дома блог страница 3436

ВИДЕО: “Победа изгуби пак, но еве кои беа најверни нејзини навивачи!?”

Фудбалерите на Победа продолжуваат да лутаат по стадионите ширум Македонија и својот домашен натпревар против Ренова за првпат оваа сезона го играа во Охрид.

Попладнево црвено-белите го нанижаа својот петти последователен пораз или десетти во последните единаесет натпревари.

Во Охрид победашите беа поразни од Ренова со 2:3 (0:2 на полувремето) и со тоа екипата останува “закопана” на дното од табелата.

Мустафов во 16-та и 18-та минута од натпреварот донесе брзо водство за Ренова од 0:2, а Победа се врати во игра преку пеналот на Танушев во 52-та минута. Веднаш потоа пеал и за Ренова, кој го реализираше Стојановски во 57-та минута, а црвено-белите уште еднаш го направија неизвесен натпреварот во 61-та минута, кога Танушев одново стрелаше за 2:3.

Сепак, прилепчани немаа сили за повеќе и забележаа нов пораз на крајот.

Состојбата на табелата е следна:

Со овој нов пораз, Победа останува на 18 бода, а опстанокот станува се подалечен.

Ќе се потсетиме дека актуелните локални власти ветуваа голем подем на спортот во Прилеп и враќање на Победа на самиот врв во македонскиот фудбал.

Актуелниот градоначалник Илија Јованоски дури и во неколку наврати бараше премија од 1 милион денари за црвено-белите.

 

Писмото на Горан Ангелов до неговата сопруга кое кине душа

Порталот “Инфомакс” го пренесува во целост писмото кое Горан Ангелов го испрати на својата соптуга, откако вчера непpaведно беше ocyден на 15 години затвop за настаните од 27-ми април во македонското Собрание.

Наташа!

Моето веќе се виде Наташа, јас не верувам дека повеќе ќе можам да разгорам огниште. Нема да има кога.
Нате, мојов живот повеќе не ми припаѓа мене. Тој и е завештаен на една друга армасица, понесреќна и посвета од сите нас. Нејзе и припаѓам со цело мое битие, до последна капка крв, до последен здив. Тоа е Македонија. Ќе ми фалите секој момент од денот, секоја секунда, и ти и децата, а и старата. Сакам сите да знаат, дека не постои таков пишан збор кој може да ја опише мојата почит кон тебе и кон све што правиш за нашето семејство. Чувај се, чувај ми ги децата. Пази ми ја и мајка, тешко и е. Не тагувај, да знаеш дека и покрај све, мене ми е задоволство да и го посветам мојот живот на Македонија.

Чувај ми се, Наташа.

Горан

Извор: “Инфомакс”

Една жена ветува промена, таа е лицето на вистината, заштитник на граѓаните: Моќно видео на кандидатката за претседател Силјановска Давкова

За право и правда во Македонија. Граѓаните не и веруваат на власта. Нема правда, ниту пак има мир. Една жена ветува промена. Таа е лицето на вистината, заштитничка на граѓаните. Ја сака Македонија – ова се дел од пораките содржани во моќното видео кое ја преставува претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова.

Жените во овие хороскопски знаци се магнет за погрешни мажи

Ако сте од оние кои немаат баш среќа на љубовно поле, па најчесто налетувате на погрешни мажи, можеби тоа е поради вашиот хороскопски знак.

Овен

Овните се храбри, дрски и самоуверени. Веруваат дека можагт да имаат сѐ што ќе посакаат, па со својата упорност можат да придобијат секого. Но, забораваат дека тоа не успева секогаш и кај секого. За љубов е потребно многу повеќе од слаткоречивост. Затоа, честопати им е потребен поголем залет за да пронајдат некој на кого можат да му го подарат срцето.

Шкорпија

Шкорпиите се многу тврдоглави. Кога ќе запознаат некој за кого сметаат дека е добар, а не е многу заинтересиран за нив, тие стануваат опседнати. Ќе се обидат да го придобијат на сите можни начини. Резултатот честопати се повторува: другиот се повлекува. Поради тоа, личностите родени во знакот на Шкорпија имаат чувство дека постојано се вљубваат во погрешни личности. Затоа, треба да ја променат тактиката.

Стрелец

Постојано се расположени за лов, а светот го гледаат како место каде што можат да доживеат нешто ново во секој момент. Притоа не се плашат од ништо и сакаат да ги откријат и најдалечните места. Веруваат дека сѐ е возможно.

Проблем: Се вљубуваат во недостижни луѓе кои никогаш нема да можат да ги освојат. Притоа забораваат на реалноста. Сѐ додека не се разбудат од својот сон.

Риби

Рибите се креативни, мудри и мирни. Но, со задоволство бегаат од реалноста. Ако сакаат, тогаш тоа е сериозно. Ако се сами, се обидуваат на сила да најдат нов партнер со кој можат да чекорат низ животот. Поради тоа честопати се вљубуваат во луѓе кои за жал немаат интерес за нив.

(Видео) Македонците од Австралија ги пречекаа Грците со “Бисер балкански”: Македонската екипа “Алтона Вардар” ја порази грчката “Оаклеј”

Македонците од дијаспората не заборавија од каде доаѓаат, од каде им коренот па така македонската екипа Алтона Вардар и приреди ,,топол” пречек на грчката екипа Оаклеј во првата австралиска фудбалска лига.

Имено пред почетокот на натпреварот се свиреше Бисер Балкански со гајдан и тапан, а и крајниот резултат одеше во прилог на Македонија. Алтона Вардар го порази својот противни со резултат од 2 -1 .

Гори голема површина под вештачкото езеро во Прилеп: Огнот се заканувал да ги зафати викенд куќите (Фото галерија)

Од утринава на потегот под вештачкото езеро во Прилеп избувнал пожар околу викенд куќите.

Според информациите кои ги добивме горела сува треба, а огнот опасно се заканувал да зафати и дел од викендиците.

За среќа, интервенцијата на пожарникарите спречила таква можност.

На терен е екипа на противпожарната единица Прилеп, кои го гаснат пожарот.

Сомнежите се дека и овој пожар веројатно е подметнат.

Од фотографиите може да се забележи дека огнот зафатил голема површина:

Прекрасната традиција во Свети Николе за Тодорова сабота: Започна Меѓународниот фестивал на изворен фолклор “Тодорица 2019” (Фото)

Празникот Тодорова сабота или кај народот познат како Тодорица во Свети Николе се слави од памтивек, во чест на Светиот Великомаченик Теодор Тирон . Односно не постојат записи, меѓутоа како и секое населено место што имало определен празник кој го славеле и на кој се одржувал панаѓур и народен собор, така и Свети Николе години наназад го слави овој верски празник.

На Тодорица на панаѓурот доаѓале луѓе од сите околни села и градови, каде играле ора карактеристични за фолклорот на овчеполието. Истовремено поголем број на музички тајфи свиреле за разиграните играорци.Според кажувањата на најстарите светиниколчани едни од најдобрите играорци биле од селото Кнежје.

Инаку, Фестивалот на изворен фолклор Тодорица годинава се одржува по 19-ти пат, а од 2003 година има и меѓународен карактер заради учество на фолклорни ансамбли од други земји. Организатор на манифестацијата е локалната самоуправа на Општина Свети Николе и Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“.

Фестивалот годинава започнува со прием кај градончалникот Сашо Велковски, продолжува со дефиле на учесниците низ градот, по што настаните продолжуваат во кино салата во Домот на културата „Крсте Мисирков“. Во програмата учествуваат групи коинегуваат изворен фолклор од Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Денеска е гoлeм и тeжok празник Тодорова сабота: Направете го ова за среќа

Тодорова сабота е празник посветен на Светиот Великомаченик Теодор Тирон, кој настрадал во прогоните на христијаните од страна на римскиот цар Максимилијан. Овој ден се празнува во спомен на едно чудо што го направил св. Теодор Тирон околу 50 години по неговото заминување.

Имено, еднаш, непосредно пред почетокот на велигденскиот пост, византискиот цар Јулијан Отстапникот сакал да им напакости на христијаните и наредил храната што се продавала по пазарите да се испрска со крвта на жртвите што им се принесувале на римските идоли.

Меѓутоа, св. Теодор Тирон на јаве му се појавил на цариградскиот патријарх и му кажал да им забрани на христијаните да купуваат храна од пазарите, зашто таа ќе биде осквернавена со крв и наместо тоа, цела недела да јадат пченица со мед.

Патријархот така постапил и христијанските верници отанале неиспоганети пред нивниот најголем празник. Во спомен на овој настан, првата сабота од велигденските пости е наречена Тодорова сабота.

Со празникот Тодорова сабота се поврзани и други обичаи и верувања. Во Гостиварско пченката што ја враќале од црквата утрото на самиот празник ја носеле во полето и ја фрлале по нивите и бавчите велејќи: „Господе, колку зрна, толку тоари, толку дар и бериќет да ни даеш”.

Очигледно е дека иако празникот Тодорова сабота или Тодорица е пред се црковен празник, иако повеќето од обичаите се изведуваат во црквата и се поврзани со споменот на Свети Теодор Тирон, особено житото, сепак, во овој празник се вградиле и голем број пагански обичаи поврзани со доаѓањето на пролетта и со разбудувањето на вегетацијата.

На овој ден се вари пченица во која се додава малку мед и оние кои постат задолжително јадат од тоа.

Албанец го изведе најлошиот пенал во историјата (УРНЕБЕСНО ВИДЕО)

Фудбалерот на Свонси Берсант Целина може да конкурира за најлошо изведен пенал во историјата на фудбалот. Тој на натпреварот против Вест Бромвич сакаше да ја направи популарната финта „Паненка“.

Наместо тоа, Берсант се сопна и воопшто не ја допре топката што предизвика смеа на трибините.

Погледнете:

ЌEРКАТА НА ЧЕНТО ЗА ПPECУДATA НА ВНУКОТ: Се повторува болната историја на нашето револуционерно семејство

Пресудата од 15 години затвор за Јане Ченто во случајот „27 април“ болно одекна во неговиот роден град, Прилеп, јавува дописничката на ТВ Алфа, Kaролина Дурло. Прилепчани со жалање констатираат дека казната е превисока, а во неа препознаваат и политички реваншизам.

Бабата на Јане Ченто, Марија Јакимоска – Ченто, ќерка на првиот претседател на АСНОМ Методија Андонов Ченто, видно вознемирена во краткиот телефонски разговор за Алфа вели дека не е во состојба да дава изјави, а не можела ниту да го гледа изрекувањето на пресудата на Јане, бидејќи, како што рече, болната историја на ова револуционерно семејство, продолжувала да се повторува.

Огорченост, гнев и фрапираност и во МПЗ „Пере Тошев“, чиј претседател е токму Јане Ченто. И оттаму, засега не сакаа јавно да ја коментираат пресудата.

Kaролина Дурло за “Алфа ТВ”