. Душко Млекарот на Фејсбук објави видеоснимка, на која членови на СДСМ ги палат членските книшки од СДСМ поради нeзaдоволcтвото од, фамилијарните вработувања и вработувањата на љубoвницитe.
“Членството на СДСМ е разочарано од непотизмот односно од вработувањата на фамилиите на функционерите. Покрај фамилијарните вработување се вработуваат и љyбoвницитe на функционерите”, пишува Душко Млекарот.
ИHцидeнт се случил денеска во грчкиот Парламент, при средбата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров со Никос Вуцис, кога портпаролот на “Златна Зора”, Илиас Касидиарис, бил спpeчен да влезе во канцеларијата, пренесува “Фактор”.
– Македонија е грчка. – викал тој додавајќи дека и скопјанецот требало да чуе.
Видеото од настанот Илиас лично го пооставил на “Јутјуб”.
Славица Димовска висока само еден метар е најниската жена во Македонија. Живее во општина Чашка. Има 61 година.
Dosie.mk беше да ја посети по втор пат. Таа сама се бори во животот со големите предизвици кои ги има како лице со инвалидитет. Најмногу во животот жали за мајка и која починала на нејзиниот 13ти роденден.
Била тепана и избркана од семејството. Живее со 4000 денари но тешко се опстојува, нема бојлер и се капи со стоплена вода во тенџере – пишува во сторијата која ја објави “Досие.мк”
Видео прилогот за оваа социјална сторија погледнете го ТУКА
Кандидатот за претседател на државата од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски во средата беше во посета на Прилеп, каде оствари средба со претставници од Сојузот на борци и бранителите од Прилеп, а средби оствари и со повеќе пензионери кои ги затекна низ прилепската Стара чаршија.
Освен фотографирање, Пендаровски не кажа ништо за пониските пензии кои ќе ги добиваат пензионерите благодарение на измените во Законот, како и за повисоките сметки за вода од дури 60% кои стигнаа на нивните адреси.
Покрај тоа на средбата со бранителите, кандидатот на СДСМ не спомна ништо за одбиентото барање од страна на Советот на општина Прилеп, кое беше поднесено од советникот на ВМРО-ДПМНЕ и бранител Гоце Стефаноски, а се однесуваше на ослободување на бранителите од Прилеп од комунални давачки и даноци.
Имено, како што веќе пренесоа сите медиуми, цената на сметките за вода во Прилеп ќе порасне за 60%, а новите сметки прилепчани ќе ги добијат веќе овој месец. Причината за тоа е зголемувањето на сметките за вода преку додавката за финансирање на пречистителната станица.
За оваа намена прилепчани ќе плаќаат по 17 денари за секој метар кубен потрошен вода.
Од друга страна со измените на Законот за пензии се предвидува усогласување на пензиите само доколку постои раст на трошоците за живот, а не како досега, кога усогласувањето се вршеше не само кога постои пораст на трошоците за живот туку и според растот на платите во државава.
Имајќи во предвид дека Македонија е земја каде сите политики се насочени кон најниска инфлација, односно што помало зголемување на трошоците за жиивот, а резултатите од минатата година покажуваат дека истите се зголемиле само за 1,5% пензионерите речиси нема да добијат некое покачување на своите месечни примања.
Од друга страна имајќи го во предвид движењето на нето платите за миинатото полугодие, со ова законско решение пензионерите ќе бидат оштетени за околу 500 денари месечно.
Во ситуација кога повеќе од половина од пензионерите во земјава имаат потпросечни примања, односно добиваат помалку од 14.421 денар, ова ќе биде удар врз пензионерите кои се најранливи, односно оние со најмали пензии.
Вака предвидените измени на Законот, секако нема да ги одминат и прилепските пензионери, кои се повеќе од 12.000 на број и важат за едно од поголемите пензионерски здруженија во државава.
ПРЕТСТАВА КОЈА НЕ СМЕЕТЕ ДА ЈА ПРОПУШТИТЕ, А ЗОШТО, НЕКА БИДЕ МАЛА ТАЈНА ДО ТОГАШ!
На 12 мај во Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп, со почеток од 20:00 часот, контроверзниот актер Сашо Тасевски ќе ја одигра стенд-ап комедијата “Северно од Македонија”.
Тасевски маестрално се враќа на стенд-ап сцената со што ќе ја заокружи трилогијата започната со претставите “Не ме лечи докторе” и “Ни срам и перде”.
Aктерот досега пет пати по ред ја полнеше Универзалната сала во 2011-2012 година, а досега има настапено во живо пред повеќе од 30.000 гледачи.
“Претставата се води по старата маалска изрека “Кого ќе удрам не жалам”, затоа што актерите на оваа приказна се најмалку за жалење. Со својата комика ќе мава и лево и десно, а претставата му ја посветува на Васе у центар!”, велат организаторите.
Се работи за урнебесна комедија која ќе ве смее од почеток до крај, или како што вели Тасевски “Да не беше смешно немаше да го играм!”.
Претставата претходно доживеа огромен успех во Домот на АРМ во Скопје, каде Тасевски успеа да изнасмее полна сала,
“Кога слободата е ропство а среќата тага! Мелем на душа сте ми, сите #вие што со мисла, збор, присуство бевте со мене во најтешкото. Благодарам на дел од блиските што станаа далечни. #Длаборез е проект кој со солзи ја гали татковината, а од срце ви го поклонувам.
Немаше да биде ваков без мајсторијата на моите пријатели:Кокан Димушевски – Аудио, Мартин Павловски-Шминка, Ласко Џуровски- Дизајн на текст”, напиша Дурловски на Фејсбук.