“Пендароски не објасни за пониските пензии, сметките за вода и отфрлените бранители во двојазичен Прилеп??”

Кандидатот за претседател на државата од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски во средата беше во посета на Прилеп, каде оствари средба со претставници од Сојузот на борци и бранителите од Прилеп, а средби оствари и со повеќе пензионери кои ги затекна низ прилепската Стара чаршија.

Освен фотографирање, Пендаровски не кажа ништо за пониските пензии кои ќе ги добиваат пензионерите благодарение на измените во Законот, како и за повисоките сметки за вода од дури 60% кои стигнаа на нивните адреси.

Покрај тоа на средбата со бранителите, кандидатот на СДСМ не спомна ништо за одбиентото барање од страна на Советот на општина Прилеп, кое беше поднесено од советникот на ВМРО-ДПМНЕ и бранител Гоце Стефаноски, а се однесуваше на ослободување на бранителите од Прилеп од комунални давачки и даноци.

Имено, како што веќе пренесоа сите медиуми, цената на сметките за вода во Прилеп ќе порасне за 60%, а новите сметки прилепчани ќе ги добијат веќе овој месец. Причината за тоа е зголемувањето на сметките за вода преку додавката за финансирање на пречистителната станица.

За оваа намена прилепчани ќе плаќаат по 17 денари за секој метар кубен потрошен вода.

Од друга страна со измените на Законот за пензии се предвидува усогласување на пензиите само доколку постои раст на трошоците за живот, а не како досега, кога усогласувањето се вршеше не само кога постои пораст на трошоците за живот туку и според растот на платите во државава.

Имајќи во предвид дека Македонија е земја каде сите политики се насочени кон најниска инфлација, односно што помало зголемување на трошоците за жиивот, а резултатите од минатата година покажуваат дека истите се зголемиле само за 1,5% пензионерите речиси нема да добијат некое покачување на своите месечни примања.

Од друга страна имајќи го во предвид движењето на нето платите за миинатото полугодие, со ова законско решение пензионерите ќе бидат оштетени за околу 500 денари месечно.

Во ситуација кога повеќе од половина од пензионерите во земјава имаат потпросечни примања, односно добиваат помалку од 14.421 денар, ова ќе биде удар врз пензионерите кои се најранливи, односно оние со најмали пензии.

Вака предвидените измени на Законот, секако нема да ги одминат и прилепските пензионери, кои се повеќе од 12.000 на број и важат за едно од поголемите пензионерски здруженија во државава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.